Денеска отпочна целосното внатрешно реновирање на прилепската болница

2_a0459b83fbd045dbf59723016c13c042

Голем ден за Прилеп и регионот. Започна комлетното реновирање на Општата градска болница “Борка Талески”. За прв пат откако е изградена болницата, ќе бидат реновирани сите одделенија.

Планирано е да се променат подовите, плафоните, електричната инсталација. Исто така ќе се реновираат санитарните јазли, операционите сали, а ќе бидат инсталирани 4 нови лифтови.

Инвестицијата тежи 70 милиони денари  и ќе значи премногу за населението од Прилеп и околниот регион.

 – Зафатот предвидено е да трае 5 месеци, а ќе донесе далеку подобра здравствена заштита за граѓаните, како и далеку подобри услови за работа за медицинскиот кадар – изјави дирекотрот на болницата, Петар Ристески

Исто така пред извесно време беше набавен нов мамограф, кој ќе биде инсталиран и ќе биде ставен на располагање, како и други апарати, кои ќе ја надополнат здравствената заштита, со цел граѓаните ваквите услуги да ги добиваат во Прилеп.

Овој капитален проект е поздравен со огромна радост од целото население и далеку ќе ја подобри довербата во здравствените капацитети на болницата.

Александар Георгиоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.