ДРАМАТИЧНО, но со лавовска борба до втората фаза

kire-lazarov640

Македонија е во следната фаза на Европското првенство во Полска. Преку драматичен натпревар во текот на сите 60 минути, а преку уште подраматичен завршеток во последните 10 секунди, нашата репрезентација успеа преку Дејан Манасков да стигне до 27:27 и да се пласира во втората рунда.

Оваа репрезентација докажа дека ќе води лавовски битки со секој противник, а тоа влева уште поголема убеденост во овие момци и во наредната фаза.

Ако го поминавме ова, веруваме сите дека во наредната фаза каде вкрстуваме со групата Б, нашите противници Норвешка, Хрватска и Исланд, ќе се плашат од огнот кој го носат со себе МАКЕДОНЦИТЕ.

СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА !




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.