дома блог страница 5401

Делегација од прилепската гимназија во посета на гимназијата од Ријека во Хрватска

rieka-pozadina

Во рамките на проектот за претприемничко учење во организација на SEECEL, тим од нашата гимназија составен од проф. Весна Паноска – координатор на проектот, Кети Ефремоска – професор по англиски јазик, Димитар Ристески – изготвувач на финансискиот план и  проф.Николче Богданоски – раководител на тимот, реализира посета на Првата Сушачка Хрватска Гимназија во Риека.

Оваа гимназија од Риека исто така беше вклучена во проектот, а посетата беше со цел да се разменат искуствата за тоа како нашата Гимназија и како риечката Гимназија го имплементираа овој проект.

Тимот од нашата Гимназија беше пречекан од директорката на Првата Сушачка Хрватска Гимназија, г-ѓа Џудита Франко, координаторот на проектот, стручниот соработник Горан Грачанин, од професорскиот тим на гимназијата кој работел на проектот како и од претседателот на Ученичкото собрание Никола Бабиќ.

Претставниците од двете гимназии ги претставија своите училишта, се произнесоа по реализацијата на проектот и заеднички разгледуваа можности за тоа на каков начин би можело низ образованието да се мотивираат и охрабрат учениците да ги креираат и да ги реализираат своите бизнис идеи и планови.

makedonci-u-rijeci

makedonski-jezik-u-susackoj-gimnazijai-u-rijeci

Потоа професорот по ликовна уметност Теодор де Канциани, низ подолга прошетка низ училиштето, ги запозна членовите на нашиот тим со историјатот, библиотеката, просториите и ретките материјални збирки на Сушачката гимназија.

Theodor-de-Canziani

rijetke-skoljske-zbirke

Директорката на училиштето и професорот Теодор де Канциани за нашиот тим организираа и прошетка низ Риека со запознавање на најзначајните културно историски знаменитости.

na-trsatu

Официјалната посета на Прва Сушачка Хрватска Гимназија во Риека се заврши со ветување за продолжување на соработката, возвратна посета од нивна страна на нашето училиште и учество во идни заеднички проекти.

Во рамките на оваа посета на Риека, нашата училишна делегација реализира средба и со претставници на Заедницата на Македонците во Република Хрватска во просториите на Културното друштво „Илинден“ од Риека.

Таму нашата делегација ја пречекаа претседателот на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и претседател на Македонското друштво „Илинден“ г-дин. Илија Христодулов, г-дин Владо Настески – еден од основачите на МКД „Илинден“, г-дин. Илија Младенов – претседател на Македонската црковна општина „Св. Цар Константин и Царица Елена“, г-ѓа Ванѓа Калиќ – претседателка на Собранието на Македонското национално малцинство на град Риека и г-ица Ана Азеска – лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека. На средбата присуствуваше и директорката на Прва Сушачка Хрватска гимназија, г-ѓа Џудита Франко.

sa-makedoncima-u-rijeci

prva-susacka-gimnazija-u-rijeci

Нашата делегација, за Македонците од Риека, остави десетина книги на македонски јазик донирани од Градската библиотека „Борка Талески“ и од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп. Возвратно, од МКД „Илинден“ на нашата делегација им беше подарена литература и најновиот број од гласилото на Македонците во Република Хрватска „Македонски глас“.

По краткото претставување на нашата делегација, нашето училиште и нашиот град, со членовите на МКД „Илинден“ се разговараше за Македонија, за актуелните случувања, за животот во Риека и во Хрватска … па дури се изнајдоа и роднински врски.

Со ветувањата за взаемна соработка меѓу нашата Гимназија и Македонците од Риека заврши посетата на МКД „Илинден“.

Викендов поместете ги часовниците – Почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето почнува во недела 27 март, кога часовниците треба да се поместат еден час нанапред, односно во 2 часот сказалките треба да се поместат на 3 часот.

smetanje-na-vreme (1)

Летното сметање на времето во Европа ќе трае до последниот викенд во октомври

Две убедливи победи на ППК Младот на почетокот од пролетната полусезона

20160319_111841

Изминатиот викенд стартуваше пролетниот дел од првата пингпонгарска лига на Македонија. Екипата на Младост 96 одигра два натпревари и забележа исто толку победи. Во саботата беше одигран одложениот натпревар со директниот конкурент за влез во Супер лигата, екипата на Мултитекс од Битола, и беше извојувана победа од 5-2. Одлични партии прикажаа Александар Рикалоски и Антонио Стомнароски, кои забележаа по две победи, како и Методија Иваноски кој имаше една победа. Во неделата се одигра деветтото коло каде ППК Младост 96 гостуваше во Скопје кај екипата на Пошта 2. Извојувана е победа од 5-1 и повторно Рикалоски и Стомнароски прокнижија по две победи, а Иваноски една. Со овие две победи ППК Младост 96 е на второто место на табелата, кое води во бараж за влез во Супер лигата, но до крајот остануваат уште 5 кола, каде ќе се обидат да го стигнат лидерот, екипата на “Ѓорче Петров”, кој бега со 4 бодови на врвот од табелата.

Во Прилеп се одржа Изборно кадетско првенство во борење

IMG_8291

Синоќа во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ се одржа „Изборно кадетско првенство во борење“. На настанот учество земаа 60 борачи од боречките клубови на градот и Републикава.  Домаќин на настанот беше БК „7-ми Мај ЛЕОВ“,  кого го претставија Марјан Мимичкоски и Катерина Мирческа.

IMG_8273

IMG_8250

IMG_8258

Веднаш после натрпеварот БК „7-ми МАЈ ЛЕОВ“ заминува на подготовка во Стара Загора во Р.Бугарија каде ќе одработи подготовки заедно со БК „Берое“ и на 26.03.2016 ќе учествува на силен меѓународен турнир каде прилепчани ќе си ги одмерат силите со борачите од САД, Украина, Турција, Русија, Србија, Романија и секако со домаќинот Бугарија.

IMG_8319

IMG_8280

IMG_8283

Интервју разговор со Марија Димкова, еден од ретките чувари на македонското народно творештво

LIK_3608

Марија Димкова, само на неупатените во македонскиот фоклор не им е познато ова име. Марија Димкова е продолжувач на традицијата од Цепенков, Браќата Миладиновци, за собирање, афирмирање и надоградување на македонското народно творештво. Се сеќава македонската јавност на нејзината изведба и секако воскреснувањето на “Песна за Мирка Гинова“, или пак на “Кирјана вино продава“, која по нејзиното прво пеење доживеа многу верзии. Марија Димкова го воздига македонското народно творештво, македонската народна песна од Егејска Македонија, ги спасува од незаборав. Пред некој ден во Штип беше направен величенствен промотивен концерт на најновиот аудио материјал од Марија Димкова и Оркестарот “Фамилија Димкови“. Гости беа оркестарот “Македонски мерак“ и играорците “Македонци“ од Егејска Македонија

Госпоѓо Димкова, се слегна “правта“ од концертот, како го доживеавте концертот?

Бев во еуфорија. Се случуваше се бргу. Откако го добивме материјалот на МРТВ се одеше како подмачкано. Додека трепнеш-се најдов на сцена пеејќи ги песните што ги снимив пред дваесетина и повеќе години.

 Ова е ваш втор носач на звук?

Досега имав едно цеде со 12 песни, издадено пред 16 години. На новото се наоѓаат 18 песни кои пред дваесетина години ги снимив во студијата на МРТВ.

dimkova1

Како се случи да поченете да пеете и да снимате?

Пеам уште од мала и во моето и во семејството каде што се омажив имаше музичари, па неможеш да бегаш од песната, особено од народната, која душата ти ја полни. За снимањето пак, тоа дојде како договор што јас и тогашниот главен уредник на музичката продукција Илчо Јованов, го направивме на штипскиот пазар. Јас продавав пиперки и домати, а тој дојде да купи. Го прашав кога можам да дојдам на аудиција, а тој предложи да запеам на пазарот. Отпеав што отпеав и тој само рече следната недела да бидам во студијото на МРТВ. Така и беше.

Колку песни снимивте на музичката продукција?

Снимив околу педесетина песни исклучително од мојот роден крај, Егејска Македонија. Песни кои ги пеев како што ги запаметив додека пеев со родителите, но и при секоја посета во родниот крај, учејќи ги од постарите жители.

За што се пее‘ во песните?

Па се пее за животот. Има љубовни песни, има патриотски, има шегобијни. Тоа се народни песни кои пленат со својата едноставност, со својата приказна. Тешко дека денеска ќе “налетате“ на такви песни, песни кои времето не ги прегазило, и доволно е само едно слушање да ги запаметите.

dimkova3

На концертот имавме тројца промотори.

Да беа тоа Владимир Јаневски, професор на Факултетот за музичка уметност – кореологија на Универзитетот во Штип, Д-р Илчо Јованов, професор на Факултетот за музичка уметност, и Зоран Џорлев, директор на ансамблот “Танец“.Им благодарам што дојдоа на промоцијата и што ја повика публиката да ги пее македонските изворно-народни песни, но и да ги чува и негува.

Гости на концертот ви беа музичари и играорци од Егејска Македонија.

Тоа ни се драги пријатели од Егејска Македонија.Тие му дадоја посебна арома на концертот. Нашите пријатели, музичари и играорци, треба да добијат одличја за негувањето на македонскиот фолклор, за зачувување на македонската традиција, во условите кои што ги имале и имаат во Грција. Често сум во мојот роден крај. Ниту еден од нив нема да ви запее или да зиагра нешто што не е македонско.

dimkova 2

По овој концерт во Штип, дали во планирате и други концерти низ државата?

Би сакала, но целта не беше концертна активност, туку вадење од заборав на македонските песни и ора. Посакувам ваков концерт да одржиме во Егејска Македонија. Уште повеќе да ги осоколиме младите генерации кои живеат таму да не ги забораваат своите корени, да пеат македонски песни, да играат македонски ора. Да говорат македонски јазик. Да се горди со тоа што се Македонци.

Првиот настап на Марија Димкова во едно гласило било токму во Прилеп на Радио Прилеп во 1959 год., кога во еден период од животот престојувала во Прилеп. Се пеело во живо, на повик на радиото, Марија Димкова се пријавила и испеала две песни, Кирјана вино продава и Јас си појдов град Битола (втората песна е леринска).

 

Терористите го одложија дерби натпреварот меѓу Галатасарај и Фенербахче

Бомбашките акции во Истанбул од претходните денови го одложија дерби натпреварот меѓу одличните Фенербахче и Галатасарај.

 

istanbul--640x480

Полицијата и Фудбалскиот сојуз на Турција одлучија оти од безбедносни причини, најдобро е дерби натпреварот да биде одложен.

Дуелот требаше да тргне од 19 часот, Галатасарај требаше да го вгости одличниот Фенербахче.

Како и да е, иако клубовите беа за натпреварот да се одржи, полицијата одлучи да го одложи, а Сојузот ќе истакне кога ќе биде на програмата.

Во Суперлигата на Турција, Фенербахче е на втората позиција со 59 бодови, подобар за четири и првопласиран е Бешикташ, а Галатасарај е на петтото место со 39 бодови.

За сите кои постат – посни манастирски рецепти

leb-i-pasteta

Ова се вкусни манастирски рецепти, кои лесно се подготвуваат, а се многу вкусни.

ЌОФТИЊА ОД ЛЕЌА

леќа, хељда, морков во ист сооднос (на пр. по ½ шолја од сите)
средината од 2-3 парчиња стар леб
по желба праз/кромид/лук/магдонос
сол, бибер, кари, вегета

Леќата се вари околу 30 мин. (да биде цврсто зрното) и се цеди. Хељдата се мие, се вари во малку вода (колку да ја покрие), првата вода се фрла; во втората вода се додава сол; кога ќе ја впие целата вода тогаш е сварена. Морковот се бари на пареа или се вари (ако се употребува праз истата постапка како за морковот). Зеленчукот се сечка на ситно, се меша со леќата и хељдата (ако нема хељда, може ориз или просо), се додава сув леб и се зачинува по вкус. Смесата се меша убаво, се остава да отстои за да го впие вишокот течност, се обликуваат ќофтиња (или ќебапи). Се редат во тавче посипано со брашно (може палента или презла место брашно) и се печат во претходно загреана рерна до 200°С околу 40 минути до 1 час.

ПАШТЕТА ОД ОРЕВИ

4-5 компири
250 гр. мелени ореви
1-2 лажици доматно пире
1-2 лажици сенф
Сок од ½ лимон
Сол, бибер, ситно сечкан млад лук и кромид по вкус

Компирите се лупат, се варат (како за пире); кога ќе се свари водата се одделува (не се фрла, по потреба се додава во пирето). Компирот се пасира, се додаваат оревите и другите состојки. Се меша со миксер и се дотерува по вкус со зачините.

ХУМУС

200-250 гр. печена леблебија се меле во мелница за кафе. Се додава сенф, сол, сок од ½ лимон, млака вода колку да се добие густина на паштета. На крајот се додава толчено лукче по вкус.

КРЕМ-СУПА

основа за крем-супа:
4-5 компири
2 лажици таан
Сок од ½ лимон
Сол, бибер, копар/магдонос

Излупените компири се варат во толку вода колку да се покријат компирите. Кога ќе се сварат се вадат од водата и се ладат. Изладени се ставаат во блендер со 1 чаша ладна вода, таан и лимон. Се блендира и се истура во водата во која бил варен компирот. Се додава толку вода колку да се добие густина на крем-супа. Се остава да зоврие и се зачинува со сол, бибер и копар или магдонос.

Ова е основен рецепт за крем-супи на вода. Може да се употребуваат многу комбинации: компир + морков, компир + печурки, компир + грашок, компир + спанаќ, компир + праз, компир + брокула и сл.

БИСТРА СУПА ОД ЗЕЛЕНЧУК

1-2 моркови
½ кг. спанаќ
1/3 пашканат
1/3 корен од целер
1 шака овесни снегулки или пченични никулци
Сол, бибер, вегета

Морковот, пашканатот и целерот се сечкаат на коцки и се варат во малку вода. При крајот од варењето се додава вода по потреба (литар и пол до два), се остава да зоврие, се додава крупно исечен спанаќ и овесните снегулки или никулците и сето тоа се вари 5-6 минути. Вкусот се дотерува со сол, бибер, вегета.

Овој рецепт може да се користи за други комбинации: брокула, компир, карфиол, блитва и сл. Наместо овесни снегулки или никулци може да се употреби фиде без јајца, други посни тестенини или ориз.

САЛАТА ОД ЦВЕКЛО

3-4 варени или печени корени цвекло
1-2 живи моркови

Прелив:
2 лажици таан
1 лажица сенф
Млака превриена вода
Малку сок од лимон
Сол по вкус

Излупените цвекло и морков се рендаат на крупно. Состојките за преливот убаво се мешаат да се добие изедначена маса, се посолува по вкус. Може да се додаде ситно сечкано младо или старо лукче и/или кромитче. Се прелива салатата.

Овој прелив се употребува и за други салати. Во преливот може да се додаде оцет место сок од лимон. За салати со компир може наместо лимон и лажица од доматно пире.

САЛАТА ОД БОРАНИЈА

200-300 гр. варена боранија или брокула
1-2 варени моркови
Плус варен зеленчук по желба:
Грашок од конзерва или варен
Пченка од конзерва или варена
Варено папудо или сл.

Боранијата (брокула) се сечкаат на крупно, се додаваат морковите исечени на коцки или стапчиња + грашок/пченка или папудо околу 100гр. Се зачинува со горе напишаниот прелив.

САЛАТА ОД МАРУЛА СО КОМПИР

4-5 компира
1 средно голема марула

Компирите се варат во лушпа, изладени се лупат и се сечат на тенки тркалца. Марулата убаво се суши во крпа, се сече на ситно, се меша со компирот и се зачинува со преливот.

МАРИНИРАНА БРОКУЛА

1 кг. брокула
5 л. вода + 50 гр. сол + 3 гр. лимонтус

Состојки за маринада:
1 ½ чаша оцет, 2 ½ чаши вода, ½ лажица шеќер, 20 зрнца бибер, 1 ловоров лист и 1 лажица сол.

Брокулата се вари во водата со додатоци (малку, 6-7 мин., затоа што омекнува во маринадата), се цеди, се става во стаклен сад. Состојките за маринада се ставаат во тенџере и се оставаат да зовријат. Додека е уште жешко се прелива преку варената брокула и се остава да се лади без капак. Изладено, може да се стави во фрижидер. Се служи како гарнир со риба, ќофтиња и сл.

На таков начин може да се приготват тиквички, свежа зелка, карфиол и сл.

ДЕСЕРТИ

БЛАГИ МАКАРОНИ

250-300 гр. макарони
2-3 лажици сечкани ореви
4-5 лажици шеќер
1-2 лажици мед
3-4 лажици кокос
1/2 посно чоколадо за готвење

Макароните се варат на вообичаен начин во вода со малку сол. Веднаш по цедењето се додава мед за да не се залепат и се промешува. Потоа се додава шеќер, ореви (сечкани или мелени) и кокос. Сето тоа лесно се меша и врз тоа се става чоколадото стопено со малку вода.

ГРИЗ – ТОРТА

1,3 л. вода
15 супени лажици шеќер
6 супени лажици соино млеко во прав
250 гр. пченичен гриз
може и 50 гр. кокос, по желба

1 л. вода
3 пудинзи од чоколадо
100 гр. чоколадо за готвење
12 супрни лажици шеќер
6 супени лажици соини млеко во прав

1,3 л. вода треба да зоврие со 15 лажици шеќер, се додаваат 6 лажици соино млеко во прав и постепено се додава 250 гр. гриз и се меша на тивок оган околу 5 минути. Додека е уште жешко се става во тавче средна големина.
Во 800 мл. вода се става 6 лажици соино млеко во прав. Додека зоврива водата, на страна се разматуваат 3 пудинзи со 12 лажици шеќер во 200 гр. ладна вода, што потоа се додаваат во зовриената вода. Заедно се вари 2-3 минути. Додека е уште жешко се додава 100 гр. посно чоколадо за готвење. Додека е пудингот уште жежок се става врз уште топол гриз.
Може одозгора да се поспе со кокос или цимет.
Кога ќе се излади, се става во фрижидер. Потоа се сече на коцки и се сервира.

СВЕТОГОРСКИ КОЛАЧ

6 супени лажици џем
10 супени лажици шеќер
1 кесичка цимет
кора од 1 лимон и 1 портокал + сок од 1 портокал
1 супена лажица сода бикарбона + малку прашок за пециво
500 гр. брашно
¼ л. млака вода
1 рака сецкани ореви (може да се додаде суво грозје, урми)

мармалад од кајсија
150 гр. посно чоколадо за готвење

Џемот и шеќерот се матат со миксер за да се добие уедначена маса, се разредува со вода, се додава цимет, рендана кора од лимон и портокал, сок од портокал, ореви, суво грозје и полека, со мешање, се додава брашното помешано со сода бокарбона и со прашок за пециво. Смесата добро се изедначува со мешање и се става во тефлонска тава. Сместа не смее да биде премногу тврда (треба лесно, со мокра рака да се изедначи површината да биде мазна). Се става во умерено загреана рерна. Се пече околу 25-30 минути. Се проверува дали е печено со чачкалица. Откако рерната ќе се исклучи, колачот се остава внатре уште неколку минути. Уште топол, колачот се премачкува со 3 супени лажици отопен мармалад од кајсија, а врз него се става чоколадна глазура.

ТОРТА СО МЕД

100 гр. шеќер + 1 чаша вода
1 лажица сода бикарбона
2 лажици мед
250 гр. шеќер
500 гр. брашно (300 гр. брашно + 100 гр. кокос + 100 гр. гриз)

Од шеќерот и водата се вари шербет, се додава сода бикарбона, мед, шеќер и брашно. Сето ова добро се меша, се сипува во подмачкан плех или плех посипан со брашно и се пече. Изладената торта се премачкува со глазура од шеќер, карамел или какао прелив.
Пред печењето, во тестото може да се стават смокви, урми, суво грозје, суви сливи.

Бомбички со суво грозје

Потребни состојки: l250 г суви смокви l100 г суви урми l100 г суви сливи l100 г сечкани ореви l300 г шеќер l50 г вода l200 г чоколадо за готвење l2-3 лажици масло

Начин на приготвување:
Сувото овошје се сечка и заедно со сечканите ореви се става во шербет приготвен од 300 грама шеќер и 50 грама вода. Смесата треба да се излади толку за да може да се обликуваат топчиња. 200 грама чоколадо за готвење се растопува со 2-3 лажици масло, на пареа. Со глазурата се преливаат бомбички.

ТУТИ-ФРУТИ

1 чаша интегрално (или некое друго) брашно
1 чаша пченични никулци
1 чаша овесни снегулки
1 чаша сечкани суви урми
1 чаша сечкани суви смокви
1 чаша суво грозје
1 чаша рендан морков
1 чаша кокос
1 чаша сечкани ореви
Рендано јаболко или сок од јаболко (вода од варена пченица, друг овошен сок и сл.) колку да се замеси
Малтекс (слад од јачмен) или друг слад/шеќер по вкус
Ванилин шеќер, цимет
Убаво се измесува, се обликуваат салами и се пече не на јако (до 200 °С) најмалку 40 минути во претходно загреана рерна.

Напомена: состојките се по избор, само да се води сметка замената да биде слична на заменетата состојка (на пр. ако не ставиме никулци, да се додаде снегулки или брашно и сл.). Саламите подобро ќе се испечат ако се со помал обем. Може откако ќе се изладат да се премачкаат со џем и да се стави чоколаден прелив.

Десерти со масло

ПИТА СО ЈАБОЛКИ

300 гр. брашно
200 гр. маргарин
100 гр. шеќер
Сок и кора рендана од 1 лимон
Ванилин шеќер

За фил:
Околу 1 кг. јаболка (не повеќе)
4-5 лажици шеќер
½ пакетче цимет или 1 лажичка

Се прави дупка во брашното во која се става шеќерот, сите состојки и на крајот на тенки плочки исечен маргарин (не топен). Се замесува тесто и пожелно е да отстои ½ час до 1 час во фрижидер. Се прават 2 топки од кои се прават 2 кори. Тавчето се мачка со маргарин, се става првата кора, па филот (по желба врз филот се става пченични никулци или малку гриз; јаболките пред да се стават, се цедат). Потоа се става втората кора; се набодува со вилушка на повеќе места и се пече на 200 °С околу 30-35 мин.

ЖАРБО КОЦКИ

350 гр. брашно
2 супени лажици шеќер
сок од 1,5-2 лимона + рендана кора
1 супена лажица јаболков оцет
200 гр. маргарин „Кристал“
1 мала коцка квасец
малку сол
1 прашок за пециво + 1 ванилин шеќер

За фил:
200 гр. мелени ореви
200 гр. шеќер
3-4 супени лажици загреан мармалад од кајсија
150 гр. посно чоколадо за глазура одозгора

Од горенаведените состојки се замесува еластично тесто, се завиткува во проѕирна фолија и се става во фрижидер да отстои половина час. Потоа се дели на три дела се сукаат три тенки кори, една по една. Кога ќе се расука првата кора, се става во подмачкан плех, се премачкува со 1-2 лажици загреан мармалад (целосно да биде премачкано), се посипува со половина смеса мелени ореви и шеќер. Врз тоа се става втората кора и постапката се повторува. Врз третата кора не се става ништо, туку таа се прободува на неколку места со вилушка. Се става во згреана рерна и се пече околу 30 минути на околу 200 °С. Додека е уште топло се прелива со глазура, се остава да се излади и се сече на ромбови.

ПОСНА КАРАМЕЛ ТОРТА

Посни бисквити „Златни пек“ 500-600 грама
3-4 супени лажици слатко или мармалад од портокал
2-3 супени лажици мармалад од кајсија

Посно чоколадо „Краш“ 100 грама (за глазура)

Крем:
400 грама шеќер
5-6 супени лажици посно млеко во прав
1 л. вода
3 пудинга од ванила „Подравка“
200 грама маргарин „Кристал“
1 ванила шеќер
200 грама халта (блага, посна)

2-3 супени лажици нес-кафе во 1 чаша млака вода

Прво се прави кремот: на страна се подготвува 1 л. врела вода со разматено посно млеко. На тивок оган се пржи 400 грама шеќер, со мешање, додека да стане карамел. Потоа веднаш се тргнува на страна и во тоа се додава, мешајќи, подготвеното жешко млеко. При додавањето може да се направи пења, но тоа е нормално. Само за кратко тогаш треба да се прекине со мешањето, па да се продолжи. За да се стопат сите грутки од шеќерот треба млекото со карамелот да се вари на тивок оган 5-10 мин. Кога шеќерот сосема ќе се стопи, тенџерето се тргнува од огнот и во него се додаваат подготвени пудинзи (разматени само со малку вода). Потоа пак се враќа на огнот, се вари неколку минути додека не стане густо. Треба да биде толку густо за кремот да не тече. Во изладен крем се додава маргарин, претходно добро изматен со ванила шеќер. Потоа се додава претходно изматена халта (ако кремот излезе помек, не треба да се додава целата количина халта, туку само лажица-две за вкус, а останатото може да се искористи за украс).

Потоа се прави премаз: мармаладот треба малку да се подгрее на тивок оган, со мешање. Треба да се добие полутечна уедначена смеса. Потоа се меша со слаткото од портокал и заедно се пасира.

Бисквитите, пред да се наредат, се потопуваат еден по еден во нес-кафето разматено во вода. Се редат во три слоја, така што врз секој слој бисквити најпрво се става тенок слој од премазот, па врз премазот кремот. Значи, на крај доаѓа кремот со кој се премачкува тортата и странично. Врз тоа се става глазура.
Тортата треба да отстои една ноќ во фрижидер.

ФОТО+ВИДЕО: Верувале или не, ова е внуката на Сталин

Запознајте ја неконвенционалната Криси Еванс, внуката на светскиот диктатор Јосиф Сталин, најмалото дете на неговата омилена ќерка Светлана Алилујева.

1

Има 44 години и е внука на диктаторот Јосиф Сталин, лидер на Советскиот Сојуз од средината на 20-тите години на минатиот век. Нејзината мајка Светлана Алиујева била единствената ќерка на Сталин и негово омилено дете.

2

Крис е единственото дете од третиот брак на Светлана со американскиот архитект Вилијам Весли Питерс. Ја родила на 45 години и ѝ го дала името Олга, подоцна променето во Криси. Живее во Портланд, Орегон и има мала антикварница.

3

Нејзината мајка Светлана која подоцна го променила името во Лана Питерс, починала на 85-годишна возраст. Заедно живееле во Велика Британија, а подоцна се преселиле во САД. За мајка си вели дека цел живот сакала да ја заштити од крвавото минато на дедо ѝ.

Кога станува збор за односот на мајка ѝ со Сталин, таа вели дека никогаш не му простила за тоа што го направил во Советскиот Сојуз. Нивниот меѓусебен однос бил сосема различен. Од друга страна, детството на Светлана било многу тешко поради прераната смрт на нејзината мајка, Надежда Алиујева која се самоубила.

ДРАМА ВО ВЕЛЕС: Градоначалникот Чадиев скокна во Вардар за да спаси 26-годишно момче

veles (1)

Решил да се самоубие, па се пишманил. 26 годишно момче од велешкото село Сливник вчера утрото скокна во водите на Вардар. Кога паднал во водата почнал да бара помош На помош пристигнале тројца велешани и влегле во водата да го спасат. Меѓу нив и градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, објави Канал 5.

Во телефонскиот разговор изјави дека го видел момчето кога скокнало во Вардар. Потврди дека со уште двајца мажи влегол во вода и рече „ го направив тоа што треба да го направи секој хуман човек“ .

Од болницата велат дека момчето е донесено со површно дишење и премрзнато од ладната вода. Од страна на лекарите веднаш е пренесено на интензивна нега , по што го затоплиле и му е извршен преглед.

Состојбата на момчето е стабилна и тоа е надвор од животна опасност.

ВИДЕО (+18): Оваа Украинка ќе ве излуди со танцот на шипка

Анастазија Соколова стекна светска слава со учеството во британската верзија на шоуто „Јас имам талент“, со нејзиниот неверојатен талент за танц околу шипка.

Таа својот талент во меѓувреме го доведе до совршенство, а нејзините точки просто зрачат со еротика.

Анастазија ја искористи светската слава за да го отвори студиото за танц „Соколова“, као и брендот „Соколова“ под која продава секси спортска опрема, наменета за танц на шипка.