дома блог страница 5365

Владата поништи незаконски акти на МВР и МТСП затоа што се без потпис од дополнителниот заменик министер

Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, на седницата одржана во четврток, 14.04.2016 година, одлучи да бидат поништени противзаконските и еднострано донесени правни акти на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика кои се донесени во периодот од 07.04.2016 година до 14.04.2016 година. Одлучувањето на Владата е направено врз основа на Законот за Владата во законска постапка. Поништи се незаконски акти на МВР и МТСП затоа што се без потпис од дополнителниот заменик министер, се вели во сопштението од Владата.

 

vlada-na-republika-makedoni-640x384

Потсетуваме дека на 07.04.2016 година, постапувајќи врз основа на член 30 став 2 од Законот за Владата, Владата одлучи да бидат поништени противзаконските и еднострано донесени правни акти на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика кои беа донесени во периодот од 11.11.2015 година до 07.04.2016 година, затоа што во законска процедура беше констатирано дека овие акти на наведените министри беа донесени спротивно од членот 46 ставовите 2 и 3, а во врска со членот 47 од Законот за Владата.

По стапувањето на сила на овие владини одлуки за поништување на противзаконските и еднострано донесени правни акти од министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, наведените министри донесоа нови незаконски и еднострано донесени правни акти кои се со идентични содржина и цел како правните акти кои Владата претходно им ги поништи и тоа во постапка која е повторно спротивна од Законот за Владата.

Битно е да се потенцира дека со овие чинови на носење на нови незаконски и еднoстрано донесени правни акти по 07.04.2016 година, кои се со иста содржина и цел како претходно поништените акти, министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика самите потврдија и признаа дека одлуките на Владата, кои беа донесени на 07.04.2016 година за поништување на нивните претходно донесени незаконски и еднострано донесени акти, се законски, донесени врз основа на закон и во законска процедура, односно дека Владата исправно, легитимно и легално дејствувала и постапувала.

Заради почитување на законитоста, и имајќи го во предвид горенаведеното, Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, на седницата одржана во четврток, 14.04.2016 година, одлучи да бидат поништени противзаконските и еднострано донесени правни акти на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика кои се донесени во периодот од 07.04.2016 година до 14.04.2016 година.

Согласно член 30 став 2 од Законот за Владата, Владата има право и должност да укине или поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и управните организации кој не е во согласност со Уставот, законот или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата, и врз основа на овој член Владата дејствуваше.

Врз основа на официјални информации и акти кои беа доставени и разгледувани во законска процедура на седницата одржана на 14.04.2016 година, беше констатирано дека министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, со противзаконски и еднострано донесените акти во периодот од 07.04.2016 година до 14.04.2016 година, повторно ги повредиле и работеле спротивно на членот  46 ставовите 2 и 3 од Законот за Владата, а во врска со членот 47 од Законот за Владата. При носењето на овие еднострани и противзаконски акти наведените министри повторно не ги почитувале законите, односно не ги донеле овие акти во согласност со дополнителниот заменик министер, не ги консултирале дополнителните заменици министри и на овие акти кои Владата им ги поништува нема потпис од дополнителниот заменик министер, од што произлегува дека тие акти се незаконски донесени и се спротивни на Законот за Владата и затоа Владата ги поништи овие нивни акти.

Владата повторно наложи во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика да се воспостави претходната состојба каква што била пред донесувањето на наведените противзаконски и еднострани акти, кои Владата ги поништи.

Владата на Република Македонија за спроведување на изборите смета дека сите нејзини членови, вклучително и министерот за внатрешни работи и министерот за труд и социјална политика, во рамките на своето делување треба да ги почитуваат законите и очекува во идниот период сите членови на Владата да се водат и да ги почитуваат законските начела и норми, и на тој начин да се придонесе во довербата во изборниот процес и реализација на фер, кредибилни и демократски избори на 5 јуни.

Интегрален текст од сопштението на Владата

Магија која плени – Крушево на саeмот за туризам

елее4е и наташа саем

Саемите се единствена можност за квалитетно претставување на туристичката понуда, запознавање на нови  партнери, негување на постојните бизнис релации со клиентите и партнерите, истражување на пазарот и поставување на темел за идната маркетинг стратегија. Туризмот како стопанска гранка неминовно се вклопува во трендовите на општествениот и друштвен живот на 21.век

Оваа година Општина Крушево за прв пат учествува на Саемот за туризам, претставувајќи го Крушево како туристичка дестинација атрактивна за посета на туристи преку целата година.

12992001_10208527346328481_1691453650_o

12986681_10208527344808443_1073091884_o

12986720_10208527342728391_721518024_o

Крушево Ви нуди авантури за сите сезони
Крушево на планина – сместено помеѓу најубавите планини во Мкедонија, насекаде ќе ве следи преубава глетка и по некое парче од нашата историја.
Крушево на точак – Никако не пропуштајте извонредна прилика да уживате во природата на точак. Нашите мапирани патеки ќе ги најдете на www.discoverkrushevo.com –  Тука го имаме настанот Крушево низ корија секое лето  – масовен настан за возење на точак низ Крушевските планини.
Крушево на снег– Зимата секако највозбудливиот период за нашите најмили . Крушевските планини се благи и пријатни за уживање во снежните активности. Се  тоа комбинирано со историјата Ви нуди можност за одлична зима преполна со убави моменти и сеќавања.
Крушево на небо – Дефинитивно најпрепознатливиот спорт во Крушево е летањето со параглајдер. Летајте и видетеја Македонија на дланка од небо. Пробајте еднаш и гарантираме дека ќе се враќате секое лето..

13009767_10208527336528236_2141703426_o

13000687_10208527345768467_747750473_o

13009699_10208527346728491_1731567006_o

Крушево за одмор и љубов
Шармантно мало гратче за заљубените- тука наполнете ги батериите и максимално релаксирајте се со Вашата љубов.
Полни очи – Каде и да се движите ве следи преркасна глетка на Крушево и околината, а доколку сте авантуристи и се искачите на крстот ќе имате глетка која што ќе ви остане врежана засекогаш.
Полни гради– Совршен спој на урбана средина со густа шума и вековни дрвја, ви го регенерира Вашето здравје и ве мами секое утринско кафе да го пиете на отворено.
Полно срце – Крушево на светот му даде ѕвезда, позната како Тоше Проески, која што љубов ја промовираше и ширеше насекаде. Денес Крушево прерасна во место што ја слави љубовта како единствена цел за нашето постоење. Сите спомени на нашиот Тоше собрани во неговата спомен куќа отворена за сите заљубени посетители.
Полни батерии – Ако Ви треба само одмор, тука сте на совршено место. Нашите пријатни  лета и меќи зими Ви даваат можност да здивнете од брзото темпо на живот.

13035625_10208527336448234_607264604_o

13009899_10208527339288305_465129447_o

13016430_10208527345488460_896254666_o

13016538_10208527338648289_1714608070_o

13035411_10208527341848369_546651038_o

13035411_10208527347008498_913586250_o

Крушево- град на култура
Одлична можност да видите се она што нашите предци го оставиле во наследство. За да се запознаеш себеси треба да ја познаваш својата татковина а тоа најдобро можеш да го научиш во Крушево. Секоја година се слави големиот Македонски празник Илинден, првиот момент од раѓањето на нашата Република. Тука ни е Крушево Етно Град- уникатен настан, каде што вашето присуство Ве доближува до минатото. Може да уживате во нашата богата и вековна традиција пренесена низ традиционалната облека и прекрасна музика.

слика саем!

13035678_10208527344088425_1782451566_o

 

Она што е сигурно дека од Крушево дома гладни не се враќате. Храната е неиизбежен дел од нашата култура. Традиција преточена во богата софра што никој не останува рамнодушен. Покрај тоа што Крушево нуди локална варијанта на најпознати Македонски јадења, во Крушево ќе најдете и уникатни јадења кои што не се припремаат на ниту една дуга локација

13036581_10208527342088375_448398309_o

pproizvodi

Крушево банер_и

. . да му дадеме шанса на туризмот, на убавините на Крушево и на гостите кои секоја година се почесто доаѓаат во Крушево…
www.krusevo.gov.mk
www.discoverkrushevo.com
#LoveKrusevo
#DiscoverKrushevo

Ноќен живот Прилеп – Club Calypso & Caffe Virus – 15.04.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”211″ gal_title=”NokenzivotPrilep_15042016″]

ВИДЕО – Немојте ни случајно да се задевате со ова кинеско дете

12212

Петгодишно дете од Кина со метална цевка ја брани својата баба. Изгледа навистина луто и спремно на се’. Иако е мал и немоќен  Тоddler не се предава и се спротивставува на сите наоколу.

Видете и самите:

А.Г.

Изложбата ,,Портретирани сеќавања,, од Јана Манева- Чупоска пред прилепчани

DSCN8609

,,Портретирани сеќавања,, е темеатската изложба од Јана Манева Чупоска што e отворена во галеријата од ЦK,,Марко Цепенков,,. Љубителите на уметноста  ќе можат да проследат една интересна изложба  koja нуди приказ на една колективна меморија, која се поврзува со нас и нашиот македонски, балкански бит, но опстојува и во границите на една поширока, европска , светска култура. Изложбата ја отоврија Игор Трпчески и Ивана Николова.

DSCN8664

Јана Манева – Чупоска учествувала на бројни групни изложби во земјава и во странство и на повеќе домашни и меѓународни ликовни колонии. Дизајнирала повеќе модни ревии. Работи како декан и професор на Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ, Скопје. Учествувала на научни конференции и симпозиуми и објавила бројни научни трудови во меѓународни научни зборници од областа на ликовната уметност и дизајн. Објавила неколку книги (авторизирани предавања) од областа на ликовната уметност и дизајн. Ментор е на дипломски и магистерски трудови. Учествувала на домашни и меѓународни семинари и работилници  од областа на ликовната уметност и дизајн.

DSCN8684

DSCN8603

СВЕТСКИ НАСТАН ВО СКОПЈЕ: Мотивацискиот говорник Ник Вујичиќ вечерва пред македонската публика

Светскиот хуманист и предавач Ник Вујичиќ кој во рамки на својата светска турнеја гостува и во Македонија, вечер, во ВИП Арената на СРЦ „Борис Трајковски“, ќе одржи мотивациски говор.

 

nik-vujicik-sk

Настанот го организираат Центарот за поттик на креативни потфати, „Нова Искра“ и евангелско-протестантските цркви во Македонија, а ќе биде збогатен со музички настапи на „Скопје Госпел Хорот“ и на македонските музичари браќата Тавитијан.

Според желбата на Вујичиќ, сите собрани средства од билетите кои може да се купат преку МКТикетс за 100, 200, 300 и 1.000 денари, како и он-лајн, преку веб страницата на МКТикетс (www.mktickets.mk) или во нивната продажна мрежа која ги вклучува продавниците на ONE ширум Македонија, ќе бидат донирани во хуманитарни цели, за опремување на салата за лицата со посебни потреби.

По повод посетата на Вујичиќ, на Саемот на книгата ќе биде промовирана и неговата прва книга „Живот без граници“, во превод на македонски јазик. Изданието ќе биде достапно и на настанот вечер, во СРЦ „Борис Трајковски“, за 300 денари.

Ник Вујичиќ е роден Австралијанец со српско потекло чиј недостаток на рацете и нозете е резултат на ретката вродена аномалија наречена тетра-амелија синдром. Неговиот вроден физички недостаток го става во животот пред сериозни предизвици со кои успева да се избори и денес тој несебично го споделува своето животно искуство и станува инспирација за милиони луѓе ширум светот.

Овој 32-годишен мотивациски говорник моментно е на турнеја низ светот, каде настапува пред преполни стадиони со 100.000 фанови, дел е од состаноци на светските лидери и пишува книги.

 

ВИДЕO: Во длабочините на Лох Нес пронајдено славното чудовиште

Подводниот робот „Мунин“, чија првична примена била да пронаоѓа паднати авиони, бил пуштен да го пребара дното на Лох Нес.

 

vezbi-zadnik-noze-650x396

Резултатите со кои излегол на површина,  биле неочекувани.

Имено, потрагата завршила успешно, со што било потвредно дека на дното на Лох Нес има остатоци од чудовиште.

Сепак, не станувало збор за митското чудовиште, туку за чудовиштето од снимањето на филмот „Приватниот живот на Шерлок Холмс“ чии делови биле снимени на езерото.

Со овој третман ќе го решите проблемот со испуканите пети

Сон на секоја жена е да има убави и дотерани стапала. Никој не сака тврди, суви и испукани пети.

petici

 

Меѓутоа, дали сте занеле дека обичната сода бикарбона има антисептички својства и дека поволно влијае на кожата на вашите стапала?

Тоа е прилично ефтин и ефикасен алат со чија помош можете да постигнете вашите стапала да бидат нежни, без пртоа да плаќате за скапи педикири во салоните за разубавување.

Како да го направите тоа?

Потребно ви е 3 лажички сода бикарбона и 4-5 лити вода.

Растворете ја содата во топла вода и потопете ги стапалата на околу 15 до 20 минути.

После тоа, добро истријајте ги стапалата со четка. Потоа намачкајте ги со крема или вазелин, обујте памучни чорапи и носете ги неколку саати.

Ќе забележите промени на стапалата веќе после првиот третман.

Можете да го правите овој третман секој ден во период од 5-7 дена, а потоа направете пауза од недела дена. Направете така 3 пати.

После три неделни третмани, вашите стапала ќе станат неверојатно мазни и сјајни.

А.Г.

Чупе на денот – Jessica Rafalowski

5

1

2

3

4

ВИДЕО – 30 дневна трансформација за совршено обликуван задник

2121

Само 15 минути се доволни за секси задник и затегнати нозе. Доаѓа летото, а тоа значи дека треба да се фрлите на вежбање и на поправање на евентуалните несовршености.

За совршено обликуваниот задник и цврстите нозе не се заслужни само добрите гени. Напротив, од пресудно значење е вежбањето, а еве неколку вежби што можете да ги правите дома и за кои што не ви е потребна никаква опрема.

Погледнете во приложеното видео што треба да правите: