дома блог страница 5416

ФОТО: Туристка уби лебед во Охрид – сакала да се слика селфи

bugarka-selfi-1-485x396

Бугарска туристка убила лебед во Охридското езеро, додека се обидувала да се фотографира селфи со него.

Фотографиите осамнаа на повеќе светски веб портали. Жената била заедно со поголема група туристи од Бугарија. Луѓето останале во шок кога жената влегла во водата го фатила и почнала да го влече лебедот на суво.

bugarka-selfi-3

Според очевидците, лебедот не реагирал затоа што птиците во Охрид веќе се навикнати на туристите и не се плашат од нив.

Тие тврдат дека по инцидентот, лебедот останал неподвижен.

Со аспирин против рак

rakkk-630x355

Објавено во списанието JAMA Oncology, истражувачите од Општата болница во Масачусец велат дека терапијата со аспирин „значително го намалува севкупниот ризик од рак, но пред се` ризикот од рак на дебело црево и други тумори од гастроинтестиналниот тракт“.

Наодите, велат тие, може да служат како дополнително испитување за рак, како што е колоноскопијата.

„Ние можеме да советуваме земање аспирин за намалување на ризикот од рак на дебелото црево, посебно оние кои имаат други причини за редовно земање на лекот, како што е заштита од срцево заболување, но, ние не сме дојдени до тој степен кога можеме да направиме генерална препорака за целокупна превенција од ракот“ вели Ендру Чан, шеф на Клиниката за епидемиологија и гастрономија и главен автор на извештајот.

„Нашите откритија значат дека употребата на аспирин се очекува да спречи голем број заболувања од колоректален рак, надвор од оние кои ќе бидат спречени преку прегледи и може да има уште поголема корист онаму каде што нема доволно услови за прегледи и тестирања за дијагностицирање на ракот.“

Истражувачите велат дека и други студии посочуваат на поврзаност помеѓу употребата на аспиринот и намалениот ризик од рак на дебелото црево, но, влијанието на аспиринот врз другите видови на рак не е потполно познато.

За потребите на студијата, истражувачите разгледувале податоци собирани 32 години од околу 136.000 учесници во неколку студиии за здравство.

Тие откриле дека оние кои редовно земале мала или нормална доза аспирин барем три пати неделно, за три проценти го намалиле својот ризик од развој на било кој вид на рак, за разлика од оние кои не земале аспирин редовно.

Оние кои редовно земале аспирин имале 19 проценти пониски шанси од развој на рак на дебелото црево како и 15 проценти намалување на шансите од добивање на било кој друг вид на гастроинтестинален рак.

Ова, велат истражувачите, може да води до 30.000 помалку случаи на гастроинтестинални тумори во САД и 7.500 помалку случаи на рак на дебело црево.

„Во овој момент, луѓето треба да разговараат со своите лекари за совет околу земање аспирин како превенција од гастроинтестинален рак, посебно ако постојат фактори од висок ризик, како семејна историја“ вели Чан.

Лекарите предупредуваат дека на аспиринот не треба да се гледа како замена за колоноскопија или други тестови за рак.

ВИДЕО – Пинг – Понг со глава, нова спортска атракција

1212121212

Момциве измислиле нова спортска дисциплина или се работи за спорт кој некаде во светот се негува. Како и да е ќе ве добијат со нивната умешност да ја контролираат топката, а посебно со сервата. Погледнете го видеото !

ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ДОБИВА НОВ КАМИОН ЗА СМЕТ И 35 КОНТЕЈНЕРИ

1

Градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски денес во просториите на претставништвото на Јапонската Амбасада во Скопје склучи договор за донација за набавка на ново возило за собирање на смет и 35 контејнери во вредност од околу 70.000 евра.

Општина Кривогаштани е една од петте општини во Република Македонија која добива Јапонска помош од грантот кој изнесуваше нешто повеќе од 300.000 евра наменет за поддршка и развој на единиците на локална самоуправа и јавните институции во државата.

Со оваа донација општината и ЈП Пелагонија добиваат значајна придобивка со цел олеснување на управувањето со цврст отпад како и подобрување на квалитетот на животот со почиста животна средина.

Градоначалникот на општина Кривогаштани уште еднаш ја покажа своја посветеност за градење на успешна општина и подобрување на условите за живот на своите жители во сите свери на општественото живеење со што општината го продолжува својот брз напредок и развој.

2

Голема помош за младите музичари: Субвенции за купување на музички инструменти

Обезбедување на субвенции за купување на музички инструменти е еден од проектите наменети за млади лица кои денес ги промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Musical-instruments-640x285

Тој потенцира дека постојат голем број на музичари кои не можат да си дозволат поквалитетни инструменти и затоа оваа мерка ќе им биде од голема помош.

-Во своите континуирани залагања за унапредување на уметноста и земјаќи ги предвид финансиските потешкотии за купување на музички инструменти, ВМРО-ДПМНЕ предвидува проект со кој секоја година ќе бидат субвенционирани до 50 музичари годишно со еднократен паричен надомест од 75 проценти од сумата за купување на нов инструмент, но не повеќе од 100.000 денари. Во голема мера оваа поддршка ќе значи 100 отстотно покривање на средствата за купување на инструмент, а во случаите каде се работи за поскап инструмент, оваа субвенција ќе биде значителна помош во неговото обезбедување, рече Груевски.

Проектот ќе се реализира преку министерството за култура од септември 2017-та година.

Промовирани уште 6 нови мерки наменети за млади, листата сега брои 40

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска промовираше уште шест нови мерки наменети за младите со што вкупниот број со претходно презентираните достигна 40.

gruevski-novi-6-merki-za-mladi

– Со овие шест досега понудивме 40 нови проекти кои ја претставуваат нашата визија и нашата конкретна инвестиција за младите. Вие најдобро знаете дека она што го ветуваме и ќе го оствариме. Позади секој нов проект, секоја институција која ќе биде одговорна за спроведување, ќе ја има мојата упорност и мојот ангажман за тоа дека мора да се реализира ветеното доследно и навремено. Мора да се исполнат очекувањата на младите бидејќи зборот е збор и тој мора да се исполни, им порача Груевски на младите.

Првиот проект е бесплатна ласерска корекција на диоптрија за студентите кои имаат проблем со својот вид и таа ќе се однесува за сите студенти од 18 до 26 години кои потекнуваат од семејства со остварен годишен нето приход до околу 115 илјади денари. Ласерката корекција на диоптрија ќе се однесува за студентите кои имаат диоптрија над плус или минус два. Трошоците за ласерската корекција на видот ќе бидат на Фондот за здравствено осигурување, а оваа мерка ќе почне да се применува од 2017 година за што претходно ќе бидат направени неопходните измени во Законот за здравствено осигурување.

Вториот проект е обезбедување бесплатни леќи и очни помагала за средношколците и студентите од 14 до 26 годишна возраст кои потекнуваат од семејства чии вкупни месечни приходи не надминуваат бруто износ од околу 32.000 денари.

Третиот проект е наречен „Студент фест“ и со него е планирано по примерот на европските студентски градови да се организира голем студентски фестивал во Штип, Битола, Охрид и Скопје каде што се сместени универзитетите. Фестивалот во Штип, Битола и Охрид ќе се одржува еден ден во годината, а во Скопје ќе трае повеќе денови и ќе се одржува на шесте плоштади на кои, како што претходно беше најавено, ќе се градат мултифункционални бини како што се плоштадите „Македонија“, „Филип Втори“, „Мајка Тереза„ „Богородица„ „Скендер Бег“ и плоштадот „ВМРО“. На овој фестивал ќе настапуваат студенти, а носител на проектот ќе биде Агенцијата за млади и спорт во соработка со општините. Проектот ќе почне да се реализира од следната година.

Со четвртиот проект е планирано да се субвенционира купувањето музички инструменти за младите и со него секоја година ќе се субвенционираат до 50 млади музичари со еднократен паричен надоместок од 75 проценти од сумата за купување на инструментот чија вредност не треба да биде поголема од 100 илјади денари.

Оваа мерка, според Груевски, во голема мера ќе значи стоотстотно покривање на средствата за купување инструмент, а во случаите каде се работи за поскап инструмент, субвенцијата ќе биде значителна помош за младите. Проектот ќе се реализира преку Министерството за култура, почнувајќи од септември следната година.

Една од новопромовираните мерки е и обезбедување бесплатен здравствен преглед за спортските репрезентативци кои се занимаваат со фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, тенис, бокс, карате, таеквондо, џудо, борење, кик бокс, велосипедизам, кајак, пливање и атлетика. Услов за да го користат овој проект е младите да бидат репрезентативци во миниум два последователни циклуса или категории. Мерката ќе почне да се реализира од јуни 2017.

Како продолжување на претходно најавениот проект за отворање читални во општините низ државата, Груевски денеска најави отворање на уште три нови читални во Прилеп, Струга и Гевгелија.

– Докажавме дека значаен ни е секој проект и дека младите го имаат нашето должно внимание. Ова го правиме затоа што искрено веруваме во потенцијалот на младиот човек и затоа што обезбедувањето на сигурност, добро образование, инфраструктура и можности се работите кои силно го поттикнуваат нивниот развој, истакна Груевски, промовирајќи ги новите мерки наменети за младите.

Градоначалникот Марјан Ристески им го честита 8–ми март на припадничките на понежниот пол

IMG_2532

Градоначалникот Марјан Ристески по повод 8 – ми март Меѓународниот празник на жената оствари средба со голем број претставнички од понежниот пол кои се активни и со својата работа и придонесуваат во развојот на општеството, со припадничките на понежниот пол од НВО секторот како и со вработените во детските градинки „Наша Иднина“.

Градоначалникот Ристески посочи дека состојбата со правата на жените не само во нашиот град, туку и во нашата држава се подобрува, за што доказ е присуството на жените во сите свери на општественото живеење, нивното делување и влијание во градењето на општествените стратегии и политики.

Пренесовме насмевка и љубов, портал Маркукуле и цвеќарница Мартина ви посакуваат СРЕЌЕН 8ми МАРТ

[Best_Wordpress_Gallery id=”168″ gal_title=”8miMART”]

8ми март е денот кога се одбележува борбата на жената за економска, политичка и социјална рамноправност. На овој ден треба да се поклонеме на нејзиното височество жената, да се потрудиме да изнудиме насмевка, да изненадиме и со многу љубов да им ја доловиме целата почит на овој свет, која ја заслужуваат.

Маркукуле.мк се обиде да го стори токму тоа. Направивме мала обиколка низ центарот на Прилеп и позитивно изненадивме случајни минувачки на понежниот пол.

Нашата иницијатива ја поддржа Цвеќарница Мартина, од каде несебично не снабдија со свежи цвеќиња. Цвеќарницата се наоѓа во старата чаршија и е една од најснабдените и најуредените цвеќарници во Прилеп. Нивната креативност е бесконечна, а ремек делата кои ги прават за свечености и прослави, ќе ги красат вашите фотографии и спомени засекогаш.

Секој ден од годината треба да биде посебен за женското срце. 8ми март е само денот кој треба да не потсети на тоа. Денешното внимание прелејте го и во останатите денови, правете се за љубовта и радоста на вашите баби, мајки, девојки, сопруги….

Поплави во Србија, вонредна состојба во повеќе општини

Поради поплавите во повеќе општини во Србија е прогласена вонредна состојба, јавија српски медиуми.

poplavii-vo-srbija

Вонредна состојба е прогласена во Чачак, Ариље, Лучани, Топола, Пожега, Ивањица, Бајина Башта, Краљево, Рача, Рашка, Нови Пазар и Љиг.

Во општината Рача доцна синоќа е прогласена вонредна состојба поради прекинот на сообраќајот на магистралниот пат кај селото Наталинци и Сепца.

Во населбата Грдац во Краљево синоќа се евакуирани 400 лица, кои се сместени во локалното училиште.

Српскиот Републички хидрометеоролошки завод издаде предупредување дека во јужните и источните делови на земјата денеска се очекуваат поројни дождови, од 20 до 40 литри на метар квадратен, а во југоисточна Србија и повеќе.

Српскиот министер за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ донесе одлука за ангажирање на припадниците на српската војска во пружање помош на надлежните органи на локалната самоуправа во поплавените подрачја и за поддршка на Министерството за внатрешни работи.

Осмомартовски концерт на ООУМ „Ордан Михајлоски – Оцка“

IMG_2430

Во преполната сала на киното „Мис Стон“, по повод празникот на жената 8ми март, музичкото училиште “Ордан Михајлоски -Оцка” одржа концерт на кој учевствуваа голем број на ученици од сите инструментални оддели. За прв пат настапи и новоформираниот оркестар заедно со училишниот хор под диригентска палка на проф. Јулијана Златеска. На концертот настапи и Јована Арсовска од класата на проф. Јана Четелева, гостин од ДСМУ од Битола, со кои за прв пат се започнува нова соработка помеѓу двете училишта. На концертот пресуствуваше градоначалникот г-дин Марјан Ристески кој, на секоја присутна жена и подари цвеќе.

IMG_2379 IMG_2380 IMG_2387 IMG_2390 IMG_2392 IMG_2399 IMG_2403 IMG_2406 IMG_2410 IMG_2413 IMG_2418 IMG_2426 IMG_2427 IMG_2433