СВР Битола поднесе кривична пријава против Џ.М. (29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Пријавениот на 07.08.2015 година околу 09.30 часот во старата битолска чаршија, искористувајќи ја гужвата, се доближил до К.К. (76) од Битола и од предниот џеб на пантолоните му одзел плик во кој имало 200.000 денари.
Сончев и топол јануарски ден
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по котлините со појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено попладне вдолж Повардарието.
Температурата ќе се движи од девет до 16 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Температурата ќе достигне до 11 степени.
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, што ќе услови постепено топење на снежната покривка на планините.
ЦИА објави извештаи за вонземјани и летечки чинии
Конечно дојде и тој ден за сите оние кои веруваат во теоријата дека не посетуваат вонземјани и дека „вистината е некаде таму“.
ЦИА објави стотина документи со кои е симната ознаката на тајност, а кои се однесуваат на оваа тема.
-Одлучивме да објавиме документи кои се интересни и за скептиците, но и за оние кои веруваат, велат од ЦИА.
Сите документи се од четириесетите и педесетите години на минатиот век.
Објавени се неколку многу интересни документи. Еден од нив е извештајот од Источна Германија каде агентите истражувале приказна за огромна летечка чинија. Слични извештаи се работени и во Шпанија и Северна Африка.
-Фотографијата од објектот прикажува дијагонална линија и светло кое се намалува, стои во еден од документите.
ЦИА дури објави и неколку фотографии од НЛО, но и нешто што се претставува како делови од тело на вонземјани?!
За оние кои се повеќе на страната на скептиците, објавени се и неколку научни објаснувања.
ФОТО: Овој дел од пенкалото може да спаси нечиј живот
Токму тој отвор што се наоѓа на врвот од капачињата на пенкалата, години наназад, го спасил животот на стотици деца и возрасни.
Прв производител на хемиски пенкала кој што го вовел овој мал детал е BIC во 1991 година, но многумина не го имаат приметено.
Тоа мало дупче всушност служи за да се спречи загушување доколку некој го голтне капачето.
Познато е дека децата ставаат во устата се и сешто, а пак возрасните кога се нервозни го гризаат капачето од пенкалото.
Во случај капачето да заврши во душникот, малиот отвор помага личноста и понатаму да продолжи да дише до укажувањето на лекарска помош.
Победа – Младост Царев Двор 1-0 (0-0)
Денес напладне на теренот со вештачка трева, прилепскиот второлигаш Победа го одигра првиот контролен натпревар во подготвителниот период. Во дуелот со прволигашот Младост Царев Двор остварена е победа со резултат 1-0, со голот на младиот Марјан Митрески во 80-тата минута од натпреварот. Во првата проверка на формата тренерот Дарко Крстески им даде шанса на 22-ца фудбалери, а единствено не настапија повредените: Шаркоски, Димитриоски и младиот голман Котевски, како и недоволно опоравениот Мирчески.
Во двете полувремиња настапија различни постави со цел да се проверат сите расположиви сили со подеднаква минутажа. Победа беше подобар противник, при што исто така останаа неискористени шансите на Здравески, Гешоски и Карчески, а гостите се заканија преку Лазиќ. Над 200 љубители на фудбалот проследија интересен натпревар, а во убавата игра на домашниот тим уживаше клупското раководство на чело со новиот претседател Гоце Ингилизов. Својата подршка вообичаено ја пружија и членовите на навивачките групи од Прилеп.
ПОБЕДА: Манчевски, Талески, Крстески, Колески, Ристевски, Дунимаглоски, Наумоски, В.Петрески, Лавуровски, Здравески и Тодороски. Во вторите 45 минути играа:Јованоски, Богоески, Велјаноски, Котески, Никололоски, Мегленски, Х.Петрески, Иваноски, Карчески, Митрески и Гешоски.
Следната контрола Победа ќе ја има во недела на 31 јануари од 14,30 часот во Охрид со српскиот прволигаш Младост Лучани. На 14-тти февруари Победа ќе учествува на меморијалниот тунрир ,,Буко Каров,, во Кавадарци заедно со домажинот Тиквеш и второлигашот Љубанци.
Груевски промовираше нови проекти за младите
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска промовираше пет нови проекти наменети за младите.
Тој истакна дека новите мерки се детално разработени и дека ќе бидат понатаму спроведени до Владата.
Првиот проект опфаќа изградба на 150 нови игралишта за баскет. Груевски информира дека проектот ќе почне во 2017. година, а планирано е да заврши во 2020. година.
Вториот проект, насловен „Инвестирај во својата иднина“ предвидува стипендирање на студенти за последипломски и докторски студии на некои од државните универзитети. Проектот ќе го води министерството за образование и истиот треба да почне во септември 2017.
Трет проект- комплетно реновирање на национална универзитетска библиотека Свети Климент Охридски. Предвидено е реновирање на кровот на читалните и работните простории. Проектот ќе го води министерството за култура и предвидено е да почне 2017 година.
Четврт проект- Ново матично во Скопје. Истото треба да биде готово до средината на 2017 година.
Петти проект – Изградба на нова голема мултифункционална читална во Скопје.
Јувентус со 3:0 против Интер, е на прагот на финалето во Италијанскиот куп
Јувентус го совлада Интер во првиот натпревар од полуфиналето на Италијанскиот куп, и повеќе од сигурно е на прагот од финалето. Во натпреварот кој се одигра на Јувентус Стадион во Торино, Интер беше надигран во секој дел од теренот. Јувентус покажува доминантност и во ова натпреварување и покажува дека одбраната и на оваа титула е приоритет за шампионот на Италија. Стрелци на головите беа Алваро Мората во два наврати, и златното момче Паоло Дибала со неверојатен гол помеѓу нозете на Ханданович од 17метри.
Во другото полуфинале се сретнаја екипите на третолигашот Алесандрија и Милан, каде Милан обезбеди минимално водство од 1:0 пред реванш натпреварот во Милано.
Aлександар Георгиоски
ФОТО – Француска улична артистка претвора стари објекти ширум светот во вистинска уметност
Француската учична артистка Џулиен Маланд, креира вистински уметнички дела на запоставени и здодевни згради ширум светот.
Маланд соработува со локални артисти од многу држави и врши навистина фантастична работа. Нејзините дела се распространети низ Индија, Кина, Мексико, Индонезија, Виетнам и многу други држави.
Aлександар Георгиоски
Изложба на дела од уметниците од ДЛУБ
Изложба на дела од уметниците од ДЛУБ (Друштво на ликовни уметници од Битола) ќе биде отворена во петок, 29 јануари 2016 година, од 19 часот во галеријата во ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп. Ќе бидат изложени дела од 17 уметници, членови на ДЛУБ, меѓу кои ќе се најдат: Драган Најденовски, Димитар Солакоски, Панде Петровски, Данчо Ордев, Павле Кузмановски, Ема Ѓука, Илија Кочовски, Стефан Цигаридов, Дејан Кратевски, Мирјана Крстева Масети…
Љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да проследат дела изработени во најразлична техника, и тоа: масло на платно, цртежи, колажи…
Изложбата на дела од ДЛУБ е дел од програмата за работа на ЦК “Марко Цепенков,, за годинава, одобрена од Министерството за култура.
























































