дома блог страница 5415

Свежина во Rock’n Roll музиката, интервју со музичката група HIGH START

11225070_745822915523306_5074573111187263996_n

Тие се новата свежина во  Rock’n Roll звуците. Тие се квалитет кој постојано расте и се докажува. “Со висок старт”, како што гласи и името на бендот, ја краваат публиката на нозе и оставаат впечаток на високи професионалци. Денес ги имаме за наши гости и ќе прочитате за нивните планови и досегашни достигнувања.

Здраво дечки добредојдовте на маркукуле.мк. За почеток запознајте ги нашите читатели со составот на бендот и улогите кои ги имаат.

Здраво и од нас. Поздрав до целиот тим на Маркукуле.мк, поздрав и до вашите читатели и ви благодариме на вашата покана за ова интервју.
Задоволство ни е да споделиме неколку информации за нас и за тоа што се случува со High Start овој период.
High Start e rock’n roll бенд кој брои пет членови:
Петар Киселоски – Вокал
Христијан Ристески – Гитара
Филип Јездиќ – Тапани
Александар Шилоски – Бас гитара
Дејан Трајкоски – Клавијатура

Како започнавте да функционирате како бенд, како настана спојот и колку време функционирате заедно?

Во почетокот овој бенд постоеше и функционираше под друго име “Unique” каде што и репертоарот беше различен од она што денес го преферираме и презентираме. Тоа беше резултат на тоа што секој од нас во тоа време се појави со различен пристап кон музиката, различни музички стилови и пред се различни карактери. Во меѓувреме созревањето на нашите карактери индивидуално и истражувањето во различни стилови на музика резултираше со неколку промени на членовите во бендот, за како конечен резултат на сето тоа да го добиеме High Start, бенд кој постои веќе две години и кој како што кажавме погоре преферира и изведува Rock’n Roll музика.

12802831_778812622224335_5971117553723047684_n

Самото име на бендот во превод кажува дека имате висок старт. Со што ги започнувате вашите настапи, дали се тоа секогаш високи звуци кои од старт ќе ја размрдаат публиката?

Хахаха… Името некако се поврзува со стартот на нашите настапи. Секогаш почнуваме со познати и енергични песни на што публиката одлично реагира и нормално таа атмосфера ја држиме до самиот крај. Си се држиме до нашето име… хахаха

High start е одличен спој на врвни млади музичари, со полни настапи, гласна поддршка. Што е клучот на ваквиот фидбек кој го уживате моментално на сите ваши настапи?

Желбата за да се настапува на што повеќе места, представувањето пред што поголема публика, како и енергијата која несебично им ја пренесуваме на самите настапи е повеќе од доволна за да слушателите го почувствуваат тоа и ни возвратат во уште поголема мера. Тоа ни се случува на секоја свирка, многу сме среќни поради тоа и така стекнуваме се повеќе и повеќе фанови.

12314055_745064008932530_627362207553902951_n

Кој е задолжен за листата на песни кои ги изведувате?

Секој има слобода и право да даде предлог песни кои би ги изведувале понатаму и генерално лесно се сложуваме со оглед на тоа што сите имаме сличен вкус, сепак дали таа песна ќе се изведува зависи и од тоа како ќе помине на пробите кои ги правиме и без кои нормално еден бенд не би можел да опстои. Пробите се составен и многу битен дел од оваа професија.

Имавте една одлична компилација на преработки на песни неодамна, како помина сето тоа и дали планирате слични проекти во блиска иднина?

Да. На почетокот на оваа година објавивме преработки на четири познати и нам драги песни кои можете да ги најдете на You Tube како “High Start live session”.
Проектот се случи спонтано и помина одлично, интересно беше што многу наши фанови го прифатија и споделија. Имавме поддршка и од неколку портали меѓу кои и Вашиот Маркукуле.мк.
Како специјален гостин го имавме Илија Јанчулески кој свири саксофон и кларинет, додека видеото го реализираше веќе докажаниот Христијан Конески.
Околу аудиото се погрижи Александар Шилоски т.с. нашиот басист.

Каде најчесто настапувате, имате ли омилена публика, омилен локал?

Настапуваме во повеќе локали во и надвор од нашиот град. Штип, Струмица, Крушево, Виница, Гевгелија, се дел од градовите во кои настапуваме, во овој период интензивно и успешно се работи на тоа да се покрие со настапи буквално цела Македонија, а се планира и една мала турнеjа надвор од Македонија, за која ќе дознаете наскоро.
Нам ни е многу драго што буквално секаде сме пречекани одлично и поминуваме фантастично, секогаш со позитивни коментари, многу позитивна енергија и едноставно не можеме да оддвоиме посебно место или публика. Секој град и секој локал поединечно ги заслужува сите позитивни критики.

Верувате ли во заедничка долга иднина, планирате ли свои дела, свои авторски песни?

Како состав кој постои со иста цел и визија и кој работи со многу љубов, цврсто веруваме дека имаме се што ни е потребно, затоа и сме сигурни дека заедно ќе функционираме уште многу долго време. Извесен период интензивно работиме на нашата прва авторска песна која треба да излезе на крајот на пролетта, а во меѓувреме работиме на уште неколку песни, се со една заедничка цел, да правиме квалитетна рок музика.

Во каква музика може да се ужива на вашите настапи?

На нашите настапи можете да уживате во квалитетна рок музика од многу светски познати изведувачи како на пример: Deep Purple, Jimi Hendrix, The Doors, Pink Floyd, Pearl Jam, Red hot chili peppers, System of a down, Metallica и многу други… Tука би ги додале и EKV и Архангел како нешто светско, а наше.

Имате ли веќе понуди за соработка, како одат контактите со музичките куќи и музичките работници?

До сега се што сме постигнале заслужни сме самите ние. Самите си ја правиме нашата музика, самите сме и продуценти на истата и самите ние сме менаџери на нашиот бенд. Се сами хаха. Само така еден бенд би испливал на површина и би опстоил долг период на сцената. Единствена соработка за сега имаме направено со Весна Малинова, која се појавува како текстописец на нашата песна. Не сме имале соработка со музичките куќи со оглед на тоа што сме и релативно млад бенд и многу е рано да зборуваме за такви соработки, се уште не сме извадиле наш материјал. Но во иднина доколку им се допадне нашата музика зошто и да не.

За крај, ќе не биде ли како држава имајќи во во предвид вкусот на музика кој го имаме како младина?

Сметаме дека музичката култура и вкус на младината во една држава покажува доста за развојот на истата, оттука би забележале дека и покрај цела комерцијализација на музиката изминативе години не само кај нас, туку и во светски рамки, сепак има задоволителен процент на млади луѓе кои многу добро знаат што одбираат, се стремат кон квалитет и знаат да го препознаат и да го оддвојат истиот од останатото, што безсрамно и упорно им се пласира.
Со оглед на сево ова ние веруваме дека ќе не биде . Секоја промена, секој напредок е тежок и знае долго да трае, но нашата младина е повеќе од доволно паметна за да го избере она вистинското, она квалитетното, во кое се вложува многу труд и љубов.

Ви благодариме на одвоеното време да бидете наши гости, ви посакуваме големи успеси и подем како бенд.

Ви благодариме на поканата, ни беше задоволство што бевме ваши гости.

Подготви:

Александар Георгиоски

Џудо стипендии за високо образование

12822200_1274606145886245_1042498939_n

Џудо Клубот „СЕИШИН“- Прилеп продолжува со активности, покрај на спортски план со тековните подготовки за престојните Државни Првенства и Турнири, овојпат презеде иницијатива за овозможување услови за понатамошното образование на своите членови.
Имено се работи за овозможување на стипендии за студирање на Додипломски и Постдипломски студии на самостојната високообразовна школа (БАС), „Бизнис Академија Смилевски“ -Скопје, одделение за дисперзирани студии -Битола. Поконкретно станува збор за остварување на соработка и поддршка помеѓу двете организации, при што е договорено стипендирање на одреден број членови на клубот СЕИШИН во текот на школската година, врз основа на одредени критериуми. Членовите на „СЕИШИН“ ќе можат да користат стипендии за студирање на БАС за додипломски студии, за Оперативен менаџмент и постдипломски студии за Стратегиски менаџмент, почнувајќи од учебната 2016/17 година.

12833339_1274605835886276_825371260_n

На оваа тема пред членовите и раководството на џудо клубот „СЕИШИН“ – Прилеп на 07.03.2016, презентација на програмата за студирање, одржаа претставниците на „БАС“, Проф-Д-р Тони Соклевски и Доц.Д-р Лидија Стефановска. Членовите на клубот беа задоволни од извршената презентација и изворно се информираа околу останатите детали за студирање.

1899026_1274606042552922_1913840867_n

Потоа Џудистите членови на „СЕИШИН“ – презентираа дел од вештините на џудото како олимписки спорт.
Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп во следниот период ќе продолжи да работи на овозможување дополнителни услови за своите членови, со цел остварување поголеми спортски резултати.

12071771_1274883842525142_792724042_n

12822132_1274605929219600_332180501_n

Пингвин плива 8.000 км годишно за да го посети својот спасител

Оваа неверојатна приказна ја покажува трогателната врска меѓу пингвин и еден Бразилец кој го спасил од сигурна смрт.

pingvin-i-covek

Пензионерот кој работел претходно како ѕидар и рибар, Жоао Переира де Соуза, од едно село надвор од Рио де Жанеиро, го открил малиот пингвин на карпите во 2011 година.

Беспомошното животно било прегладнето и покриено во масло, но Де Соуза го зел и го чувал додека не заздравел во целост. Тој на јужно американскиот пингвин му го дал името Диндим.

Кога Диндим се чувствувал подобро, Жоао го пуштил назад во морето, не очекувајќи да го види својот пријател повторно. Тој бил изненаден кога неколку месеци подоцна, пингвинот се вратил на островот каде го препознал својот пријател и се вратил дома со него.

pingvin

Сега, Диндим поминува осум месеци од годината со Де Соуза, а остатокот од времето го поминува на бреговите на Аргентина и Чиле. Се верува дека оваа птица плива околу 5.000 милји само за да се врати кај Де Соуза.

Мал, но ефикасен трик на штедење – започнете уште денес!

Заблуда е дека морате да имате многу пари за да успеете да оставите нешто „на страна“.

stedenje-pari-640x426

Има луѓе кои имаат исти примања, па едниот составува крај со крај, додека другиот успева да заштеди. Одговорот лежи во различните карактери, но постои психолошки трик кој од најголем расипник на пари може да направи штедач, пишува „новости“.

За тоа ви е потребен само број, верувале или не. Изберете некоја важна бројка, дали тоа ќе биде годината на раѓање или тековната година и одредете дека тоа е износот кој сакате да го заштедите во еден месец.

Или, ако ви е полесно да работите на дневна ниво, земете помал помала бројка, на пример датумот на раѓање или вашиот број на години.

Па така, ако имате 40 години, зададете си цел дека секој ден ќе заштедувате 40 денари. На месечно ниво (40 ден) ќе „заработите“ 1.200 денари, а годишно 14.400 денари.

Можеби таа сума не изгледа импозантно, но сепак на располагање имате пари кои ќе можете добро да ги искористите. Објаснувањето на овој трик е едноставно – иако сите начелно знаеме да штедиме, тешко е да се дисциплинираме, а конкретната бројка нас во тоа ни помага.

Ефикасен трик за они со најмали примања е да секојдневно оставаат на страна по 10, 20 денари. Нема да го осетат штедењето, а сепак ќе значат за неколку месеци или година дена.

Најглупавите прашања кои на Запад им се поставуваат на Балканците

prasanja

Во светот има многу луѓе кои слушнале за Балканот или за некогашна Југославија, но повеќето од нив не знаат ниту каде се наоѓаат тие, а камоли кои држави се формирани по распадот на СФРЈ.

Порталот „no-yolo.com“ ги замоли младите од земјите на поранешната Југославија да ги напишат најглупавите прашања кои ги слушнале од кога некому кажале од каде доаѓаат.

На порталот се наведени различни прашања, од тоа дали во Хрватска постои факултет, до дали знаат во Албанија што е „Нутела“.

– Воодушевен сум од Балканот, посебно од неговата богата убавина, наверојатната пост-панк музика и огромната разноликост во регионите. За нас кои сме во доцните дваесети и раните триесети, Балканот претставува место на кое пораснавме, за кое слушавме во вечерните вести, но никогаш целосно не разбравме. Секогаш би ги слушале познатите зборови како „Туѓман“, „Дејтон“ и „Стоичков“, напиша авторот на сторијата Сјаран Микеладзе.

Тој додава дека луѓето од Западот често не знаат доволно за случувањата на Балканот, па поставуваат „глупави прашања“ и имаат погрешна претсатва за регионот.

Иако е во ред да бидеш љубопитен, кој и да каже дека нема глупави прашања, излажал! Ова се некои од прашањата кој ги поставуваат луѓето од Западот, а кои веќе им се здодеани на луѓето од Балканот:

– Зарем не е Словенија аргентинско јадење?

– Значи, зборуваш на сибирски?

– Постојат ли големи згради во Македонија?

– Постојат ли универзитети во Хрватска?

– Значи, војната заврши, зарем не?

– Дали се уште сте комунисти?

– Имали ли „Нутела“ во Албанија?

– Кога ќе излезете од Советскиот Сојуз?

Директор за пример: Нема да верувате што им подари на вработените за 8 Март!

direktor (1)

Петта година по ред, хрватските медиуми на големо пишуваат за хрватскиот директор кој дефинитивно заслужува овации. Се работи за Синиша Буриќ кој е инаку директор на претпријатието Зеленило, кој на своите вработени вчера за Осми Март-Денот на жената им подари рози, слободен ден и парична награда.

direktor2

Тој на жените лани им подарил 400 куни, а оваа година плус 100, или 500 куни за секоја одделно.

Оваа година пари добија и мажите за дома да ги израдуваат своите сопруги со подарок.

Ова се 15-те „наjсекси“ професии

najposakuvani-profesii-650x396

Кај наоѓањето на потенцијалниот партнер не се сведува се само на изгледот, има нешто и во впечатокот што тие го оставаат, а тоа пак се врзува со неговата или нејзината професија.

Во согласност со тоа Тиндер ги објави резултатите од истражувањето кои машки, односно женски професии се најпривлечни, или кои професии се „најсекси“ според пребарувањата на членовите на разни страници за запознавање.

Мажи:

  1. Пилоти
  2. Предузимачи
  3. Пожарникари
  4. Лекари
  5. Водители на ТВ/ Радио
  6. Професори
  7. Инженери
  8. Модели
  9. Вработени во Брза Помош
  10. Студенти (во било која насока)
  11. Адвокати
  12. Лични тренери
  13. Финансиски советници
  14. Полицајци
  15. Војници

Жени

  1. Физикален терапевт
  2. Дизјанерки на ентериер
  3. Предузимачи
  4. Вработени во ПР / Комуникации
  5. Професорки
  6. Студентки (во било која насока)
  7. Лекторка
  8. Фармацевтка
  9. Менаџерка на социјални мрежи
  10. Модел
  11. Стоматолог
  12. Медицинска сестра
  13. Стјуардеса
  14. Личен тренер
  15. Агент за недвижности

Скриените цели на пржинскиот договор

ZORAN-199x300

        Целта(барем онаа официјалната) на пржинскиот договор беше решавање на политичка криза која што во континуитет ја создаваат таканаречените “македонски социјалдемократи“. И, тука нема ништо спорно и нејасно за македонската јавност. Но, како времето одминува сè повеќе станува јасно дека покрај свесно формулираната и експлицитна цел постоеле и скриени, имплицитни цели и задачи на дел од модераторите и медијаторите на пржинскиот договор.

            Во тој контекст, овој дел од модераторите и медијатори на пржинскиот договор, веќе, препознатливи во јавноста како “социјалдемократски дел на модератори и медијатори на прислушкувањата, политичката криза и пржинскиот договор“ сè однесуваат, меѓудругото, како да избегнуваат да ги исполнуваат прокламираните официјални цели и задачи со овој договор. Всушност, наместо да инсистираат на нивна реализација за да се решат општествено-политичките фрустрации што ги наметна нефункционалната опозиција во нашата држава, тие на манипулативен начин ја одбегнуваат таа улога. Притоа, суптилно реализираат тајна агенда на скриените цели и задачи со кои што се прави обид да се блокира и доведе во состојба на хаос функционалноста на државните системи и институции. Ако сум во право, а сум, тогаш очигледно è дека “социјалдемократските модератори и медијатори на пржинскиот договор“ ја туркаат државата во провалија.

            Да ги појасниме работите. И покрај тоа што со пржинскиот договор беа запазени светските стандарди од сто дена за подготовка на предвремените парламентарни избори со техничка влада, претседателот на владеачката партија Никола Груевски, под притисок на “социјалдемократските модератори и медијатори на пржинскиот договор“ направи преседан во македонски услови. Тој, во својот стил на вистински национален водач кој води грижа за севкупното општествено, политичко и социјално здравје на државата, покажа дека се грижи и за оздравување на болниот дел во општеството, притоа, дозволувајќи дополнителни педесетина дена за рехабилитација на македонските социјалдемократи и опозиција за да се подготват да го прифатат изборниот суд на граѓаните на 5-ти јуни. Така, периодот до изборниот суд на граѓаните сè прошири на сто и педесет денови. Практично, тоа сè сто и педесет дена функционирање на државата со кочничарење од страна на “социјалдемократските модератори и медијатори на пржинскиот договор“ и нивните кочничари инсталирани во техничката влада.

            Ова е преседан, кој не само што е позитивен пример за политичка трпеливост и зрелост на политичките водачи, туку è и доказ за оспособеноста на државните институции и системи на Р.Македонија да бидат функционални и во услови на нездрави(кризни) ситуации, а што е резултат на моделот на доброто владино управување креиран од претседателот на владата Никола Груевски и неговиот тим. Ефикасното функционирање на државните системи и институции со техничка влада во која што се инсталирани кочничари на функционалноста на државата од страна на “социјалдемократските модератори и медијатори на пржинскиот договор“, а во услови на кризни настани создадени од надворешни и внатрешни “производители“ на бегалски, безбедносни, политички и економски кризи è најголем доказ за доброто системското управување на државата имплементирано од моделот на владино управување на Никола Груевски и неговиот тим.

            Меѓутоа, проблемите со пржинскиот договор не завршуваат тука, на ниво на одлагање на изборниот суд на граѓаните. Тие сè уште подлабоки. Под негова закрила, она што најмногу го работат “социјалдемократските модератори и медијатори на прислушкувањата и политичката криза“ è тоа да се борат. И тоа многу. Не можам да ги критикувам за мрзеливост во класичната смисла на тој збор. Но, да не бидеме наивни тоа нè е несебична борба, туку валкана игра. Нивното слепило за граѓанските слободи, го охрабрува духот на манипулација и “валкани трикови“ на прислушкувања со кои што е проткаена целата борба за власт на “водачите“ на македонската социјалдемократија и тоа не само во сегашноста, туку од почетокот на демократската политичка реформа од дведесеттите години на минатиот век. Аферите под псевдонимите, „сина прица“, „големото уво“ и „бомбите на Заев“ се тактиките на таквата валкана борба за власт на водачите на македонските социјалдемократи во минатото и сега. Опседнати со овој вид на “герилско војување“ за освојување на власта, тие заборавија дека официјалната цел на пржинскиот договор è да се разбие илузијата за можноста за постоење и креирање на изборни фалсификати. Нивното учество во техничката влада è токму заради тоа. Со пржинскиот договор учеството на водачите на македонските социјалдемократи во техничката влада, не е да презентираат добро владеење. Тоа, и содржината што со себе ја носи оваа синтагма добро владеење, водачите на македонските социјалдемократи и опозиција не знаат ниту како изгледа, а не, пак, да ја овозможат за македонската држава. Всушност, техничката влада нема овластувања од тој тип-презентација на модел на добро владеење. Водачите на македонските социјалдемократи ја побркале својата улога во техничката влада.

            Конечно, две суштински прашања ја проткајуваат целата оваа борба со валкани трикови со прислушкувања, манипулации и пржинскиот договор: Дали ние граѓаните на Р.Македонија, борбата со “социјалдемократските модератори и медијатори на прислушкувањата, политичката криза и пржинскиот договор“ треба да му ја препуштиме само на претседателот на владеачката партија Никола Груевски и неговиот тим, а ние, граѓаните на оваа држава, да гледаме на “пожарот“ како слепи посматрачи кои што гледаат како гори сè што создале нивните предци и потомци или, пак, ќе се вклучиме смело на одбраната на идентитетот и интегритетот на македонската држава? и, Дали на предвремените парламентарни избори на 5 јуни, нашата држава ќе им ја препуштиме на “социјалдемократските модератори и медијатори на прислушкувањето, политичките кризи и пржинскиот договор“, т.е. на оние што сакаат да успеат во атмосфера на хаос кој што се обидуваат да го создадат со бескрајни интриги и манипулации, односно да им го препуштиме владеењето со државата на оние што со целиот свој политички ангажман сè докажале како посветени на користољубието?

             Д-р Зоран Петрески

Авторот е доктор на науки по јавна администрација

Носете си чадор- утре и викендов врнежи од дожд

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во североисточниот и источниот дел на земјава. Преку денот ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец.

dozd

Утринската температура ќе се движи од 3 до 7, а дневната од 6 до 12 степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, но повремено ќе бидат обилни. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Во петок се очекува извесно стабилизирање на временската состојба кај нас, но за време на викендот, односно сабота и недела, повторно се очекуваат врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во југоисточниот и источниот дел на земјава.

Дефиле на маски, забава и изложби- Прилеп во духот на традицијата за Прочка

karneval-procka-prilep

При крај се подготовките за 15-тото јубилејно издание на меѓународниот карневал „Прочка 2016“, кој ќе се одржи на 13 март годинава.

Карневалот како и секоја година така и оваа, ќе биде проследен со богата културно-уметничка програма, дефиле на маски, изложби, маскенбалски забави.

-Во петок во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ свечено ќе биде отворена традиционалната изложба на цртежи и маски, на која со свои креации ќе учествуваат ученици од сите основни и средни училишта. Карневалот ќе започне во сабота, со детскиот карневал, со парада на жонглери, акробати, кловнови, мечкари и мажоретки во центарот на Прилеп, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

Најавени се учества на групни маски од: Албанија, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Италија, како и маски од повеќе градови и населени места од Македонија – Струмица, Кавадарци, Вевчани, Сопот, Пробиштип, Берово, Охрид.

Оваа година бидејќи се одбележува јубилеј од 15 години постоење, општина Прилеп изготви монографија која дополнително ќе биде промовирана.

Со одлука на Советот на општина Прилеп, за време на карневалот работното време на угостителските локали е продолжено за 2 часа, а за влез во сите кафетерии и дискотеки гостите задолжително треба да носат маска. Организаторите ги поканија сите добронамерници кои сакаат да доживеат нешто необично, величествено и хумористично да повелат овој викенд во Прилеп на меѓународниот карневал „Прочка 2016“.