дома блог страница 5463

Семејното насилство во пораст во Прилеп

1

Семејното насилство е во пораст во Прилеп. Моментално се водат 34 случаи по различна основа. Измината годиниа биле пријавени 143 случаи на семејно насилство.

Жртвите се од различен пол и со различна економска состојба. Изминатата година не изостанале и мажите од вакво насилство. Причините се најразлични и тргнуваат од психичко, физичко насилство, па се до насилство на економска основа и сексуално насилство.

Меѓутоа во последно време се повеќе жртви се охрабруваат да ги пријават своите насилници и да ја бараат правдата.

Aлександар Георгиоски

Познати противниците на Македонија за пласман на олимпијадата во Рио!

rakometari-2-640x391

Откако Норвешка загуби во полуфиналето од Германија на ЕП во Полска, вратите на македонските ракометари за квалификацискиот турнир кој ќе носи пласман на Олимпијадата во Рио се отворени, а познати се и противниците кои ќе ни се спротивстават во остварувањето на олимпискиот сон.

Условот Норвешка да не биде шампион на ЕП во Полска е веќе исполнет. Денеска од 19 часот се игра финалниот натпревар во Африканското првенство,Египет и Тунис се во финалето, победникот оди директно на Олимпијада, а поразениот ќе биде сместен во групата на Македонија.

Тунижаните предводени од ракометарот на Барселона, Ваел Жалуз се благи фаворити во финалниот меч.

Покрај Македонија и африканскиот противник, во нашата група се уште и Чиле и Полска. Трите квалификациски турнири ќе се одржат на почетокот на април 2016 година и првите две екипи од секој од нив ќе се пласира на ОИ, што значи дека шансите на нашите ракометари се реални и остварливи.

oi-rio

На квалификацискиот турнир најверојатно Полска ќе биде домаќин.

Колку од Фејсбук пријателите ви се вистински пријатели?

Од Оксфорд универзитетот направија истражување со цел да дознаат дали некој што има многу пријатели на социјалната мрежа Facebook, исто така има многу пријатели и во живо, односно колку од нив се навистина пријатели?

 

fejsbuk-fejsbuk

Истражувачите открија дека поголемиот дел од Facebook пријателите, не се вистински пријатели.

Анализирани беа преку 3000 луѓе, и резултатите покажаа дека само 28% од листата на пријатели на Facebook се сметаат за пријатели.

Просечната личност кој била анализирана имала 150 пријатели: Само 13,6% од нив покажуваат сочувство кога нешто не е во ред, а вкупно четири луѓе се тука за вас кога сте во криза, пишува интернет страницата Engadget.

Според социолозите, не е возможно еден човек да има повеќе од 150 пријатели, просечно: 5 интимни пријатели, 15 многу добри пријатели, 50 добри пријатели и останатите се познаници.

Вистинската пријателска врска, секако, живее надвор од екраните – повремените средби лице в лице со одредени луѓе ги сочинуваат пријателствата, пишува во извештајот од истражувањето.

Шокантно: Има 13 години, изгледа како да има 8, а веќе е татко

alfi2

Тринаесетгоишниот Алфи, кој изгледа како да е осумгоишник стана татко откако неговата девојка Шанел Стедмен ја родила Мејси Роксен.

Тој кажал дека тој и Шантел (15) одлучиле таа да не  абортира, кога откриле дека е бремена.
Ова срамежливо момче, чиј глас сеуште не е оформен, вели:

-Мислам дека би било добро да имаме бебе. Не сум размислувал за тоа како се ќе си дозволиме. Јас баш и не добивам пари за трошење, понекогаш  татко ми ми дава 10 фунти.

alfi3

alfi1

Алфи додава:

-Кога дозна мајка ми, мислев дека ќе бидам во неволја. Сакавме да имаме бебе, но само се грижевме како ќе реагираат. Не знаев како е да се биде татко. Ќе бидам добар бидејќи сакам.

Оваа приказна крена голема прашина, а дури се огласи и Дејвид Камерон кој рече дека родителството е последната работа на која треба да се мисли во тие години.

– Кога ги видов утрово фотографииве, помислив како ова е загрижувачки денес во Британија децата да имаат деца. Се надевам само дека овие деца ќе станат одговорни родители, но вистината е дека родителството е последната работа на која треба да се мисли во тие години.

alfi-650x396

ВИДЕО – Уникатни начини како да отворите пиво

12121212121

Немате вистински отварач за пиво. Не се разочарувајте, овие луѓе ќе ви понудат навистина невидени начини како да го отворите вашето пиво, и притоа  да не останете жедни.

Сепак внимателно !

 

Aлександар Георгиоски

ВИДЕО – Украински деца се забавуваат во снег на минус 31 степени

2121212

Ако децата ширум светот во зима се облекуваат во топла облека и се плашат да не настинат, во Украина децата уживаат на минус 31 степен, и тоа скоро без облека. Погледнете ги нивните снежни лудории, како се забавуваат на екстремно студени услови, исто како да е лето.

 

Aлександар Георгиоски

ФОТО: Ова е избраничката на Путин, следува свадба?

putin-za-turcija-640x346

Почнаа шпекулациите дека Путин наскоро ќе ја ожени 31 години помладата Алина Кабајева, која со години се спомнува како тајната љубов на претседателот. Се зборуваше дури и дека му родила дете во 2014 година во една болница во Швајцарија.

Инаку Путин и неговата наводна партнерка никогаш не ја ниту потврдија ниту ја демантираа нивната врска.

Таа е инаку една од најнаградуваните гимнастичарки во Русија, а беше и дописник во Дума.

putin-se-zeni

putin-se-zeni2-640x584

МУСЛИМАНИТЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ ГО МЕНУВААТ ЗНАМЕТО: Не им се допаѓа тоа што има крст на знамето!

svajcarsko_zname-30r919vf6848rnpfcxl2bk

Муслиманите кои живеат во Швајцарија покренале петиција за отстранување на „белиот крст“ од швајцарското знаме. Главната причина е во тоа што сметаат дека тој симбол има христијански елементи и дека не одговара на реалноста на швајцарското мултирелигиско општество.
Муслиманскта група која е иницијатор на ова барање, кампањата ја почнала уште во октомври минатата година и засега предизвикува остри реакции во швајцарската јавност.
Козертвативните политичари се сптротивставуваат на оваа иницијатива, оценувајќи ја како непроифатлива.
И крилот на либерални политичари во Швајцарија ја отфрла идејата како бесмислена. „Тоа е глобален симбол на успех и квалитет и негова промена е недопустлива“, е ставот на либералите во Цирих.

Ноќен живот Прилеп : The Gallery House Pub & Virus – 29.01.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”130″ gal_title=”NokenZivot_29012016″]

Еве кои намрници се најголем непријател на имунитетот

gripppp-640x396

Со падот на температурата и доаѓањето на зимата, човечкиот организам се менува и постепено се прилагодува кон надворешните фактори. Сето тоа влијае и на здравјето.

Меѓутоа, тајната за зачувување на здравјето лежи во човечката способност да се прилагоди кон промените кои се случуваат во природата.

Исто толку е важно и промените да ги следиме со начинот на исхрана.

Намирници кои го греат организмот

-Одредени намирници и начинот на подготвување го греат нашиот организам, додека други намирници го ладат. Здравиот начин на исхрана е најдобар начин да го зајакнеме имунитетот. Тоа значи да јадеме здрава храна. Доволно да се одмораме, редовно да вежбаме, да пиеме доволно течности и да избегнуваме стрес.

Храната која ја јадеме во зима треба да биде готвена подолго на пониска температура за да го згрее и зајакне организмот.

Зимската кујна за време на ладните месеци се збогатува со намирници кои го јакнат варењето на храната и воедно го чистат организмот од токсини. Таквите намирници се кисела зелка, карфиол, домати, цвекло или пиперки.

Имунитетот слабее со еднолична храна

Конзумирањето намирници кои не му одговараат на организмот во текот на зимските месеци и ниските температури, најчесто резултира со пад на имунитетот одноно настинка или грип. Имунитетот дополнително слабее и со еднолична храна, како и слаба физичка активност.

Во групата намирници за јакнење на имунитетот спаѓаат портокалите, лимонот и цитронот.

Меѓу намирниците кои се препорачуваат во текот на зимата е и зелениот чај и ѓумбирот.

Природни антибиотици

Лукот е познат како „руски пеницилин“ и „природен антибиотик“. Тој е еден од најдобрите сојузници на нашето здравје.

За здравјето на организмот во текот на зимата клучна е и урамнотежена цревна флора, бидејќи според тврдењата на нутриционистите, научниците се повеќе се сложуваат во тоа дека имунитетот почнува во цревата.

-Добрите бактерии не штитат од грип и настинки, артритис, алергии, астма, дури и некои видови рак. Јогуртот, кефирот и киселата зелка се најбогат природен извор на пробиотици.