дома блог страница 5456

Груевски: Ќе се почне со загарантирано вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии, секоја година

gruevski-press

Зборот е збор и има вредност само доколку се испочитува. Ветувањето има вредност ако се преточи во дело. Нашите ветувања се цврст договор со граѓаните.

Ова денеска го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по што објави нови мерки кои се во корист на младите лица од Република Македонија.

-За два месеци излеговме со 14 значајни ветувања за младите, тие се нашиот фокус и еден од нашите најзначајни приоритети. Секоја инвестиција во младите луѓе е инвестиција во својата иднина и во обезбедување на капитал кој е трајна вредност која се исплати неколкукратно. Сите мерки и проекти стануваат реалност. Со нас знаете дека сте на сигурно и дека ветеното ќе го реализираме. Одмереноста е одлика на сериозноста со која ние постапуваме, но и искрениот однос кој го имаме. Денес дозволете да објавам нови проекти за младите кои имаат реална и конкретна вредност. Вработување на 100 најдобри студенти на додипломски студии, автоматско, законско, директно вработување. Најдобрите 100 веднаш по комплетирање на образованието ќе добијат работа и сигурна егзистенција, најсилен поттик на оние кои инвестирале во своето образование. Од секоја учебна година стоте најдобри кои дипломирале на државни универзитети во Македонија ќе бидат вработени во јавната администрација, акционерски друштва. Ќе се подготви методологија за рангирање согласно просечната оценка во текот на студирањето и ќе има околу 70% удел во конечно рангирање. Поседување на меѓународен сертификат за трите најчесто користени јазици на ЕУ издаден од официјален европски тестатор ќе има удел од 20% во рангирање. Трет критериум ќе биде брзината на завршување на додипломските студии. Во предвид ќе бидат земени најдобрите од петте најдобро рангирани универзитети во Македонија. Секоја година од прво рангираниот 30 најдобри, второ рангираниот 25, трето рангираниот 20, четврто рангираниот 15 и петто рангираниот 10 студенти. Во критериумите ќе биде и елементот на тоа колку испити има положено студентот кај професор што има повеќе од 2 објавени труда во меѓународни списанија со импакт фактор, истакна Груевски.

За оваа цел ќе се измени и дополни законот за административни служебници и други посебни закони во кои ќе се предвидат критериумите за најдобри студенти.

Проектот ќе се реализира во соработка со Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, какои Министерството за образование на Република Македонија и ќе се применува од август 2017 година,а ќе се врши селекција еднаш годишно.

Оваа мега мерка ќе биде сериозен стимул за најдобрите студенти кои се посветиле за образованието, клуч за успех во животот на секој поединец и негов најголем капитал.

Ќе имаат сигурна егзистенција и ќе може да ја градат својата иднина во Република Македонија.

ФОТО ГАЛЕРИЈА – Како изгледа татковството некогаш

AD-What-Parenting-Really-Looks-Like-15

Како изгледа татковството понекогаш покажуваат токму овие фотографии. Што се треба да прават родителите некогаш за да ги направат среќни своите мали “ѓаволчиња”. Погледнете ја галеријата која навистина ќе ви го направи денот повесел.

[Best_Wordpress_Gallery id=”138″ gal_title=”TatkovciDeca”]

AD-What-Parenting-Really-Looks-Like-20

А.Г.

Босански хороскоп: Дознајте дали сте Лопата, Мешалка или Северина

bosanski-horoskop5

Кога ќе го прочитате вашиот знак ќе се смеете со часови и оваа објава ќе ја споделите со своите пријатели

Лопата (22.12 – 19.01)

Родените во овој знак најчесто „се зезнати“. Доведете ги на подготовка на градилиште и до врата се во кал. Инаку се одликуваат со аналитички дух и романтична природа, но тоа ништо не им користи ако во близина им е личност со знак Лопата. Добро се согласуваат со родените во знакот Копач.

Мешалка (20.01 – 18.02)

Личностите од овој знак се сталожени и мирни луѓе. Во главно се во ред додека мешалката работи. Малку полудуваат ако нешто се расипе, но потоа ги собираат оние родените во знакот Лопата за рачно тоа да го сработат. Изразито се весели луѓе и сакаат деца.

Дигалка (19.02 – 20.03)

Родените во знакот дигалка се, логично, витки, високи и цврсти. Малку нестабилни како личности, па често им се случува да им се залепат стапалата за земја за да не се превртат. Добро се согласуваат со Мешалките. Дигалките се луѓе кои се тивки, внимателни и склони на магија, мистични. Обожаваат сирење и јагнешко на ражен.

Контејнер (21.03 – 19.04)

Нивниот заштитник е Црвениот орел. Не се знае зошто, тие така тврдат. Наводно тоа е поради гужвата во контејнерот. Добро се согласуваат со Лопатите, секако доколку овие не лудуваат премногу. Се одликуваат со голема паметна снага, емотивна енергија и смрдливи нозе.

Копач (20.04 – 20.05)

Изразито продуховени личности на кои семејните односи и вредности им се на прво место. Тоа е посебно видливо во нивните пцовки каде редовно спомнуваат Бог, Црква, мајка, татко, сестра и слично. Најинтензивни религиозни искуства од оваа врска доживуваат кога нешто не им оди од рака. Треба уште да се додаде дека се како тотем од цветот на зелката.

Армиран бетон (21.05 – 20.06)

Армираниот бетон е знак во кој се родени главните фаци на градилиштето. Силни и зезнати, страв и трепет се за Дигалките и Мешалките. Игнорираат. Брадата и мустаците ретко ги отстрануваат. Не одржуваат хигиена.

Чекан ( 21.06 – 22.07)

Родените во овој знак се изразито очајни луѓе. Склони се кон депресивно расположение кога ќе им снема пиво. Емотивно се врзани за мајчина фигура, а во ликот се како дежурни келнери. Не поднесуваат Лопати и Бетони. Бојата на личностите со овој знак е розова. Обожаваат какао.

Месен нарезак (23.07 – 22.08)

Личностите со овој знак често патат од зголемен холестерол. Добро се согласуваат со Контејнерите. Остроумни се и храбри луѓе. Луѓето од другите знаци ги сакаат, но често зад грб ги пцујат, особено Бетонот. Таинственоста е изразена кај личностите од знакот Месен нарезак. Нивната боја е смеѓа до црна. Обожаваат грашок.

Шлем (23.08 – 22.09)

Родените во овој знак се изразито интелектуални личности. Се постигнуваат со главата. Најчесто работат, а понекогаш и мислат, иако не се склони да ја користат особината. Ги обожаваат Дигалките и Бетонот. Често се занимаваат со поезија и се романтичари. Храбри и истрајни личности, силни во секој поглед со истенчена смисла за правда и семејство. Се залагаат за другите и легализација на проституцијата. Бојата им е, секако, бела.

Мујо (23.09 – 23.10)

Родените во знакот Мујо, главни фаци се на градилиште. Најдобро се согласуваат со Лопатите и Копачите, а најтешко со Бетонот. Особено се друштвени и пријателски настроени, па затоа и многу ретко се сами. Склони се на културен ангажман во биртиите и алпско искачување на локални жени со слаб морал. Бојата на Мујо е виолетова, а најмногу на свет сакаат бурек.

Цигла (24.10 – 21.11)

Личностите со знак Цигла имаат изразено добра способност да пресудуваат и предвидуваат. Експерти се за човечка душа. Лесно предвидуваат кога се подготвува некоја лудорија па мудро се повлекуваат во позадина од каде што стрелаат директно во целта се до мирно решавање на конфликтот. Најдобро се согласуваат со Бетоните и Мешалките, а не ги поднесуваат Копачите, Месните нарезаци и пишаните зборови. Омилена боја им е боја на цигла, особено зелена.

Северина (22.11 – 21.12)

Северина најдобро се согласува со Контејнер и Мујо. Родените во овој знак се склони на анален секс, но исто така им треба да се додаде и по некоја душевна карактеристика како што е интуицијата и големата способност за предвидување. Чувствуваат силна аверзија против камера и секаков вид на снимање. Мана им е влакнетоста. Бојата на Северина е црна, а најмногу обожава зелена трева.

Ќерката на Гадафи станува нов предводник на отпорот во Либија

kjerkata-na-gadafi-650x396

Ајша Гадафи станува нов предводник на отпорот во клучен миг за земјата – пред новата интервенција на НАТО. Како генерал – полковник на либиската војска таа се заколна на лојалност кон својот легендарен татко и ги повика Либијците да се разбудат за да победат, да бидат успешни и „да ја вратат владата на Џамахирија“.

Ајша Гадафи гарантира дека во наредните месеци ќе формира „тајна влада“ од познати Либијци кои се лојални кон гадафи и која што ќе делува како посредник во Либија и во странство. Анализирајќи ја моменталната ситуација, таа ја критикуваше поранешната војска поради тоа што е „луда мешавина од анархисти“ и одлучи да војува по принципот „се борам за оној што повеќе ќе плати“.

Ќерката на Гадафи ги обвини за користење на зеленото знаме на Џамахарија и за регрутирање на нејзините следбеници, како и за зајакнување на племенските влади, под чија сенка влегле во сојузништво со исламистите. Племињата Туарег и Тубу од ќерката на Гадафи беа обвинети за сепаратизам и за завера со владата во Тобрук.

https://twitter.com/DaVinciVerita/status/694526772973424640/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw

Ајша Гадафи ги повика војниците од либиските вооружени сили да положат заклетва пред неа, како врховен командант, со цел да ја обнови државата.

Моето име ми дава должност и право да бидам на чело на оваа битка, напиша Ајша, која во војната го загуби сопругот и двете деца.

Денес таа е подготвена да стане симбол на нацијата и рамо до рамо со портретот на гадафи да стане симбол на мисијата за повторно национално единство. Говорејќи за Либијците како за нејзини деца, таа се спореди себе си со мајката што ќе се бори за сопствените деца.

Додека говореше за терористите на ал Каеда, кои го симнаа Гадафи во 2011-тата, Ајша вели дека нивната пропаст и смрт имаат здив на лудило и дека ќе се распаднат и ќе исчезнат. Таа напиша дека „ние сме подготвени за смртоносна битка“ во која терористите ќе се соочат со една нација.

Во заклучокот таа ветува потпишување на нов договор. Според гласините, печатената верзија на овој повик тајно била делена во главните градови во Либија – Триполи и Тобрук, а наскоро се очекува и нејзиниот говор на телевизија.

Избран најдобриот спортист на Прилеп

1
Пехарот за ракометарот Менде Петкоски. Редакцијата на неделниот весник ’’Зенит’’ по осми пат избра најдобар спортист на Прилеп. Почестите за минатата 2015 година се за ракометарот, левото крило на суперлигашот Прилеп, Менде Петкоски кој ги прими пехарот и дипломата. Тој беше меѓу најзаслужните во екипата што избори пласман над очекувањата. Пролетта, во дебитантската суперлигашка сезона играше во плеј-офот, а есеноска се пласира на високото второ место веднаш под фаворитот Металург. Целта пролетва се добри игри до крајот на основниот дел од лигата и достојно претставување во плеј-офот, каде се појавуваат шанси за излез во Европа. Ракометот под Марковите Кули е во силен прогрес и оттука полната трибина на секој првенствен натпревар.
Претходните години најбројни добитници на признанието беа каратистките – четирипати, трипати беа прогласени ракометарки, двајца фудбалери, по еден борач и параглајдерист.

Опасно по здравје: Не ги кршете таблетите на половина!

Tablete

Таблетите се обложени со причина, најчесто за да се спречи растворање на лекот во желудникот, и да се заштити слузокожата на желудникот од агресивните материи од лекот.

Било да се работи за хронични пациенти кои секојдневно земаат терапија, или само повремено земаат по некој лек, могу луѓе користат половина таблета, за со тоа да ја преполоват дозата која ја земаат.

Но, оваа пракса, фармацевтите никако не ја препорачуваат, тук советуваат таблетите никако да не се кршат.

Таблетите се обложени со причина, најчесто за да се спречи растворање на лекот во желудникот, и да се заштити слузокожата на желудникот од агресивните материи од лекот. Затоа никако не се препорачува таблетите да се кршат .

На пример, ако кршите филмуван аспирин, се губи заштитното дејство на обвивката на лекот за слузокожата на желудникот.

Со кршењето на некои лекови, не се дели правилно дозата, a кај некои повеќеслојно обложени лекови, со кршењето се менува комплетно дејството на лекот, со непредвидливи последици.

Фармацевтите советуваат дека некои лекови можат да се кршат, особено оние кои имаат втисната линија, иако постоењето на линијта не е сигурен знак дека таблетата треба да се дели на половина.

Најдобро е да се делат само оние лекови за кои е јасно најзначено воупатството за лекот, или ако таков совет добиете од лекарот или фармацефтот.

Државата одобри лекување во САД на 8-годишнатa Ели

eli-640x426

Фондот за здравство одобри малата Ели да остане во болницата во САД уште 16 дена на државна сметка, откако американските доктори препорачаа дека таа по операцијата треба да остане подолго од првично предвидените седум дена.

Тоа не значи дека донациите од граѓаните треба да престанат, бидејќи неизвесно е кога Ели поради нејзината здравствена состојба ќе може да излезе од болница.

Потоа, треба да остане во САД минимум шест недели на надгледување, период кој нејзините родители не можат да го издржат финансиски, а ѝ следува уште една, завршна операција, за доживотно да се излечи осумгодишното девојче од болеста која статистички погодува едно од два милиона деца.

Од Фондот за здравство велат дека максимално брзо одговориле на барањето за лекување на девојчето.

Повеќе од 10.000 граѓани ја споделија сторијата за Ели девојчето кое осум години помина во болничките соби.

Судбината на Ели го погоди и малиот Јован кој за да помогне  свиреше гитара на скопскиот плоштад, собирајќи пари за нејзиниот престој во САД.

070/143-111 – само за корисниците на Телеком

077/143-775 – само за корисниците на ВИП

075/143-114 -само за корисниците на  ОНЕ

Сметка за Ели:

– Денарска

300001000024155

Комерцијална банка

Елена Додевска

– Девизна
Dodevska Elena

IBAN: MK07300307063080823

BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X

KOMERCIJALNA BANKA

Како да ја доживеете стотата: Ракијата и здравјето

rakija

Луѓето кои повремено пијат, според некои истражувања се поздрави и подолго живеат од оние кои никогаш не пијат или од алкохоличарите. Една ракија дневно делува превентивно на дијабетисот, ревматичниот артритис, остеопорозата, камен во бубрег, стрес и депресија, паркинсова болест, хепатитис А, ангина пекторис, а добра е и за меморијата.

Треба да се знае како се пие ракија. Не треба да се претерува, треба да се ужива во нејзината боја, мирис, вкус и да се пие во умерена количина…

Тинктура од ракија:

Оваа тинктура овозможува подобро снабдување на ткивата со кислород, ја намалува вискозноста на крвта, ја намалува можноста за создавање на згрутчувања во крвта, делува на отпорноста и еластичноста на крвните садови, ја намалува нивната пропустливост, ја отстранува болката во нозете…Исто така го намалува нивото на триглицеридите и холестеролот во крвта и поволно влијае на функцијата на црниот дроб.

Состојки за една доза:

50 грама цветови од невен

100 грама рузмарин

100 грама госпина трева

100 грама темјан

100 грама семе од коприва

1 литар ракија

Начин на подготовка:

Сите состојки добро да се измијат и ситно да се исечкаат. Потоа се мешаат со ракијата во стаклено шише кое потоа треба добро да се затвори. Оставете го шишето да отстои 15 дена на сонце или на топло место, но не забавајте секој ден да го промешате неколку пати. По овој процес,  напитокот процедете го низа цедалка или газа и лувајте го во стаклено шише.

Напитокот се конзумира по една супена лажица наутро пред појадок и навечер пред спиење.

Објавен новиот оглас за вработување на 125 професионални војници во АРМ

Министерството за одбрана на Република Македонија ги информира граѓаните на Република Македонија дека денеска е објавен новиот оглас за професионални војници во АРМ.

vojnici-arm

Процесот на селекција ќе се одвива во рамки на максимална транспарентност во процесот кој вклучува писмено тестирање (општообразовен тест и психолошки тест), проверка на физичката способност, интервју и здравствени прегледи од страна на посебни комисии формирани од Министерството за одбрана. Целта на сите тестови е да се продолжи со традиционалното ангажирање на најдобрите кандидати за професионални војници со развиени психофизички способности и високи морални и етички стандарди.

Ги повикуваме сите млади луѓе кои се убедени дека можат да ги исполнат обврските во една од најугледните институции во Република Македонија и кои сакаат да придонесат кон безбедноста на својата татковина во заштита на нејзиниот територијален суверенитет, да се пријават на јавниот оглас за професионални војници кој е објавен во дневните весници во Република Македонија и на веб- страницата на Министерството за одбрана, www.morm.gov.mk, велат од Министерството за одбрана.

Минатата 2015 година се заокружи процесот на прием на 250 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.

Еве зошто се смета дека петок 13-ти носи лоша среќа

petokkk-620x396-620x396

Според голем број суеверни луѓе во светот, особено во Европа, Северна и Јужна Америка, Австралија, петок 13-ти се смета за несреќен ден. На тој ден се избегнуваат патувања, склучувања договори и други поважни работи.

Има повеќе верувања за потеклото на суеверието за петок 13-ти, почнувајќи од тоа дека Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок, дека на тој ден се случила библиската поплава, дека Бог на петок 13-ти ги измешал јазиците на Вавилонската кула, а и Исус Христос бил распнат в петок. За „несреќниот“ број 13 се врзува и верувањето дека токму толку луѓе биле на Тајната вечера.

Сепак, како најубедливо верување за потеклото на митот за петок 13-ти, историчарите го посочуваат настанот што се случил на 13-ти октомври, петок, 1307 година, кога францускиот крал Филип Четврти наредил да се уапсат и погубат водачот на темпларскиот ред Жак де Молеј и шеесетина негови најблиски приврзаници.

Хајката по темпларите бргу се проширила низ цела Европа. Стотици припадници на христијанскиот воен ред Темплари, настанат за време на првиот крстоносен поход во 1096 година, биле уапсени, мачени и убиени за да се принудат да го „признаат“ својот наводен ерес.

Папата Клемент Петти во 1314 година го забранил Темпларскиот ред, по што тој продолжил да постои тајно.

Од тој петок 13-ти, 1307 година, следбениците на темпларите го сметат тој ден како несреќен и како ден на ѓаволот.

Суеверието за петок 13-ти или за „несреќниот“ број 13, го поттикнуваа и богатата филмска и издавачка продукција со многубројни дела токму на таа тема, меѓу кои се холивускиот филмски серијал Петок 13, мистериозната новела „Тринаестмина на вечера“ од Агата Кристи и драмата околу мисијата на всленскиот брод Аполо 13 за што е снимен и филм.