дома блог страница 5481

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ во врска со млад манекен

ceca (1)

Најпопуларната српска фолк ѕвезда Цеца Ражњатовиќ е во врска со младиот манекен Александар Јововиќ, пишува српски Блиц.

Пејачката и манекенот се запознале за време на снимањето на нејзиниот спот на Тајланд за песната “Dobro sam prošla”.

Погледнете го спотот:

(ВИДЕО) Шокантини свадбени обичаи: Младенците имаат секс пред гостите во салата

Свадбените обичаи се разликуваат во сите делови од светот, но некои знаат и да не изненадат.

Имено, многумина се згрозени од обичајот во Кина каде сватовите ја фаќаат невестата за градите, па се појави уште еден, уште почуден.

На снимката која неодамна се појави се гледа многу повеќе – секс среде венчавката.

За младоженецот и невестата во салата каде се венчаваа, беше донесен и кревет и тие пред сите имаа секс.

Погледнете како изгледаше тоа.

 

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО ЦЕНТАР!!! Најбитно е што нема повредени

12516198_10206978707200564_934109020_n

Страшен судир се случи вечерва во скопски Центар. Полицијата ги истражува причините за настанатата ситуација. Најважно е тоа што нема жртви и повредени.

12576366_10206978707280566_679996577_n

„50 нијанси сиво“ е шампион, ама во што?

Еротската “50 нијанси на сиво” ги предводи овогодинешните номинации на наградите “Златна малинка” за најлоши филмови на 2015 година со шест номинации, пишува британскиот весник “Индипендент”.

50nijansisivo-640x424

Филмот со учество на минатогодишниот добитник на “Оскар” Еди Редмејн “Патот на Јупитер” исто така има шест номинации, како и лентите “Пиксели” и “Полицаец на трговскиот центар 2″.

Четирите филма, заедно со “Фантастичната четворка” ќе учествуваат во трката за најлош филм. Џејми Дорнан, кој го одигра плејбој милионерот Кристијан Греј во “50 нијанси на сива”, ќе се бори за наградата “Најлош актер” заедно со Џони Деп за “Мордекај”, Кевин Џејмс за “Полицаец на трговскиот центар 2″, Адам Сендлер за двата филма”Чевлар” и “Пиксели”, како и Чанинг Тејтум за “Патот на Јупитер”.

Дакота Џонсон, која влезе во главната улога на Анастејша Стил во “50 нијанси на сиво”, ќе се бори за наградата “Најлоша актерка” на 2015 година. Заедно со неа номинирани се и Кетрин Хејгел за “Домашен пекол”, Мила Кунис за “Патот на Јупитер”, Џенифер Лопез за “Соседното момче” и Гвинет Палтроу за “Мордекај”.

Традицијата за “Златните малинки” датира од 1980 година и е пародија на прекрасната сезона на холивудските кинонагради. Одличувањата за најлошите актери и филмови ќе се врачат во ноќта на 27 февруари – ден пред наградите “Оскар”. Тие се определуваат од 900 члено жири од 47 американски држави и 21 држава.

ЕКСКЛУЗИВНО: Press24 открива кој ќе го наследи Груевски на премиерската функција

vladanovi20152 (1)

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев ќе биде нов премиер во Владата на РМ кој ќе дојде на местото на Грувски во преодниот период, дознава Press24 од свои извори во ВМРО-ДПМНЕ. ИНформацијата нема ниту потврда ниту демант од ВМРО-ДПМНЕ

emil

Одлуката според неофицијалните информации паднала на седницата на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПММЕ а треба да биде потврдена од Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Казни за Македонците со бугарски пасоши

bulgarian_passport

Стотици Македонци кои поседуваат и бугарски пасоши добиле казни затоа што во мај лани гласале на европските избори во бугарските конзуларни претставништва во Македонија, а немале право, пренесуваат бугарските медиуми.

Главна причина е тоа што не ги исполнуваат условите 3 месеци пред тоа да живееле на територијата на Република Бугарија или во друга земја членка на ЕУ.

Најмногу постапки се водат во пограничните градови Благоевград и Ќустендил каде што се домашните адреси на многу новопечени македонски Бугари. Во Благоевград се покренати постапки за 283 иматели на двојни пасоши, во Ќустендил за 250 двојни државјани. Обвинителка од Благоевград за „Телма“ објаснува дека македонците згрешиле по два закона.

Затоа што го искористиле гласачкото право иако немале поради неисполнување на условот за живеалиште. Под тој услов за да се гласа на европските избори мора пред денот на одржувањето, непрекинато најмалку три месеци да имаат живеалиште односно престојувалиште во Бугарија или во земја членка на ЕУ. Вториот престап е што тие самите пред избирачките одбори декларирале дека имаат избирачко право – изјави Весела Стоилова, обвинителка и портпарол на Обвинителството во Благоевград, Бугарија.

Претседателот на судот во Ќустендил Андреј Радев потврди дека има такви постапки и во неговиот суд, но рече дека се проверува точната бројка.

Сигурно не се 250, нема повеќе од 30 такви судења, ни изјави Радев телефонски. Казната за македонците гласачи со бугарски пасоши во Ќустендил е илјада лева, односно 500 евра. Најголемиот дел од постапките во Благоевград сѐ уште се водат.

Од вкупно 283, за три лица се прекинати постапките затоа што потврдиле дека престојувале во Бугарија или во земја на Европската унија повеќе од три месеци пред изборите. 85-мина направиле спогодба со обвинителство и се осудени на помали казни.

По прифаќањето на спогодбата од страна на судот на 85 лица им е пишана глоба од по 300 лева – изјави обвинителката Стоилова.

Во бугарските медиуми се цитира изјава на извесен Благој Панов, кој тврди дека за гласањето во бугарската амбасада во Скопје, 20 членови од неговото семејство се осудени на глоба од по илјада лева. Тврди дека никој не ги известил дека немаат право да гласаат. Но левовите од пишаните казни ќе мора да летнат кон неговата втора татковина.

Изложба на дела од уметниците членови на ДЛУП

DLUP

Во петок 15.1.2016 година во 19.00 часот во галеријата од ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе биде отворена изложба на дела од уметниците членови на ДЛУП(Друштво на ликовни уметици Прилеп). На изложбата ќе се претстават 20 уметници кои ќе го презентираат најновото творештво.
Со отворањето на оваа изложба ЦК ,,Марко Цепенков,,  ја започнува програмата за работа на ликовен план за 2016 година.
– И годинава ќе се потрудиме на прилепските љубители на ликовната уметност да им го понудиме најдоброто на полето на ликовната уметност во земјата – велат од Центарот.

Маркукуле Анкета: Што очекувате после најавените парламентарни избори во 2016 година, без разлика на тоа која политичка партија би победила на истите?

Изминатите месец дена преку нашиот портал спроведовме анкета за тоа кој е најдобар проект за младите во Република Македонија, од моментално актуелните проекти кои се спроведуваат во пракса.

Од понудените одговори и од резултатите на анкетата, може да се процени дека имало интерес на сите 5 понудени проекти и тоа: најголем бил одзивот за бесплатните учебници, кои ги дава Министерството за образование и наука на средношколците, потоа следува бесплатниот градски превоз за студентите. Најновиот проект на Владата, за наградување на студентите со патување во топ три европски дестинации, Париз, Венеција и Барселона, за сите студенти на првите 3 рангирани универзитети кои ќе дипломираат со просек 9,5, е трето рангиран. Новите спортски сали кои се градат ширум државата се на четврто место според анкетата и според нашите читатели. И на крајот најмал интерес е пројавен за бесплатни театарски и кино претстави во среда за средношколците.

Во наредниот период интересот на нашата нова анкета ќе биде насочен кон актуелните политички случувања и најавените парламентарни избори во 2016 година.

Прашањето гласи: Што очекувате после најавените парламентарни избори во 2016 година, без разлика на тоа која политичка партија би победила на истите?

  1. Решавање на проблемот со името

  2. Економски подем на државата

  3. Крај на политичките кризни случувања во државата

  4. Кризите ќе бидат честа појава и во иднина


 

[democracy id=”7″]

Дочек на Стара Нова Година во ресторан Garden Limitless

[Best_Wordpress_Gallery id=”121″ gal_title=”StaraNovaGodina_Limitless”]

Започна изградбата на новата фабрика на Акoмпласт во Прилеп

DSC02344

Денес во присуство на околу 1000 граѓани на Прилеп, Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, пратениците во Собранието Димитар Стевананџија и Ана Лашкоски, министерот на странски инвестиции Бил Павлески, беа отпочнати активностите околу изградбата на нова, втора фабрика во ТИРЗ Алинци Прилеп.

DSC02359

DSC02339

DSC02340

Новата фабрика на Акoмпласт е германска инвестиција за производство на автомобилски делови, фабрика која ќе значи нови 150 вработувања, и тоа исклучиво на високообразовани кадри од Прилеп и околијата. Капиталот на инвестицијата е 3 милиони евра.

DSC02346

Премиерот Груевски во своето обраќање потенцираше дека ова е петта фабрика, односно петти потпишан договор за инвестиција во последните 5 дена во Македонија.

DSC02356

При своето обраќање пак инвеститорите се заблагодарија на Владата на Р. Македонија, на градоначалникот Марјан Ристески, министерот Бил Павлески, како и на сите луѓе кои придонесоја за реализација на оваа инвестиција, за безрезервната поддршка и за одличните услови за инвестирање во државата.

DSC02351

DSC02348

DSC02353

DSC02358

Беа поставени и осветени темелите на фабриката, а градбата се очекува да биде завршена до крајот на летото.

DSC02375

DSC02360

DSC02364

DSC02366

DSC02368

DSC02370

Интересно беше и тоа што при турањето на темелите, инвеститорите пуштија и временска капсула со денешни весници, што претставувало обичај во Германија кога се гради нешто,  ново, а целта е да остани белег во иднина, доколку по неколку генерации некој врши ископувања на ова место, да знае што тука имало во минатото.

DSC02372

Индустриската зона ТИРЗ Алинци е скоро во потполна спремност, изградена е високо квалитетна инфраструктура и веќе ги има првите 2 инвеститори. Овие нови странски инвестиции ќе значат брз подем на градот, кој покрај одличната инфраструктурна уреденост која ја има денес, конечно ќе заживува и на економски план.

12576263_10206976859954384_894326840_n