дома блог страница 5488

ВИДЕО: Зошто дете не смее да седи во ваква положба?

Правилниот развој на детето е важно за секој родител.

 

nepravilno-sedenje

Постојат одредени положби кај детето, кои би можеле да му пречат во неговиот развој. Експертите од институтот Pediatric Therapy Center дошле до заклучок дека оваа популарна поза кај децата што седат на подот не е добра за нивното здравје.

Се работи за седење на подот, во која детето ја држи секоја нова од страната на телото со свиткани колена, образувајќи ја буквата W со нозете.

Децата што седат во таква положба и после две годинки, постои опасност да не можат да ја развијат основната сила на телото и рамнотежата, што се потребни за одредени моторички способности на телото, како што се скокање и трчање.

Тоа може да предизвика недоволно развиени мускули во колковите и глуждовите, а може да доведе и до дислокација на колковите.

Кои се најпаметни дами според хороскопскиот знак

horoskop-1-640x333

Водолијата е независна личност и секој обид да ја задржите или ограничите ќе направите да побегне.

Дамите во овој хороскопски знак се слободни, а независноста не е само желба туку е неопходна за нејзината благосостојба и среќа.
Водолијата има тенденција да биде бунтовник, нејзината упорност некогаш е причина за неуспех но таа сепак ќе продолжи да го прави тоа што го наумила.

Но и покрај нејзината упорност таа никогаш нема да го наметнува своето мислење на другите, бидејќи ја почитува разновидноста во мислењето.

Водолијата е во постојана потрага за мудрост, а дамите родени во овој знак се остроумни и собираат информации за се на многу објективен начин бидејќи не дозволуваат емоциите да им пречат. Понекогаш тоа може да е шокантно и да ги повреди чувствата на другите, но тие секогаш ја кажуваат вистината во лице.

Водолијата е хороскопски знак на визионерство, неконвенционалност и интелектуална независност. Тие уживаат кога се интелектуално стимулирани, постојано се во потрага по ново знаење и нови мислења.

(Вознемирувачко)ИМ ГИ СКРШИЈА ЗАБИТЕ, И ИМ ЈА ДУПНАА ГЛАВАТА: Терористите се обидоа да се борат против Сириската армија, еве како завршија!

sirija_7januar-30n4hwmmrm6zaw6p69cq2o

ИСИС започна жестока контра-офанзива на позициите на Сириската армија кај аеродромот во близина на Деир ез Зор. Терористите се обиделе да ја повратат територијата од 600 метри која пред неколку дена ја ослободија Сириската армија.

Стотици терористи навалиле на позициите кои ги бранела 137. артилериска бригада на Сириската армија и припадниците на 17. резервна дивизија. Терористите не успеале да ја пробијат ниту првата линија на одбраната на војската на Асад, а овој обид терористите крваво го платија.

ИСИС не успеа да поврати ниту метар територија, а во песокот пред позициите на Сириската армија останале да лежат 33 мртви терористи.

Бранителите на Деир ез Зор со генералот Захардини.

ВИДЕО – НЕВЕРОЈАТЕН ПРИЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА ОД СNN

21212121

Извонреден прилог на CNN за нашата држава. Во него Македонија е претставена како лулка на христијанството. Погледнете како другите гледаат на нашата држава, како тие ги забележуваат убавините кои самите некогаш недоволно ги цениме. Македонија е едно од светските чуда на природата, исконско, историско место кое плени со секоја педа земја. Македонија е навистина центарот на светот, икона на Балканот.

ФОТО: Погледнете ја оваа убавица – би и дале ли 48 години?

Instagram ѕвездата Лора Гордон од Северна Каролина има 48 години, но повеќето луѓе сигурно би и дале 20 години помалку.

Тајната на младоста е едноставна, здрава исхрана, и многу, многу напорни тренинзи, вели Лора.

-Никогаш не се занимавав со фитнес, не сум манекенка и никогаш не сум се занимавала со слична професија. Јас сум агент за недвижнини, а вежбањето ми е како втора работа. Тешка е и не ја сакам, но платата е одлична – здравјето и фактот што сум фит, објаснува Лора.

Taa на Instagram има над 470.000 следбеници.

Диета која сите ќе ве израдува – јадете се, а килограмите се топат

1

По хроно диетата, која дозволува да се слабее додека јадете буквално се, доаѓа уште една диета која се нарекува „испрекинат пост“.

Таа дозволува да се јаде буквално се, па дури и колачи, леб и се што мислите дека не е здраво.

Се прашувате каде е финтата? Па, смеете да јадете само осум часа во текот на денот.

Останатите 16 часа гладувате.

Вие може да одберете во кој период од деноноќието ќе поминете 8 часа во јадење.

На пример, доколку одлучите да јадете од 12 до 20 часот, пред и по овие часови ништо не смеете да јадете.

Доколку се придржувате кон ова единствено правило, килограмите ќе се стопат.

Откупени 8.077 тони тутун, просечна цена – 186 денари по килограм

За нецели четири недели од почетокот на откупот на тутунот деветте откупувачи, заклучно со 5. јануари 2016 година, откупија вкупно 8.077.918 килограми тутун од годинашната реколта.

tutun-otkup1-640x427

Просечната откупна цена изнесува 186 денари по килограм, што е речиси 70 денари повеќе од ланската просечна откупна цена (117 денари).

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 83,15% или за родот од 2016 година досега се исплатени 1.251.127.080 денари.

Откупот се врши на вкупно 186 ваги на 152 откупни места, а динамиката тече без проблем и според договорите меѓу тутунопроизводителите и откупувачите. Инаку, според првичните проценки, од реколта 2015, се очекува да бидат откупени околу 25.000 тони тутун.

 

Десет најголеми странски инвестиции најавени за 2016-та година

investiciski-bran-650x396

Според очекувањата 2016-та ќе биде година во која повеќе странски инвеститори ќе го вложат својот капитал на македонско тло. Процесот што започна пред неколку години кулминираше во 2015 година кога триесетина компании донесоа одлуки да инвестираат во Македонија. Познавачите се децидини дека секое вложено евро во нови капацитети е добро за Македонија, особено ако значи отворање нови работни места.

ТЕЛЕГРАФ објави листа на 10-те најголеми инвестиции кои се најавени за годинава:

  1. Фабрика во Велес – 1.000 нови работни места

Инвестицијата во Велес ја најави премиерот во новогодишното обраќање, а името на компанијата ќе биде објавено веќе овој месец. Станува збор за проект на кој Владата работела подолго време, а во првата фаза странскиот инвеститор ќе рестартира постоечки објект. Треба да отвори 1.000 нови работни места.

  1. Компанијата „Делфај“ од САД – 500 нови работни места

Американската компанија „Делфај“ ќе инвестира во индустриската зона Бунарџик. Почетокот на производствените активности треба да биде во втората половина на 2016 година. Станува збор за автомобилска компанија која во погоните во Македонија ќе произведува најнова технологија на модул за возила кој ќе се вградува низ Европа.

Инвестицијата ќе се реализира во неколку фази а првата е во вредност од 15 милиони евра. Со ова вложување треба да се отворат 500 нови работни места.

  1. „Џонсон контролс“ во Струмица – 1.500 нови работни места

Напролет автомобилскиот гигант „Џонсон Контролс“ ќе почне со работа во Струмица на веќе постоечки објект. Инвестицијата од 20 милиони евра треба да обезбеди нови 1.500 работни места.

Иако ова вложување почнува како браунфилд до крајот на годинава и во следната „Џонсон контролс“ ќе почне со изградба на нови капацитети каде треба да бидат вработени до 3.000 лица.

  1. „Ки сејфти системс“ во Кичево – 1.000 нови работни места

Американски „Kи сејфти системс“ (КСС) во зоната во Kичево почна со изградбата на нов објект. Се очекува процесот да заврши до јуни 2016 година. Kомпанијата е специјализирана за производство на воздушни перничиња за автомобилската индустрија, сигурносни појаси и електроника. Таму треба да се вработат 1.000 луѓе, а вкупната инвестиција е 20 милиони евра.

  1. „Гентерм“ нови погони во Прилеп – 2.000 нови работни места

Според плановите, американски „Гентерм“, кој ја привршува инвестицијата во Прилеп ќе почне со работа во март годинава, а компанијата што произведува за автомобилските гиганти во светот треба во погоните да вработи 2.000 луѓе од Македонија.

  1. Германски „Костал“ – 1.000 нови работни места

Германски „Костал“ годинава ќе почне да гради нови капацитети во зоната Струга-Охрид. Оваа компанија овде треба да произведува електронски компоненти за автомобилската индустрија. Освен во зоната инвеститорот првично работи во објектот на поранешен ЕМО.

„Костал“ во земјава треба да вложи 50 милиони евра, а првично се најавени 1.000 вработувања.

  1. ОДВ Електрик во Струшко – 1.000 нови работни места

Во зоната во Струга-Охрид се гради и новата фабрика на германската компанија ОДВ Електрик, а според првичните планови капацитетот треба да е готов до јуни 2016 година. Планот е таму да се вработат 1.000 невработени од Охрид и Струга. Инвестицијата вреди 15 милиони евра.

  1. Американска корпорација во Тетово – 3.000 нови работни места

Со план за нови 3.000 работни места во Тетово е инвестицијата од 15 милиони евра на американската корпорација „Леар“. Таму до крајот на оваа година треба да се вработат околу 800 луѓе, а бројот да се зголемува по години со растот на вложувањата.

Во погоните ќе се произведуваат навлаки за автомобилски седишта кои се вградуваат во возилата на повеќе автомобилски гиганти.

  1. „Кондево“ во ТИРЗ Штип – најмалку 280 нови работни места

Најдоцна до јули годинава ќе биде готова фабриката на италијанската фирма „Kондево“ која почна да гради погон за делови за кондензациски бојлери во ТИРЗ Штип. Проектираната инвестиција е 30 милиони евра, а се очекува вработување на најмалку 280 лица.

Во „Kондево“ се произведуваат компоненти за „Вајлант“, „Бош“, „Вајсман“, а од Македонија ќе се врши извоз во целиот свет.

  1. Домашни инвеститори во индустриските зони

Две домашни компании добавувачи на познати светски брендови, ќе инвестираат во Технолошко индустриските развојни зони. Тоа е компанијата „Хај Тек“ и компанијата ТТ Плус кои заедно треба да вработат 500 невработени лица.

Денеска е Собор на Пресвета Богородица

bogorodica

Денеска е Собор на Пресвета Богородица.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица. Најмудра пракса. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.

Со овој празник ѝ се оддава признание на мајката Божја, Пресвета Богородица која е најзаслужна за раѓањето на Спасителот. Во таа смисла се и црковните песни коишто се исполнуват при црковните свечености. Но во народното сфаќање овој ден се смета за втор ден на празникот Божик и празнувањето е во тој дух.

ВИЦОТЕКА: Бракоразводна парница.

Бракоразводна парница:

Жената:

– Дете ќе остани со мене, секако не е твое!

Мажот:

– Ами, не е ни твое!

Жената:

– Како така не е мое ?!?

Мажот:

– Нели ти текнува кога бевме в болница и кога ми рече дека е покакано, да го сменам?? Е па го сменив.