дома блог страница 5479

Пријателите ќе се соберат, ама без Чендлер

chendler-prijateli-590x396

Пријателите ќе се соберат, ама без Чендлер. Информацијата дека актерската екипа на „Пријатели“ повторно ќе се собере заедно пред камерите изненади голем број фанови низ целиот свет, но еден од актерите од познатата шесторка најави дека нема да учествува на собирот.

Актерот Метју Пери, кој го играше Чендлер Бинг, објави дека нема време за „Пријатели“.

Претходно телевизиската куќа Ен-Би-Си најави дека Метју Пери, заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер ќе учествуваат во двочасовна специјална епизода посветена на режисерот Џејмс Бароус.

– Метју нема да биде дел од собирот, бидејќи се наоѓа во Лондон на проба за својата претстава „The end of Longing“, изјави портпаролката на актерот, додавајќи дека Ен-Би-Си знаеле за тоа, но сепак го најавиле неговото присуство.

Специјалната епизода од „Пријатели“ е најавена за 21 февруари.

ВИДЕО: Со овој изум ќе нема веќе загинати во авионски несреќи

aaaaaaaaaaa

Смислен е нов начин за евакуација на патниците во авионите, во случај на евентуална авионска несреќа.

Со новиот изум би можеле да се спасуваат по стотици илјади човечки животи.

Станува збор за кабина, односно капсула, во која би биле сместени патниците како и досега, со тоа што таа во случај на несреќа би можела да се одвои од остатокот на авионот и со падобрани безбедно да се спушти на земјата.

Во случај да се спушти на вода, капсулата ќе има душеци, кои автоматски се дуваат за да не потоне.

Пиете кафе на празен стомак – веднаш престанете!

pie-kafe

Нема сомнеж дека кафето е добро за нашиот организам, но сепак не би требало да се пие на празен стомак, особено не наутро.

Доколку испиете една шолја црно кафе на празен стомак тоа доведува до отпуштање на хидрохлоричната киселина внатре во нашиот дигестивен систем. Ако веќе боледувате од гастритис, тогаш тоа сигурно сте го почувствувале.

Киселината има улога на разбирање на храната во нашиот стомак. Кога ќе изедете нешто “тешко”, тоа може да предизвика проблеми со варењето, бидејќи ќе дојде до тешкотии при разложувањето на протеините.

Кога протеините не се потполно разложени, тоа може да доведе и до други проблеми како што е воспаление на цревата, надуеност, иритација, па дури и рак на дебелото црево.

Од тие причини експертите предупредуваат дека кафето никогаш не би требало да се пие наутро веднаш откако ќе се разбудите. Причината е таа што тоа ќе го подигне нивото на кортизол многу брзо и на телото ќе му биде потребно многу време за да се врати во нормала. Овој хормон го контролира нашиот биолошки часовник и способноста да останеме будни.

Исто така, консумирањето на кафе на празен стомак ќе го подигне нивото на киселини во желудникот, што може да доведе до надуеност и повраќање.

Па така, кафето треба да се пие час време после будењето. Тоа подразбира и дека нешто морате да изедете нешто пред тоа, па макар и едно парче леб.

Доколку сте тип на личност која не може да го започне својот ден без шолја кафе, има уште еден трик кој можете да го искористите за да ги намалите штетните ефекти – додајте малку млеко или путер во кафето.

Ноќеска доаѓа нов снежен бран – се будиме на половина метар снег

Во моментов низ целава земја има врнежи од снег со променлив интензитет, освен во Гевгелија каде се уште врнежите се од дожд со умерен интензитет. Поинтензивни врнежи има во западните делови и Пелагонија. Долж Повардарието и на запад, особено на планините дува умерен ветер од северен правец кој на моменти засилува.

Во вечерните и ноќните часови ќе се задржи облачно време со врнежи од снег со променлив интензитет. Се очекува насекаде да се формира снежна покривка. Поинтензивни врнежи и понатаму ќе има во западните делови каде локално ќе наврнат повеќе од 50 см снег.

До утре наутро на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, што локално ќе предизвика создавање на снежни наноси, особено на планините.

Времето утре претежно облачно, ветровито и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен северен ветер, повремено на места со брзина до 80 км/час. Т-мин. од -4 до 2 а дневната нема да се менува односно од -5 до 2 степена. Скопје: Слично со Тмин= -1, а дневна -2 степена.

Саботно Снежно Кафе – 16.01.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”123″ gal_title=”SabotboKafe_160120126″]

Андреј Ристески и Сара Симоноска, наградени со плакети од Карате федерација на Македонија

12509654_1122732744433965_9118017990394147566_n

Андреј Ристески и Сара Симоноска од Карате Клуб Спорт 94 од Прилеп, се млади каратисти, кои се иднината на овој спорт во градот под Марковите Кули. Карате федерацијата на Македонија, за нивните резултати во изминатата 2015 година, ги награди со плакети за второ место (Андреј) и трето место (Сара), најуспешни јуниори за изминатата година.

12399287_1122731547767418_2064506194_n

На свеченоста која се организира на почетокот на годината во Скопје, присуствуваат најдобрите каратисти од Македонија, кои се номинирани за наградите, при што се избираат по тројца најдобри од секоја категорија.

12571022_1122731551100751_1995624843_n

12539919_1122045011169405_1422934380_n

Имено Андреј, оваа награда ја доби за освоеното второ место на Државното првенство, учевство на Светски куп и освоеното седмо место на Европското првенство во Цирих, минатата година.

Сара Симоноска пак може да се пофали со прво место на Државното првенство за 2015 година.

12571418_1122731834434056_1127470370_n

 

ЕХФ ги казни македонските ракометари- причината бизарна!

rakometari-1-640x433

Дисциплинската комисија на ЕХФ на Европското првенство ги изрече и првите парични казни и тоа за селекциите на Македонија и на Франција.

Франција ќе треба да плати вкупно 1.500 евра поради тоа што играчите го немаат логото на шампионатот на ракавот на својот дрес (1.000 евра), како и тоа дека играчите немаат истообразна опрема (различни чорапи) за време на натпреварот.

За Македонија казната е 500 евра поради тоа што играчите носат различни видови и бои чорапи.

Што жените кријат од мажите дури 19 месеци?

izgled-zena

Речиси сите жени се понекогаш незадоволни и несигурни за својот изглед.

Тие се разубавуваат за да бидат најубави од сите. За некои жени разубавувањето е строга тајна операција што ја кријат од партнерот дури една година и седум месеци.

Замислете, 19 месеци им се потребни на жените за да се опуштат и да го покажат вистинското лице пред партнерот, покажало најновото истражување.

Ова го докажува една студија, која открива дека на жените им е потребно подолго време пред да може да се опуштат пред партнерот и да не чувствуваат комплекси во врска со своето тело.

Ако пушите цигари: Домашен лек за чистење на белите дробови

cigari-11-

Чадот од тутунот можат да нанесе сериозна штета на општото здравје, особено за здравјето на белите дробови. Затоа, ви претставуваме еден рецепт за домашен лек кој ефикасно ги чисти белите дробови и го подобрува здравјето.

Состојки:

  • 400 грама лук, излупете ги чешнињата или исечете ги на четвртини
  • парче ѓумбир
  • 2 лажички куркума
  • 400 гр кафеав шеќер
  • 1 литар вода

Ставете ја водата во тенџере, додадете шеќер и ставете да се загрее. Кога ќе почне да врие, додадете рендан ѓумбир, лук и куркума и варете додека смесата не проврие.

21212121212121

Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се излади до собна температура. Лековитата смеса би требало да се чува во фрижидер.

Земете 2 лажици од оваа мешавина секое утро на празен стомак и уште 2 во вечерните часови по последниот оброк.

Пред употреба на природни лекови не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар.

Мистериозна дама: Сега таа е најбараниот нарко-бос во светот

Сега кога озлогласениот нарко-бос Ел Чапо е зад решетки, на листата најбарани криминалци од американската управа за борба со дрога – “DEA”, првото место го заземала една дама.

На потерницата се наоѓа мистериозната Марија Тереса Осорио де Серна, Колумбијка барана поради перење на пари и трговија со дрога.

Малку се знае за Осорио де Серно, а не се знае ни кога е точно родена – датумите варираат од 1950. до 1945. година. Всушност, толку малку се знае за неа, што се опишува како дух, пренесува BBC.

Во родната Колумбија против неа не е отворено никакво обвинение, но САД ја бара поради поврзаност со познатиот Меделин картел. Се верува дека за нив Марија Тереса испрала милиони долари, пренесува Russia Today.

Картелот се “прославил” за време на владеењето на познатиот нарко-бос Пабло Ескобар, кој контролирал кокаинска империја во Колумбија, шверцувајќи дрога во САД додека не бил убиен во 1993. година.

DEA има потешкотии во лоцирањето на Осорио де Серна, а нејзината последна позната адреса била на Флорида. Користела лажни имиња – Марија Тереса Кореа, Глорија Бедоја и Ирис Конде.