дома блог страница 5482

ПРЕСМЕТАЈТЕ ДАЛИ 2016 ЌЕ БИДЕ ВАША ГОДИНА

numerologija-640x340-30lyx3b45ospi70gl1hm9s

Според нумерологијата животниот век се сведува на циклус од 9 години кои започнуваат од нашето раѓање, а завршуваат тогаш кога завршува и нашиот живот. Циклусот одново и одново се повторува.

Секоја година од тој циклус има свое единствено значење и секако насока која може да ви помогне при одредувањето на вашите животни цели и желби.

Како да пресметате кој е вашиот број за 2016-та?

Соберете ги бројките од датумот на вашето раѓање и годината во која влегувате.

На пример, ако сте родени на 12 јуни, треба да го направите следново: 1+2+0+6+2+0+1+6 = 18

Ако добиете само еден број тој го претставува вашиот годишен број. Но, ако добивте двоцифрен број постапката треба уште еднаш да ја повторите.

Така, на пример, бројот 18 кој го добивме во овој случај уште еднаш го собираме 1+8 = 9

Годишниот број е 9.

Пресметајте го вашиот годишен број и проверете што треба да направите во 2016-та.

Годишен број 1

Нови почетоци, акција, животни прилики

Оваа година ве очекуваат големи промени и нови животни прилики и затоа не смеете да ги одолговлекувате одлуките. Ќе имате прилив на нова и силна животна енергија и нови идеи кои ќе морате да ги распоредите во наредните 12 месеци.

Оваа година е година во која сите потреби треба да ги ставите на прво место. Без разлика дали се работи за мали физички промени или пак оние значајните, оваа година треба да си ја посветите на себе.


Годишен број 2

Трпение, односи, баланс, емоции

Оваа година се однесува на сето она што досега сте го постигнале во животот. Оваа година ќе ви се чини како бавна, бидејќи ќе имате чувство како ништо важно да не ви се случува, но бидете претпазливи, зад малите незначајни работи се кријат големи промени.

Оваа година на прво место ви е љубовта, односите со другите и вашите искрени емоции. Оние кои се во врска ќе откријат дали е вистинската, а оние кои се слободни можат да запознаат некоја посебна личност со која ќе остварат силна врска.


Годишен број 3

Социјализација, комуникација, креативност

За разлика од втората година која се чини како фрустрирачки бавна, третата година е поенергична и динамична. Во оваа година на виделина доаѓаат сите оние работи кои сте ги направиле и промените од првата година.

Во оваа година треба повеќе време да поминувате во друштво. Поврзете се со старите пријатели и работете на нови познанства. За возврат ве очекува  позитивна енергија, веселби и забава. Уживајте во сè што ви носи животот.


Годишен број 4

Ред, труд, планирање, вложување

Оваа година е посветена на сето она кое е потребно за вашиот живот да стане подобар и поквалитетен. Токму затоа, организацијата и планирањето се важен фактор поради кој вашиот живот ќе тргне кон подобро.

Оваа година важно е да се грижите за вашето здравје, да се одлучите за штедење, промени во вашиот дом, исплаќање на долговите, образование и некој друг облик на надградување на потенцијалите. Плановите од оваа година долгорочно ќе ви се исплатат.


Годишен број 5

Авантура, напредок, промени

Четвртата година ја одбележавте во големи промени, планови, тешка работа, а петата година носи очекувани и неочекувани промени кои ќе се појават во разни облици. За некои тоа значи преселување, нова работа, нова врска, а за другите промени на животните ставови и размислувањата.

На било кој начин, ќе ви се отворат нови можности и затоа добро е да избегате од рутината и да пробате нешто ново, различно.


Годишен број 6

Љубов, семејство, одговорност

Оваа година ќе ви биде обележана со несебичност и важно е да се посветите на другите и да ја истакнете вашата одговорност. Вашето рамо за плачење понудете го на најблиските и бидете отворени за помош.

Шестата година е во знакот на љубовта, па ако не сте во врска можете да се заљубите и да започнете нова. Оние кои веќе се во врска ќе отидат чекор нанапред. Ако имате проблеми и несогласувања, оваа година е идеална за да ги разрешите.


Годишен број 7

Преиспитување, личен и духовен раст

Седмата година е посветена исклучиво на вас. Во овој период важно е да направите анализа на самите себе за да сфатите кои сте, што сте и што сакате. Во оваа година не треба да одите нанапред, туку да застанете, направите чекор наназад и да размислите за сè што сте направиле и што сакате да направите.

Во оваа година добро е да работите на своите потенцијали. Пронајдете некое ново хоби или пак, подобрете ги вашите вештини. Што и да правите, важно е да бидете среќни и исполнети.


Годишен број 8

Моќ, финансии, кариера

Оваа година е во знакот на работата, кариерата, финансиите и правните работи. За некои тоа се работните прилики или напредокот на постоечкото работно место, а за другите во облик на пораст на трошоците и намалување на финансиските приливи.

Животот како што сте го воделе досега и сè она што сте го вложувале во себе оваа година ќе се покаже. Но, исто така, треба да бидете внимателни при донесувањето на финансиските одлуки, бидејќи ако не се брзоплети можат да ви донесат големи проблеми.

Годишен број 9

Трансформации, завршетоци

Оваа година е последна од животниот циклус и е фокусирања на завршување на сè она што досега сте го планирале и постигнале, како и подготовка за нов почеток. Најважно во овој дел од животната трансформација е сè да оставите зад себе.

Оваа година е идеална за „чистење“ на животот, за сè да тргне напред и кон подобро. Иако 9-та година претставува завршеток, таа е истовремено и симбол за повторно раѓање. Затоа, наредните 12 месеци треба да завршите сè што сте работеле досега.

 

Поради оваа приказна плаче цел свет: Ја однел неговата мајка на вечера, но не знаел дека е последна…

vecera (1)

Сеќавањето на непознатиот автор за последната средба со неговата покојна мајка на Фејсбук со наслов “Love What Matters” за повеќе од 24 часа собра над 27 илјади лајкови и споделено над 20 илјади пати.

– По 21 години брак, мојата сопруга сакаше на вечера и во кино да однесам друга жена. Ми рече: „Те сакам, но знам дека и другата жена те сака и би скала да помине време со тебе“.

Таа друга жена која мојата сопруга сакаше да помине време со мене беше мојата мајка, која беше вдовица во псоледните 19 години, но поради работа и обврските околу трите деца ја гледав ретко.

Таа вечер ја поканив на вечера и во кино

– Што не е во ред, добро ли си, ме праша. Мојата мајка е тип на жена која мисли дека ако и се јавиш или и приредиш некое изненадување е знак за лоши вести.

„Мислев дека би било убаво да поминеме некое време заедно’ и одговорив. „Само ние двајца“.

Размислуваше во еден момент и рече „Зошто не би сакала“.

Тој петок после работа додека возев до кај неа бев малку нервозен, Кога дојдов до куќата, забележав дека и таа е нервозна поради нашиот состанок. Чекаше пред врата со капут на себе. Ја средила косата и облекла фустан кој го носеше на последната прослава на својата годишнина од бракот. Се насмевна, а лицето и изгледаше како на ангел.

– Им кажав на пријателките дека ќе излезам со мојот син, а тие ми завидуваа, рече додека влегуваше во автомобилот

„Едвај чекаше да слушне се за нашето излегување“.

-Отидовме до ресторанот кој не беше елегантен, но беше убав и пријатен. Мојата мајка ме држеше за рака како вистинска дама. Откако седнавме, морав да и го прочитам менито. таа можеше да ги гледа само крупните букви. Кога дојдов до половина список го подгинав погледот, мајка ми седи и гледа во мене. На лицето имаше носталгична насмевка „ јас на тебе некогаш ти го читав менито додека беше мал“ ми рече. „ Тогаш време е да се опуштиш и да ме пуштиш мене да ти ја вратам услугата“ и одговорив јас.

За време на вечерата имавме пријатен разговор, за ништо псоебно, разговаравме за работи кои ни се случиле во последно време. Зборувавме толку долго што го пропуштивме филмот. Кога дојдовме до нејзината куќа ми рече: „Ќе излезам уште еднаш со тебе, но ако ми дозволиш јас да те повикам тебе“. Се согласив.

Каква беше вечерата?, ме праша сопругата кога дојдов дома. „ Многу убава. Многу повеќе отколку што очекував“, одговорив.

Неколку дена подоцна мојата мајка почина од срцев удар. Тоа се случило толку одеднаш што не можев ништо да направам за неа. По некое време добив сметка од ресторанот во кој бев со мајака ми. На неа имаше порака:

„ја платив оваа сметка однапред. Не бев сигурна дали сакам или дали ќе бидам таму, но платив вечера за двајца, за тебе и за твојата сопруга. Не можеш да замислиш колку ми значеше онаа вечера“ Те сакам сине“.

МАРКУКУЛЕ.МК ВИ ЈА ЧЕСТИТА ПРАВОСЛАВНА НОВА ГОДИНА –ВАСИЛИЦА

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Со желби за многу здравје пред се, љубов, единство, среќа и бериќет, ви ја честитаме Православната Нова Година- Василица. Ви посакуваме да имате многу меѓусебно разбирање, да умеете да живеете во слога, да простувате, и во духот на христијанството да зачекорите во новата година.

Се надеваме дека оваа година ќе биде благодетна за целата држава, дека многу работи ќе се подобрат или ќе бидат уште подобри, дека сите Македонци каде и да се, ќе живеат во мир, спокој и дека Бог ќе биде наклонет кон нас и кон нашата земја.

Нека е за многу години !

Викендов снежна бура, ќе навее снег до 35 сантиметри

sneg-2-650x396

Снежни врнежи со температури длабоко под нулата најавуваат метеоролозите на популарниот веб сајт за временска прогноза Accuweather.
Тие издадоа предупредување за снежна бура над Скпоје за викендов.

ФОТО: Македонските ракометари пристигнаа во Полска под уставно име

makedonski-rakometari-polska-640x294

Македонската ракометна репрезентација попладнево слета во Краков, Полска каде во петок почнува Европското првенство.

Организаторот на шампионатот за „црвено-жолтите“ обезбеди автобус на кој стои уставното име Македонија, за разлика од претходното Светско првенство во Катар каде се користеше референцата (ФИР), што е причина повеќе за задоволство од присуството меѓу најдобрите ракометни европски национални тимови.

Ракометарите утре ќе го имаат првиот тренинг, а веќе в петок од 18 часот против Франција ќе го имаат првиот настап на ЕП.

На 17 јануари Македонија игра со домаќинот Полска, а по два дена (19 јануари) во последното коло од групата се среќава со Србија.

Среќа и бериќет порача градоначалникот Марјан Ристески

IMG_6173

Со пита со паричка „Друштвото на наука и уметност“ од Прилеп денеска го прославија доаѓањето на новата година според христијанскиот календар. Според стариот обичај, од питата секој добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година. Градоначалникот Ристески на сите православни христијани им го честита празникот Василица и посака многу здравје, среќа и бериќет во Новата 2016 година.

IMG_6237

IMG_6192

IMG_6195

IMG_6202

IMG_6204

IMG_6207

IMG_6213

IMG_6219

IMG_6234

НОВ ПРЕРАБОТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

krivogastani1

Градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски денес официјално го потпиша одобрението за градба на нов преработувачки капацитет во општината кој ќе биде лоциран во индустриската зона Славеј. Инвестицијата е во изградба на нов капацитет за преработка на земјоделски производи од кој населението на општината и самата општина ќе имаат бројни бенефити со зголемување на бројот на нови работни места а индиректно ќе се подобри пласманот на земјоделското производство во општината. Досега ова е втора ваква инвестиција во индустриската зона Славеј каде што веќе една успешно функционира години наназад. Се надеваме дека ова ќе биде уште една успешна приказна како за самиот инвеститор така и за општина Кривогаштани.

Општината во моментов работи на привлекување на уште неколку инвестиции кои се заинтересирани да инвестираат во капацитети за производство и обработка на месо и млечни производи како и инвестиции во производство на пченка за што во близината на индустриската зона е лоцирана обработлива земјоделска површина од 500 ха со извршени анализи за квалитетот на земјиштето со што се докажа дека истата може да има успешно производство на повеќе земјоделски култури.

krivogastani2 krivogastani3

ЕКСКЛУЗИВНО: УТРЕ НОВА ФАБРИКА ВО ПРИЛЕП

12121212121

 

Утре четврток  14.01.2016г., во 13 часот, во индустриската зона ТИРЗ Алинци, свечено ќе бидат осветени темелите на нова фабрика во Прилеп од автомобилскиот сектор.

Фабриката на  Injection Moulding Prilep-IMP е втората фабрика на која ќе бидат отпочнати активностите за градба и која ќе значи нова можност за многу граѓани да најдат работа, а со тоа и егзистенција за своите семејства.

Со Почит, Општина Прилеп

ХАОС ВО ГЕРМАНИЈА: Протестите продолжуваат – демонстрантите уништуваат дуќани и бизниси кои се во сопственост на доселеници!

Демонстрациите на кои присуствуваа стотици демонстранти кои ја славеа годишнината на десничарската организација ПЕГИДА, беа обвинети за насилство откако десетици насилници почнаа да растураат продавници во сопственост на мигранти.

Десетици “нео-националистички” демонстранти биле уапсени од полицијата во Лајпциг откако ги уништиле продавниците во регионот Коневитз, известува Раша Тудеј.

Некои од бизнисите кои биле уништени биле во сопственост на луѓе кои биле доселеници. На социјалните мрежи, жителите на Лајпциг поставуваа снимки од уништувањето, меѓу кои можеше да се види и тотално уништената продавница за “кебаб”, за која снимателот вели како да била бомбардирана од дрон.

Репортажа на Билд вели дека околу 250 насилници биле дел од насилните демонстрации биле и десничарски навивачки групи кои планирале да го нападнат и локалниот фудбалски клуб Ротер Стерн (Црвена Ѕвезда). Клубот е познат по неговиот активизам против десничарскиот екстремизам. Додека оделе кон седиштето на клубот, групата кршела продавници, ресторани и сендвичари и нападнале навивачи на клубот во локален бар.

Повеќе од 100 хулигани кои биле дел од насилните демонстрации биле уапсени од полицијата додека, во текот на ноќта биле уапсени и десетици други насилници во различни делови на Лајпциг.

 

Демонстрантите извикувале слогани “Меркел мора да си оди!” и “Не сакаме повеќе бегалци!”, известува РТ. Лидерите на протестите се обратиле на толпата потестувајќи на настаните од Новогодишната прослава во Келн.

ФОТО – Моментално од Плетвар

12528110_1005424636166641_370151595_n

Снежните врнежи за зафатија нашата земја. На повисоките места како што е превојот Плетвар, веќе има врнежи од снег. Екипите на Македонија пат се на терен и интервенираат, со цел да не дојде до застој во сообраќајот. Меѓутоа препораките до возачите се да се внимава на овој предел, и да се вози со исклучиво намалена брзина. Од утре пак според метеоролозите, снежни врнежи се очекуваат и низ целата земја, како на повисоките така и на пониските делови. Вистинската зима штотуку започна.

12571010_1005424546166650_738694991_n

12527579_1005424459499992_1000900915_n