дома блог страница 5417

Ноќна мора за професорите: Во продажба часовници за препишување на испит

ispit (1)

На интернет продавниците се повеќе се продаваат паметни часовници кои се рекламираат како “часовници за полесно учење“, односно за поуспешно препишување.

Часовниците кои се продаваат кои се продаваат на Амазон се мал дел, затоа што е во прашање голем пазар, оа овие уреди, освен што помагаат во лажење, претставуваат и ноќна мора за професорите, вели Џо Сидерс, заменик директор на средно школо во Бат, Англија. Тој вели дека со ваквите часовници лесно се лаже, затоа што имаат копче за итни случаји, односно со еден клик, место текст за препишување ќе се покаже точното време, така што професорите тешко ќе може да ги фатат учениците.

Во зависност од моделот, овие часовници имаат 4 или 8 гигабајти меморија, на нив може да собере голема количина, текстови, слики и видеа, а некои се продаваат и со минијатурна слушалка, за уште полесно лажење на тестовите. Освен учениците, Џо смета дел од кривицата сносат и он-лајн продавниците, кои овие часовници ги рекламираат како часовници за препишување. Така што веќе ни резултатите на испитите не може да се сметаат за веродостојни.

Тој се надева и дека ќе има се повеќе медиумско внимание за овој проблем. Во некои школи и факултети во текот на испитот забрането е носење часовници.

По екстремните дождови не чека нешто многу полошо!

bura (1)

По екстремните дождови и циклони кои деновиве го зафатија регионот но и земјава, најновите прогнози за наредните десет дена предвидуваат ладен воздух од северниот дел од континентот и повторно враќање на зимата. Според европските синоптичарски прогнози во периодот што следи можно е во регионот да имаме „три мрачни бури“ кои според извештаите на хидрометеоролошките установи тие можат да изненадат со својата силина и да дојде до нагло заладување и нови снежни бранови. До крај отна идната седмица според прогнозите се предвидува и нагло опаѓање на температурите. Ниските температури според извештаите на некои европски хидрометеоролошките установи можат да донесат и несекојдневни снежни бури и мразови кои не се карактеристични за овој дел од годината.

БАНКИТЕ „ОКУПИРАНИ“ ОД ТУТУНАРИ – ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА СУБВЕНЦИИ

 

tutun-subvencii

Започна исплатата на субвенции за тутун. Повеќе од 22 милиони евра ќе се слеат во џебовите на македонските тутунари. Субвенции се исплатени за предаден тутун до 15 – ти јануари, останатите ќе бидат исплатени после 15 – ти март. Во овој период средствата се добредојдени и за подготовка за новата реколта, односно за расадопроизводство.

Ако се земе во предвид дека просечната цена оваа година беше 189 денари, тогаш со сигурност може да се каже дека оваа била една од „златните“ години за македонскиот тутунар.

Треба ли даночна пријава за добивките од кладилница и казино?

kladilnica

До 15-ти март граѓаните треба да поднесат годишна даночна пријава во Управата за јавни приходи. Граѓаните што во текот на изминатата година оствариле приходи од игри на среќа го поставуваат прашањето: Треба ли даночна пријава за добивките од кладилница и казино?

Приходите кои сте ги оствариле во текот на 2015 година, покрај тоа што сте имале обврска одделно да ги пријавите и за истите да платите персонален данок во текот на годината во рамките на законските рокови, должни сте и збирно да ги пријавите во Годишната даночна пријава, најдоцна до 15 март 2016 година.

Годинава задолжително поднесуваат даночна пријава граѓаните кои што оствариле дополнителни приходи, односно освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност,  оствариле и приходи од: кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп); авторски права; индустриска сопственост; исплатена дивиденда; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари; приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни; лични примања од странство; работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација…; приходи остварени преку интернет (е-трговија; услуги извршени преку специјализирани страни пр. www.freelancer.com , www.upwork.com и др.; поставување на реклами на сопствени интернет страни; прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари); и други дополнителни приходи, надвор од редовната плата или пензија.

Треба ли даночна пријава за добивките од кладилница и казино?

Доколку во текот на изминатата година сте имале среќа па сте имале добивка од некои од игрите на среќа, тогаш во одредени случаи треба истите добивки да ги пријавите, а во други не.

Како што информираат од УЈП, во случај на добивки од посебни игри на среќа: казино, спортска прогноза и автомат клубови, истите не се пријавуваат во годишната даночна пријава.

Доколку пак сте оствариле приходи од општите игри на среќа, лотарии, наградни игри, квизови и сл., кои се повисоки од 5.000 денари, тогаш задолжително треба да и тоа да го пријавите во вашата годишна даночна пријава.

На една недела пред истекот на крајниот рок за пријавување на годишната даночна пријава, од УЈП информираат дека оваа законска обврска досега ја исполниле вкупно 184.182 граѓани, од кои 950 истото го направиле по електронски пат.

Повеќе околу пријавувањето на годишната даночна пријава на следниот линк.

Совет на млади на Општина Велес ги започна своите први активности на меѓународен план

12837702_10206160545867776_844485142_o

Во периодот од 04.03-06.03.2016 година, делегација на Совет на млади и Општина Велес по покана на Младинска иницијатива „сакам-можам“ беа во посета на Долни Милановац Р.Србија. Целта на оваа средба беше одблиску да ги запознаеме со она што Советот на млади го прави во Општина Велес, а дополнително да се запознаеме со начинот на кои фунционира младинската иницијатива „сакам-можам“.

Заедно ги разгледавме можностите за идна соработка како партнери и можностите за спроведување на нови проекти и аплицирање на различни програми кои ја подржуваат младинската активност.

Во иднина очекуваме да пристигне делегација од Долни Милановац и младинската иницијатива „сакам-можам“ за потпишување на меморандум за соработка помеѓу Совет на млади и младинската иницијатива „сакам-можам“ кој би бил темел на понатамошната соработка.

Младинската иницијатива од Долни Милановац подолг период остварува соработка со Студентскиот Парламент при ТТФ Велес, а во моментот овие две организации работат на подготовка на првите партнерски проекти.

Студентскиот Парламент при ТТФ Велес исто така остварува значајна соработка со Советот на млади на општина Велес и се надеваме дека Советот и понатаму ќе продолжи да реализира активности за доброто на младите во општина Велес.

Маркукуле.мк и во иднина ќе продолжи да Ве информира за сите новости и информации поврзани со проектите кои што се во интерес на младите.

Историја долга повеќе од 70 години. За клучарите од Прилеп не постои брава за која нема клуч

DSC02473

Да се види занаетчиски дуќан во ова модерно време со толку многу љубов во него, уреденост и автентичен дух е реткост. Клучарите во старата чаршија во Прилеп се семејство кое го негува овој занает повеќе од 70 години. Дуќанот кој денес има посовремен изглед, е аманет од прадедо и изгледа како аптека. Се си има свое место и одлично се вклопува во внатрешниот и надворешниот изглед.

DSC02442

Она што ни остави впечаток е тоа што во денешно време младиот внук Кристијан Костоски, е тој што го презема занаетот, со кого разговаравме и ни ги откри тајните и спецификите на овој занает. Кристијан од 10 годишна возраст пројавил интерес за занаетот. Детската љубопитност на почетокот, прераснувала во се поголема заинтересираност и желба за работа.

DSC02444

DSC02445

Занаетот го започнал Милан Ѓуроски кој бил лиец, лиел клучеви, предмети и чесно со многу труд почнал да го создава ова што и денес постои. Методија Ѓуроски, дедото на Кристијан, кој денес е постариот мајстор во дуќанот, сеуште има елан и желба за работа, е човекот кој го продолжил патот.

Временската рамка за да се изработи еден клуч зависи од видот на клучот кој муштериите го бараат. Доколку се работи за изработка на стар клуч, потребно е околу 30 минути, а за новите клучеви кои се работат на машина, времето е многу пократко.

Клучевите ги изработуваат исклучиво од италијанско железо  “Силка” . Додека пак постарите клучеви се изработуваат од месинг.

При изработката  се користат егина, турпии, менгеме, дупчалка, разни пропратни алати и специјална машина за изработка на клучеви.

Новата технологија на се поголема употреба на електронските клучеви не ги плаши. Размислувањата на Кристијан се насочени кон осовременување и следење на таквите текови. Тој има аплицирано за програмата за добивање на неповратни кредити од страна на Владата на Р. Македонија и Агенцијата за вработување. И токму тие средства планира да ги вложи во нова современа механика, која би му овозможила да биди во тек во модерната технологија.

 Од овој занает вели дека се живее. Секако доколку се работи со многу љубов, посветеност и желба, постојат услови за еден среден живот кој ги покрива месечните трошоци.

Мора да се спомене и тоа дека стариот мајтор Методија, мината година доби и Третоноемвриска диплома за Придонес во развојот и зачувување на занаетчиството во Прилеп, што е големо признание за неговиот труд и посветеност.

10405971_1115676185165008_2138437298_n

DSC02464

Ни раскажаја уште и дека дуќанот привлекува огромен интерес, особено од туристите во летниот период, кои постојано застануваат, фотографираат и се интересираат.

Навистина ни беше мило да посетиме едно вакво живописно место кое носи огромна историја во себе. Убаво беше да се почувствува мирисот на старата прилепска чаршија, од пред 70 години, кој и денес се чувствува во овој дуќан.

DSC02471

DSC02474

“Кинг Марко Опен-Прилеп“ во Прилеп

IMG_1781

Во Прилеп се одржа спортски настан натпревар во микс боречки вештини “Кинг Марко Опен-Прилеп“. Ова е прв натпревар од ваков вид со цел понатаму да стане традиција и да се зголемува по квалитет и по број на учесници. На натпреварот учество земаа 18 клубови од вкупно 12 градови: Прилеп, Битола,  Охрид, Струга, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово, Гостивар, Штип, Кичево, Струмица со околу 70 учесници во сите тежински категории и возрасти, машка и женска конкуренција. Натпреварот имаше за цел промоција на боречките вештини и спортови, собирање и стекнување искуство за сите наптреварувачи, тренери и судии.

Натпреварот беше поделен во два дела: воведен дел каде настапуваа учесници без искуство и втор главен дел каде настапија натпреварувачи кои веќе имаа искуство во боречки вештини и кои имаа настапувано на државни и мегународни напревари. Публиката имаше можност да гледа интересни борби помеѓу различни боречки вештини, стилови и школи кои се бореа по ММА правила.

„Од нашиот центар ЦБВ “Максам  Фајт – Прилеп“ настапија 10 натпреварувачи и освоивме 6 победи, а имаме 4 порази. На крајот на турнирот од страна на тренерите за најдобар борец беше избран Христијан Граороски член на ЦБВ “Максам Фајт – Прилеп“, посочија организаторите.

Ова беше уште една убава можност за промоција и афирмација на спортот од ваков тип.

Уметниците по повод 8-ми Март

IMG_1922

Градоначалникот Марјан Ристески денеска ги посети ликовните творци кои под мотото „Уметниците по повод 8-ми Март“ ја реализираа манифестацијата Брзо сликање. Билјана Бинчев, Маја Најдоска, Бојана А. Трпческа, Верче Николоска, Наде Тоскоска, Емилија Ѓорѓиоска, Анита Сотироска, Александра Богоеска беа учесничките на  Брзото сликање кои посочија дека:

„Задоволни сме што имаме можност на креативен начин да го одбележиме денот на жената„.

ЦК „Марко Цепенков“ по седми пат ја реализираше оваа креативна манифестација, преку која на поинаков начин, преку творештво и дружба се одбележува меѓународниот ден на жената.

IMG_1931

IMG_1925

IMG_1929

DSCN7775

DSCN7764

DSCN7765

Цвеќе за штитениците во старскиот дом “Kиро Крстески – Платник”

IMG_2062

Градоначалникот Марјан Ристески денеска го посети Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ и со мало внимание, им го честита празникот на жената на припадничките од понежниот пол.

Градоначалникот Марјан Ристески им посака многу здравје и среќа и да се видат во ист број и наредната година.

Прекинат мечот Шкендија – Младост

Натпреварот од 21.коло во ПМФЛ меѓу Шкендија и Младост Ц.Д. кој се играше попладнево на стадионот Чаир во Скопје, е прекинат во 66-минута.

skendija-mladost

Главниот судија Влахо Константин во консултации со колегите и претставниците на клубовите, беше принуден да го прекине мечот при резултат 0-0. Едноставно теренот во Чаир повеќе наликуваше на базен отколку на фудбалско игралиште па друго решение и не постоеше.

Според пропозициите, на ФФМ, ако се случи прекин до 72.минута од мечот, се преигрува истиот во рок од 24 часа, а ако следува прекин по 72-та минута нема доигрување.

Водено за утре од 14 часот на арената Филип Втори закажан е и последниот натпревар од ова коло, во кој лидерот Вардар ја пречекува екипата на Брегалница.