дома блог страница 5462

ВИДЕО – СНИМАНО ВО МАКЕДОНИЈА, ЧУДНО АМА ВИСТИНИТО! Погледајте – 28км нов автопат, Демир Капија – Смоквица

121212

Целосна видео анализа на автопатот Демир Капија – Смоквица. Автопатот е со должина од 28 километри, има 5 надвозници, 45 засеци, 7 потпатници, 49 насипи и 2 клучки.

Македонија забрзано се модернизира. Се градат со стотици километри патишта, локални, регионални, а тука секако се и трите автопати, Штип- Скопје, Охрид – Кичево и споменатиот Демир Капија – Смоквица.

Погледнете колку неверојатно изгледа сето тоа. Се работи за едно огромно градилиште, со многу механизација и работна човечка сила.

Ова е тоа што носи подем на државата !

Маж застрел 21-годишно момче

На планинскиот дел над село Боиште, Демирхисарско, вчера околу 16 часот, М.Д.(35) носејќи ловџиска пушка која ја поседувал дозвола испукал еден патрон при што го погодил во пределот на грбот В.А. (21).

policija111

Истиот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Брза помош е пренесен во КБ-Битола, а поради сериозноста на повредите истиот е препратен во Ургентниот центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

ВИДЕО – Не е секогаш лесно да си пред камерите

untitled

Дека не е секогаш лесно да си пред камерите, доказ се овие ситуации во кои се нашле повеќе репортери. Од заборавање на текстот, до неочекувани гости, па и по некој безобразен мајмун. Сето тоа ги има изненадено, збунето и посрамотено многу репортери, додека пренесувале информации во живо пред камерите.

Погледнете го ова видео, навистина ќе ве насмее.

 

Александар Георгиоски

Ноќен Живот Прилеп : Art Caffe – 30.01.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”135″ gal_title=”Nokenzivot”]

Вечерно корзо – Прилеп 30-01-2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”132″ gal_title=”Vecernokorzo_30012016″]

Временска за цел месец: По студот и снегот еве што следува во февруари

20131220094520resized

Овој месец видовме и сонце и снег, а наредниот месец не очекува промена на температурите. Еве што ќе се случува во февруари кој годинава има 29 дена.

t1uyk67i67ij76i67i67

ФОТО – ОБЈАВЕНА ЦЕНАТА НА ЛАДА ИКС РЕЈ: Неверојатната нова Лада со неверојатна цена од само 7.000 евра!

ladaxray23-30rsh6kmyle8bwnaz40fsw

„АвтоВАЗ“ во четвртокот официјално ги објави цените за новиот модел Lada Xray – најевтината верзија изнесува 589 илјади рубли, а најскапата – 723 илјади рубли.

„Препорачаната малопродажна цена почнува од 589 илјади рубли. Продажбата на моделот ширум Русија почнува на 14 февруари 2016 година“, соопшти производителот на автомобилот, пренесува „Взгљад“.

ladaxray22

Во основниот комплет под називот Optima (мотор LADA 1,6 л., 106 КС, рачен менувач) влегуваат две предни воздушни перничиња, ESC, систем за помош при тргнување во искачување, аудио-систем, систем за навигација ЕРА-ГЛОНАСС и други опции. Xray, опремена со посилен мотор 1,6 л (110 КС) со дополнителен пакет опрема Comfort, кој вклучува греење на предни седишта, клима-уред и преграда со ладење се нуди за 628 илјади рубли.

ladaxray

Истиот автомобил опремен со мотор Lada 1,8 (122 КС) и автоматски менувач АМТ, се нуди за 653 илјади рубли. Вредноста на покомфорниот автомобил во верзијата Top почнува од 668 илјади рубли за автомобил опремен со мотор 1,6 л, 110 КС и рачен менувач.

За најлуксузните Xray се нуди пакетот Prestige со грејачи на предно стакло, камера за поглед одзади, автоматска клима, сензори за дожд и светлина и затемнето стакло. Вредноста на таквиот автомобил со мотор 1,6 л. и рачен менувач изнесува 698 илјади рубли, со мотор Lada 1,8 и автоматски менувач – 723 илјади рубли. Сериското производство на Lada Xray почна во „АвтоВАЗ“ на 15 декември 2015 година.

Ослабете експресно со чај од ленено семе!

caj-kineski-650x396

Лененото семе изобилува со минерали како што се: железо, калциум, натриум и фосфор, како и незаситени органски киселини, линолна киселина и голем број протеини и ензими. Ова семе е идеално за отстранување на мастите и токсините од телото, го подобрува метаболизмот, го намалува нивото на шеќер во крвта и го регулира апетитот.

Чајот од ленено семе ќе го поттикне разградувањето на мастите, а вашето тело ќе се снабди со важните минерали, што е од особено значење при здравото слабеење.

Состојки и подготовка:

1-2 лажици мелено ленено семе

250 мл вода

Сомеленото ленено семе ставете го во ладна вода. Нека отстои неколку часа со повремено промешување. Потоа смесата ставете ја на оган, а откако ќе зоврие гответе уште 5 минути. Потоа процедете.

Ако сакате да го подобрите вкусот можете да додадете некоја билка по ваш избор. на пример, додадете половина лажичка нане, дуња или камилица.

За оптимални резултати, пијте по 2-3 чаши дневно од овој чај, една на празен стомак наутро, односно, половина час пред оброк.

Со редовно консумирање на чајот од ленено семе, вашата кожа ќе стане мазна, сјајна и здрава.

Спречена несреќа во центарот на Прилеп

12657417_10207078419573311_6844567318573982719_o

Вечерва во центарот на Прилеп беше спречена несреќа. Во еден од дуќаните во старата чаршија настана спој во инсталацијата, при што се дигна чад. Навремената пријава и интервенција на противпошарната бригата, како и екипите на ЕВН, спречија понатамошно влошување на состојбата. Противпожарната бригада во изминатиот период е со полни раце работа, поради зачестените случаеви во изминатите денови на пожари и проблеми предизвикани од застарени електрични инсталации.

12646811_10207078432653638_132722625337684692_o

12593507_10207078433253653_6080602138246135614_o

Саботно Кафе : 30.01.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”131″ gal_title=”SabotnoKafe_30012016″]