дома блог страница 5486

ВИДЕО – ИЛИЈА НЕСТОРОСКИ ГО ЖИВЕЕ СВОЈОТ СОН

Ilija-Nestorovski-potpisuva-615x400

Илија Нестороски, прилепчанец, гордост на градот. Пред два дена на задоволство на целиот македонски фудбалски аудиториум, нашиот Иле потпиша за италијанскиот Палермо и од Интер Запрешич се сели на Сицилија, каде ќе го придружува Александар Трајковски, кој веќе игра во почетната постава за Палермо.

Многу клубови беа заинтересирани за неговите услуги, имаше интерес од Белгија, Холандија, дури медиумите го поврзуваа неговото име со преселба во Видеотон во Унгарија. Но Нестороски го одбра Палермо, и како што вели со тоа се исполнил неговиот сон да настапува во италијанската Сериа А.

Сицилијанскиот клуб ќе плати 600 илјади евра за трансферот на Нестороски, а до крајот на сезоната Илија сеуште ќе ги носи боите на хрватскиот Интер.

Иле го оствари својот сон, неговиот талент иако порано не беше забележан од селекторите на Македонската фудбалска репрезентација, тој нижеше голови и беше страв и трепет за противничките голмани во Хрватска.

Гордоста на прилепска Победа, продолжува понатаму. Му посакуваме уште поголем напредок во екипата на Палермо, и се надеваме дека ќе им пркоси на познатите Калчо голмани.

ФОТО: Македонија горда, имаме ѕвезда од калибарот на Анџелина Џоли

Јелена Јованова е една од најпознатите македонски актерки.

jelena-jovanova-crven-kilim

Млада и премногу талентирана, девојка со нескротлив детски дух, а истовремено голем професионалец.

Освен професионално, на Јелена голем број коментари и пристигнуваат за нејзината природна убавина.

На црвениот килим, Јованова блеска. Како најпознатите светски диви и актерки.

Според описот на фотографијата која актерката ја постави на Фејсбук, овој гламурозен настан се одржал во Њујорк, за филмска премиера.

Таа имаше и соработка со Анџелина Џоли, по што кариерата и тргна во нагорна линија.

Ослободете се од херпесот со едноставен трик!

Herpes-830x553-650x396

Херпес симплекс, претставува плик, односно раничка која најчесто се појавува во пределот на устата. За да не користите често антивирални лекови, еве едноставен рецепт кој може да се подготви дома.

Се’ што ви треба е едно чешне лук. Лукот исецкајте го и ставете го на раната. Оставете да отстои десетина минути, а потоа извадете го и измијте го местото со топла вода. Оваа постапка повторете ја пет пати, и во рок од 12 часа херпесот ќе исчезне. Доколку се работи за поголем херпес, постапката повторете ја и следниот ден.

Лукот ја зголемува одбрамбената способност на организмот. Богат е со многу минерали: калциум, фосфор, железо… Содржи и етерични масла како што се алицин и виттамини, па затоа многумина го нарекуваат природен антибиотик.

Освен тоа, лукот е извонреден борец против високиот крвен притисок, се користи за разградување на мастите во крвта, спречува рак, лекува дијабетис, болести на срцето, главоболка, го иблажува стресот, уморот, бронхитисот, хронична кашлица, астма, ги исфрла токсините од телото, помага во чистење на цревата, ја подобрува циркулацијата и спречува тромбоза.

luk2-654x435

Oна што на трезно се мисли, на пијано се кажува

Луѓето под влијание на алкохол се поискрени и оти поретко се повлекуваат поради страв од последиците од своите постапки.

ppijan-mislii

Научниците од Универзитетот во Мисури докажаа дека е вистинита поговорката: Она што трезен го мисли, пијан го кажува.

Резултатите од нивната студија научно потврдија дека луѓето под влијание на алкохол се поискрени и оти поретко се повлекуваат поради страв од последиците од своите постапки.

Испитувале 67 лица, поделени во две групи. Едната група пиела вотка и тоник, а другата плацебо безалкохолен пијалак. Потоа добиле задача да препознаат одредени карактеристики на лицата на фотографии кои им биле покажани.

Забележано е дека оние кои не конзумирале алкохол, откако ќе направеле грешка тие повеќе размислуваат за следниот пат да не ја повторат грешката.

Групата која конзумирала алкохол воопшто не се возбудувала поради грешката и продолжувала да одговара со иста брзина како и претходно. Биле свесни дека згрешиле, но едноставно не им било грижа.

Подгответе Канелони со сирење и спанаќ и чизкејк

kaneloni

За денеска се одлучивме да подготвиме канелони со сирење и спанаќ, а за десерт малку поинаков чизкејк.

Состојки

1 кг спанаќ

800 гр излупени домати исечкан на коцки

200 гр младо кравјо сирење

500 гр крем сирење

80 гр рендан пармезан

2 ситни црвени кромиди

Простофат шеќер

Малку мускатно оревче

2 листа жалфија (или прстофат сува)

По потреба масилново масло

По вкус сол и бибер, суви зачини

Подготовка

Излупете го кромидот, исечкајте го, па половина количини пропржете го со четири лажички масло. Додајте го доматот, шеќер, сол, бибер и гответе на тивок оган околу 30 минути.

Исперете го спанаќот и само со водата што се задржала на листовите и малку сол ставете го да се вари додека не спласне. Исчедете го вишокот вода. Ситно исечкајте го и пропржете го на четири лажички масло со останатиот кромид и жалфија. Млакиот спанаќ измешајте го крем сирењето, 2/3 младо сирење, 40 грама пармезан и малку мускатно оревче. Корите за лазањи варете ги една минута, па исцедете ги. Секоја намачкајте ја со филот па и свиткајте ги.

Третина од сосот од домати намачкајте го на дното од калап со димензии 18х28 сантиметри, наредете половина количина од канелоните, прелисјте со останатиот сос од домати и посипете со 20 гр пармезан. Додајте ги останатите канелони, прелијте го останатиот сос, остатокот од младо сирење и остатокот од пармезан.

Печете околу 20 минути на 180 степени Целзиусови.

Чизкејк

300 гр мелени бисквити

1 лажичка какоа во прав

1 лажичка рум или арома на рум

150-200 мл вода

Фил

300 гр свежо сирење

200 гр чоколадо

250 мл незасладена слатка павлака

70 гр шеќер во прав

50 гр брусница

Желатин

10 гр желатин во прав

1 кесичка чај од брусница или друг овошен час во црвена боја

250 мл вода

1 лажичка шеќер во прав

Подготовка

Брусниците потопете ги во вода така што целосно ќе бидат прекриени. Во мелените бисквити додате какоа и рум, а потоа полека додавајте вода додека се’ не добие облик на густо тесто. Втиснете ја смесата во калап за торта со мобилен обрач што претходно сте го обложиле со фолија. Ставете се’ заедно со фрижидер да се излади и стегне.

За филот со миксер изматете го сирењето со шеќерот во прав па додате изладена претходно стопена чоколада. Слатката павлака изматете ја во цврст крем. Додадете крем фикс или лажичка скроб за да ја зачува цврстината. Вака приготвената пена, рачно и полека измешајте ја со сирењето. Додатете половина од исцедените брусници. Се’ намачкајте по кората која се изладила во фрижидерот, па се’ заедно повторно вратете во фрижидерот.

За горното желе, растопете го желатинот во вода според упатството ( четири лажички вода). Останатите брусници ставете ги во 250 мл вода (искористите ја водата во која беа брусниците) со лажичка шеќер и варете ги. Промешајте со рачна мешалка, па додате го растопениот желатин. Кога течноста се излади полека со лажица додајте врз подготвениот колач. Повторно се’ вратете во фрижидер добро да се излади.

Пријатен апетит!

Го паркирал автомобилот и заминал на патување – Кога се вратил, не можел да си поверува на очите

avtomobil (1)

Еден човек го паркирал својот автомобил пред зградата која живеел и заминал на службено патување. Кога се вратил прво нешто што забележал е дека на паркингот го немало неговиот автомобил. Тој веднаш повикал полиција и пријавил кражба. полицијата излегла на терен за да направи евиденција, а потоа откриле нешто неверојатно.

Автомобилот не бил украден, туку стоел на истото место каде што човекот го паркирал, само бил прекриен со некое чудно растение и изгледал како жива ограда.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: „Џелатите“ на Ел Чапо мачат луѓе и сечат глави

Нивните методи се застрашувачки, а најчесто мачените умирале во страшни маки.

 

el-capo-macenje-zatrobenici

Хоакин „Ел Чапо“ Гузман раководел со меѓународниот нарко картел кој покрај тоа познат е и по страшните методи на измачување кои ги вршеле врз заробениците.

Според податоците на DEA од 2013 година, неговиот картел е одговорен за испорака на 80% од хероинот, кокаинот, марихуаната и метамфетаминот ви САД, Европа и Блискиот Исток.

 

Воз излетал од пругата, нема повредени патници

voz-650x396

На дел од пругата помеѓу железничко стојалиште село Теово и железничко стојалиште село Согле, патнички воз кој сообраќал на релација од Скопје кон Битола, управуван од машиновозачот Ц.Т. наишол и удрил во одрон од камења и земја кои биле на пругата.

Од ударот направена е материјална штета на моторната гарнитура и таа е излезена од пругите. Повредени патници и возен персонал за среќа нема, соопшти МВР.

Железничката несреќа се случила синоќа во 22 часот.

 

Ноќен живот Прилеп : Art Caffe & Calypso – 09.01.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”119″ gal_title=”NokenZivot_09012016″]

Вечерва е првата млада Месечина во новата година: Еве како да ја искористите нејзината моќ

Влијанието на младата Месечина често е потценето, иако е многу поголемо од она на полната Месечина.

mlada-mesecina

Причината за тоа е што на денот на младата Месечина влијанието е повеќе од суптилна природа, додека за време на полната Месечина човекот е свесен за зголемените мисли.

Младата Месечина со себе носи доволно моќ и енергија кои поттикнуваат обнова на вашиот дух, мисли, аура.

Вечерва над Македонија, околу 2:30 часот по полноќ, ќе се појави првата млада Месечина годинава. Таа со себе носи зголемена интуиција, па ова е добар период за донесување на тешки одлуки.

Време кога е поволно да се почне со исфрлување на лошите и штетни навики.

Во текот на овој ден концентрирајте се на иднината, насочете ги вашите мисли кон позитивност и пробајте да визуализирате каде ќе бидете за една година од овој ден.

Младата Месечина со себе носи доволно енергија, која може да ја насочите кон започнување на нови работи и затворање на лоши поглавја од вашиот живот.

Астролозите советуваат дека оваа фаза е идеална и за започнување на диета, нега на кожата, косата и ноктите. Треба да се внесуваат и повеќе течности во организмот.