дома блог страница 5467

ФОТО – Фасцинантната внатрешност на Претседателскиот БОИНГ 747-8 VIP

AD-The-Boeing-747-8-Vip-Is-The-Longest-Airliner-Ever-Built-02

Претседателскиот модел на Боинг, е најдолгиот авион што некогаш е направен. Истиот може да лета 8 000 наутички миљи постојано .

AD-The-Boeing-747-8-Vip-Is-The-Longest-Airliner-Ever-Built-05

AD-The-Boeing-747-8-Vip-Is-The-Longest-Airliner-Ever-Built-04

Внатрешноста на овој неверојатен модел на Боинг е уметност и одмор за очи. Истата е дизајнирана и направена од најубави и најфини материјали.

AD-The-Boeing-747-8-Vip-Is-The-Longest-Airliner-Ever-Built-10

AD-The-Boeing-747-8-Vip-Is-The-Longest-Airliner-Ever-Built-07

AD-The-Boeing-747-8-Vip-Is-The-Longest-Airliner-Ever-Built-09

Оваа летечка куќа е рај кој се движи низ облаците.

AD-The-Boeing-747-8-Vip-Is-The-Longest-Airliner-Ever-Built-13

Преку овие фотографии навистина ќе им позавидите на оние кои имаат можност да го испробаат и да летаат во него.

A. Г.

Нови мерки за вработување

IMG_7541

„Да ги потсетиме граѓаните да ги искористат последните неколку дена  и да аплицираат на огласот за 3.000 евра, неповратни средства што ги доделува државата за отворање сопствен бизнис, во опрема и репроматеријал и плус едно дополнително вработување  кое носи уште 1.500 евра преку неповратни средства“, посочи градоначалникот Марјан Ристески на денешната прес конференција.

IMG_7565

Посебно сакам да ги повикам сите заинтересирани млади лица да ја искористат оваа активна мерка бидејќи на неа се надополнува проектот „Македонија вработува“ што значи вработување со ослободување од придонеси во период од 3 до 5 години во зависност од целната група. Нашиот град важи за лидер на добиени грантови. Слободно можеме да се пофалиме по бројноста од 650 лица кои во изминатиот период своето вработување го решиле преку оваа Владина мерка.

IMG_7556

Втора  мерка е „Обука со субвенционирано вработување“„

Во тек е јавен оглас за Обука на работно место со субвенционирано вработување, кој ќе трае до  крајот на 2016 година.

Ова е убава Владина мерка и за работодавачите и за вработените лица во која се вклучува 3+6+12.

По завршување на обуката на работното место, работодавачот е обврзан да ги вработи сите обучени лица за што ќе добие субвенција за вработување во форма на финансиска поддршка за бруто плата во износ од 19.000,00 денари месечно за период од 6 месеци со полно работно време од кои 14.000,00 денари за невработеното лице и 5.000,00 денари ги задржува работодавачот, како надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес. Работодавачот има обврска да го задржи на работа субвенционираниот работник во следните 12 месеци и да не го намали бројот на вработените на неопределено време.

Оваа мерка е дел од Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активните програми и мерки за вработување за 2016 година.

TУРНИР ВО БАСКЕТ – “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

12592034_827976297314685_1487530194_o

Oд 5ми до 7ми февруари 2016 година, ќе се одржи турнир во баскет “Гоце Делчев” во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Во тек е пријавување на екипи за учевство на турнирот, и тоа бесплатно, при што ќе бидат обезбедени награди за прво, второ и трето место во сите 3 категории.

Лице за контакт:

Аврамоски Христијан, тел: 075/830-443

Македонија против Белорусија за прва победа на ЕП во Полска

12121212

Македонската ракометна репрезентација денеска од 16 часот во „Таурон Арена“ во Краков го игра последниот натпревар на Европското првенство во Полска. Нашите ракометари и покрај добрите игра на поголемиот дел од натпреварите немаат победа, а имаат два нерешени резултати.

 

Затоа избраниците на селекторот Ивица Обрван се желни да имаат еден комплетен резултатски успех на овој шампионат.

И покрај повредите Обрван се надева дека утре на располагање ќе има подготвени играчи за дуелот со Белорусија.

– Сакаме шампионатот да го завршиме со победа. Белорусија е незгоден противник бидејќи често ја менува одбраната. Ќе треба да бидеме трпеливи и концентрирани сите 60 минути за да стигнеме до триумф, изјави селекторот Обрван на последниот тренинг пред дуелот со Белорусија.

Белорусите најверојатно ќе настапат ослабени, бидејќи неизвесен е настапот на нивниот најдобар играч Сергеј Рутенка, кој се повреди на дуелот со Полска во понеделникот.

Натпреварот Македонија – Белорусија почнува во 16 часот.

Како според лепенката да го препознаете квалитетот на овошјето?

thft (1)

Свежото овошје, бананите портокалите, јаболката можат да бидат генетски модифицирани, да имаат вметнати пестициди, а може да биде и здрав органски производ.

Како да препознаете? Лепенката на овошјето многу ќе ви е од помош за да изберете здраво овојшје.

Ако бојот на лепенката почнува со 3 или 4 и има 4 цифри, постои голема веројатност во овошјето да има вметнати пестициди.

Ако бројот на лепенката започнува со 8 и се состои од 5 цифри, тогаш се работи за генетски модифицирани производи.

Но, доколку бројот на овошјето започнува со 9 и има 5 цифри, тој производ е најсигурен за вас, тој производ е одгледуван без пестициди и додатоци. Тоа е вистинското кое треба да го купите.

Трет случај е доколку на овошјето има пет цифри, а првиот број е 9. Во овој случај се работи за здрав и органски производ, одгледуван без пестициди и додатоци. Ова е најдоброто и најпрепорачливото овошје кое треба да го купите.

Температурите во пораст

Утринските температури во пораст, а снежната покривка се намалува. УХМР информира дека утрово се измерени минус 4 степени во Берово, минус 2 во Струмица, Тетово, Битола, -1 Маврово, Лазарополе, 0 Пожар, Претор, Демир Капија, Штип, Крива Паланка, Прилеп, Скопје и Куманово, 1 Охрид, Дебар, Виница и Крушево, 2 Тополчани, Гевгелија, Ѓуриште, Дојран и Пожаране и 3 Кавадарци.

 

soncevo1-640x320

Снежната покривка во Маврово е 24 сантиметри, Лазарополе 19, Берово и Крушево 10, Пожаране 9, Ѓуриште 7, Тетово 6, Пожар 5, Тополчани 2 и Струмица еден сантиметар.

Во поголемиот дел од земјава преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во источните и југоисточните делови локално има зголемена облачност. По одделни котлини има појава на магла со слаб, а во Полошката котлина со умерен интензитет. Дува слаб ветер од променлив правец, особено на повисоките места и планините.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност , претпладнево со појава на магла. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 9 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и потопло време. До петок ќе има услови за утринска магла по одделни котлини.

ФОТО: Сакаа да му наместат друго дете на Меси, пронајдено е вистинското дете кое го освои светот!

mesi-dete

Ова го напиша Меси на неговиот Твитер профил, откако успеа да го пронајде вистинското дете, кое го привлече вниманието на целиот свет.

Фотографијата од момчето кое наместо дрес облекло пластична кеса, на која со маркер го напишало името на Меси и бројот на дресот, ги растажи корисниците на друштвените мрежи, па и самиот фудбалер.

mesi-dete11

Таа фотографија се појави пред околу една недела, а славниот фудбалер ја објави и напишал дека срцето му се распарува и дека би сакал некако да дојде до ова дете за даму даде специјален подарок.

Потрагата траеше се до денеска

Имено, вчера прво се појавија гласини дека детето е најдено во Ирак, а курдската телевизија „Курдистан24ТВ“ дури му направи и интервју на тоа мало момче.

lazno-momce-mesiUntitled-1

Но, денеска вистината излезе на виделина- момчето од Ирак всушност не било тоа кое го носеше дресот од кеса.

Еве го вистинското момче.

mesi-dete-dres17 mesi-dete-dres33

Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп – Ресен

Од 21:15 часот нормализиран е сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп-Ресен кај ромската населба, соопшти АМСМ.

 

paten-pravec-pp-resen

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани и застои, по претежно влажни коловози.

Идеални патни дестинации за хороскопските знаци во 2016 година

Забавувајте се и проверете која е идеалната патничка дестинација за вашиот хороскопски знак во 2016 година.

 

patuvanja

Овните сакаат високи температури, одлична храна и воодушевуачки туристички атракции. Дубаи е совршен избор за нив оваа година.

Биковите се хедонисти кои сакаат да испијат добро вино во скапоцени чаши и да јадат вкусна храна. Покрај тоа сакаат да уживаат во одличното време и во културното богатство.

Близнаците го сакаат метежот и динамиката на големите градови , и разузданиот ноќен живот. Не чуди што Лондон се наоѓа на нивната листа на желби.

Раковите сакаат да бидат во близина на вода без оглед на тоа дали станува збор за река или за океан. Исто така сакаат да ги откриваат новите кујни. Грција затоа пак се наметнува како одлична идеја за Раковите.

Лавовите се љубители на луксузот и гламурот, па насекаде патуваат соа вион и тоа со прва класа. Париз е нивното омилена дестинација.

Девиците се љубопитни и детални. На патувањата избираат градови како Рим чие културно богатство може да се истражува со денови и недели.

Вагите се мирољубиви и друштвени личности. Сончевата Шпанија за нив е вистински рај.

Скорпиите одморот го сметаат како синоним за романса. Токму поради тоа избираат романтични места како Венеција која може да ја посетат со своите партнери.

Стрелците ги обожуваат патувањата, а особено на местата на кои може да искусат различни култури. Египет е извонредна идеја за нив.

Јарците се работохоличари, гладни за моќ и пари, Кога конечно ќе застанат и ќе решат да одат на одмор, тогаш се одлучуваат за Малдиви.

Водолиите се љубопитни и сакаат да искусат нови работи. Токму затоа градовите како Берлин се одлична дестинација за нивните припадници.

Рибите се големи сонувачи па не чуди фактот што најдобро се чувствуваат во магичните земји како Јапонија.

ФОТО: Вработена во Центар за мигранти избодена до смрт од 15-годишен бегалец

vrabotena-izbodena-do-smrt-1

Вработена во Центар за мигранти избодена до смрт од 15-годишен бегалец. Дваесетидвегодишната Александра Мезхер беше избодена до смрт во центарот за бегалци во Мулндал во близина на Гетебург, пишува „Дејли експрес“.

Според членовите на семејството таа во кампот работела само неколку месеци. Тие за шведските медиуми изјавиле:

Тоа е ужасно. Таа беше личност што сакаше да прави добро и сакаше да биде добра. Тагуваме. Таа беше толку добра личност, топла и среќна. Таа беше ангел.

Мигрантите што доаѓаат во Шведска понатаму се упатуваат во центарот со цел да се регистрираат лицата што доаѓаат од Сирија и другите земји зафатени со војни.

vrabotena-izbodena-do-smrt-2

Мезхер починала во болница откако претходно била нападната од момче со нож вчера утрото. Според полицијата, напаѓачот бил совладан од страна на другите бегалци во центарот.

Станува збор за 15 годишно момче кое било уапсено. Инаку, момчето живеело во центарот. Засега полицијата не дава никакви детали за националноста на момчето, а причините за убиството остануваат непознати.

Во моментов центарот е затворен поради полициската истрага, а во него живеат околу 10 тинејџери на возраст од 14 до 17 години.

Поради истрагата, момчињата биле префрлени во хотел.