дома блог страница 5455

ГАЛЕРИЈА: Во Прилеп се одржа вистински фајтерски спектакл. „Прилеп фајт најт“ понуди огромно возбудување

DSCN7307 Markukule.mk

Вистински фајтерски спектакл се одвиваше вечерва во Прилеп. ,,Прилеп фајт најт” понуди уживање за љубителите на боксот. Во спортската сала во СОУ “Ѓорче Петров”, се одржа професионален бокс меч меѓу Даниел Мендес од Англија и Гркот Карилаос Малихуидис. Прекрасно беше доживувањето, а адреналинот беше на високо ниво кај сите посетители, што после подолго време имаа ваква прилика да проследат еден ваков настан на професионално ниво.

[Best_Wordpress_Gallery id=”141″ gal_title=”Прилепфајтнајт”]

Настанот беше во организација на Про бокс Македонија, Боксерскиот клуб АС и Кик бокс клубот Шампион од Прилеп, а под надзор на Европската боксерска унија и Светската кик бокс федерација.

Благодарение на неколку ентузијасти и големи вљубеници во боречките вештини, Прилепчани имаа прекрасна можност да уживаат во вештините на врвни професионалци, како од државата, така од регионот, европа, па и светот.

Покрај бокс средби се одржаа и неколку кик бокс мечеви
Мартин Алексоски и Александар Арсовски имаа бокс меч во пионерска конкуренција, додека во сениорска конкуренција се сретнаа Ице Трајкоски и Александар Петров. Во кик бокс (лајт контакт) имаше три борби и тоа: Бојан Станојоски- Божидар Димитријевиќ, Енвер Салиески – Христијан Митрески и Трајче Илиески – Давид Велкоски и во лоу кик сениори Коста Боцкаровски се бореше против Кире Ралески.

На крајот од овој спектакл следеше и шлагот на вечерта, профи бокс мечот помеѓу Даниел Мендес од Англија и гркот Карилаос Малихуидис, борба што со сигурност ќе се памети.

Се на се ова беше уште една од ретките можности што прилепската, па и македонската публика, односно љубителите на поагресивните спортови и адреналинот, можеја да го проследат настанот кој долго ќе остане во паметење и за кој многу ќе се говори. Тимот на Маркукуле.мк беше таму за да ви ја долови армосферата и да го доближи до вас овој спектакуларен настан.

DSCN7278 Markukule.mk

Саботно кафе Прилеп – 06.02.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”140″ gal_title=”СаботноКафе06022016″]

Што ќе се случи ако го триете показалецот 60 секунди?

masaza-prsti (1)

Дел од алтернативната медицина е верувањето дека со масажа, односно триење на прстите на раката, може да се спречи одредена телесна болка.

Јапонската древна медицина вели дека секој прст е поврзан со одреден орган на телото и така може да се подобри работата на секој орган во нашето тело. Така на пример може да третирате главоболка. Со триењето на прстот набрзо симптомите ќе се намалат или ќе исчезнат. Доволна е само 1 минута за да почувствувате промена.

1. Палецот е поврзан со срцето и белите дробови – масирајте го овој прст кога ќе почувствувате дека срцето ви чука премногу силно, односно кога се задишувате и останувате без воздух.

2. Показалецот е поврзан со бубрезите и мочниот меур – масирајте го овој прст кога ве мачи дијареа, кога имате столица, ако имате проблеми со слезината или желудникот.

3. Средниот прст е поврзан со жолчната ќеса и црниот дроб – масирајте го овој прст кога ве мачи несоница, мигрена или кога имате мачнина за време на возење.

4. Четвртиот прст е поврзан со дебелото црево – масирајте го овој прст ако ве мачи главоболка, мигрена, вкочанетост и болка во вратот, што е резултат на слаба циркулација.

5. Малиот прст е поврзан со тенкото црево – масирајте го прстот кога ќе почувствувате потешкотии и нервоза.

Дополнителен совет: Во нашите дланки има многу нерви, па ако сакате да го подобрите здравјето, едноставно ракоплескајте почесто.

На овој ден е роден Џумерко, слава му!

На овој ден е роден еден од најголемите актери во Македонија, Благоја Спиркоски-Џумерко.

blagoja-spirkoski-dzumerko

Денес ќе наполнеше 70 години, но за жал тој повеќе не е со нас.

 

Роден е на 6-ти февруари во Прилеп 1946-година, а почина во јуни 2015-та.

 

Оствари огромен број на улоги по кои ќе го паметиме вечно, но неговиот пиедестал во кариерата е улогата на Итар Пејо во ТВ драмата „Солунски патрдии“.

 

Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011-та година.

 

Почивај во мир великану.

 

ВИДЕО: Проект кој ќе посакате веднаш да го направите – модерни патики за само неколку минути

patiki

Потребно ви е лепило за текстил и парче тенок текстил или тантела.

Следете ги чекорите од видеото и разубавете ги старите патики.

Зоран Даноски е седмото засилување на Победа

10991087_327027790824558_4428612022821777416_n

25-годишниот прилепски фудбалер Зоран Даноски е седмото засилување на Победа во зимскиот преоден рок. Даноски, кој сеуште има актуелен договор со чешкиот прволигаш Марила Прибрам, се очекува следните денови да ги добие потребните документи за напролет да настапува како позајмен фудбалер во дресот на прилепскиот прволигаш. Тој изминатата есенска полусезона, исто така како позајмен фудбалер, го ноесеше дресот на прволигашот Металург за кој на 12 натпревари постигна 3 гола. Даноски во Чешка е од 2009 каде со полна афирмација се стекна во дресот на Бањик Мост, за кој на 55 натпревари постигна 16 голови, по што следеше трансфер во Марила Прибрам, тим за кој настапи на 55 натпревари на кои постигна 4 голови (од кои 2 на меч против шампионот Плзен). Даноски веќе неколку дена тренира со екипата и по лекарската дозвола за целосно санираната непријатна повреда се очекува да се најде во тимот на следните контролни натпревари.

Претходно Победа ги ангажира: Орданчо Наумоски (Металург), Кире Ристевски (Силекс), Стефан Иваноски (Тетекс), Христијан Петрески (Гостивар), Денис Димитриоски (Пелистер) и Никола Тодороски(Австралија). Клубот го напуштија: Горан Николов и Мартин Рутески.

Со овие засилувања и покрај 5-то место на крајот на есенската полусезона, а со оглед на крајно изедначената конкуренција и квалитет на Втората лига, Победа ја наметнува својата најсериозна кандидатура во борбата за влез во Првата лига.

Започна турнирот во баскет „Гоце Делчев“

IMG_7910

Вчера, во спортската сала на средното училиште „Ристе Ристески Ричко“ беше отворен турнирот во баскет „Гоце Делчев“.

Турнирот, се организира по повод 60- годишнината од формирањето на првиот кошаркарски клуб во градот „Гоце Делчев“ и  ќе трае до недела, седми февруари.

IMG_7936

IMG_7918

Турнирот побуди голем интерес. Учество земаат, 40 екипи кои се  поделени во три возрасни категории: натпреварувачи до 18 години, од 19 до 40 години и натпреварувачи над 40 години. Пријавувањето беше  бесплатно, а  најдобрите три екипи од секоја возрасна категорија ќе бидат  наградени.

IMG_7990

IMG_8052

IMG_7950

IMG_7953

IMG_7960

IMG_7978

Ноќен живот Прилеп : VIRUS & Take Five – 05.02.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”139″ gal_title=”NokenzivotPrilep_050216″]

Зошто и каков чај треба да пиеме?

caj-630x396

Нема ништо поубаво шоља топол чај со лимон и мед во студена вечер, со секоја голтка ни се стоплува душата и сме побогати со неопходни витамини.

Чајот е напиток кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка Camellia sinensis. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Четирите главни вида на чај се: црн чај, улонг, зелен чај и бел чај.

Дали знаевте дека редовното пиење чај е одлично за вашето здравје?

Со секојдневно конзумирање на 1 до 2 шољи чај дневно, ќе имате подобра циркулација, здраво срце и ќе ве заштити од инфаркт. Помага за подобра физичка издржливост во текот на денот.

Чајот се препорачува да се пие во текот на целата година, бидејќи во летните денови го штити човечкото тело и кожата од UV зраците, а преку целата година го продолжува животот на секој човек. Тој е одличен извор на антиоксиданси.

Чајот е одличен да се пие бидејќи го намалува стресот и ја зголемува мозочната активност. Доколку имате висок крвен притисок, ќе ви го редуцира. Ги заштитува белите дробови од пасивното пушење. Влијае позитивно на црниот дроб ако конзумирате алкохол и го намалува неговото дејство. Делува превентивно за да не ви се појави кариес на забите и ќе ви го елиминира лошиот здив. Ги заштитува и чува коските, дури и во подоцнежните години. Го зголемува имунитетот и ве прави отпорни на настинки и болести. Овозможува хидратација слична како водата.

 Како да се одлучите кој чај да го пиете?

Чајот е еден од највкусните и најздравите пијалаци на светот. Постојат најразлични видови чаеви ширум светот, но многумина од нас не знаат како да го приготват и користат овој магичен пијалак. Ако имате дилема околу тоа кој чај за која пригода да го одберете, ќе ви наведеме поточно кој чај во каква пригода се применува:

Чај од жалфија. Добар е за плакнење на грлото и усната шуплина. Помага при воспалено грло и настинки.

 – Чај од шипки. Добар е против настинка бидејки содржи многу витамин Ц.

green-apple--

– Чај од липа. Одличен е за добар сон.

 – Чај од хибискус. Ја намалува опасноста од покачен крвен притисок, содржи многу витамин Ц и може да биде афродизијак.

 – Чај од брусница. Има одлични антибактериски својства и се препорачува при проблеми со уринарните патишта.

 – Црн чај. Го намалува крвниот притисок и го чува срцето и крвните садови.

– Зелен чај. Содржи корисни полифеноли кои се силен антиоксиданс, па помагаат во борба против рак или при диети кај луѓе кои имаат поспор метаболизам. Може да го пиете и разладен со лимон, а помага и во губење на килограми, штити од рак, го намалува ризикот од мозочен удар и го чува непцето.

Чај од нане. Го смирува стомакот, ја намалува температурата и ги намалува болките.

 – Чај од мајчина душичка. Се препорачува за смирување и против зарипнатост.

kamilica

– Чај од камилица. Се употребува во тек на лекување на очни инфекции, тешкотии со варењето и иритација на кожата, добар е за грлото, кога ќе загнои заб или ќе потече, против воспаление на непцата, против подуеност и мачнини во стомакот.

Се надеваме дека после сите овие причини, ќе се напиете барем една шоља чај.

 

МИГРАНТИ ВО РУСКИ БАР: Мислеле дека се во ЕУ па почнале да ги чепкаат Русинките, потоа дошле Русите….

russians-mob

Мигранти од Блискиот исток излегле во еден популарен клуб, бо близина на норвешката граница, почнале да ги вознемируваат младите Русинки и сфатиле, но прекасно каде се наоѓаат.

Иако полициските лица не сакаат да зборуваат за тоа, коментарите на друштвените мрежи кажуваат за инцидент кој се случил во Мурманск

До проблем дошло кога Норвешка избркала 50 машки лица од Блискиот исток, поради лошо однесување и ги вратиле во Русија, преку која поминале до “земјите со мед и млеко”. Koга повторно се нашле во Русија, се одлучиле да се забавуваат во локална дискотека, па заборавиле каде се наоѓаат, почнале да ги задеваат Русинките.

Според коментарите на друштвените мрежи, мигрантите се обиделе да побегнат и да се сокријат, но Русите им одржале лекција. Да не дошле голем број на полициски сили, нештата можеле да ескалираат, пренесува веб сајтот “ТhisisEngland”. За мигрантите било кобно тоа што, полицијата не била ништо повеќе толерантна спрема нив.

Иако ги посоветувале локалните Руси да не ги линчуваат непристојните мажи, и тие тивко се придружиле на оваа “едукација” , пренесува сајтот “News.li”.

Како резултат на инцидентот, 18 мажи завршиле во болница, 33 во притвор, а меѓу сите се развила идејата да се вратат во татковината.

“Добредојдовте во Русија. Одушевени сме што имаме посетители, но не смеете да заборавите, вие сте овде само гости”, рекол еден од учесниците во овој инцидент.

Aлександар Георгиоски