дома блог страница 5464

Драма во Србија: Свекорот му ја зел сопругата на синот

Во едно гастарбајтерско село во близина на српско Неготин како први соседи живеат татко и син. Синот има деца и неговиот татко, од вториот брак, исто така има деца, а децата на синот и децата на дедото се родени браќа и сестри!

 

svekor-svekrva-640x333

– Всушност, полубраќа и полусестри, поправа мештанин, кој ја раскажува приказната.

– Браќа се по мајка, имаат иста мајка.

Се започнало пред неколку години кога синот се оженил и во куќата ја довел сопругата. Свадбата, велат, била голема и богата, права гастарбајтерска. Неколку месеци по свадбата снаата се породила, родила момче, а набрзо потоа мажот заминал на печалба, а планирал да ги повлече кога ќе пркне детето.

Е тука доаѓа заплетот како во сапуница:

– Додека мажот беше во странство, снаата се зближила со свекорот. Дали поради осаменост, дали поради нешто друго, тој однос прерасна во нешто трето. По селото почна да се зборува дека се во врска, но ретко кој веруваше во таа приказна. Арно ама набрзо жената поднесе барање за развод и јавно почна да живее со свекорот. Кога слушна синот, се врати од странство.

Едноставно, му кажала дека не го сака и дека е вљубена во татко му. Триста чуда се случуваа. Таткото и синот се караа, се колнеа, се закануваа, ама жената не се откажа и на крајот се разведе од мажот и се омажи за свекорот.

Синот се врати во странство, а детето го остави да живее со баба си, мајката на татко му, за кога ќе потпорасне да си го земе во странство.

Преживеал 36 дена под земја: Пронајден кинески рудар заробен во рудник од лани (ВИДЕО)

Еден од четирите преживеани кинески рудари е спасен откако 36 дена бил заробен под земја, објавија кинеските медиуми.

rudar6

Рударот бил заробен во рудник во провинцијата Шандонг, при инцидент кој се случи во рудникот за гипс кон крајот на декември 2015.

Под земјата се наоѓаат уште тројца рудари, а кинеските камери го забележале моментот кога човекот се појавува на површината а потоа го носат во болница.

Инаку, од рудникот претходно се спасени неколку рудари кои се пронајдени со помош на инфрацрвени камери. Тие после раскажале дека се нашле под делови на земјата кои останале недопрени.

Два дена после колапсот, сопственикот на рудникот скокнал во бунар и се удавил, а четири високи претставници на округот поднеле оставки.

ВИДЕО: Таа стопи милиони срца ширум светот

Со три милиони прегледи на Јутјуб, тригодишната Клер Рајан со изведбата на “Part of your world” од филмот Малата сирена изнуди многу насмевки ширум светот.

 

Погледнете го ова прекрасно девојче!

 

ФОТО – ЛУДИ РУСКИ ФОТОГРАФИИ

a61fc4bf-90a8-4138-bd90-fe91d758bb73_tablet

Русите знаат секогаш да откачат и да направат хит од секоја ситуација. Уникатни и единствени, на нивните лудории им нема никогаш крај. Еве 12 ситуации каде претерале со вотка. Фотографии кои навистина ќе ве насмеат.

1. РУСКИ ТЕТРИС

f6993156-0abe-445a-a885-4b789ae1c43b_tablet

2. СОПАТНИК ВО ТАКСИ8b426ae6-384d-44bf-8ebf-e5fad3e0fe76_tablet

3. ЗИМСКО СЕЛФИ9cefe325-fdc7-4b4d-8eee-968b23aeb1d5_tablet

4. СЛИКА СО НАЈДОБРИОТ ДРУГАР, ОНАКА ЛЕЖЕРНО3645c730-8ead-437c-88b8-c786df85c0f9_tablet

5. ВАЖНО Е ДА СЕ БИДЕ ВО ДОБРО ДРУШТВО5711d7f1-c1f8-4487-b172-e6f9cb2356ec_tablet

6. ДРИФТАЊЕ ВО ЗИМА47861c45-59fc-4c33-9932-838784aced06_tablet

7. ВИКЕНД ШЕМА61629f48-8a2f-459b-ac3a-d8ab9b320551_tablet

8. КАКО СЕ ДОДВОРУВА РУСИН7492102a-395c-46b6-9f97-1d67de8821f7_desktop

9. ЛОШО МОМЧЕ ОД СОСЕДСТВОТОabf7faf3-e76e-428f-96ae-952193e0f51c_tablet

10. ФУДБАЛ И МУЗИКАecf00d90-06ee-43f9-a1d6-57b296b20ebd_tablet

11. 30 ГОДИШНИНА ОД БРАКf051063a-db0d-4d10-8e22-b7afe6e95d05_tablet

Александар Георгиоски

Министерот за внатрешни работи си поднесе оставка

raskokonjevic (1)

Црногорскиот министер за внатрешни работи Рашко Коневиќ поднесе оставка.

Рашко Коневиќ е заменик-претседател на Социјалдемократската партија на Црна Гора, која вчера не и даде доверба на црногорската Влада. Сепак Владата на Мило Ѓукановиќ доби доверба во Парламентот, бидејќи беше поддржана од мнозинството пратеници во Парламентот.

Иницијативата за ослободување од должност е испратена до премиерот, а по тоа прашање треба да се произнесе и Парламентот.

Според претставникот на Социјалдемократската партија Иван Вујовиќ со изглегувањето на социјалдемократите од владејачката коалиција, таа престанува да постои и Владата е „нелегитимна“

Како да ги надмудрите годините?

anti-age-650x396

Стареењето е неизбежно, но тоа не значи дека треба да престанете да се смеете или постојано да се муртите. Внесете неколку ситни измени во вашиот секојдневен живот и ќе ги надмудрите годините.

Одете брзо по 40 минути три пати неделно

Иако спортот воопшто е добар за здравјето, тој е добар и за кожата, затоа што ја забрзува размената на кислород. Сепак избегнете го трчањето по груба подлога затоа што поголемата осцилација на телото горе-долу ќе предизвика вашата кожа побрзо да се истегне. Добар избор би била лентата за трчање или скалите. Ако немате време за тоа, секој викенд возете велоспиед по два часа.

Изберете ноќна крема со ретинол

Ништо не ја мазни кожата и не го стимулира производството на колаген и еластин како ретинолот. Но, со оглед на тоа дека тој е чувствителен на силната сончева светлина, би било најдобро да ја нанесувате навечер, пред спиење.

Правете пилинг барем еднаш неделно

На кожата и е мошне тешко да се регенерира ако на неа имате остатоци од себум, шминка и мртви ќелии, па затоа е важно постојано да ги отстранувате. Ако немате пилинг, можете да промешате малку шеќер со млеко за чистење лице.

Не конзумирајте брза храна

Во младоста не размислувате за брчките, но вашата кожа се помни, а сметката ќе ви ја сервира многу подоцна. Газираните пијалаци, помфритот и пицата се полни со шеќери што го уништуваат колагенот и еластинот, кои се чувари на нејзината цврстина.

Практикувајте ментален ботокс

Секој ден затворете ги очите и концентрирајте се на мускулите на лицето. Полека опуштајте ги еден по еден замислувајќи си дека сте на ботокс третман. Фокусирајте се на областа меѓу вегите, околу очите и усните. Во таа прилика држете ја устата благо отворена. Иако можеби не ви делува мошне сериозно – сепак дејствува.

Спијте на сатенска перница

Ова можеби сте го слушнале многу пати, но дали досега сте го направиле? Колку е понежна подлогата, помало е триењето помеѓу неа и кожата и нема трауматизирање на лицето. Бидете внимателни кога бирате навлака за перница, затоа што тоа е сепак површината што осум часа дневно е во контакт со вашето лице.

Навечер пијте цеден сок од портокал

Цедениот сок од портокал ќе ја опорави вашата кожа од стресот и од дневното оштетување кое настанало од сончевите зраци. Витаминот Ц што го има во овој сог помага при производството на колаген. Тие 75 милиграми Витамин Ц можете да ги внесете и преку свежа пиперка, брокула или со половина цитрон. Со оглед на тоа дека станува збор за минимални количини, полесно ќе заспиете.

Избегнете го јо-јо ефектот на тежината

Растегни, затегни, растегни, затегни… Така ќе попушти секој џемпер, па замислете што се случува и со вашата кожа. Од 40-тата година вашата кожа не се регенерира толку брзо па и дури ако изгубите тежина, таа нема да се врати „на место“. Тоа се гледа особено на сите насобрани брчки.

Носете XXL очила

Дури и кога сонцето не е силно, неговите зраци ја погодуваат нашата кожа, а особено онаа тенката и нежна околу очите. Кога купувате очила проверете дали стаклата имаат УВ заштита и нека ви ја прекриваат целата област околу подочниците и горните капаци.

Нахранете ја кожата во текот на летото

Жените воопшто не се свесни кој стрес го доживува нивната кожа во авион. Таа останува без кислород и на тој начин многу побрзо пропаѓа. Пред да влезете во авион нанесете хранлива крема и во периодот на летото пијте многу вода.

Кремата за нега на кожата околу очите нанесете ја и околу усните

Кожата околу усните е мошне тешко да ја третирате со различни третмани против стареење. Затоа е потребно на овој дел од вашето лице уште од 25-тата година да му посветите посебно внимание. Избегнувајте го екстремното собирање на усните, т.е. немојте да пиете со цевка и да пушите.

Носете фактор за заштита 30 секојдневно

Сончевите зраци на кои што цела година сте изложени во град, на улица, го оштетува вашето лице слично како што тоа го прави во четири недели најјакото сонце на Малдиви. Пред да излезете од дома, дури и кога е облачно заштитете се со добар фактор.

Конзумирајте лимон и маслиново масло наутро

Кога ќе станете земете една лажица мешавина од половина лимон и една супена лажица студено цедено маслиново масло. Антивоспалителни агенси, полинезаситени маснотии, полифеноли и витамин Ц – тоа се сите потребни антиоксиданси, а ги има во оваа мешавина.

Удвоете ја дневната нега

Ова е клучен чекор за помека кожа. Кога ќе се разбудите, веднаш измијте се и додека лицето сеуште ви е влажно нанесете тенок слој крема. По појадокот ставете уште еден тенок слој или некоја крема против стареење.

ФОТО – 20 Неверојатни кревети за спиење полни со фантазија

244

Нема поубаво чувство на светот кога после напорен ден ќе го подготвите креветот за спиење. Овие 20 кревети на пример, се многу повеќе удобни од вашиот кревет дома. Ако сте спиеле на еден ваков кревет, кој изгледа како облак на небото, вашиот ден не можел да заврши подобро. Знаеме дека не е возможно, но ние сакаме да ги купиме сите.

Погледнете…

513

1

2

6

10

11

12

13

16

17

31

71

81

91

141

194

204

217

221

Александар Георгиоски

Волк нападна скопјанец – итно пренесен на Ургентен

volk

Утрово нешто пред 2 часот по полноќ, се случил хорор во скопското село Љубош, додека Д.Б. ги хранел овците. Тој бил нападнат од волк, но за среќа успеал да го усмрти со секира, но и самиот се здобил со повреди поради што е итно пренесен во Ургентниот Центар во Скопје.

ВИДЕО – Гостување на директорот Дејан Димоски од СОУ “Ѓорче Петров” во МРТВ

12121211

Гостување на директорот на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, Дејан Димоски во утринската емисија на МРТВ. Директорот ги изнесе своите, како и искуствата и доживувањата на учениците стекнати во Романија, каде присуствуваа 20 ученици од текстилната струка на училиштето, заедно со уште две професорки.

За посетата во Романија и тамошното усовршување на учениците од СОУ “Ѓорче Петров” повеќе на следниот линк.

Денеска отпочна целосното внатрешно реновирање на прилепската болница

2_a0459b83fbd045dbf59723016c13c042

Голем ден за Прилеп и регионот. Започна комлетното реновирање на Општата градска болница “Борка Талески”. За прв пат откако е изградена болницата, ќе бидат реновирани сите одделенија.

Планирано е да се променат подовите, плафоните, електричната инсталација. Исто така ќе се реновираат санитарните јазли, операционите сали, а ќе бидат инсталирани 4 нови лифтови.

Инвестицијата тежи 70 милиони денари  и ќе значи премногу за населението од Прилеп и околниот регион.

 – Зафатот предвидено е да трае 5 месеци, а ќе донесе далеку подобра здравствена заштита за граѓаните, како и далеку подобри услови за работа за медицинскиот кадар – изјави дирекотрот на болницата, Петар Ристески

Исто така пред извесно време беше набавен нов мамограф, кој ќе биде инсталиран и ќе биде ставен на располагање, како и други апарати, кои ќе ја надополнат здравствената заштита, со цел граѓаните ваквите услуги да ги добиваат во Прилеп.

Овој капитален проект е поздравен со огромна радост од целото население и далеку ќе ја подобри довербата во здравствените капацитети на болницата.

Александар Георгиоски