Еве кои намрници се најголем непријател на имунитетот

gripppp-640x396

Со падот на температурата и доаѓањето на зимата, човечкиот организам се менува и постепено се прилагодува кон надворешните фактори. Сето тоа влијае и на здравјето.

Меѓутоа, тајната за зачувување на здравјето лежи во човечката способност да се прилагоди кон промените кои се случуваат во природата.

Исто толку е важно и промените да ги следиме со начинот на исхрана.

Намирници кои го греат организмот

-Одредени намирници и начинот на подготвување го греат нашиот организам, додека други намирници го ладат. Здравиот начин на исхрана е најдобар начин да го зајакнеме имунитетот. Тоа значи да јадеме здрава храна. Доволно да се одмораме, редовно да вежбаме, да пиеме доволно течности и да избегнуваме стрес.

Храната која ја јадеме во зима треба да биде готвена подолго на пониска температура за да го згрее и зајакне организмот.

Зимската кујна за време на ладните месеци се збогатува со намирници кои го јакнат варењето на храната и воедно го чистат организмот од токсини. Таквите намирници се кисела зелка, карфиол, домати, цвекло или пиперки.

Имунитетот слабее со еднолична храна

Конзумирањето намирници кои не му одговараат на организмот во текот на зимските месеци и ниските температури, најчесто резултира со пад на имунитетот одноно настинка или грип. Имунитетот дополнително слабее и со еднолична храна, како и слаба физичка активност.

Во групата намирници за јакнење на имунитетот спаѓаат портокалите, лимонот и цитронот.

Меѓу намирниците кои се препорачуваат во текот на зимата е и зелениот чај и ѓумбирот.

Природни антибиотици

Лукот е познат како „руски пеницилин“ и „природен антибиотик“. Тој е еден од најдобрите сојузници на нашето здравје.

За здравјето на организмот во текот на зимата клучна е и урамнотежена цревна флора, бидејќи според тврдењата на нутриционистите, научниците се повеќе се сложуваат во тоа дека имунитетот почнува во цревата.

-Добрите бактерии не штитат од грип и настинки, артритис, алергии, астма, дури и некои видови рак. Јогуртот, кефирот и киселата зелка се најбогат природен извор на пробиотици.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.