дома блог страница 5461

Има 90 килограми а се плаши од се: Ова е Скуби Ду во реалноста (ВИДЕО)

skubidu (1)

Пресли е куче кое има неверојатни 90 килограми, а верувале или не се плаши од се. Го споредуваат со Скуби Ду, бидејќи се плаши од се што ќе помине покрај него.

– Пресли е дефинитивно најплашливото куче. Иако е толку голем се плаши и од помали кучиња, вели сопственичката.

Поглденете го…

Престапна година: Народните верувања велат дека ова никако не треба да го правите

За престапна година се смета онаа која има 366 дена, еден ден повеќе од останатите години, а февруари има 29 дена.

 

prestapna-godina

Сето ова се случува поради ускладување на календарот со астрономската година. Годината која штотуку почна е токму таква, престапна. За секоја престапна година се врзуваат разни суеверија, па така на пример во минатото Балканците сметале дека во текот на престапна година не треба да се венчаваат. Тие велеле дека овие бракови не траат долго. Доколку пак дојде до венчавка, треба девојката да го побара момчето, а ако тој одбие мора да и подари бакнеж и свилени ракавици.

Интересно е дека за децата кои ќе се родат на 29 февруари ги нарекуваат „престапни деца“ и тие слават роденден секоја четврта година.

Во Ирска е пропишано со закон, децата кои ќе се родат на 29 февруари да се наградат со по 100 фунти.

Доколку се занимавате со овоштарство треба да обрнете внимание. Се верува дека овошјето кое ќе се засади во престапна година раѓа секоја втора година, па можеби дури и секоја четврта година.

Но, доколку навистина морате годинава да засадите овошје, плодовите ќе ги берете само ако го засадите на пролет, не на есен.

ФОТО – Крушево вистински рај за уживање

179007_145088002218795_7194325_nКрушево нуди прекрасни услови за скиjaње од декември до почетокот на март. Скијачките терени се наоѓаат непосредно до самиот град на надморска височина од 1400 метри. Погодни се за скијачи професионалци како и за скијачи почетници. Градот е поврзан со ски центарот и скијачките терени преку жичницата. Скијачките терени се наоѓаат на месноста Станич.

378161_273594516034809_1030987709_n (1)

167223_145088025552126_186281_n

378161_273594516034809_1030987709_nСки центарот Станич, располага со три патеки, два ски лифтови и една двосед жичница која носи од градот, низ букова шума, директно на терените. Патеките имаат нивоа, лесна 350м, средна 400м и патека со напредно ниво во должина од 700м под двосед жичницата. На ски патеките има и елементи за сноуборд парк. Инсталирано е и осветлување за ноќно скијање под синиот лифт и стазата под жичницата.

391874_273595199368074_1181469199_n

386367_273594589368135_1766626555_n

386544_273594329368161_1349689778_nВо непосредна близина на самиот центар, на терените постои угостителски објект, ресторан кој нуди најразлични видови храна и пијалоци. Центарот располага со ски депо за изнајмување на скии како и ски школа.
Во присуство на голем број туристи и љубители на зимско рекреативните спортови викендов во Крушево беше вистински рај за уживање.

12509873_10205951980420685_5615650995123550831_n

395038_273594352701492_1021799751_n

403738_273594259368168_198283634_nУгостителите и сопствениците на сместувачките капацитети се задоволни од посетеноста на Крушево оваа сезона, истакнуваат дека во текот на празниците и зимскиот распуст капацитетите биле максимално исполнети и додаваат дека во овој период има резервации од гости од странство, како и викендаши од земјава.

stanic01

stanic 04

stanic 05

Чистиот планински воздух е уште една добра причина да го посетите Крушево и да уживате во убавината која ви ја нуди.

Наташа Талеска

Македонија против Чешка во баражот за СП 2017

1

Репрезентацијата на Чешка е противникот на Македонија во баражот за Светското ракометно првенство што во 2017 година треба да се игра во Франција.

Чесите во баражот се пласираа по успешните претквалификации, во група со Белгија и со Турција.

Баражот ќе се игра во периодот од 10 до 12 јуни и седум дена подоцна, а Македонија реваншот ќе го игра на домашен терен.

Двојките од денешната жрепка за баражот на Мундијалот 2017 се:

Шведска – Босна и Херцеговина,
Чешка – Македонија,
Полска – Холандија,
Русија – Црна Гора,
Србија – Унгарија,
Исланд – Португалија,
Словенија – Норвешка/Хрватска,
Белорусија – Летонија и
Данска – Австрија.

Традиционален рецепт на нашите баби за подготовка на лек против астма

vbfd-640x437

Ви го претставуваме традиционалниот рецепт, лек, кој ќе ве излечи од кашлица или тешко дишење. Пијте по една лажица пред секој оброк и ефикасно ќе го решите проблемот со дишењето. Овој третман може да се повторува се додека не ви се подобри состојбата со плуќата.

Состојки:

 7 лажици мед

сок од 2 средни по големина лимони

500 грама кафеав шеќер

500 грама црвен кромид

6 шољи вода (1,5 л.)

Припрема:

  1. Во поголем сад, загревајте го кафеавиот шеќер се додека не се растопи, додајте го исецкан црвениот кромид . Гответе на слаб оган неколку минути, но водете сметка да не ви загоре смесата, потоа додајте ја водата.
  1. Откако ќе ја додадете водата, гответе на средна температура, се додека не испари една третина од водата, а потоа тргнете го садот од оган и оставете го да се излади.
  1. Помешајте го лимоновиот сок со медот и додајте ја смесата во веќе оладената претходна смеса, а потоа добро промешајте. Оставете го сирупот да преноќи, а следното утро процедете го. Ставете го во стаклена тегла и чувајте го фижидер.

Aлександар Георгиоски

Пријателски меч во Охрид: Победа – Младост Лучани 0-0

12640329_10208563155140330_1822385748166164645_o

Крзнариќ ги спаси Лучанци. Вчера во Охрид на стадионот ,,Билјанини извори,, екипата на Победа го одигра вториот пријателски натпревар во подготвителниот период. Противник беше 7-мо пласираниот тим во Супер лигата на Србија Младост од Лучани, против кого прилепчани не само што беа рамноправен противник, туку по бројот на шансите може да се каже дека испуштија победа. Во многу квалитетен и борбен натпревар, со максимален ангажман на актерите кои добија шанса од двајцата тренери, мрежите мируваа и конечниот резултат на крајот беше 0-0.

12642852_10208563156140355_1771662479058213191_n

Иако против себе имаа противник кој доаѓа од поквалитетната лига на нашиот северен сосед и се сретнаа екипи од два различни рангови на натпреварување, избраниците на тренерот Крстески во текот на сите 90 минути играа без нималку респект. Напротив на привидната лесна теренска надмоќност на противникот, Победа одговори со одлилна борбеност, дисциплинирана игра на секое поле од теренот, многу трка и покривање како на просторот, така и на противничките фудбалери. Волјата и желбата за надигрување со противникот, а со тоа и за наметнување на Стручниот беше присутна кај сите игтрачи во црвени дресови, за кои немаше загубена топка на теренот. Прилепчани мора и треба да жалат што во првото полувреме не ги искористија двете најзрели шанси на мечот.

894651_10208563158220407_8628340186053968123_o

Во 29-тата минута по асистенцијата на Дунимаглоски центарфорот на Победа Гешоски се најде очи в очи со голманот на Младост Крзнариќ, кој со бравурозна интервенција ја сочува својата мрежа. Само 2 минути подоцна Наумоски одлично го исфрли во празно во казнениот простор на гостите брзнио Здравески, кој откосо се најде во убава прилика, биеше прецизно во спротивниот агол на голот на Крзнариќ, кој и овојпат не дозволи да биде совладан. Според учинокот во продолжението на натпреварот може да се каже дека токму гостинскиот голман е виновникот што Победа не ја забележа и втората победа во пријателските средби (по онаа над Младост Царев Двор во првиот меч со 1-0), а Крзнариќ е најзаслужниот што српскиот суперлигаш не доживеа пораз. Крстески во првото полувреме започна со една постава, а во вториот дел беа извршени голем број на замени, но и покрај тоа не се почувствува никаков пад во играта, ни во дисциплината, залагањето, пристапот и воопшто остана истиот вепчаток, дека Победа беше поконкретниот тим, и тимот кој треба да жали за победата во оваа исклучително значајна и силна контрола на формата на тимот, во оваа фаза од подготовките.

12640400_10208563158180406_5297008832351628773_o

Треба да се каже дека Победа денес беше некомплетна бидејќи отсуствуваа посериозно повредениот В.Петрески и недоволно опоравените Шаркоски и Димитриоски. Во вторник на 2-ри февруари следи ново гостување во Охрид и третиот контролен натпревар со прволигашот Металург, додека во среда на 3-ти февруари од 13 часот на стадионот со вештачка трева, спаринг партнер на 4-тата пријателска средба ќе биде третолигашот Вардар од Неготино.

Победа:Манчевски, Талески, Ристевски, Колески, КрстескиМегленски, Наумоски, Карчески, Дунимаглоски, Здравески и Гешоски. Во вторите 45 минути настапија:Јованоски, Богоески, Котески, Велјаноски, Колески, Х.Петрески, Николоски, Николоски, Тошески, Тодороски, Мирчески.

Канцеларии за проектот „Купи куќа за млади“ во 33 општини

Во 33 општини од денеска почнуваат со работа канцеларии за новиот проект „Купи куќа за млади“.

kupi-kuka-640x294

Канцелариите се наоѓаат во подрачните единици на Управата за имотно-правни односи и на Управата за јавни приходи. Целта е проектот да се приближи до младите и да може на едно место да добијат информција за условите, учеството, банките и плацевите.Во нив се ангажирани обучени вработени кои ќе ги дадат потребните информации на младите.

Покрај за овој проект, граѓаните во канцелариите ќе може да се информираат и за проектот „Купи куќа, купи стан“.

ВИДЕО: Фан на Тоше Проески направи прекрасен видео запис за новата песна „If you wanna leave me“

„Дали бил среќен, тажен, во топ форма, болен, засипнат, тотално небитно. Фатеше ли микрофон, му нема рамен. Тој, 10 места, па вториот. Бог знае колку рекорди ќе срушеше, колку стадиони ќе преполнеше на колку луѓе ширум светот ќе помогнеше.“

tose

„Последниот пат наполни 26 и со толку години направи толку многу. Создаде толку многу музика и испеа толку многу песни што светски врвни музичари не би оствариле во 2 животи! Ќе слушаме ново и наредни 50 години. Да, наредни 50 години, има оставено за толку! Денес би наполнил 35 години, традиционално нова песна, и …и да беше жив јас викам ќе одевме на Вембли и тој ќе му беше мал, ми се смеат, јас нив им се смеам. Еден единствен и неповторлив.“

Ова е Фејсбук статус на фан на Тоше Проески по повод неговиот роденден.

Младиот Душко Аврамовски ја внесе целата емоција во својот фејбук статус, но и повеќе од тоа: создаде прекрасно видео за новата песна „If you wanna leave me“, која беше промовирана за роденденот на прерано починатата македонска ѕвезда.

Ова е еден од многуте докази дека Тоше Проески ги инспирира и мотивира младите и ден денес.

Никогаш не сте се сетиле да направите вакви палачинки: По ова постојано ќе ги правите

palacinki (1)

Сите сакаме да јадеме палачинки, солени, благи… и сите ги подготвуваме во домот, но овој рецепт дефинитивно ќе ве натера никогаш да не направите друг вид палачинки освен овој.

Потребни ви се:

15-ина палачинки.

2 јајца

2 децилитри кисела павлака

300 грама пилешки гради

300 грама сирење

1 пиперка

сол, бибер, оригано

100 грама сусам и 50 грама презла

Смешајте ги јајцата и павлаката, половина за смеса, половина за мачкање на палачинките. Сите други состојки измешајте ги и исечете заедно, а можете да додатете и нешто по избор. Додадете од зачините по избор и мачкајте ги палачинките кои ќе ги редите една врз друга во тепсија. Потоа премачкајте најгоре со павлаката и јајцата, па ставете презла и сусам на врвот. Печете на 180 степени 20-ина минути.

Добар апетит!

За здрав живот доволнa е само една минута дневно

hhhh-300x224 (1)

Кога би ви рекле дека за здравје е потребна само една минута дневно, сигурно би помислиле дека се работи за добар маркетиншки трик…

Во забрзаниот свет во кој живееме секоја минута е драгоцена и овие совети сигурно добро ќе ви дојдат. Обрнете внимание на 25 едноставни трикови кои можете да ги направите само за 60 секунди.

1. Чистете ги забите со конец – освен што ќе ви бидат забите бели и светли, чистењето може да спречи и срцев удар.

2. Растегнете се – брзото растегнување каде било и кога било ја намалува тензијата и напнатоста.

3. Здраво грицкање – наместо да чекате целосно да огладнете, земете ореви, бадеми, лешници или некое овошје за да го ублажите гладот.

4. Избегнувајте лифт, користете ги скалите – времето на траење на овие вежби зависи од катот до кој одите, но во секој случај повеќе ќе постигнете отколку да го чекате лифтот.

5. Побарајте здрави рецепти наместо првиот кој ви се појавува на Google.

6. Оставете ја технологијата

7. Додајте лимон во водата

8. Одберете си вежби кои ќе ги правите во следниот период.

9. Исчистете ја работната маса и компјутерот.

10. Длабоко вдишете

11. Повикајте пријатели со кои ќе разговарате и ќе се ослободите од стресот

12. Измасирајте си ја главата

13. Најдете едноминутен предизвик и надминувајте го сопствениот рекорд

14. Испијте чаша вода

15. Излезете на воздух

16. Напишете листа на работи за кои сте благодарни

17. Измијте ги рацете

18. Пијте витамини

19. Средете ја собата – можеби не е можно детално чистење за 1 минута, но можете барем привидно да ги тргнете работите кои ви пречат.

20. Подгответе си ја спортската торба за вежбање или чантата за на работа. Така, нема да се потресувате следниот ден.

21. Пуштете си ја омилената песна

22. Отворете книга со позитивни мисли и прочитајте си една реченица по случаен избор.

23. Замислете си желба.

24. Изедете коцка чоколадо.

25. Насмевнете се.

Гледате, не е тешко…мали навики до големи и среќни промени!