дома блог страница 5400

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ ОД ХОРОРОТ ВО БРИСЕЛ

Непосредно по силните експлозии на аеродромот во Брисел социјалните мрежи се преплавени од фотографии и видеа од повредени луѓе и патници кои во паника се обидуваат да излезат надвор од зградата.

1 2 3 4 5

Снимен е моментот на експлозијата во Брисел. 11 лица загинаа, 20 се повредени. Паника владее на Аеродромот.

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Силно невреме доаѓа кон Македонија

dozd20163 (1)

Во среда под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер од над 70 км/час и со услови за појава на град.
Локално се очекува да наврнат 30 литри на метар квадратен воден талог, информира УХМР.

Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура. На планините врнежите ќе бидат од снег.

8 квалитети на луѓето родени во март

lugje-640x348

Што ги прави нив посебни?

Дарежливост
Личностите родени во март се дарежливи и сочувствуваат со блиските. Имаат големо срце со кое ги освојуваат сите околу себе. Пофалбите кои ги добиваат за оваа карактеристика само повеќе ги поттикнуваат да прават несебични дела.
Смиреност
Луѓето родени во овој месец сакаат да се држат подалеку од секојдневниот хаос, односно да уживаат во некое скриено ќоше сами со своите мисли. Далеку од тоа дека не се дружељубиви и комуникативни, само едноставно не се пронаоѓаат во друштво на гласни луѓе. Попрво одбираат мир и спокој, наместо слава и богатство.
Талент
Овие луѓе се посебно талентирани на повеќе полиња и најчесто се уметнички души. Креативни се и во состојба се да направат многу користејќи само сопствените две раце.
Верност
Лицата родени во март многу ретко, речиси никогаш, нема да ве изневерат. Не се склони на лажење, напротив, посветени се и лојални. Тешко се откажуваат од личностите за кои се грижат.
Интуитивни
Личностите родени во третиот месец од годината е невозможно да ги излажете. Додека да трепнете тие веќе знаат што криете. Затоа имаат многу непријатели. Сепак, не се грижат премногу, затоа што веруваат во чесноста и искреноста.
Прилагодливи
Нема промена на која не може да се навикнат и прилагодат, па затоа се одлични животни партнери. Оваа способност е всушност нивната најдобра карактеристика.
Мудрост
Овие луѓе се прикриени филозофи. Размислуваат со сопствена глава и многу ретко туѓите мислења допираат до нив.
Радост
Личностите родени во март знаат како да се радуваат на ситници и токму затоа шират позитивна енергија каде и да зачекорат. Секогаш се движат со високо крената глава и во состојба се да се смеат и кога е најтешко.

TАЈНА РУСКА БАЗА – Протече снимка на воен објект во кој биле КРИЕНИ подморници

Неодамна е пуштена во јавност снимка на таен воен објект сместен на Крим, подземна база за подморници “Објект 825GTS”.

12121

Оваа база служела да во случај на нуклеарна војна, подморниците можат да се заштитат и да се сокријат. Напуштена е во 1993 година, а после тоа е претворена во музеј.

 Објектот се наоѓа во кримската област Балаклава и бил наменет за криење на нуклеарните подморници во бункер, за време на траењето на непријателските напади и нивно појавување после тоа и возвраќање на ударот.

Русија од 2014 година размислува за враќање на објектот во оригиналната функција.

А.Г.

Да се наежите: Де Роси се одрече од највредното, за да му оддаде почит на стариот пријател

121

Фудбалскиот сојуз на Италија се прости со легендарниот Пјетро Ломбарди. Фудбалерот на Рома Де Роси го испрати во вечноста на несекојдневен начин, потег вреден за почит.

 Ломбарди отиде во пензија на 84 години, а на почетокот од минатата година почина. Де Роси се откажа од најдрагото, златниот медал од Светското првенство, кое Италија го освои во 2006 година, и го положи на неговиот ковчег.

Секоја чест !

А.Г.

Неделен хороскоп од 21. до 27. март

horoskop-640x396

Овните ги чека бурна недела, преполна со страсти и љубов…

Овен

Работа: Подгответе се деловни потфати и можнсти во текот на неделата. Бидете вредни и истрајни и грабнете ги можностите кои вив се нудат! Оваа недела е сосема свртен кон вас и немојте да дозволите да ја пропуштите!

Љубов: Љубовта е во воздух драги Овнови!. Сонцето е во ваш знак такашто љубовните ѕвездди  ќе бидат свртени кон вас. Доколку веќе подолго време размислувате да и ги кажете своите чувства на саканата личност или симпатија, сега е време тоа да го направте!

Здравје: Поведете сметка за бубрезите

Бик

Работа: Доколку досеега ви фалела некоја информациј, сега конечно ќе добиете се’ на увид. Некои работи кои колегите ги криеле од вас ќе илезат на виделина токму оваа недела. Водете сметка да не греагирте премногу импулсивно!

Љубов: На повидок е страсна врска каква долго време веќе ја очекувате. Доколку сте зафатени не претерувајте со љубомора бидејќи само ќе го олаидте паартнерот.

Здравје: Засилете го имунитетот.

Близнаци

Работа: Вашата креативност и труд конечно ќе се исплатат. Продолжете со плановите и не заборавајте да останете фер и колегијални бидејќи во иднина тимската работа ќе се исплати.

Љубов: Затемнувањето на полната Месечина во среда ќе ви донесе доста интересни љубовни ситуации. Водете сметка убаво да го избалансирате љубовниот живот за да немате проблем.

Здраве: Одете на лекар и направете комплетни анализи

Рак

Работа: Ова ќе биде спектакуларна недела за вас. Работевте вредно изминатите недели и месецци и конечно ќе можете да се одморите и да уживате во плодовите на својата работа! иако е ова среќна недела поведете смека за трошоците.

Љубов: Бидете подготвени на емотивни расправии и љубоморни испди во текот на неделава. Една Вага веќе поодлго време гаи емоции кон вас и бара начин како да ви се доближи.

Здравје: Одмарајте повеќе.

Лав

Работа : Време е да излезете од зоната на комфорот и да пробате нешто ново. Претходните неколку недели ве следи лошо расположение и негативни вибрации, но ситуаијата ќе се смени кога сонцето ќе влезе во динамичниот Овен. На повидок се и патувања и размислете дали да ја поканите поканата!

Љубов: Лица во знакот на Вага и Стрелец би можеле да ви привлечат внимание. Доколку сте долго време сами, встински момент е да започнете нова љубовна врка.

Здравје: Повеќе време поминувајте на воздух и во прошетка.

Девица

Работа: Добро се снаоѓате во деловните ситуации, но не и во тимска работа. Опуштете се и научете да соработувате со другите наместо целата работа да ја завршуваате сосема сами.

Љубов: Шкорпија и Овен овие денови ќе бидат фатални за вас. Размислете кому да му прижите шанса!

Здравје: Нервозни сте.

Вага

Работа: Чувствувате недостиг на концентрација и мотиваицја за да ја завршите целата своја работа. Опуштете се и поразговарајте со претпоставениот. На крајот од неделата ќе ве очекува изненадувачка добивка!

Љубов: Ова е една од најдобрата недела  за љубов драги Ваги. Доколку планирате проширрување на семејството или какви било други љубовни барања, слободно направете го првиот чекор.

Здравје: Одлично.

Шкорпија

Работа: Внимателно планирајте ги своите издатоци за да не се доведете себе си во незгодна ситуција. Личност во знакот на Стрелец може да ви помогне во плановите, па не треба да ја игнорирате помошта!

Љубов: Ако сте сами, очекувајте многу пријатни изненадувања. Една личност ќе ги запали вашите страсти, па затоа не се двоумете туку дај те и шанса!

Здравје: Намалете со консумација на алкохол.

Стрелец

Работа: Намалете ги трошоците или обидете се да пронајдете дополнителен извор на приходи. Доколку плнирате да ја смените работата, почекајте го почетокот на следната недела.

Љубов: Силни емотивни реакции и љубоморни испади ќе ве оладат од партнерот и веќе ќе почнете да барате алтернатива. Почекајте со носење на одлука!

Здравје: Време е за диета.

Јарец

Работа: Обновете ги некои деловни врски или контакти бидејќи ти можат во оовј период да ви донесат дополнтелни деловни бенефиции. Ќе ви се укаже можност за во стрнство, но водете сметка дали е тоа навистина остварување на вашите соништа.

Љубов: Вашите љубовни соништа конечно ќе се исполнат. Уживајте во вниманието на саканите личности и не дозволувајте ситниците да ви ја нарушат идилата. само така продолжете!

Здравје: Можна е зголемена нервоза.

Водолија

Работа: Решени сте конечно да ги преземете работите во свои раце и да појдете во деловни предизвици.

Љубов: Ова е поволен период за љубов и врски. Искористете го периодот до крајот на март.

Здравје: Потребен ви е одмор.

Риби

Рaбота: Во последно време вредно сте работеле и конечно оваа недела ќе видите резултати.

Љубов: Не се откажувајте од претходните врски доколку чувствата сеуште траат.

Здравје: Добро

Репертоар на кино “Mис Стон”

10391693_988313067915830_4592432080053075984_n

Победник на наградата ОСКАР за најдобар филм.
Филмот е заснован на вистинска приказна од 2002 година, кога тимот на бунтовниот новинар на Бостон Глоуб почнува да ги истражува наводите за злоставување деца во католичката црква. Нивното долготрајно истражување открива децении заташкувања на највисоките нивоа од верскиот, од правниот и од државниот систем. Тие го придвижија бранот револуции во целиот свет. Филмот доби шест номинации за Оскар – за најдобар филм, за најдобра режија (Томас МекКарти), за споредна машка улога (Марк Рафало), за споредна актерка (Рејчел МекАдамс),
за монтажа и за оригинално сценарио.

Грета, млада девојка од Америка, барајќи начин да му побегне на своето проблематично минато, прифаќа работа како дадилка во мало англиско гратче каде треба да чува осумгодишно дете од богато семејство, додека родителите се на долг одмор. Веднаш при пристигнувањето Грета открива дека детето, всушност, е кукла во природна големина која богатата двојка ја користи како одбранбен механизам поради смртта на нивното дете пред две децении. Сепак, Грета решава да остане, но кога нема да ги испочитува строгите правила за негова грижа, низа вознемирувачки и необјасниви настани доведуваат до нејзиниот најголем кошмар, наведувајќи ја да помисли дека куклата е жива.

Репертоар на театарот ,,Војдан Чернодрински,, Прилеп

1

Сабота, 26.03.2016 – почеток 19:30 часот

,,Ајштајновите соништа,, во режија на Слободан  Унковски

 Недела, 27.03.2016 – почеток 19:30 часот

,,Од кол на кол,, во режија на Коле Ангеловски

Одбележување на светскиот ден на театарот

 Влезници на билетарницата на театарот, резервации на 428 644 или 076 442 378

 

 

ГАЛЕРИЈА – БЛАГОДАРНИЦИ ЗА ПРИЛЕПСКИТЕ КРВОДАРИТЕЛИ

IMG_8453

Општинската организација на Црвениот крст во соработка со локалната  самоуправа денеска,  им доделија благодарници на прилепските крводарители, кои дарувале 50 пати, 25 пати и 10 пати крв.

[Best_Wordpress_Gallery id=”187″ gal_title=”PrilemKrvodariteli”]

„Крвта е драгоцена течност која не може да се произведи . Благодарение на доброволното дарување и хуманиот гест на овие луѓе, спасени се многу човечки животи. Се надеваме дека прилепчани ќе продолжат со дарувањето крв и ќе се повикуваат на сите акции кои ги организира Црвениот Крст на Р.Македонија „ истакна градоначалникот Марјан Ристески, кој притоа на сите крводарители им  честитај Денот на крводарителството, 17-ти Март.

Минатата година  преку акциите во организација на  Општинската организацијата на Црвениот крст биле собрани над 2.373 единци од оваа скапоцена течност, крвта, што е приближно еднакво колку и минатата година.

Мисајловски на терен: Во септември готов регионалниот пат Лажани- Ропотово- Црнилиште

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојановски, денеска извршија увид во реконструкцијата на регионалниот пат Лажани – Ропотово – Црнилиште.

1

Овој пат во должина од 17 километри кој започна да се реконструира во декември 2015 година, е инвестиција вредна 1.79 милиони евра.

2

-Денеска сум во посета на општина Долнени за да извршиме увид во реконструкцијата на овој регионален пат кој започна да се рехабилитира на крајот од минатата година. Според динамиката на работа очекуваме неговата реконструкција да заврши во септември оваа година, изјави министерот Мисајловски.

3

Министерот најави дека покрај овој пат во овој регион за кратко време ќе започне изградбата на новиот експресен пат Градско – Прилеп, а во тек е реконструкцијата на регионалниот пат Кривогаштани.

Мисјаловски најави и дека оваа година во Република Македонија ќе отпочнат со изградба уште пет експресни патишта.

4

Министерството за транспорт и врски е пред потпишување на договор за изградба и на канализација за населеното место Ропотово во вредност од 420 000 евра.

Ресорниот министер заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и градоначалникот остварија средби со жителите на општина Долнени и село Вранче со кој разговараа за тековните проблеми.