дома блог страница 5483

Годроста на Радовиш, грандиозната црква Св. Троица, храм каде уметничкото и духовното се едно

Една од најбогатите, најукрасените и најафтентичните цркви на Балканот, се наоѓа во Радовиш. Црквата “Св. Троица” е соборна црква во Радовиш, и претставува едно грандиозно дело, едно вистинско неверување за очи, кога ќе се погледне на прв поглед, затоа што во оваа црква е вградено толку голема љубов и внимание, што ја прави една прекрасна комбинација на духовното и уметничкото.


Започната со градба во 1997 год., а осветена во 2003 год., црквата Св. Троица собира 600 верници и ги има речиси сите карактеристики на македонските цркви, но и такви кои потекнуваат од црквите во Грција, Украина и Русија.
Ктитор е Ристо Гуштеров, а фрескоживописот е дело на светски познати мајстори од Украина.
Она што особено остава без здив е иконописот на црквата, изработен од 24 каратно злато, но она што треба да се забележи е и присуството на антички белези во внатрешноста, односно ликовите на Александар и Филип Македонски, како и ѕвездата од Кутлеш.
Мноштвото мозаици пленуваат со својата убавина како во ентериерот, така и во екстериерот.


Она што исто така е интересно за оваа црква, е тоа што почетните фрески биле избришани, за потоа да бидат одново насликани.
Храмот во Радовиш е вистинско свето здание кое вреди да се посети, да се почувствува одблиску, да се види целата така духовна раскош.


Единственото нешто кое би го понеле со себе после едно вакво одушевување е мирот, спокојот во душата, љубов кон Бог и радост на лицето.
Нема ништо поубаво кога луѓето на ваков начин, со ваков храм, му возвраќаат на Бога и го молат за неговата наклонетост, за здравје и спасение.

DSC_0438
Македонија е вистинска лулка на христијанството.

Подготви : Александар Георгиоски

ФОТО – Даниел Бошкоски

Вчера пролет среде зима, денеска дожд: Што е следно?

12511630_10206966636578806_1663081239_n

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во југозападните и североисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На запад ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на планините.

Температурата ќе се движи од нула до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со температура до 10 степени.

Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, а од сабота се очекува позначително заладување со северен ветер и врнежи од снег.

СПОНЗОРУША ВО ДУША: Еве како се пали на пари (ВИДЕО)

Некои девојки би ја продале и душата на ѓаволот за пари, еве како лесно се препознава спонзоруша…

sponzorusa

На видеото се гледа како момчето се обидува да стапи во контакт со девојката и да ја повика на пијалок. Таа го одбива наведувајќи дека ги чека пријателите и не може да појде со него.

Сепак, точката на пресврт се случува во моментот кога тргнува по својот пат и чантата со многу пари му се отвара „ненамерно“, па сите пари му паднаа на земја. Во тој момент девојката „се разнежни“ и веднаш се наведна за да му помогне.

Рече дека пријателите ќе се задржат долго време и дека би сакала да оди на пијалок со неа. Крајот на видеото погледнете го сами:

Почнува Вевчанскиот карневал

vevcanski-karneval

Вевчанскиот карневал ќе започне попладнево со традиционалното карневалско дефиле под маски.

Двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, Глупавите Августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања во изминатата година ќе продефилираат низ вевчанските улици и ќе ги претстават своите маски.

Градоначалникот Цветомир Угриноски на прес-конференција нагласи дека Вевчани е подготвено за уште едно карневалско издание.

Во вечерните часови, присутните ќе ги забавуваат Есма Реџепова и Наум Петрески, а на полноќ се најавува петминутен огномет. Настап ќе има и вевчанецот Перо Пешиновски до утринските часови, кога традиционално невестите од двете маала заедно со гостите одат на Вевчанските извори каде полнат вода со која се прави вевчанскиот кашаник во кој се става паричката. Кај оној што ќе се падне паричката ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година.

vevcanski-karneval-1-640x310

Според традицијата, утре Василичарите ќе одат од куќа во куќа каде што има луѓе со име Васил да му честитаат и околу пладне доаѓаат во центарот на Вевчани каде што ги играат василичарските ора. Манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, некаде околу 17 часот. Со палењето на маските се верува дека се ослободуваат од злото и дека годината ќе им биде среќна и бериќетна.

Фотографии од Вевчанскиот карневал на група македонски фоторепортери денеска ќе бидат изложени во Кутмичевица во Вевчани. Несекојдневниот микс од вевчанското шаренило направен е од македонските фоторепортери Маја Златевска, Огнен Теофиловски, Роберт Атанасовски, Ѓорѓи Личоски, Наке Батев и Томислав Георгиевски. Изложбата се одржува во чест на новинарот Никола Шутиноски од Вевчани.

vevcanski

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои олицетворение на злото и двајцата глупави Августи кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

КАКО ВО АФРИКА СЕ ЛЕЧАТ ОД ГЛАВОБОЛКИ НА ПРИРОДЕН НАЧИН

КАКО ВО АФРИКА СЕ ЛЕЧАТ ОД ГЛАВОБОЛКИ НА ПРИРОДЕН НАЧИН

ОГРОМНИТЕ УСПЕСИ се ценат, Карате Клуб РОНИН Прилеп е најнаградуван клуб во изминатата 2015 година

По големите резултати на репрезентативците на КК Ронин на меѓународна сцена во 2015,на крајот на 2015 во Македонскиот Народен Театар, во организација на АМС, се одржа изборот на најдобри спортисти на Македонија за 2015. И оваа година епитетот најуспешна женска екипа во македоснкиот спорт за 2015 го понесе ката тимот на Ронин односно државниот ката тим во состав на, близначките Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа, пред ракометраките и одбојкарките. Статуетката Спортски оскар, заслужено ја доби прилепскиот тим, пред се заради историскиот сребрен медал од Светско Првенство во Џакарта Индонезија 2015г., но и заради златните медали на Балканското првенство во Дубровник и златниот медал на Карате Оне Премиер Лигата во Истанбул 2015г. Во 2014 година исто така ката тимот доби Спортски Оскар за најуспешна екипа во Македонија.
Карате Федерацијата на Македонија минатиот викенд во Скопје, по завршувањето на изборното собрание на КФМ, каде по трет мандат е избран актуелниот Претседател Драган Стојановски, вечерта на 9ти Јануари ги прогласи најдобрите каратисти, тренери и клубови за 2015г. За прилепските каратисти многу награди, дури 6 плакети за каратистите на Ронин, со што КК Ронин е најнаградуван карате клуб за 2015г. Освоени се следните награди: во категоријата јуниорки, сите три награди се за Прилеп, најуспешна јуниорка е Маријана Димоска, втора е сестрата близначка Мишела, а трета е Киријана Камческа. Карате клубот Ронин е втор најуспешен клуб за 2015, веднаш зад Металург од Скопје, а тренерот на клубот Златко Димоски е второнаграден најуспешен тренер за 2015г. Пулексенија Јованоска е трета наградена во категоријата најдобри сениорки. Репрезентативците на Ронин започнаа со подготовки за Европското Првенство кое во фебруари ке се одржи на Кипар.

[Best_Wordpress_Gallery id=”120″ gal_title=”Ronin”]

КАНАЛИЗАЦИОНИ МРЕЖИ ЗА СЛАВЕЈ И КРУШЕАНИ

kanalizacija

Општина Кривогаштани денеска го потпиша договорот со градежнатта фирма „Изофаст“ за изградба на канализациони системи во населените места Славеј и Крушеани. Инвестицијата е тешка 310.000 евра, а парите се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка за рурален развој. Овие села за прв пат во својата историја ќе добијат канализација. Според договорот таа треба да биде завршена во јуни.

„Ова е за прв пат во овие населени места да се започне со изградба на канализациона мрежа, бидејќи во нашата општина само населеното место Кривогаштани досега во 95% е покриено со канализација, и како главен приоритет во наредните години ќе биде изградба на комунална инфраструктура во сите населени места“, изјави Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

За канализациониот систем во населеното место Крушеани обезбедени биле и дополнителни 110.000 евра преку Министерството за транспорт и врски, со што ќе се добие еден комплексен канализационен систем за ова населено место.

„Со овој зафат ќе се опфати главниот колектор во Славеј, еден крак во Крушеани и два помали крака во Славеј како и со комплетна пречистителна сттаница. Тоа опфаќа мрежа од околу 2 км. Според договорот треба да завршиме до јуни, но ако не послужат временските прилики мислам дека ќе завршиме и побрзо“, рече Митко Иваноски, сопственик на градежна фирма.

Општина Кривогаштани денеска потпиша и договор за изработка на униформи за работниците во јавното комунално претпријатие, територијалната противпожарна единица и техничкиот персонал во училиштата.

DSCN9364-300x225

DSCN9342-300x225

НОВА ТЕХНИЧКА ОПРЕМА ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

DSCN9356-702x336

Општина Кривогаштани доби нова техничка опрема за своите потреби и потребите на реализацијата на проктот ’’Форуми во заедницата’’ финансирана токму со швајцарската агенција за соработка и развој. Опремата се состои од лаптоп компјутер, професионален фотоапарат, прожектор, платно и колор печатач кои се користат при реализацијата на форумските сесии каде што по завршувањето на процесот остануваат во сопственост на Oпштина Кривогаштани.

ДЕВОЈКА ОД КОЈА СЕ ОЧЕКУВА ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ, ИНТЕРВЈУ СО ПУЛЕКСЕНИЈА ЈОВАНОСКА

Пулексенија Јованоска е вистински карате лидер. Таа е еден од столбовите на овој спорт во Прилеп, и е спортист од кој се очекува уште долго да пали по Европските, Светските, Балканските првенства, но и спортист од кој со сигурност се очекува и Олимписки медал, од моментот кога каратето ќе го добие приматот, Олимписки спорт. Неизбежен беше еден интервју разговор за маркукуле.мк, ја запрашавме за досегашните успеси, планови, приоритети. Долга е листата на успеси, уште поголеми се нејзините планови. Моментално Пулексенија ја темпира својата форма за тековната 2016година кога и претстојат големи предизвици.

Здраво Пулексенија и добредојде на маркукуле.мк.

Твојот живот, твојата љубов е каратето, кажи ни повеќе за твоите први настапи, кога се роди таа желба за овој спорт и како растеше сето тоа?

Здраво и од мене !
Драго ми е што токму вака гласи прашањето. Точно, со оглед на тоа што 16 години се занимавам со карате(од мојата шеста година), каратето е мојот живот. Почетоците беа производ на едно “радознало” дете, околу тоа што е карате, а прерасна во начин на живот. За мене каратето беше прв спорт во кој се обидов и ете се пронајдов. Така патот започна, со таа привилегија што имам можност да учам од најдобрите. Златко и Елизабета Димоски се мои тренери, како и селектори на Македонската карате репрезентација во кати.

Со кои одликувања може да се пофали Пулексенија Јованоска, што имаш запишано како успех во твојот бекраунд?

Во мојата кариера имам голем број на резултати. Сите мои успеси имаат посебно место и значење за мене. Еве накратко:

  • Европски бронзен медал, индивидуално во Кати У21. Прв и сеуште единствен таков медал за Македонија.(Лисабон 2014)
  • Бронзен медал, индивидуално во Премиер Лигата, ката натпреварување во сениорки ( Лашко 2014)
  • Две бронзи на Премиер Лига, Тим ката натпреварување во сениорки (2013, 2014) и златен медал 2015 год. во Истамбул.
  • Два пати бев 5то пласирана на Европско сениорско првенство во Тим Ката (2013 и 2015)
  • Два пати Балкански шампион во сениорска конкуренција во Тим Ката (2012 и 2014)
  • Балкански првак индивидуално во кати, категорија до 21 година во 2013год.

За успеси секако ги сметам и сите признанија кои ми се доделени:

Оскар за најдобра млада спортистка во 2014 година.

Оскар за најдобра женска сениорска екипа 2014 година

Оскар за најдобра студентска екипа 2013година

Признание за најдобар спортист на град Прилеп 2014 година, доделено од страна на весникот Зенит.

Тука секако ќе ги напоменам и признанијата од Карате Федерацијата на Македонија, за најдобра каратистка во 2008 година, како пионерка, 2010 година јуниорка, 2014 година јуниорка до 21 година, 2014 година сениорки. Кога стигна до првиот настап за Македонската карате репрезентација, и што значи за тебе да се бориш за боите на националното знаме? Прв пат настапив за Македонската репрезентација во 2006 година, во Верија, Грција, на Балканско првенство. За сениорската репрезентација настапив прв пат на мои 16 години во 2010 год, на Светското првенство во Белград. Да ги браниш боите на македонското знаме, пред се значи една голема одговорност, како и мотив за уште поголема работа.

Кои се твоите желби, што сакаш да постигнеш во твојата спортска кариера, каде го гледаш својот врв?

Желба на секој спортист е Олимпијадата, таму го гледам врвот, но одиме чекор по чекор.

Колку си задоволна од залагањето на надлежните институции, конкретно од Агенцијата за млади и спорт, Општината, како и од медиумската покриеност и известување за вашите достигнувања?

Eдна благодарност до Агенцијата за млади и спорт, ја сум стипендист од Меѓународна категорија. Во однос на медиумите мислам дека сме добро застапени, особено во пишаните медиуми и на порталите. Општината имаше убаво залагање за сите спортови во Прилеп, тоа беше правилник за наградување на успешни спортисти (од официјални натпревари), кој што се донесе пред неколку години. Но од незнам кои причини истиот тој правилник е во мирување, бидејќи сеуште не сме ги добиле ветените награди кои што ни следуваат според правилникот за остварени резултати. Се надевам дека во скоро време ќе бидат исплатени.

За што наредно се подготвува Пулексенија Јованоска, и како течат подготовките?

Веќе започнувам со темпирање на формата за натпреварите што следуваат. 2016 година имам многу значајни натпревари. Исто така и со тимот (сестрите Маријана и Мишела Димоски), почнувајќи од Карате 1 Лигата, Балканското и Европското првенство, за на крај да целиме кон Светското првенство во Линц, кое што ми е главна цел за во идната година.

Каратето е меѓу првите спортови во државата на кое што поле можеме да се пофалиме со силни успеси, значајни достигнувања и одликувања. Прилеп тука со сигурност предничи и дава огромен придонес кон развојот на овој спорт. Години наназат ти си еден од тие главни актери кои носат резултати од сите натпревари. Дали постои потенцијал во идните генерации, оние кои во иднина треба да ве наследат, дали Прилеп ќе го задржи тоа респектабилно висококотирачко место?

Благодарам. Според мене Прилеп е расадник за млади таленти. Потенцијал секако има, битно е тоа што имаат од кого да украдат знаење. Јас од моите тренери научив многу, и тие се главните “виновници” за сите мои успеси. Исто така битно е да имаат идоли, така мотивот за работа расти. Јас се надевам дека сите наши резултати ќе бидат дополнителен адут за еден ден тие да не наследат, секако со макотрпна работа и посветеност, како нашата.

Има ли Македонија сила за олимписки медал, во моментот кога овој спорт ќе се придружи на олимпиското семејство?

Јас силно верувам, Македонија има потенцијал. Тоа го докажавме повеќепати, каратето е водечки спорт во Македонија. Имаме две сениорски Европски златни медали, имаме многу европски медали во јуниорски категории, последниот многу значаен Светски медал. Сето тоа е доказ дека каратето има сила за Олимписки медал.

Дали каратето може некого да го промени како личност, како делува овој спорт на психофизичкиот развој во смисла на развој на телото, духот, начин на размислување?

Спортот како спорт има свои благодети. Нема подобра инвестиција за едно дете од спортот. Јас сум доказ дека каратето не те менува, те гради темелно како личност. Каратето ме научи да се натпреварувам, да победувам, да губам. Така и пораснав, со правилен психолошки и телесен израз, со самодоверба и истрајност, за да знам да се соочам со сите предизвици во животот. Јас со каратето изградив навики кои ме издвојуваат од другите. На моето домашно воспитување додадов нешто плус, токму затоа се наметнува и изреката “ Да си спортист е привилегија на најдобрите”.

Освен каратето имаш ли други свои интереси, погледи, занимања?

Секако. Студент сум веќе четврта година на Економскиот факултет во Прилеп. За да бидиш успешен во некоја работа треба да и се посветиш, јас го имам каратето. Слободното време го користам да се одморам и да се видам со пријателите.

Пулексенија кој е патот до успехот според тебе?

Според мене, патот до успехот е еден многу долг процес. Да се откажиш од задоволствата, да го издржиш притисокот, да се посветиш на секојдневни тренинзи, физичка, техничка и психичка подготовка, многу пречки, пот, солзи и повреди. Правилната и здрава исхрана е исто така значаен детал за еден спортист, кој што чекори по патот на успехот. Тренери од кои има што да научиш и родители како главна поддршка, како темел за сите успеси.

Порака до читателите на маркукуле.мк?

Имајте цел, бидете свои и верувајте во себе ! Вложувајте во патувања, изградете сопствен начин на живот и исполнете го со позитивни моменти.

Подготви : Александар Георгиоски

ФОТО – Четири годишни времиња над Прилеп денес

12511546_10206966631978691_1004661237_n

Необични временски прилики, го зафатија денеска Прилеп. На небото над Прилеп, денес буквално се менуваја на периоди сите годишни времиња. Покрај силниот ветер кој преовладуваше во текот на денот, имаше сончеви периоди, дожд, темни облаци,  а се чувствува и доаѓањето на снегот. За разлика од другите делови на државата, каде ветерот направи поголеми проблеми и наместа штети, Прилеп ги одмина тие неприлики.

12540420_10206966632178696_956463805_n

12511630_10206966636578806_1663081239_n

12511688_10206966632058693_409418299_n

12511818_10206966631578681_84877285_n

12511983_10206966632018692_1294705373_n

12527730_10206966631738685_1151690448_n