Зоран Даноски е седмото засилување на Победа

10991087_327027790824558_4428612022821777416_n

25-годишниот прилепски фудбалер Зоран Даноски е седмото засилување на Победа во зимскиот преоден рок. Даноски, кој сеуште има актуелен договор со чешкиот прволигаш Марила Прибрам, се очекува следните денови да ги добие потребните документи за напролет да настапува како позајмен фудбалер во дресот на прилепскиот прволигаш. Тој изминатата есенска полусезона, исто така како позајмен фудбалер, го ноесеше дресот на прволигашот Металург за кој на 12 натпревари постигна 3 гола. Даноски во Чешка е од 2009 каде со полна афирмација се стекна во дресот на Бањик Мост, за кој на 55 натпревари постигна 16 голови, по што следеше трансфер во Марила Прибрам, тим за кој настапи на 55 натпревари на кои постигна 4 голови (од кои 2 на меч против шампионот Плзен). Даноски веќе неколку дена тренира со екипата и по лекарската дозвола за целосно санираната непријатна повреда се очекува да се најде во тимот на следните контролни натпревари.

Претходно Победа ги ангажира: Орданчо Наумоски (Металург), Кире Ристевски (Силекс), Стефан Иваноски (Тетекс), Христијан Петрески (Гостивар), Денис Димитриоски (Пелистер) и Никола Тодороски(Австралија). Клубот го напуштија: Горан Николов и Мартин Рутески.

Со овие засилувања и покрај 5-то место на крајот на есенската полусезона, а со оглед на крајно изедначената конкуренција и квалитет на Втората лига, Победа ја наметнува својата најсериозна кандидатура во борбата за влез во Првата лига.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.