дома блог страница 5358

ВИДЕО: Инструментална верзија на „Зајди зајди“ и пејзажи кои ќе ве остават без здив

zajdi (1)

Понекогаш зборовите се непотребни, како во случајов на ова фантастично видео на кое се покажани убавините на Македонија.

И додека во позадина свири новокомпонираната инструментална верзија на „Зајди зајди“, секој кој ќе го гледа ова видео во себе ќе си ги потпевнува стиховите од една од најубавите македонски народни песни.

Ажурирајте го својот Вибер и користете го според нови параметри

Основачите на популарната апликација Viber најавија дека целата комуникација која ја водите ќе биде заштитена со енкрипција меѓу примачот и испраќачот, што ќе биде одлично за околу 700 милиони корисници кои би ја сочувале својата приватност.

viber

Исто така воведен е и скриен чат каде ќе може да ги криете пораките кои нема да се прикажуваат во главното мени.

Она што треба да го направите за да може да ги користите новите можности, е да го ажирирате својот Вибер и безбедно да комуницирате во иднина.

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА: Пресврт со времето

vremevrapce (1)

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 17 до 24 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе достигне до 23 степени.

Од сабота кон крајот на денот до вторник ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд и со умерен до засилен ветер, претежно од западен правец.

Илјадници граѓани во еден глас извикуваат „Македонија! Македонија! Македонија!

porta-17-1

Реки на народ се слеаја пред Собрание во организација на ГДОМ, со цел испраќање на порака за избори на 5 јуни и крај на кризата.

g7

g10

g5g2

g1

Eден од водечките светски научници: Лекот за рак е во нас, само треба да го насочиме телото да го убие карциномот!

 Ракот како болест е една од најопасните болести на денешницата, а иако за оваа болест сеуште нема сигурен лек, научниците секој ден се се поблиску до откривање на истиот.

doktor-Rosenberg

Овој факт го потврди и докторот Steven Rosenberg од Националниот Институт за болести од рак од Bethesda во Мaryland. Овој угледен доктор напоменува дека се наоѓаме на чекор до откривање на вистинската и точна терапија за лечење на оваа тешка болест.

Rosenberg е еден од водечките доктори кој се занимава со имунотерапија. Тврди дека наместо да бараме надворешни фактори со кои би се бореле против оваа болест, мораме да го насочиме телото во кое освен болеста, се наоѓа и лекот.

“Наместо да се препуштаме на хемотерапија, радиација и операција за отстранување на тумурот, имунотерапијата го поттикнува телото само да се бори против опасната болест, ракот”, напоменува Др. Rosenberg.

Поминаа 40 години од кога Др. Rosenberg го создаде лекот Interleukin-2, прва во светот делотворна техника за имунотерапија.

“Целиот овој напредок не значи дека имаме лек, но успеавме да докажеме дека имунотерапијата е оружје кое се покажа како најуспешно во борбата против ракот”, вели Др. Rosenberg и додава дека лечењето со имунотерапија за сега покажало успешно кај лечењето на болести на крвта, повеќе отколку кај останатите, цврсти облици на тумор.

“Се додека на заболените им го дадеме вистинскиот лек кој ќе ги излечи од болеста, до тогаш имаме уште многу работа”, додава Rosenberg за Bloomberg.

А.Г.

ВИДЕО – Принцезите од Дизни во модерна базен забава

2121

Еднаш многу одамна 5 принцези од Дизни се решиле да направат модерна забава во базен. Која од која поубава, петте принцези од различни Дизни бајки заеднички се дружеле покрај базенот и направиле одлична забава.

Вака Пепелашка, Снежана, Елза и Ариел, го поминуваат слободното време во бикини кога времето надвор е жешко.

Како што ќе видите, девојките покрај тоа што се забавуваат, си прават и шеги една на друга:

А.Г.

ВИДЕО – Ова е Виктор, на Виктор му смета птицата од другата страна

assaas

Виктор е птица галеб кој не сака конкуренција околу него. А како да сака кога галебот од другата страна се однесува премногу агресивно кон него.

Ова е можеби најдобрата изведба на сцената во филмот “Таксист” , каде монологот одеше вака: “You talkin’ to me? Cuz’ I’m the only one here”, со таа разлика што Роберт Де Ниро е галебот во oвој случај.

Погледнете и самите:

А.Г.

МАКЕДОНИЈА НА НОЗЕ: ГДОМ со огромен народен собир пред Собрание во 19 часот

Македонија е на нозе во одбрана од украинското сценарио на Зоран Заев. Граѓанското движење за одбрана на Македонја (ГДОМ) повикува за најмасовен собир пред Законовданиот дом.

protest-gdom1-640x360

Во 19 часот пред Собранието на Република Македонија вечерва ќе се одржи огромен народен собир на ГДОМ. По масовните протести изминативе денови низ повеќе градови, ГДОМ со масовен протест пред Парламентот вечерва ќе испрати порака за избори на 5-ти јуни и конечен крај на кризата.

Од Граѓанското движење повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите.

-Очекуваме најмалку 50.000 луѓе, можеби и повеќе. Огромна поддршка од граѓаните на Република Македонија бидејќи нели ние сме невладина организација, така што сметаме дека таа поддршка ќе биде многу голема бидејќи не се работи за политичка партија и дека ќе прати голема порака како до Брисел, така и до целата држава, вели Александар Даштевски.

Членовите на ГДОМ истакнуваат дека народот како што ја создаде оваа држава, сега кога се чуствува отворена закана за нејзино подривање застанува на бедемот и одбрана на институциите и зачувување на мирот.

-Ќе имаме огромен протест во Скопје, ќе видат колку сме им ќе им порачаме дека Македонија може да излезе од криза на 5-ти јуни и да престанат да ги сквернават спомениците, изјави вчера членот на ГДОМ, Филип Петровски.

Од ГДОМ велат дека деструкцијата и насилието кои што се спроведуваат од приврзаниците на СДСМ не е израз на волјата на мнозинството.

-Кога насилието ќе го замени разумот, кога пресметките ќе се главна содржина на политичкото дејствување, тогаш нема напредок. Тоа граѓаните ќе го осудат. Македонија мора да оди напред, да се развива. Нема случај никаде во светот опозиција да бега и да се плаши од избори. Деструкцијата не е опција со која државава оди напред. Насилието не е опција која ќе донесе подобро утре за народот, затоа е потребна одлучност со каква располага нашиот народ, народот ќе си ја одбрани државата, слободата и зачува мирот, истакнуваат од ГДОМ.

Најодвратниот човек на интернет: Внук на еден од најбогатите тајкуни сите го мразат (ВИДЕО 18+)

grigorij (1)

Григори Мамурин Гриша, внук на еден од најбогатите руски олигарси Игор Неклудов, многу го опишуваат како најодвратниот лик на светот.

Гриша има свој Јутјуб канал каде поставува клипови како би покажал дека парите може да се купи баш се.

Тој преку своите видеа ги понижува луѓето.

„Јас не ги осудувам тие луѓе. Верувам дека имаат проблеми поради кои прифаќаат да прават одредени работи. Не знам што би правел кога би ги имал истите проблеми“, вели тој.

Погледнете зошто толку го мразат.