дома блог страница 5403

Оваа приказна ќе ве расплаче: Дедо направил вечера за внуците, но…

1 (1)

Колку често поминувате време со вашите баби и дедовци?

Тажна објава на девојка потсети многумина дека на постарите лица им е потребно вниманието од помладите. Студентката Келси Хармон постави фотографија од својот тажен дедо и откри дека тој имал зготвено вечера за сите 6 внуци, кои ги поканил во својот дом, но се појавила само таа.

На фотографијата објавена на Twitter, дедото со наведната глава гледа во својата чинија и јаде еден од 12-те сендвичи кои ги направил таа вечер за внуците.

–Вечера со дедо вечерва… Тој направи 12 сендвичи за сите 6 внуци и јас сум единствената која се појави. Го сакам, напиша Келси.

Објавата на грижливата девојка веднаш стана интернет хит, а дедото на Келси стана дедо на целиот интернет. Неверојатната поддршка и љубов кои беа упатени кон „Дедо“ ги изненадија и Келси и дедо ѝ. Постот на Келси досега има речиси 125 илјади ретвитови и над 200 илјади допаѓања.

2

„Заплакав кога го видов ова. Сè што тој сакаше е да помине време со нив“, „Ова ми го крши срцето. Би направила сè за да вечерам уште еднаш со моите баба и дедо“, „Кажи му на дедо дека со задоволство би јадел сендвич со него“, „Би ми било чест да одам на местото на еден од нив“, „Еј, знам дека не ве познавам ни дедо ти ни тебе, но можеш ли да му кажеш дека ние (интернетот) го сакаме?“ – беа дел од коментарите на корисниците на популарната социјална мрежа Twitter.

Подоцна Келси им се заблагодари на сите за поддршката од нејзино и од името на дедо си:

„Многу се смеев со постовите со мојот дедо и исто така добив многу, многу пораки во кои луѓе отсекаде ми кажуваат дека мојата објава ги поттикнала да ги посетат своите баби и дедовци. Тоа ми значи премногу. Исто така видов многу тажни коментари во кои луѓето пишуваат дека немаат можност да ги видат своите баби и дедовци и срцето ми се кине за нив“ – напиша таа.

3

Сеќавање – 12 години без Царот на народните приказни Ѓорѓи Колозов

kolozov-car

Актерот Ѓорѓи Колозов живееше само 55 години, а остави наследство за многу наредни генерации. Актерот кој ќе остане запаметен по своите улоги на цар, селанец и Господ се уште живее во срцата на сите што растеа со Македонските народни приказни.

Од 1984 година, па 2003 година, кога почина, Колозов има снимено 300 епизоди Македонски народни приказни. Заедно со неговата сопруга Шенка Колозова оставија огромен печат, а дел од неговите цитати никогаш нема да биде заборавени.

Еве неколку од нив:

Чунки со рушвет царштина не се крепи бе!
Од приказната Двајцата Браќа на правдина в зандана

Овој лаф пари ти чини, злато !
Од приказната Снаа и Свекрва

Чај не пиел мрсен му бил!
Свеќа да не палиш,бележана ми е,и дрвата ми се броени!
Од приказната двајца Каскатии

Пиј си кааве, пиј си тутун, азното само ќе ти дојди!
Од приказната Сиромавиот што се стори цар

Ти ова го направи оти си будала или оту си многу умна ?
Од приказната Магарешка Кожа.

ВИДЕО – Русите започнаја со производство на новите летала MIG – 35

2121

Новите супер моќни руски воени летала MIG – 35 се ставени во производство, извести вчера Russia Today.

Овие воени авиони се класифицирани како 4++ генерација на летала и се најновото осовременување на руската авијација.

Авионите се произведуваат во Lukhovitsy во регионот на Москва.

Со ова Русите по кој знае кој пат докажаа дека се неверојатни конструктори кога се работи за воената технологија.

Погледнете го видеото !

А.Г.

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Девојките од руските социјални мрежи – подгответе се за вистински шок

11

Русите се познати по нивната лудост, но и генијалност.

Често пати границата помеѓу овие две категории е доста тенка.

Погледнете ги најлудите фотографии кои се пронајдени на руските социјални мрежи.

10 11 13 14 15 16 17

Распродажба во Реал Мадрид – Перез ги испраќа Иско и Хамес

MADRID, SPAIN - DECEMBER 02: Isco (C) of Real Madrid celebrates with his teammate James Rodriguez after scoring during the Copa del Rey, round of 32 second leg match between Real Madrid and UD Cornella at Estadio Santiago Bernabeu on December 2, 2014 in Madrid, Spain.  (Photo by Victor Carretero/Real Madrid via Getty Images)

Претседателот на Реал Мадрис Флирентино Перез ги испраќа Иско и Хамес Родригез. Првиот човек на Реал и тренерот Зинедин Зидан не се задоволни од прикажаната игра на споменатите двајца играчи, па одлучиле да ги продадат на лето.
Иско кој дојде од Малага во 2013 година за 30 милиони евра, оваа сезона одигра 24 меча и постигна се на се 2 гола. Играчот од Андалузија не сака да седи на клупата.
Иско моментално на пазарот вреди 45 милиони евра, а за него е заинтересиран Јувентус, со кого се поврзува и преку неговиот пријател Алваро Мората, додека потенцијални купци се и Манчестер Сити, со оглед на тоа дека на Пеп Гвардиола шпанецот многу му се допаѓа.
На другата страна, Колумбиецот до сега има одиграно 18 меча за Реал, а само 13 пати беше стартер, со 5 постигнати голови. Хамес во 2014 беше доведен за 80 милиони евра од екипата на Монако, а Перез меѓу другото му замерува затоа што барал нов подобар договор, само година дена откако потпиша за Реал.
Во редицата за Хамес стојат англиските клубови Челзи, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, кои заедно со ПСЖ и Баерн се единствени кои можат да платат обештетување од 80 милиони евра.
А.Г.

Саботно кафе Прилеп – 19.03.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”184″ gal_title=”СаботноПрилеп19032016″]

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Бомбашот од Истанбул снимен неколку секунди пред експлозијата

istanbul-bombash-2-650x396

Најмалку пет лица загинаа, а 36 се повредени, меѓу кои и 12 странски државјани во самоубиствениот бомбашки напад во главниот трговски и туристички дел во Истанбул, изјави турскиот министер за здравство Мехмет Муезиноглу.

Тој додаде дека седуммина повредени се во тешка состојба, додека израелското МНР пренесе дека меѓу повредените има и нивни државјани. Меѓу загинатите е и напаѓачот.

Напаѓачот ја активира бомбата пред да стигне до целта затоа што се уплашил од полицијата, изјави тој додавајќи дека бомбашот планирал да изврши напад на местото каде што имало поголема гужва.

Ноќен живот Крушево – 18.03.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”183″ gal_title=”KrusevoNoken18032016″]

ВИДЕО – ЗЕМЈАТА НА АЛЕКСАНДАР И ФИЛИП: Репортажа на Руската национална телевизија за земјата со повеќе историја од цела Европа!

12121

„Непутевје Заметки“ e најпопуларната туристичка емисија во Русија, која се емитува на Руската национална телевизија “Росија 1”. Димитри Крилов патеписецот кој ја направил оваа репортажа, Македонија ја претставува како земја на Александар, Филип и Мајка Тереза.

Емисијата се емитува за време на неделните заеднички собири на фамилиите во Русија и ја гледа речиси секој Русин.

Крилов исто така ја опишува Македонија како мала земја која најверојатно има повеќе историја од било која друга во Европа.

Тој потенцира за тоа дека Македонија некогаш била светска имерија, веле сила, кажува за Александар Македонски кој успеал да го обедини целиот познат свет во антиката.

Крилов уште раскажува за тоа дека во Македонија била наважната алка на Римската империја, како и за тоа дека многу царства се направиле тука и пропаднале тука.

Крилов зборува уште за убавините на Охрид, за македонскиот цар Самоил кој го завладеал целиот Балкан. Македонија ја нарекува лулка на христијанството, односно го потенцира тоа дека Апостол Павле оттука започнал да го проповеда христијанството.

Димитри Крилов за крај вели дека мистериите и загонетките се бескрајни во Македонија, и препорачува дека секој Русин треба да ја посети.

Погледнете ја целата репортажа!

 

А.Г.

 

Хуманитарно ракометно дерби, РК Прилеп – РК Охрид

1916271_973060576082776_5547993528980470505_n

Вечерва со почеток од 19:00 часот во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, ќе се одигра ракометното дерби од Супер лигата за мажи помеѓу екипите на РК Прилеп и РК Охрид. Средбата освен натпреварувачки има и хуманитарен карактер. Средствата од влезниците кои ќе чинат по 50 денари ќе бидат донирани за лекување на малата Сара Шошеска. Да бидеме хумани и да дадеме мал придонес во спасувањето на млад живот.