Маркукуле Анкета: Што очекувате после најавените парламентарни избори во 2016 година, без разлика на тоа која политичка партија би победила на истите?

Изминатите месец дена преку нашиот портал спроведовме анкета за тоа кој е најдобар проект за младите во Република Македонија, од моментално актуелните проекти кои се спроведуваат во пракса.

Од понудените одговори и од резултатите на анкетата, може да се процени дека имало интерес на сите 5 понудени проекти и тоа: најголем бил одзивот за бесплатните учебници, кои ги дава Министерството за образование и наука на средношколците, потоа следува бесплатниот градски превоз за студентите. Најновиот проект на Владата, за наградување на студентите со патување во топ три европски дестинации, Париз, Венеција и Барселона, за сите студенти на првите 3 рангирани универзитети кои ќе дипломираат со просек 9,5, е трето рангиран. Новите спортски сали кои се градат ширум државата се на четврто место според анкетата и според нашите читатели. И на крајот најмал интерес е пројавен за бесплатни театарски и кино претстави во среда за средношколците.

Во наредниот период интересот на нашата нова анкета ќе биде насочен кон актуелните политички случувања и најавените парламентарни избори во 2016 година.

Прашањето гласи: Што очекувате после најавените парламентарни избори во 2016 година, без разлика на тоа која политичка партија би победила на истите?

  1. Решавање на проблемот со името

  2. Економски подем на државата

  3. Крај на политичките кризни случувања во државата

  4. Кризите ќе бидат честа појава и во иднина


 

Што очекувате после најавените парламентарни избори во 2016 година, без разлика на тоа која политичка партија би победила на истите?
  • Кризите ќе бидат честа појава и во иднина 44%, 53 votes
    53 votes 44%
    53 votes - 44% of all votes
  • Крај на политичките кризни случувања во државата 29%, 35 votes
    35 votes 29%
    35 votes - 29% of all votes
  • Економски подем на државата 20%, 24 votes
    24 votes 20%
    24 votes - 20% of all votes
  • Решавање на проблемот со името 7%, 9 votes
    9 votes 7%
    9 votes - 7% of all votes
Total Votes: 121
14.01.2016 - 28.03.2016
Voting is closed




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.