дома блог страница 5466

„Јени шафак“: Русија игра многу опасна игра на границата со Турција

putin-erdogan-650x371

Русија игра многу опасна игра на границата со Турција, пишува денеска весникот „Јени шафак“, потенцирајќи дека Москва планира да постави ракетен систем С-400 „Триумф“ и во реонот на местото Салма, непосредно до турската граница, откако претходно со истиот систем ја опреми и својата военовоздухопловна база во близина на Латакија.

На почетокот од неделава од Москва пристигнала експертска екипа за да го проучи реонот во т.н. Туркменска планина, во близина на турскиот округ Хатаи, каде е предвидено монтирањето на системот С-400 и радарски станици за потребите на руското разузнавање.

„Опсада од југ“ е насловот на текстот во весникот, кој наведува за зајакнатото руско воено присуство во Сирија.

Во ноември минатата година руски бомбардер беше соборен од турските ВВС, по што односите меѓу двете земји се заострија.

 

Можност за користење на средства од Програмата за рурален развој

IMG_7528

Во тек е повикот за доставување барања за користење средства од „Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој“,  за 2016 година, за инвестиции во земјоделска опрема и механизација, за житни и индустриски култури.

Крајниот рок за аплицирање е 20 февруари 2016 година, а барањата се поднесуваат електронски, по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралиот развој за 2016 година.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 отсто од вредноста на одобрените трошоци за инвестиции. Ставката на ко-финансирање се зголемува во случаите кога баратели се млади земјоделци и кога земјоделските стопанства се лоцирани во подрачја со ограничени можности и недостапни рурални заедници до висина од 75 проценти.

Честитка која многумина ги расплака: Тони Цетински до Тоше Проески

На денот кога Тоше Проески наполни 35 години, неговиот пријател и колега Тони Цетински се потсети на сјајниот пејач и човек кој ги допре срцата на многу.

tose-proeski-toni-cetinski5

-На денешен ден 25.01.1981 година е роденден и да е денес со нас би го славел својот 35ти роденден… Никогаш заборавен, никогаш преболен… еден единствен… Тоше Проевски… Среќен ти 35ти роденден брате мој. Да, славам и ќе славам секогаш кога си се родил и си го дишел истиот воздух со нас, бидејќи сум горд и привилигиран што познавав ангел на земјата. Те сака брат ти. Фалиш. – напиша Тони под фотографијата со Тоше.

Подгответе вкусен сутлијаш што долго ќе се памети

sutlijash-1-650x396

Стариот добар сутлијаш се прави мошне лесно. Еве еден рецепт како да подготвите вкусен султијаш што долго ќе се памети.

Состојки:

5 филџани вода

4 филџани млеко

2 филџани ориз

6 лажици шеќер

2 кесички ванилин шеќер

1 пудинг од ванила

Подготовка:

Стариот добар сутлијаш се прави мошне лесно. Потребно е да го сварите оризот во вода додека сосема не омекне, потоа додадете шеќер, ванилин шеќер и млеко.

Кога смесата ќе зоврие додадете разматен пудинг и варете се додека се убаво не се соедини.

Кога сутлијашот ќе биде готов додадете рендана чоколада и ореви, а можете да додадете и суво грозје (по желба и по вкус).

Ставете во чинии и почекајте малку да се излади па на врвот додадете цимет.

Сообраќајот без застои, магла на повеќе патни правци

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100 метри има во Тетово, Маџари, Куманово, Македонски Брод, Сарамзалино, Делчево, Неготино, Удово, Кула, Петровец.

magla-na-patot-1

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Разбојништво во обложувалница на Евротип во Прилеп

12596510_10207060435483720_260572237_n

Вечерва е извршено разбојништво во обложувалница на Евротип во Прилеп, лоцирана наспроти хемиското училиште. Маркукуле неофицијално дознава дека разбојниците биле маскирани со шалови и ја нападнале вработената.

Полицијата е на лице место и врши истрага за тоа дали и колку е одземено, како и работи на откривање на сторителите.

Сода бикарбоната може да ви го спаси животот

za-shto-se-moze-da-posluzi-soda-bikarbona-640x396

Повеќето од нас во домот имаат сода бикарбона, бел прав што најчесто се користи за чистење и во готвењето. Но, овој бел прав има многу позначајна улога – може да ни го спаси животот!

Повеќето од нас во домот имаат сода бикарбона, бел прав што најчесто се користи за чистење и во готвењето. Но, овој бел прав има многу позначајна улога – може да ни го спаси животот!

Повозрасните луѓе со ниско ниво на бикарбонат, состојка што се наоѓа во сода бикарбоната имаат за 24 отсто поголем ризик од природна смрт, откриваат научниците во последното истражување на Унитерзитетот Јута.

Резултатите објавени во медицинските списанија покажаа дека зголемувањето на нивото на бикарбонати може да ви го продолжи животот.

Тим научници истражувале како промените на pH, јаглерод диоксидот и бикарбонатите се поврзани со животниот век на здравите повозрасни лица. Научниците ги анализирале податоците на 2.287 учесници со кои го отпочнале истражувањето уште во 1997-мата година.

500Soda-bikarbona

Недостатокот на бикарбонати во целиот свет е најнепрепознатливата медицинска состојба и покрај тоа што е исклучително вообичаена. Содата бикарбона е одговорна за транспортот на кислород: ги шири крвните садови и полесно го испушта кислородот во ткивата, што значи дека ја зголемува pH вредноста во организмот.

Зголемените pH вредности на мокрачата ја спречуваат кристализацијата на мокрачните канали.

Утврдено е дека мочната киселина предизвикува дијабетес, срцеви болести, срцеви удари, гихт, камен во бубрегот. Исто така го создава отровниот спој алкосан што создава габички, а тоа значи дијабетес и конечно рак.

Претерано киселата pH вредност предизвикува пропаѓање на ќелиите, што на крај води до сериозни здравствени проблеми, како што се рак, кардиоваскуларни болести, дијабетес, остеопороза и сл. Фактот дека биолошкиот живот најдобро функционира во не-кисела (алкална) средина доволно говори во прилог на делотворноста на содата бикарбона.

Нивото на бикарбонати во организмот можете да го зголемите ако внесувате храна збогатена со овошје и зеленчук или со внесување фармацевтска сода.

Со орално земање на сода бикарбона се извлекува уранот од бубрезите и се користи за спречување на оштетувањето на бубрезите кај лицата што одат на зрачење, се спречува инфекцијата на бешиката, гихт, артритис, грозница и помага при активноста на панкреасот за кој се знае дека произведува најмногу бикарбонати и кој е одговорен за производство на инсулин. Имајте на ум, дека за орална употреба треба да се користи само фармацевтската сода затоа што не содржи алуминиум.

ФАСЦНИНАНТНА СНИМКА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПУТИН: Колоната на претседателот на Русија од неколку километри!

Putin_pratnja-30qn90zebv7yf5t4erpj40

Познато е дека претседателите на важните и големи светски сили се силно обезбедени, односно, дека големите сериозни држави полагаат голема сметка на безбедноста на своите лидери. Но, ова е нешто од што застанува здивот.

Станува збор за колоната на претседателот на Русија Владимир Путин, а снимката е направена некаде во Русија. Погледнете ја оваа фасцинантна снимка:

 

За трендот и модата преку интервју разговор со Ивана Николова, млад моден дизајнер

10985282_10204104647678253_4452173703028516896_n

Taa e креаторот на нови модни трендови, уникатни, единствени. Нејзината снаодливост и умешност со модните детали, создава неверојатни креации, на кои би им позавиделе и најпознатите модни дизајнери. Ивана Николова од Прилеп сигурно чекори кон освојување на  врвовите на модната индустрија. Нејзините креации се извонредни, изработени со многу љубов, труд и пред се со многу вложено време во едуцирање и надоградување. Полека но сигурно ги освојува Европските модни списанија и црпи нови инспирации за понатамошно творење.

Здраво Ивана и добредојде на маркукуле.мк

Кога кај тебе започнува интересот за модниот дизајн, за модните стилови и што е тоа што те привлече во оваа свера?

– Интересот за модниот дизајн кај мене започна уште од најрана возраст, како што вели мајка ми. Сум прецртувала креации од некоја книга што таа ја имала и биле доста успешни. Сепак, тоа било во детството, а верувам дека сите ние преку цртеж сме го искажувале нашето размислување и нашата креативност. Кога беше време за запишување на факултет точно знаев што е она што го сакам и не прифаќав никаква друга опција. Она што ме привлече беше самостојноста која ја бара самата работа. Сакав да работам нешто кое што ќе зависи само од мене, нешто каде што ќе можам постојано да истражувам и да учам нови работи, нешто во кое ќе можам одново и одново да експериментирам и да се докажувам. Сакав да креирам за други, да им понудам мало задоволство и потоа да бидам дел од нивната среќа.

ss2012

Како се надоградуваш на ова поле, што користиш за да бидеш во тек со модните измени, модните новитети ?

– Се надоградувам со читање литература, имам неколку омилени книги за модата и уметноста. Потоа со темелно истражување на најразлични теми кои подоцна можат да ми користат како инспирација за модна колекција. Тука е и практичниот дел, односно изучување и вметнување на нови техники во креациите. Ова е мојот омилен дел. Рачната работа и посветувањето најголемо внимание на секој детал е она што го сакам најмногу во оваа работа. Што се однесува на модните трендови, не ги следам редовно бидејќи повеќе се посветувам на сопствената инспирација и она што јас мислам дека треба да го реализирам, отколку на она што се нуди некаде во светот.

2015

Што има Ивана Николова изработено на ова поле, што имаш до сега сработено како твој производ?

– Имам реализирано повеќе колекции, од кои четири беа претставени на FWSK, а останатите се изработени на факултет како проекти за испити. Уште кога бев прва година на факултет, учествувавме на Модниот викенд Скопје во групна ревија со останатите колеги. Тогаш се претставив со еден модел кој за мое огромно изненадување се најде во пет списанија на ниво на Европа. Тоа беше уште поголема мотивација за мене, а исто така и едно огромно искуство за нас како група бидејќи за прв пат се сретнувавме со еден ваков настан кој веќе беше завршен додека ние се свестивме каде сме и што всушност се случува. Потоа сите наредни модни ревии беа полесни бидејќи знаевме како се одвиваат работите, но секоја од нив со себе носеше нови предизвици и неизвесност која беше убава и слатка. Друг настан на кој имаме учествувано е Skopje Design Week – исклучително уметнички настан каде што беа изложени уметнички дела од многу дизајнери. Исто така, секоја година организираме изложба од факултетот на која што е изложено најдоброто од сето она што сме го работеле во текот на годината. Последното искуство беше соработката со Британски совет, Моден викенд Скопје и Музеј на град Скопје. Главната цел беше модна изложба во која учествувавме модни дизајнери, но и графички дизајнери и дизајнери на ентериер. Тука имаше нов предизвик, односно презентирање на модна колекција на еден поинаков начин, во музеј.

ss2014

Што подготвуваш следно во иднина?

– Она на што сум моментално најмногу посветена е полагање на последните испити со што ќе ја завршам последната година, како и спремање на магистерската. Исто така спремам и нова колекција која ќе биде претставена на Модниот викенд Скопје. Останатите планови оставам да зборуваат сами за себе кога ќе се реализираат.

Кој е твојот начин на творење, што ти лично негуваш и што ти лежи најмногу на срце? Дали е тоа целосно, комплет надворешен изглед, или пак се фокусираш на одредени делови односно дизајнирање на женски ташни, обувки ?

– Целосен надворешен изглед, се разбира. При што, најголема важност им давам на деталите затоа што сметам дека тие се најважни, тие го прават целиот дизајн. Но сепак, преферирам да нема многу детали на една креација, на пример, ако има еден тој би бил изработен рачно и темелно така што окото ќе се фокусира на едно место доловувајќи ја приказната што се крие зад креацијата.

ss2013

Колку е тешко или лесно да се снајдe еден млад човек во тие води?

– Па тоа најмногу зависи од секоја индивидуа посебно. Ова е работа која што е многу сериозна и бара многу труд и постојаност, мора да има еден континуитет, но со постојано надоградување. Сметам дека секој кој има квалитети и може да понуди нешто свежо, интересно и поинакво, и кој ќе вложи многу труд и ќе биде упорен, би успеал. Од оваа работа секој добива толку колку што ќе вложи во неа.

ss.2013

Постои ли силна конкуренција кога се зборува за модното дизајнерство во Македонија?

– Конкуренција има секаде и во секоја област, тоа е факт. Дали конкуренцијата е силна, тоа е релативно. Секој дизајнер има своја, единствена визија и се држи до неа. Секој дизајнер има некоја инспирација и го нуди она што смета дека недостасува.

Ss.2014

ss.2015

И за крај, дали сме добро модна поткована нација, знаеме ли да ги следиме модните трендови?

– Веќе се следат светските модни трендови повеќе од било кога, но тоа понекогаш може да биде и лошо бидејќи на тој начин повеќе внимание се посветува на она што се нуди некаде во светот отколку на она што може да го понуди некој дизајнер. Сепак, има голем напредок во оваа област и тоа е многу очигледно.

ss2015

Ивана, екипата на маркукуле.мк ти посакува успешна модна кариера, веруваме дека ќе промениш многу, дека твоите модели и креации ќе жарат на модните писти и секогаш ќе привлекуваат големо внимание.

Реномираната компанија БИМФООД ДОО ПРИЛЕП има потреба од работници

phpThumb_generated_thumbnail

Реномираната компанија БИМФООД ДОО од Прилеп, има потреба за ангажирање на РАБОТНИЦИ во производство од Прилеп и околните градови, Македонски Брод и Крушево.

Познатата печуркара меѓу граѓаните на Прилеп обезбедува организиран превоз и најредовна плата за бараните работници.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават секој работен ден од 7 до 15 часот на телефонскиот број: 048/455-554 и 076/463-786, или на е-mail адресата [email protected].

Инаку БИМФООД е компанија која е една од лидерите за собирање, преработка, пакување и дистрибуција на печурки и останатите шумски плодови во реонот на Македонија и Балканот.

Компанијата располага со високо софистицирана и модерна технологија, а проширувањето на производството и инвестициите во истото се нешто што постојано се случува и надоградува.