дома блог страница 5394

Не заборавајте да ги поместите стрелките: Почнува летно сметање на времето

zimsko-smetanje-na-vremeto

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред утре во 2 часот наутро почнува летното сметање на времето. Часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот.

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји.

Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен. Во поранешна СФРЈугославија, а со тоа и во Македонија, летното сметање на времето првпат е воведено на 27 март 1983 година.

Летното сметање на времето ќе заврши во последната недела во октомври во три часот наутро кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.

Подгответе вкусни ќофтиња од леќа за време на постите

koftinja

Доколку се одлучивте да постите во пресрет на велигденските празници, ќофтињата од леќа се идеалното решение за оброк.

За подготовка на ќофтињата ви треба леќа, хељда, морков во ист сооднос, средината од 2-3 парчиња стар леб, праз/кромид/лук/магданос, како и зачини по желба.

Начин на подготовка:

Варете ја леќата половина час. Откако зрната леќа ќе бидат црвсто варени процедете. Хељдата се мие, се вари во малку вода (колку да ја покрие), првата вода се фрла; во втората вода се додава сол; кога ќе ја впие целата вода тогаш е сварена. Морковот се бари на пареа или се вари (ако се употребува праз истата постапка како за морковот). Зеленчукот се сечка на ситно, се меша со леќата и хељдата (ако нема хељда, може ориз или просо), се додава сув леб и се зачинува по вкус. Смесата се меша убаво, се остава да отстои за да го впие вишокот течност, се обликуваат ќофтиња (или ќебапи). Се редат во тавче посипано со брашно (може палента или презла место брашно) и се печат во претходно загреана рерна до 200°С околу 40 минути до 1 час.

ФОТО – Фудбалско полноќно дерби во центарот на Прилеп

12910566_10207504397982505_2135301889_n

Дечкиве се одлучиле за еден поинаков ноќен живот. Журкаџиите низ прилепските локали можат вода да им носат. Утакмицата која започна на полноќ сеуште е во тек и предизвикува огромен интерес.

12899789_10207504397902503_698211459_n

12527896_10207504398422516_1246515750_n

12895316_10207504397382490_1347147061_n

Моќен напиток против акни

lice-650x320

Доколку сакате чиста кожа треба да негувате однадвор, но и одвнатре.

Во тоа ќе ви помогне напивката направена според рецептот на Абигејл Џенкинс, козметичарка која се грижи за кожата на многу славни дами.

Состојки:

– сок од половина лимон
– половина од помала краставица
– грст свеж спанаќ
– два помали листа кељ
– мала лажичка семки од коморач
– мала лажичка изрендан свеж ѓумбир
– едно јаболко или круша за засладување
– 2 дл вода
Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер, добро измешајте додека состојките не се соединат и потоа испијте.

Краставицата е богата со витамин А и калиум, ги смирува акните и ја „лади“ кожата.
Семките од коморач и ѓумбир – дејствуваат антивоспалително.
Лимонот го детоксифицира црниот дроб и му помага да се ослободи од токсините кои предизвикуваат воспаленија на кожата.
Спанаќот и кељот се богати со хлорофил и антиоксиданти, ѝ помагаат на кожата да закрепне.

ВИДЕО – 16 месечно женско бебе плива како ШАМПИОН

asas

Бебенцево ги заслужува сите почести. Со своите само 16 месеци возраст плива како вистински шампион. Ќе ве освои со умешноста со која располага. За нас е херој на денот.

 

А.Г.

Викенд дестинација за прекрасен помин, пица – ресторан Гарден Лимитлес

12072624_188304901506974_4457218802590685266_n

Пица ресторан Гарден Лимитлес во Прилеп е местото каде ќе вкусите прекрасна храна, десерти и ќе уживате во прекрасно уреден и со стил подреден амбиент.

Место каде во едно се собрани гурманското, гостопримството, врвниот вкус и супер услуга. Цени достапни за сечиј џеб, богато мени со храна и пијалоци, како и промотивни дневни, богати менија

12189174_188751728128958_5771399357448584714_n

Ентериерот пружа можности за одличен помин со вашите најблиски или деловни партнери, опуштена атмосфера и топлина.

12191701_188459028158228_8837953168412133259_n

Во викендите жива музика  со најдобрите музичари од градот, многу луѓе на едно место, расположение кое ќе ве натера да навратите веќе наредниот ден.

Храната е уметност за очи и мевлем за душа. Ќе се изненадите од одличната сервираност, ќе забележите љубов во приготвувањето, како и целосно внимание при секој детаљ.

Ресторанот располага со широка летна бафча за топлите денови. Рајатно место, надвор од централниот градски метеж каде можете да го испиете вашето кафе.

11018790_109601816043950_5704353938030197793_o

10390020_109604226043709_1857147142536575276_n

Ние се уверивме во нивната умешност, врвна подготвеност да одговорат на потребите на гостите и да се погрижат за прекрасно поминато време.

Тие се едни од ретките кои го сакаат тоа што го работат и кои посветено се трудат да понудат нешто поразлично, нешто уникатно и пред се вкусно.

Повелете во Гарден Лимитлес, нема да зажалите !

А.Г.

Делегацијата на ЕУ повторно се оградува од Ван Хауте

vanhaute

„Делегацијата на Европската Унија во Скопје многу сериозно ги сфаќа обвинувањата за злоупотреба на ИПА фондовите и секој кој поседува таква информација треба да ја достави до ОЛАФ ( канцеларијата за борба со злоупотреби на европскиот буџет)“.

Ова е реакција на делегацијата на ЕУ по јавното обвинување кое дојде од страна на поранешниот посредник во разговорите меѓу партиите Питер Ван Хауте.

Денеска, на последниот работен ден како најверојатно најлош и најпристрасен медијатор во историјата, Питер Ванхауте јавно повика на насилно преземање на власта . За фламанскиот провокатор – менување на власта на избори веќе не е опција.

-Истиот Ван Хауте кариерата во Македонија ја започна со статусот дека Македонија е сопственост на Грција и ја спореди со Грузија и Русија. Продолжи со секојдневни зајадливи коментари илустрирани со мачиња, а меѓу неговите најпознати изјави е онаа кога фатен во кафеана со сивата еминенција на Сорос во Македонија, Владимир Милчин, луцидниот Ванхауте изјави дека дури и во оваа земја имал право на приватност. Сепак, поради нескриените обожаватели, белгиецот останува да рабтои во Макеоднија во невладиниот сектор. Очигледно, средбата со Милчин и не била бадијала. Еден од коментарите на социјалните мрежи е во иднина – Брисел да почне да практикува и прегледи на менталниот склоп на своите избраници, превентивно за да се избегнат вакви случаи, пренесе Република.

Секогаш најдобри во карате, гимназијалците растурија на Државното првенство

karatistki-nagradi-2016

На 18.03.2016г. (петок) во Прилеп се одржа Државното првенство во карате за основни и средни училишта, во машка и женска конкуренција.

За прв пат оваа година, за средни училишта, во натпреварувачкиот дел се воведоа и борби.

На првенството учествуваа 300 натпреварувачи,  како и Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп учествуваше со 9 натпреварувачи во машка и женска конкуренција, во кати и борби.

Гимназијата „Мирче Ацев“- Прилеп на ова натпреварување освои 7 места во машка и женска конкуренција во различни категории и со тоа по петти пат стана најтрофејно средно училиште во Македонија.

Учесници од Гимназија и освоени места се:

  • Димоска Мишела – I место – кати,
  • Димоска Маријана – II место – кати,
  • Ристески Дамјан – III место – кати,
  • Тодороски Огнен – III место – кати,
  • Димеска Лина – III место – кати,
  • Талеска Матеја – II место – кати,
  • Гокчев Андреј – II место – борби,

Одговорен (ментор) на  гимназискаta карате екипа е професорот по спорт Орде Цветаноски.

Што се однесува до натпреварите во карате во нашава држава, ученичките од гимназијата “Мирче Ацев”, Маријана и Мишела се најтрофејни во овој спорт веќе подолго време.

karate-vo-turcija-2016

Еве ги нивните маѓународни успеси последниве две години:

2016 – Балканско првенство за сениори (во Турција) – освоено I место – ката тим
2016 – Европско првенство за јуниори (во Кипар) – освоено III место – ката тим
2015 – Светско првенство за јуниори (во Индонезија) – освоено II место – ката тим
2015 – Балканско првенствално за јуниори (во Хрватска)– освоено I место – ката тим

Маријана Димовска, индивидуално, освоено I место

Мишела Димовска, индивидуално, освоено II место

karate-prvaci-2015

Фото: Тешка сообраќајна незгода во Карпош

karpos (1)

Тешка сообраќајна незгода се случи попладнево во Карпош кај салонот на Симпо.

Последиците се видливи на фотографијата, информациите говорат дека нема човечки жртви.

ФОТО: Приватниот остров на Леонардо ди Каприо

Пред десет години Леонардо ди Каприо купи остров во Белизе со план да го претвори во првото еколошко одморалиште кое ќе ги чува водите и шумите. Островот е наречен Блакадор Кеј.

leonardo-di-kaprio-ostrov

Леонардо го открил островот додека одморал во одморалиште во близина во 2004 година. Рибарите го користеле островот за време на работата и истиот се очекувал да потоне од ерозија. Лео сакал да го спаси островот.

leo14

Неговото одморалиште треба да биде завршено во 2018 година.leo1-630x412

leo2-630x417

leo3-630x223

leo4-630x223

leo5-630x394

leo6-630x355

leo7-630x420

leo8-630x355

leo9-630x363

leo10-630x437

leo13-630x383