Утре пролетни температури – дневната до 22 степени

prolet (1)

Времето утре во Македонија ќе биде стабилно и релативно топло, со услови за утринска магла по одделни котлини.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од 14 до 22 степена.

Во Скопје слично време, сончево со утринска магла во претпладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Значителна промена на времето се очекува во четврток кога ќе има заладување со засилен северен ветер и врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во петок и за време на викендот повторно се очекува стабилизација со претежно сончево време.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.