„Јени шафак“: Русија игра многу опасна игра на границата со Турција

putin-erdogan-650x371

Русија игра многу опасна игра на границата со Турција, пишува денеска весникот „Јени шафак“, потенцирајќи дека Москва планира да постави ракетен систем С-400 „Триумф“ и во реонот на местото Салма, непосредно до турската граница, откако претходно со истиот систем ја опреми и својата военовоздухопловна база во близина на Латакија.

На почетокот од неделава од Москва пристигнала експертска екипа за да го проучи реонот во т.н. Туркменска планина, во близина на турскиот округ Хатаи, каде е предвидено монтирањето на системот С-400 и радарски станици за потребите на руското разузнавање.

„Опсада од југ“ е насловот на текстот во весникот, кој наведува за зајакнатото руско воено присуство во Сирија.

Во ноември минатата година руски бомбардер беше соборен од турските ВВС, по што односите меѓу двете земји се заострија.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.