дома блог страница 5454

Рускиот цртан филм “Маша И Медо” е вистински хит кој руши рекорди низ целиот свет

47cce43a86bc89ea3bb63fe28b87f27d4 (1)

МАША  И МЕДО му се приклучија на Псај и Адел во милијарда клубот на Јутјуб .

Рускиот детски цртан филм за палавото девојче Маша и слаткиот Медо, од неодамна влезе во 20 видеа кои имаат над милијарда  прегледи на Јутјуб. Цртаниот филм кој го обиколи светот и кој е популарен на сите континенти се најде во милијарда клубот преку 17та епизода.

Погледнете за кој дел од цртаниот филм Маша и Медо се работи преку видеото:

Знаете ли дека во четот на Фејсбук има скриена игра?

Покрај сите слики, разговори, објави и вирални предизвици, Фејсбук крие и други изненадувања. Едно за кое се дозна неодамна е шахот во прозорецот за разговор за кој малкумина знаат дека постои.

 

sah-na-fb

Компанијата, впрочем, никаде не открива дека постои можноста за играње шах во рамки на социјалната мрежа. Таа е дури и тешка да се пронајде доколку не знаете точно што барате. Тоа е така бидејќи играта се активира само со внесување специјален код во прозорецот за разговор – @fbchess play.

Потоа ќе се појави шаховска табла и секој од учесниците во разговорот добива сет фигури, а потоа е време за игра. Фигурите се поместуваат со пишани команди кои им се познати на оние кои се експерти во шахот.

За да поместите фигура секогаш мора да напишете @fbchess, а потоа додавате ознака на полето на која сакате да ја ставите фигурата. На пример, доколку сакате да поместите пион, внесувате @fbchess Ph3. Потоа следува другиот играч.

ФОТО: Овој човек ќе го замени Путин

djumin-1-650x396

Владимир Путин го подготвува човекот што ќе ја предводи Русија по неговото заминување, а името на тој човек е Алексеј Дјумин, пишува „Дејли Меил“.

Дјумин (43), заменик министерот за одбрана, во Русија има имиџ на херој на војската и е единствен кој ја поседува харизма која што може да се мери со онаа на Путин.

djumin-2

Путин оваа недела на Дјумин му ја доверил и првата задача на долгиот пат до преземање на власта во Москва. Односно тој го презема местото гувернер во оддалечениот регион Тула. Истовремено во медиумите се пренесуваат и протечените извештаи за херојството на Дјумин за време на неговата воена кариера.

Дјумин е поранешен телохранител и пријател на Путин, но и голман во хокејарскиот клуб на претседателот на Русија. Додека беше заедно со Путин даваше впечаток на човек во сенка во кого претседателот има огромна доверба.

Од друга страна, Дјумин е познат и како човек кој успешно ја водел операцијата за отстранување на симнатиот Виктор Јанукович во Украина, но и како човек што бил заповедник на руските специјалци што ја играле клучната улога во заземањето на Крим. За ова тој од Путин доби медал за храброст, титулата Херој на Русија и беше унапреден во чинот генерал. Според некои извештаи тој бил заменик на руската војна служба.

Потоа е поставен на местото заменик министер за одбрана, веднаш зад Сергеј Шојгу. Одлуката на Путин да му ја даде Тула на управување за аналитичарите претставува знак дека претседателот го подготвува човекот што во целост ќе биде подготвен да ги преземе сите негови улоги.

Аналитичарите, исто така очекуваат дека 63-годишниот Путин ќе се кандидира на изборите во 2018-тата година, но тоа ќе му биде последен мандат и дека дури постои можност некаде во 2020-та година да му го предаде мандатот токму на Дјумин.

Навивачите на Шалке му оддадоја почит на починатиот фан на Вардар

Schalke Fans Gedenken verstorbenen Vardar Fan

Навивачите на германски Шалке со транспарент на македонска кирилица, му оддадоја почит на починатиот фан на ФК Вардар Сашо Микиќ  – Штракало.

На натпреварот кој се одигра вчера против Волфсбург, ултрасите на Шалке развиорија транспарент со кој ја покажаја солидарноста и пријателската врска која ја имаат со Вардар и македонските навивачи.

Пораката на знамето гласеше:  ,, Почивај во мир Штракало, Ултрасите живеат вечно” .

 Aлександар Георгиоски

Ноќен живот Прилеп – 06.02.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”143″ gal_title=”ВечерноКорзоПрилеп”]

Заврши турнирот во баскет „Гоце Делчев“

IMG_8135

Заврши турнирот во баскет „Гоце Делчев“, кој се одржа во  спортската сала на средното училиште „Ристе Ристески Ричко“. Најдобрите три екипи беа наградени со вредносни ваучари за спортска опрема, од 9.000 ден, 6.000ден и 3.000 денари  .

IMG_8129

IMG_8086

IMG_8088

Наградите ги додели градоначалникот г-дин Марјан Ристески, кој го оцени турнирот во баскет како одлична можност за дружење, спортување и натпреварување, меѓу младите. Турнирот во баскет „Гоце Делчев„ се организираше по повод 60 годишнината од формирањето на првиот кошаркарски клуб во градот „Гоце Делчев“.

IMG_8066

IMG_8154

IMG_8162

IMG_8175

IMG_8201

IMG_8063

Како да поминете прекрасен ден во Крушево, и да понесете неверојатни животни спомени

12509873_10205951980420685_5615650995123550831_n

Прекрасен сончев ден, каде да се поминe  ако не на свеж воздух во Крушево. Живописната градска архитектура, прекрасните пејсажи во непосредна близина на Крушево даваат совршен баланс помеѓу забавата и авантурата за време на вашиот престој во овој шармантен град.
Ние сакаме да ја споделимe нашата фасцинација со вас, дојдете во Крушево и понесете неверојатни  животни спомени.

picerija roma

Доаѓајќи од далеку, првиот ресторан на кој наидов е вистински избор за вкусен оброк. ,,ПИЦА РЕСТОРАН РОМА,, е префинет склоп на љубезност и професионалност.  За топлите денови тераса, но овој не беше еден од нив. Бев доволно истоштена  да започнам со предјадење, топено сирење и ракија , главно јадење Рома грне ,  плескавица на кајмак и секако добро вино, за десерт лава колач, ммм прекрасно. Вкусовите ги заскокоткаа сите мои сетила. Поведена од гладот останав фасцинирана од сите јадења. Пицерија Рома е преголем предизвик, тешко кој би одолеал.

04.Picerija Roma PIZZA

02.picarija roma roma grne

01.Picerija Roma Topeno sirenje

05.Picerija Roma Lava cake

А мракот веќе послан по крушевските калдрми. Кафе бар ,,ОЛД СКУЛ,, Преполн локал. Пријатна мелодија на локланите бендови, вистинско место за адреналинска забава. Таму времето неможе да биде залудно потрошено.

Oldschool2

oldschool1

Продолжив во клуб ,,Планет,, уште еден преполн локал , беспрекорна услуга. Вистинско место за викенд забава, утринско кафе и попладневно дружење.

planet1

planet2

Ноќ поблиску до ѕвездите. Поглед кон градот кој го одзема здивот. Крушево на дланка.,, Вила Медуза,,  вистински избор за поавтентично да го почувствувате сплетот на традицијата и луксузот. Сопствен паркинг, апартмани, лоби, сауна и уште многу други услуги кои ви стојат на располагање.

медуза4

vila meduza 6

vila meduza5

vila meduza3

вила медуза2

медуза3

Не оставајте ништо на случајноста, исклучете ја можноста за разочарување, нивниот квалитет е проверен.

Поканети сте да пробате што ви нуди Крушево!

На здравје!

Наташа Талеска

Ноќен живот Прилеп – Аrt Caffe 06.02.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”142″ gal_title=”NokenzivotPrilep_06022016″]

Ако ја имате оваа банкнота можете да ја замените за 15.000 евра

100 српски динара, вредат околу 50 денари, освен ако не станува збор за банкнота од 1884 година. Таа банкнота вреди 15.000 евра.

 

sto-dinara

Цената на старите банкноти зависи од зачуваноста на банкнотата и реткоста, а најскапа на Балканов е токму 140 години старата банкнота од 100 динари.

Следна по вредност е банкнотата од 10 динари од 1885 година, која вреди околу 8.000 евра.

deset-dinara

Доколку во некоја фиока низ домот имате стари банкноти, проверете да не имате некој од овие.

ВИДЕО – Маркукуле.мк откри лесен лек против мравки

5645464545

Мравките се можеби најдосадните инсекти кои кога ќе се најдат во вашиот дом ви предизвикуваат проблеми.

Без да користите инсектициди и да го полнете вашиот дом со хемикалии, постои многу поедноставен лек со кој ќе се справите со овие ситни провалници во вашиот дом.

Погледнете го ВИДЕОТО и уверете се во тоа: