дома блог страница 5402

ВИДЕО: Историја во 11 минути – како се менувала Европа во текот на 1000 години

Еден корисник на Јутјуб направил анимација која покажува како стариот континент се менувал од 1000 до 2000 година.

1212121

 

Притоа се служел со многу историски податоци, така што во 11 минути успеал да прикаже повеќе од 10.000 промени на државните граници во Европа.

Погледнете го видеото.

 

Видео – Спектакуларно светлосно шоу, Хрвати играле тетрис со помош на светлата на зградата

12121

Хрвати од Пула направиле вистинско спектакулатно, светлечко шоу со помош на светлата во својата зграда. Луѓето ги искористиле светлата и направиле тетрис игра, што гледајќи го од далеку изгледа неверојатно.

Погледнете го видеото !

А.Г.

Легендата Буфон ги засени сите – Го собори рекордот на италијанското Калчо и прими гол

Фудбалерите на Јувентус славеја над градскиот ривал Торино, како гости со дури 4:1, а утакмицата од 30 коло на Серија А ја обележа легендарниот голман на Јуве Џанлуиџи Буфон.

3264CE0700000578-0-image-a-96_1458486498585

Славниот Буфон го собори рекордот на италијанското Калчо стар 22 години, и беше несовладан цели 974 минути, што пред него не успеа ниеден голман во домашното првенство.

 Неверојатната серија на голманот на Јуве ја прекина Андреа Белоти и тоа од пенал.

Сепак, Буфон триумфално го одбележа испишувањето на новата страница во Серија А. За тоа се погрижија двојниот стрелец Алваро Мората, како и Пол Погба и Сами Кедира кои по еднаш ја затресија мрежата на Торино.

Јуве е прв на табелата со 70 освоени бодови, шест повеќе од второпласираниот Наполи, кој има меч помалку.

A.Г.

 

ВО ЖИВО: ВМРО-ДПМНЕ ќе даде отчет за сработеното, над 3.500 проекти за 10 години

Владејачката ВМРО­-ДПМНЕ денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го презентира досега најобемниот отчет за реализираното во изминатите речиси десет години.

Партискиот лидер, Никола Груевски ќе даде отчет за над 3500 реализирани проекти и мерки и реформи кои се во интерес на граѓаните.

На оваа тема во вестите на Канал 5 говореше вицепремиерот Владимир Пешевски.

Што ќе биде во фокусот на овој отчет?

Вистинско задоволство е што кога една политичка партија која постигнале резултати да направи отчет пред своите граѓани. На отчетот сакаме да потенцираме што е она што во овие девет години ВМРО-ДПМНЕ го има направено за Република Македонија, истакна Пешевски.

Во видеото погледнете го целиот разговор

Семинар за директори организиран од БРО и Erazmus + Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност

12801252_561093530732282_1856842493073644106_n (1)

Во организација на Бирото за развој на образованието според Националната стратегија на МОН за образованието, во Маврово се одржа Семинар за директори и стручни соработници. На средбата директорката на БРО г-ѓа Весна Хорватовиќ, укажа на тоа согласно барањата за професионален развој на наставниците, по хрватскиот модел на образование за унапредување на наставниците – истите ќе можат да се унапредуваат во звања наставник ментор и наставник советник. Исто така се истакна дека се работи на тоа да се утврди дали секое училиште ќе може да аплицира преку комисијата на училиштето и училиштниот одбор до БРО, за онолкав број на наставници колку што има, за да истите се унапредат ако сакаат, или пак ќе се работи на практикување на пропорционалниот модел за секое училиште. Во тек се идни анкетирања на наставници и стручни соработници за да се изработи точно Стратегијата за унапредување на наставници во звања согласно нивниот професионален развој.

mavrovo 1

Исто така, беше укажано на тоа дека од 2017 год. наставниците приправници ќе посетуваат академија за приправници, според посебно изготвена програма.

Во вториот ден од обуката г-н Дарко Димитров – директор на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност имаше свое излагање, каде што беа презентирани можностите за аплицирање на наставниците од Македонија, да посетат свои колеги од Европските земји, за одреден период и да стекнат нови, но и да разменат искуства.

Двете предавања опфаќаат актуелни прашања за да се направи разлика во квалитетот на работата на наставниците и стручните соработници, но и истите да се поттикнат да се унапредуваат и тековно професионално да се усовршуваат.

На обуката од Прилеп беа присутни раководителите кои се запознаа со идните активности на О.О.У Блаже Конески, О.О.У Климент Охридкси, О.О.У Кочо Рацин, О.О.У Страшо Пинџур – с. Мало Коњари, како и од О.О.У Круме Волнароски- с.Тополчани.

12801118_561092250732410_509338501424310525_n

Следи дисеминација на обуката врз наставниот кадар во училиштата, за да наставниците и стручните соработници поблиску се запознаат со она што ќе следи по однос на професионалниот развој и унпаредувањето во звања на наставниците.

12805775_561093624065606_1116410958939628634_n

Ноќен живот Крушево – 19.03.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”186″ gal_title=”KrusevoNoken19032016″]

Хуманитарното ракометно дерби за РК Охрид

IMG_5415

Синоќа со почеток од 19:00 часот во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, се одигра ракометното дерби од Супер лигата за мажи помеѓу екипите на РК „Прилеп“ и РК „Охрид“. Средбата освен натпреварувачки имаше и хуманитарен карактер. Средствата од влезниците кои чинеа по 50 денари, ќе бидат донирани за лекување на малата Сара Шошеска.

Охриѓани за нијанса подоби од РК Прилеп, резултатот на крајот од натпреварот 22:23, полувреме 15:11.

IMG_8103

IMG_8112

IMG_5403

IMG_5423

IMG_5456

IMG_8102

„Да бидеме хумани и да дадеме мал придонес во спасувањето на млад живот“, посочија организаторите.

IMG_5426

ВИДЕО: Жена мистериозно исчезна на аеродром среде интервју

Снимката од данската телевизија стана вистински хит на интернет.

21212

Оваа снимка стана вирална преку ноќ, а на неа е прикажан човек кој говори за телевизија на аеродром додека две жени се во позадината.

Погледнете ја добро русокосата жена од лева страна и обидете се да оцените каде исчезна.

СО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ОСВЕТЛУВАЊЕТО ПРИЛЕП СЕ ВКЛУЧИ ВО ЕКОЛОШКАТА АКЦИЈА „ЧАС НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА “

IMG_8167

Со иклучувањето на уличото осветлување, во 20:30 мин и Прилеп се приклучи во одбележувањето на глобалната еколошка акција „Час на планетата Земја“ која синоќа ја поддржаа над 178 земји и 7.000 града ширум светот. Градот под Маровите кули и оваа година испрати јасна порака за спас на планетата Земја и се вклучи во заедничкaта светска акција за прoмeна на климатските промени. Локланата самоуправа секогаш се грижи градот да има и енергетски штедливи светилки за осветлување на улиците, со цел да се заштеди електричната енергија и да се подобри еко средината.

Република Македонија, седма година по ред се приклучува кон оваа глобална еко акција, насловена како „Час на планетата Земја“, а годинава со исклучувањето на осветлувањето на 66-те локации, таа ќе го надмине минатогодишниот рекорд.

IMG_8188

IMG_8206

IMG_8121

IMG_8124

IMG_8151

Ноќен живот Прилеп – Caffe Virus & Art Caffe – 19.03.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”185″ gal_title=”NokenzivotPrilep_19032016″]