дома блог страница 5460

ВИДЕО – Достигнат е врвот на медицината, овој апарат може да оживее срце

212121212

Неверојатен медицински пронајдок. Овој апарат може да врати во живот срце кое престанало да чука во претходно мртво човечко тело.

Досега трансплатациите на срце се вршеа само од донори со мозочна смрт.

Меѓутоа ова револуционерно откритие овозможува после смртта на пациентот, срцето да добие крвна инфузија и со тоа да ја добие назат својата претходна енергија.

Апаратот овозможува срцето да се здобие со збогатена крв, која го враќа во живот. Исто така апаратот му ја дава на срцето потребната телесна температура, која ја има додека е во организмот на човекот.

Александар Георгиоски

ФОТО: Елена Ристеска заврши во прегратката на овој македонски ракометар!

Покрај сите работни обврски Елена Ристеска деновиве се посвети и на забава.

elena-risteska

Пејачката се облече целата во црно затоа што црното е секогаш ИН, како што вели таа и како секси црн пантер излезе во град.

1elena-risteska

Нејзината витка линија одлично доаѓа до израз со овој стајлинг, па сигурни сме дека измамила многу воздишки.

Сепак Елена своето внимание му го посвети на Дејан Манасков, кој го нарече свој син, а се пожали дека во друштвото и недостигал уште нејзиниот „брат“ Панчо од ДНК.

2elena-risteska-640x311

Сигурни сме дека ова било одлична забава, која му годела особено на Манасков после сета потрошена енергија на Европското првенство во ракомет.

dejan-manaskov-640x397

Швеѓаните бесни на мигрантите: По физичките напади, запалени 9 прифатни центри (ВИДЕО)

Граѓаните се против мигрантите кои секојдневно доаѓаат, а локалните шведски медиуми пишуваат и дека група маскирани луѓе претепувале мигранти кои се наоѓаат на железничката станица во Стокхолм.

 

kap-migranti-pozar

Колективните приватни центри во Шведска се палат, а се палат и оние објекти кои се планирани во иднина да бидат прифатни центри.

Пред да се случат серијата напади, низ Стокхолм се делеле летоци со ксенфобична содржина.

-Одбиваме да прифатиме уништување на нашето општество кое пред да дојдат беше сигурно. Ако нашите политичари и полицијата покажуваат поголема емпатија кон убијците отколку кон нас-жртвите, тогаш тоа не може да помине без протест. Кога веќе улиците во Шведска не се безбедни за по нив да се движат Швеѓаните, тогаш наша должност е да го решиме тој проблем, пишувало на летоците.

Шведска презема многу повеќе бегалци од било која друга европска земја, ако се гледа во однос на бројот на жители.

Според 100.000 азиланти кои се веќе во земјата и најавените 90.000 кои допрва треба да стигнат до крајот на оваа година, граѓаните на Шведска не би можеле да бидат гостопримливи како што беа некогаш.

Инаку серијата напади и опожарување на прифатните центри следат и се претпоставува дека се одмазда за убиството на 22-годишната Александра Метцер, која беше убиена од страна на малолентен мигрант.

Гледањето 3Д филмови ја поттикнува работата на мозокот

Ново британско истражување открива дека гледањето на овие филмови би можело да влијае на подобрувањето на функциите на мозокот.

Студијата на научниците Патрик Феган од Универзитетот Голдсмитс и професорот Брендан Вокер од Лабораториите Трил, покажуваат дека по гледањето на 3Д филмови кај гледачите е забележано зголемување на когнитивната обработка на информации за 23 отсто, додека времето на реакција им е подобрено за 11 отсто.

Заради споредба, кај лицата кои гледале 2Д филм, времето на реакција било пет пати послабо.

Претходните истражувања утврдиле дека гледањето филмови во 3Д технологија не придонесува за поголемо уживање на гледачите и дека дури во некои случаи предизвикува вртоглавица и главоболка.

Вежби за оние кои работат во канцеларија

Оваа вежба, доколку се практикува редовно, ќе ви помогне да се ослободите од болката и неудобноста во ‘рбетот и ќе ви дадат совршено држење на телото. За оние кои работат во канцеларијата или некој друг што седи многу вежбата ќе биде од голема помош.

Како се прави вежбата?

 

Легнете на стомак и ставете го вашето чело на перница. Ставете ги рацете такашто ќе бидат во паралелна позиција до вашето тело, а дланките притиснете ги до бутовите. Исправете ги вашите лакти. Нозете притиснете ги една до друга, а вашите прсти треба треба да бидат малку спуштени.

Издишете – Кренете ја главата, градите и горниот дел од стомакот, додека рацете и нозете ќе ви бидат во иста позиција.

Вдишете – Полека вратете се во почетната позиција. Повторете ја вежбата 10 пати.

Колку често треба да ја правите?

Се препорачува вежбата да се прави 3 пати неделно. Со тоа ќе почувствувате подобрување во мускулите, грбот и стомачните мускули. Вежбата позитивно ќе влијае врз функциите на внатрешните органи, а ќе се чувствувате и доста подобро.

Вашата среќа во љубовта зависи од името што го носите

 

vrska-ljubov-odnosi-10012-300x225 (1)

Резултатите од последните истражувања на една интернет компанијата за посредување во пронаоѓањето „сродни души“ покажале дека името што го носи еден човек влијае на квалитетот на неговиот љубовен живот и секс.

Анкетата е спроведена во Барселона, Њујорк и Париз и врз основа на неа, компанијата направила топ листа на „атрактивни“ имиња кога се во прашање љубовта и сексот.

Така, во Барселона најдобар љубовен живот имаат мажите по име Марк, Давид, Жорди, Алберт и Алекс и жените кои се викаат Лаура, Марта, Кристина, Ана и Андреа.

Во Њујорк најмногу „среќа во љубовта“ имаат мажите кои ги носат имињата Мајкл, Мет, Бен, Џејсон и Сајмон и жените со име Аманда, Никол, Џесика, Александра и Кејти.

Во Парзз љубовната среќа им е најнаклонета на мажите по име Луј, Адриен, Жилиен, Винсент и Александар и на жените кои се викаат Мари, Камил, Сара, Шарлот и Полин.

Од идниот месец почнува продажба на марихуана во хрватските аптеки

marihuana (1)

Од следниот месец во аптеките во Хрватска ќе почне продажбата на медицинска марихуана, која ќе може да се набави само со лекарски рецепт, објави Инекс.хр.

Според порталот, иако употребата на марихуаната за медицински цели во Хрватска беше легализирана уште во октомври минатата година, продажбата на капсулите со масло од канабис се уште не е почната, аптеките не добиле службен допис да почнат да го набавуваат лекот, а не е утврдена ниту неговата цена.

– Засега се уште немаме никакви информации. Официјално немаме добиено никаков допис, а не ни е позната ни цената на тој производ, изјави за Индекс извор во претпријатието „Загребски аптеки“.

Според непотврдени информации, цената на медициснкиот канабис во хрватските аптеки ќе изнесува над 1.500 куни (околу 200 евра).

– Во странство во зависност од концентрацијата, цената за три шишенца со екстракт (од канабис) се движи меѓу 500 и 700 евра, наведува порталот.

Согласно хрватскиот закон, лекарите не ќе можат да препишуваат марихуана за медицински цели на зависници од дрога и на лица со психички заболувања.

НОВ МЕДИУМ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЕТЕР

Станува збор за нов медиум опремен со најсофистицирана телевизиска опрема и новинарски кадар составен од искусни професионалци и млади новинари.

 

tvnova

Новата телевизија можете да ја следите на интернет на tvnova.mk.

tvnova4

tvnova2

tvnova3

tvnova5

ВО ПОЛН ЕК АКТИВНОСТИТЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА

12647177_957459600957071_1782481615519801738_n

Како што известивме пред неколку дена, започна целосното реновирање на општата болница “Борка Талески” во Прилеп. Oва е прво вакво реновирање на болницата откако е изградена. Од фотографиите може да се забележи дека веднаш се интензивирани работите и се работи со полна пареа.

Имено зафатот за кој Владата на Р. Македонија одвои 70 милиони денари значи дека ќе бидат реконструирани 50 санитарни јазли, операционите сали, ќе бидат инсталирани 4 нови лифтови, ќе се реновираат болничките соби, ќе се постават нови внатрешни подови, дограма, плафони и ново осветлување.

Значајно е тоа што една голема општина како Прилеп, и граѓаните во неа и регионот, конечно ќе добијат современи услови за пружање на здравствена заштита, како и тоа дека со ова реновирање далеку повеќе ќе се подобри довербата во квалитетот на тие здравствени услуги од страна на граѓаните.

12654634_957459674290397_5803941928730107710_n

Периодот на реализација на овој проект е со време траење од 5 месеци, што значи дека за многу брзо време ќе се види разликата.

Ваквите капитални проекти се за поздрав и почит, имајќи го во предвид тоа што итно беше потребно eдно вакво целосно реновирање на болницата во градот под Марковите Кули.

12644661_957459617623736_6421463814715145915_n

Александар Георгиоски

Утре пролетни температури – дневната до 22 степени

prolet (1)

Времето утре во Македонија ќе биде стабилно и релативно топло, со услови за утринска магла по одделни котлини.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од 14 до 22 степена.

Во Скопје слично време, сончево со утринска магла во претпладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Значителна промена на времето се очекува во четврток кога ќе има заладување со засилен северен ветер и врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во петок и за време на викендот повторно се очекува стабилизација со претежно сончево време.