дома блог страница 5459

Тажна приказна од Детската болница во Нови Сад: Го оставиле тешко болното дете на лекување, а веќе 13 месеци никој…

dete (1)

Детето М.К (4) кое е болно од повеќе болести од раѓање, веќе 13 месеци лежи во болницата во Нови Сад , а неговите родители не се појавиле од кога е доведено на лекување, ниту пак некој друг го посетува.

-Лежев со мојата ќерка летоска во болница и ја видов состојбата во која е детето, му купив облека и храна. Кога излеговем од болница просолжив да му носам храна, но потоа на нас ни забранија да го посетуваме бидејќи не сме му роднини, раскажува мајката која се зачудила од оваа ситуација.

Таа додава дека никој од семјството не се интересира за ова дете, а за српски Блиц неофицијалн потврдуваат и вработените во Детската клиника.

Исто така ова жена вели дека таа и нејзината ќерка многу го засакале ова дете

– Многу го засакавме. Молевме да не пуштат макар за викенд да го видиме, но не ни дозволија. Поради сите притисоци морав да се откажам од таа борба, доават таа

Наместо родителите, вели дека таа била кога имал тешка операција, му купила облека и го пресоблекла.

Директорот од болницата вели дека за жал има и вакви ситации кога родителите ги оставаат своите деца и никогаш не се враќаат.

– Во такви ситауции се јавуваме на социјалните работници, но на нас работа ни е само лекувањето, а тие се грижат за останатото. Постојат родители кои имаат повеќе деца, па не доаѓаат често во посета, вели директорот на Детската болница во Нови Сад.

Што најмногу „гуглаат“ балканците?

gugl-650x350

„Гугл“ има одговор на сите наши прашања, иако тие некогаш не се најточни и најпрецизни…

Хрватскиот портал „fixr.com“ објави листа од која може да е види што најмногу пребаруваат луѓето во разни делови од светот.

Луѓето најмногу ги интересира колку чини лет со руски МИГ, кроасан во Франција, БМВ во Германија, Ролекс во Швајцарија, кафе во Хрватска, цената на горивата и нафтата најголем интерес будат кај луѓето во африканките земји.

Бугарите, Литванците, Украинците и Австријците најмногу се интересирале за цената на проститутките, а Албанците цената за операција на носот.

Скандинавците најмногу ги интересира цената на факултетот и износот на школарината.

Србите, пак најмногу ги интересира цената на пивото.

Баба Вањѓа го предупредила Хитлер: Остави ја Русија на мира

baba (1)

Меѓу многу познатите личности на 20. век кои барале совет од Баба Вањѓа бил и Адолф Хитлер. Неговата посета била пред почетокот на Втората Светска војна.

Хитлер бил премногу опседнат со астрологија и пророштво. Му го предвидувале секој чекор, а војните не ги започнувал додека претходно не се советувал со нив.

Хитлер, сепак како што вели легендата, од нејзината куќа истрчал лут и нервозен.

– Остави ја Русија на мира. Таа војна ќе ја изгубиш, рекла Вањѓа

Баба Вањѓа го погодила исходот од Втората Светска војна

СЕ САНИРА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ОД КРИВОГАШТАНИ ДО КОРЕНИЦА, ГОДИВЛЕ И ПОДВИС

krivogastani

Денес започнаа активостите за санација на проблематичните точки на патниот правец кој ја поврзува општина Кривогаштани со општина Долнени кој води до населените места Кореница, Годивле и Подвис кои се под капата на општина Кривогаштани. Општината во соработка со ЈП Македонија пат денс започнаа со преземање активности за чистење на попатните канали и вегетација додека на повеќе места ќе се постават канавки и пропусти за водата која се насобира при обилни врнежи на дожд и топење на снегот што предизвикува оштетувања на коловозот и попречување на нормалното одвивање на сообрајќајот. Со тоа ќе се заштити постоечкиот коловоз и ќе се спречи негово понатамошно раскопување од надојдените атмосферските води.

1 2 3

Црвеното небо над Македонија: Ова е знак дека треба да бидеме подготвени…

crveno nebo (1)

Целиот Балкан беше сведок на една необична појава на небото. Пред заоѓањето на Сонцето имавме прилика да уживаме во спектакуларната глетка на небото.

Социјалните мрежи се преплавени со фотогафии од оваа прекрасна глетка…Но оваа прекрасна појава има поинакво значење.

Метеролозите велат ваквата појава ни навестува дека ќе имаме ладна зима не само кај нас туку и во цела Европа. Странските метеролози најавуваат ниски температури и силна зима до крајот на февруари.

Дали овие прогнози се точни останува да видиме во текот на месецов.

РТС: Електронското здравство заживеа во Македонија, Србија го презема „Мој термин“

За пациентите побрзо да доаѓаат до здравствени услуги, а лекарите да помогнат на време, неоходен е модерен и ефикасен здравствен систем. Тоа минатите години многу се најавуваше во Србија и веќе со години се очекува. Нашата екипа беше во Македонија, земјата која на ова поле направи многу, за што доби пофалби од Европската Унија, а чиј модел го превземаме и ние, јавува РТС.

moj-termin

Во прилогот како што пренесува РТС, гужвите во здравствените чекални во Србија се сосема спротивна слика во Македонија за македонското здравство. Причината – воведување на електронско здравство со кое се решаат многубројните проблеми и се постигнуваат одлични резултати.

-Од селска амбуланта, до Клинички центри, се е покриено со информациски систем. За се да функционира, лекарите меѓу останатото, до петти во месецот треба да достават термини за работа за следниот месец.

-Пред воведување на електронското закажување и рецептите, се пишуваше многу, а со електронското воведување се олесни работата. Закажувањето е задолжително освен кога е случајот е итен или приоритетен. Разликата е огромна, вели доктор Нада Аници за РТС.

-Не ми беше тешко да се навикнам. Предностите се многубројни. Најважно е дека и ние и пациентите имаме увид како се работи во секоја установа во Македонија. Можам да видам како работи мој колега во било кој град, вели Никола Стојановски за РТС од Центарот за дијабетес.

-Денес имам 22 пациенти, секој закажан на 15 минути. За време на смената имам и пауза од половина час, а пациентите кои доаѓаат на контрола имаат термини по 13:30 часот, вели Андријана Чупуровска, специјалист по оториноларингологија.

Увид во слободните термини, имаат пациентите, лекарите, но и министерот за здравство., пишува РТС во извештајот. Тој во секој момент може да следи и провери колку рецепти и упати се издадени, кои дијагнози се најчести и кој колку работи.

-Имавме ситуација еден доктор да има два или три пациенти дневно, па министерот веднаш го најде неговиот телефонски број, му се јави и го праша: Зошто немаш повеќе термини, дали можеш да примиш 10 пациенти? Можеш? Па ајде., вели директорот на Управат за електронско здравство во Македонија Милан Аризанкоски за РТС.

Директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Паевска Вучковиќ за РТС вели дека со воведувањето на овој систем за три пати е зголемен бројот на услуги, а 10 пати е скратено времето на чекање.

Анкетираните пациентите во изјава за РТС велат дека се задоволни со овој систем и нивните прегледи брзо се закажани.

РТС пишува дека според најавите од српското Министерство за здравство, до средина на годината и во Србија би требало да биде воведен ваков систем, а за тој проект ќе бидат издвоени 300 милиони динари.

КОГА ДИРИГЕНТОТ СИ ЈА ЗНАЕ РАБОТАТА, А ОРКЕСТАРОТ Е ТАЛЕНТИРАН – МЕЛОДИЈАТА Е МЕЛЕМ ЗА УШИТЕ

На почеток сме на уште една нова година, година која ние вработените и учениците од ООУ„ Кире Гаврилоски-Јане“ се надеваме дека ќе биде уште поуспешна или во најмала рака еднакво успешна како изминатата 2015 година.

Измина 2015, година која за ООУ„ Кире Гаврилоски-Јане“ ќе остане запаметена како најуспешна. И не случајно велиме дека изминатата 2015 година за нас е најуспешна, иако и минатите неколку учебни години нижевме успеси на сите полиња. Успешноста е резултат на одличната комуникација и соработка со: родителите, Локалната самоуправа и Министерството за образование и наука.

Од многуте реализирани проекти и активности ќе се осврнеме на неколку кои се најзначајни и најголеми. Од неуморноста и креативноста на наставниот кадар и одличната соработка со Советот на родители –  нивните идеи и сугестии, произлегоа многу корисни проекти и активности, а најзначајни од нив ни се: Денот на здрава храна, Велигденскиот панаѓур,  многубројни  работилници  итн.  Одличната  и континуирана комуникација со родителите има клучна улога во заедничкото воспитување и  образување на учениците.

1

2

Велигденскиот панаѓур има за цел да ја поттикне креативноста и претприемачкиот дух кај учениците, но исто така, да го поттикне хуманото кај секој во пресрет на големиот христијански
празник Велигден.

Денот на здравата храна е наша идеа која произлезе пред три години и има за цел да ја развие свеста кај учениците, но и кај возрасните за користење на здравата храна како предуслов за добро здравје и квалитетен живот.

Сето ова допринесе да се препознае способноста и посветеноста во работата на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“,  а со тоа и бројот на родители кои ни ги доверуваат нивните деца, а наши ученици да се зголеми, односно бројот на првачиња од година во година да биде се поголем. Во 2015 г. во училиштето се запишаа 126 првачиња што представува рекорд во изминативе дваесетина години.

4

3

Покрај тоа што училиштето напредува на организациски и воспитно-образовен план реализирани се и многу проекти од инфраструктурен карактер:

  • Променет е кровот на училишната зграда;
  • Променета е комплетно старата дотраена дограма со нова ПВЦ дограма;
  • Инсталирана е превектронска громобранска заштита;
  • Санирана е фасадата и адаптирани се наставничките кабинети;
  • Изграден е ученички парк со училници на отворено;
  • Набавени се голем број наставно-образовни помагала;
  • Реконструирани се санитарните јазли;

Последните два проекти реализирани во 2015 година ни се најдраги и најдолго очекувани: промена на дотраените и стари подови со нови подови од линолеум и воведување на централен систем на греење (парно греење).

  • Промена на подови – подовите чија старост беше колку и училишната зграда беа извор на прашина, предизвикуваа алегрии, собираа влага. Промената на старите подовите во училиштето заврши во месец август и ги опфати  сите училници и кабинети. Новите подови имаат предност во одржување на   хигиената, со антибактериски и антистатични карактеристики и се со голема издржливост. Проектот беше финансиран од Локалната Самоуправа – Прилеп.

11

  • Централен систем за греење – потребата за центален систем на греење постоеше од основањето на училиштето, но досега ваквата идеа не беше реализирана. Потребата од соодветни услови за работа и современ начин на греење беше повеќе од потребна. Изминатава 2015 г. ваквата желба и потреба стана реалност. Целото училиште во текот на летниот распуст беше опремено со сопствен центален систем на греење по најсовременена технологија. Реализацијата на овој капитален проект многу ги подобри условите за работа и пред се за учење. Подобрена е хигиената, имаме рамномерно загревање на училниците, кабинетите и ходниците, а најважно од се – го нема чадот од печките на тврдо гориво.

22

За целокупниот напредок и за реализирани проекти, како од наставен така и од инфраструктурен карактер и добиени признанија, оваа година на предлог на Советот на родители, Советот на Општина Прилеп одлучи ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ да се закити со највисокото општинско признание – наградата 3ти Ноември.

33

34

Следен  капитален  проект  кој  што  треба  да  се  реализира  во  училиштето  е изградбата на спортска сала , потреба која што е актуелна од самото одпочнување со работа на училиштето.

Сите реализирани проекти ,сите добиени награди и признанија, а најмногу од се довербата што родителите ни ја даваат, се огромен поттик и мотив да продолжиме уште посилно и посветено да работиме во подигнување на нашите најмлади во здрави образовани индивидуи кои треба да ја градат нашата иднина.

Утре објава на огласот за владината мерка со која им се помага на младите земјоделци

Огласот за владината мерка со која им се помага на младите земјоделци со 10.000 евра неповратни средства ќе биде објавен утре и истиот ќе трае еден месец.

 

gruevski-kostadinovski640

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот работен состанок на тема: Разгледување на мерките и инструментите од програмата за рурален развој се интересираше за тоа како течат роковите и дали е се подготвено.

-Поучени од минатата година и поради се поголемиот интерес кај младите да се занимаваат со земјоделие, и оваа година предвидовме износ од околу 1 милион евра за младите земјоделци. Огласот излегува утре, за користење на средства од програмата 2016 година. Ќе аплицираат сите кои ќе имаат бизнис план, програма. За реализација на инвестиција до 10.000 евра неповратни средства е нашата поддршка. Интересот е огромен, заради тоа што лани имаме исплатено околу 45 милиони денари. Интересот беше голем и од 143 апликации, 134 се одобрени, истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

Средствата, објасни тој се исплаќаат по реализацијата на бизнис планот. За оваа мерка може да аплицираат сите заинтересирани лица кои до моментот на поднесување на апликацијата немаат навршено 40 години.

Победа и Металург одиграа без победник 1-1(1-1)

12669774_10208574178575909_843230345_o

Во рамките на подготвителниот период, денес во Охрид на теренот со вештачка трева, во пријателски натпревар, прилепскиот второлигаш Победа одигра без победник 1-1, во дуелот со прволигашот Металург. Скопјани поведоа во 7-та минута преку Благоја Наумовски, кој вешто искористи неуспешна офсајд стапица, а Победа израмни со голот на Дунимаглоски во 26-тата минута, кој со силен удар ја затресе мрежата завршувајќи ја акцијата по шутот на Талески и повратната топка на Иваноски.

12633104_10208574180735963_876781911_o

12647921_10208574185816090_2048459799_n

Тоа беше меч со малку шанси, а многу трка и игра меѓу двата 16-тника на некомплетниот прилепски и младиот скопски состав. Двајцата тренери Крстески и Мацков им дадоа шанса на сите играчи кои им беа на располагање за овај натпревар, со напомена дека во тимот на Победа ги немаше: В. Петрески, Шаркоски, Димитриоски (повредени), и оправдано отсутните Колески и Гешоски.

12656239_10208574179215925_2116026136_o

Победа утре од 13 на стадионот со вештачка трева го игра 4-тиот пријателски натпревар со третолигашот Вардар Неготино, денес е договорен 5-ттиот тест меч со српскиот прволигаш Радник Сурдлулица во недела на 7-ми февруари во Охрид, на 10-тти е закажан меч со третолигашот Новаци, на 14-тти е учеството на меморијалниот турнир ,,Вуко Каров,, и генералката на 20-тти февруари со Велазерими во Прилеп.

12636926_10208574182216000_184269120_o

Следува нов температурен шок: Дожд, ниски температури и снег

vreme (1)

Опаѓање на температура за повеќе од десет степени не очекува во четврток и петок. По утрешните прогнози дека ќе достигне 22 степени дневната температура, во четврток под влијание на влажна воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег.

Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови, каде локално ќе наврнат околу 20 литри воден талог. Во петок во утринските часови врнежите постепено ќе престануваат.

Во четврток и во петок ќе дува умерен, повремено силен ветер од северозападен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина над 70 км/ч и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот. Дневната температура ќе биде за повеќе од десет степени пониска во однос на денешната.

Во деновите што следат потоа ќе преовладува стабилно, но посвежо време.

Во текот на утрешниот ден од УХМР биометеоролошките услови ќе бидат лоши. Во вечерните часови кај поголем број луѓе можна е појава на главоболки, но и болки во колената, грбот и на вратот. Во ноќните часови кај поголем број на луѓе можна е општа слабост, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во раните утрински часови од следниот ден болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени ќе се поупорни.