Јувентус повторно меле, 10та победа во низа

12507432_986519478089093_120381736923096279_n

Ако после почетните неколку кола од италијанската Сериа А, сите се потсмеваа на резултатите на шампионот, сега сите гледаат со неверување кон победничката низа на Јуве.

Десетата последователна победа, тимот на Масимилиано Алегри ја забележа против тимот на Удинезе со 4:0 уште во првото полувреме. Стрелци на головите беа фантастичното младо момче Паоло Дибала во два наврати, Сами Кедира и Алекс Сандро по еднаш, при што и за другите два гола асистираше двојниот стрелец Дибала.

Шампионот се врати на старите патеки, и ита кон петтата последователна титула во Сериа А.

Иако на почетокот од сезоната се одрази заминувањето на Артуро Видал, Андреа Пирло и Карлос Тевез, сега тимот е добро усогласен и ги користи придобивките од подмладувањето на тимот, како и силната карактеристична за Јуве одбрана.

Јуве е на 2 бода од врвот, каде и понатаму се наоѓа тимот на Наполи.

Во наредното коло на Јувентус Арената гостува Римската Волчица, при што со ваква игра можна е одмазда за поразот на Јуве во Рим, во претходната полусезона.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.