дома блог страница 5487

Мудра приказна: Богатство, љубов или успех?

Некоја жена си ја поливала градината, кога здогледала тројца старци пред вратата. Ги повикала па им рекла: Мислам дека не ве познавам, но изгледате како да сте гладни.

prikazna6

Ве молам влезете внатре да ви дадам да каснете нешто. Тие ја запрашале:

– Дали е вашиот сопруг дома?

– Не, одговорила жената, не е.

– Тогаш ќе мораме да си одиме.

Кога се вратил сопругот дома жената му раскажала што се случило. Тој и рекол да ги најде да ги повика сега на вечера.

Жената ги пронашла и ги повикала да им се придружат.

– Жал ни е, не можеме да ја прифатиме вашата љубезна покана, рекле старците.

– Зошто не? Прашала жената изненадено.

Еден од старците покажал на другиот и рекол: Неговото име е богатство. Потоа покажал на другиот: Неговото име е успех. А, јас сум Љубов.

Сега појдете кај сопругот и одлучете се кој од нас сакате да дојде.

Жената се вратила дома и му раскажала се на мажот.

– Супер, и рекол тој. Викни го Богатство за да не спаси од сиромаштијава.

Жената не била задоволна со предлогот: А, зошто да не го викнеме Успех?

Разговорот го слушнала нивната ќерка и воодушевена им рекла:

– А зошто не го повикате Љубов? Нашиот дом така секогаш ќе биде среќен!

Ја послушале ќерката па жената отишла да го повика старецот Љубов.

Љубов седел во инвалидска количка па заедно со неа се одвел до нивната куќа.

Другите двајца старци тргнале по нив.

Жената се изненадила: А, зошто доаѓаат и они кога ние те повикавме само тебе?

Тие во еден глас одговориле:

– Да ги повикаше Богатство или Успех, другите двајца ќе си одеа. Но, ти го повика Љубов, а кај оди тој ние го следиме!

Таму каде што има љубов, секогаш доаѓаат успесите и богатството!

Агент на ЦИА: Хитлер ја лажирал својата смрт

hitler

Германскиот политичар и нацистички лидер Адолф Хитлер ја лажирал својата смрт, а потоа побегнал во Тенерифе, па во Аргентина, тврди поранешниот агент на ЦИА Боб Баер.

Боб Баер, кој има 21 година искуство во разузнавањето тврди дека ново објавените податоци на ФБИ ја ставаат под знак прашалник официјалната приказна дека Адолф Хитлер извршил самоубиство во берлинскиот бункер.

Податоците покажуваат дека истражувачите се уште тогаш се сомневале дека Хитлер се самоубил.

Според документарецот „Ловејќи го Хитлер“ никој не бил сведок на неговото самоубиство, а никакви тела не биле пронајдени во бункерот, во кој тој наводно го извршил самоубиството.

Тимот експерти, на основа на своите докази сметаат дека е возможно Хитлер да ја лажирал својата смрт и да побегнал од аеродромот „Tempelhof“ на денот кога последен пат е виден во јавност.

Се верува дека во еден авион кој полетал за време на големиот нацистички егоздус, се наоѓал багажот на Хитлер.

-Она што сме го знаеле до сега е лага. Доколку ги погледнете податоците на ФБИ тие отвораат нова истрага. Она што ние го работиме е преиспитување на историјата, онаа историја за која сме мислеле дека утрвдила оти Хитлер умрел во бункер. А се што подлабоко копаме, се појасно е дека нема докази кои покажуваат дека Хитлер се самоубил, вели Баер во документарецот.

Во еден документ на кој е напишано „ДОВЕРЛИВО“ напишана е загриженост за тоа што телото на Хитлер не било пронајдено и не постојат доволно докази за неговата смрт.

Контроверзната теорија која е пренесена во документарецот, наведува дека Хитлер со авион одлетал за Канарски острови , од каде со подморница отпловил за Аргентина.

ВИДЕО – Непокорливиот Македонски дух, преку традиција, обичаи, песни и ора, живее и денес во соседна Грција

1212121212

Сите знаеме за мрачното минато на Македонците од Егејска Македонија, а потоа и во Грција. Прогонувани, измачувани, асимилирани, не им се дозволувало да го говорат мајчиниот јазик, дискриминирани во секој поглед. Но цврстиот и непокорлив македонски дух опстанал низ вековите. Македонците и тогаш и денес ги негуваат традицијата, културата, својот корен, успеваат да го одржат својот идентитет и препознатливост.

Животот иако им е тежок и денес, нашинците во Грција ги дочекаа верските празници на вистински начин, онака како што доликува, со песни и ора, со убави македонски носии, со екот на тапанот и зурлата.

Снимениот материјал е од село Остово (Арниса на грчки). Погледнете како Македонците се сплотуваат за овие денови, погледнете дека ништо не се сменило, тие сеуште се достојни на својата традиција и обичаи. Дури во последно време се повеќе и помасновно се одбележуваат и се негуваат паганските празници кои ги наследиле од дедо, прадедо.

ХРИСТИЈАН СТОЈКОСКИ е вториот награден од наградната игра НАЈСЕЛФИ НА МАРКУКУЛЕ

 

Христијан Стојкоски од Прилеп е вториот добитник од наградната игра Најселфи на маркукуле.мк. Во периодот од 02.12.2015г. до 03.01.2016г., Христијан на својата селфи фотографија собра 260 лајкови и ја победи конкуренцијата. Редакцијата на маркукуле.мк го награди со вредносен ваучер од 2000 денари, кој ќе го искористи во Шопинг центар Лукас.

Христијан беше презадоволен од наградата, и ги поздрави сите читатели на маркукуле.мк. Пријавувајте се на апликацијата на следниот линк НАЈСЕЛФИ НА МАРКУКУЛЕ, поканете ги вашите пријатели да гласаат, и освојте и вие вреден ваучер од Шопинг центар Лукас.

Наградната игра продолжува и во наредниот период, веќе од утре 10.01.2016г, можете да ги поставувате вашите селфи фотографии и истите ќе бидат во игра се до 20.02.2016г, кога повторно некој ќе биде награден.

Саботно Кафе – 09.01.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”118″ gal_title=”SabotnoKafe_09012016″]

Идната недела очекувајте пад на температурите

12121211

Од УХМР информираат дека од утре ќе преовладува променливо облачно време, повремено со локален дожд претежно во западните делови и со услови за магла по котлините.

До вторник ќе биде релативно топло, а од среда се очекува спуштање на дневната температура.

Во вторник ќе започне да дува повремено засилен ветер од југозападен правец.

Ноќен живот Прилеп : The Gallery House Pub & Virus – 08.01.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”117″ gal_title=”NokenZivot_08012016″]

НЕВЕРОЈАТЕН ИЗУМ: Ја топли куќата со помош на лименки од пиво

1 (1)

Цел Балкан слушна за Дарко Миличевиќ, наставникот од Парачин кога направи систем за „ топлење на куќаЗ’ со помош на лименки од пиво. Наставникот по математика и информатика од парачин дарко Миличевиќ (39) успешно спроведе експеримент од почетна идеја, која ја пронашол на „Јутјуб“, до згревање на воздухот и можност до затоплување на куќата на соларна енергија со помош на алумински лименки од пиво. За неговиот експеримент пишуваше и англискиот Дејли Мејл.

– Медиумите ја преувеличеа целата приказна, тоа беше само експеримент. Куќата е невозможно да ја загрееш со вакви панели во наши услови, бидејќи работат само кога времето е сончево. Може ова најдобро да функционира на медитеранските острови, каде има голем број на сончеви денови, идејата ја превземав од Јутјуб, раскажува Миличевиќ.

2 (1)

Тој пред почетокот на зимата ги монтирал панелите на јужниот ѕид од куќата бидејќи таму сончевите зраци се најсилни.

– Направив мерење на 31. декември. Тогаш температурата беше минус пет, а во мојата дневна соба влегуваше топол воздух од температура 51,8 степени целзиусови. Мана на овој систем е што греењето работи само кога денот е сончев, што во наши услови тоа е многу ретко во текот на зимата, рекол професорот.

ТРЕТ ДЕН БОЖИЌ: Свети Стефан заштитник на болните – еве што треба да правите денес

za-mnogu-godini-sveti-stefan

Каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе

(Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…)

На третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.

Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе. Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле. Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“ Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството. Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим. Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград. Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.

И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.

Народот го празнува Свети Стефан на 9. I./27.XII, а тоа е третиот ден од празникот Божик. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.

Тропар

Свети првомаченик и архиѓакон Стефан

Првомаченику Христов и апостолу, со добар подвиг си се подвизавал и си го изобличил безбоштвото на мачителите. Бидејќи со камења беше убиен од рацете на беззакониците, прими венец од Десницата што е во височините, а на Бога Му се молеше, извикувајќи: Господи, не замај им го ова за грев! (Подготви Марко Китевски)

Уапсен наркобосот Ел Чапо (ВИДЕО)

el-apo
Мексикансата полиција вчера го уапси нарко босот Хоакин Гузман, попознат под прекарот „Ел Чапо“, кој побегна од затвор во јули минатата година, јави ДПА.

 Мисијата е извршена. Го имаме, објави мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието на својот налог на Твитер.

Нието уште додаде дека апсењето на „Ел Чапо“ претставува „значаен успех“ на мексиканските безбедноси сили.

Гузман, кој важи за еден од најмоќните раководители на нарко картел во светот, лани во јули, по втор пат, успеа да побегне од затвор, преку мрежа на подземни тунели.