дома блог страница 5357

Урнебесен оглас: Продавам „нинџа желка“

На страница „Купувам-продавам“ се појавил неверојатен оглас, на кој човек продава Нинџа Желка.

ninja-zelka

Огласот е далеку од вистината, но смешното во оваа ситуацијата е фотографијата. Станува збор за обична желка, на која сопственикот и врзал два ножа на грбот.

Секоја чест за смешната креативност на човекот, затоа што ги насмевна сите што го забележале огласот.

МОЌНО ВИДЕО: „Македонци сме најмногу затоа што сме страдале на македонски“

zname-makedonsko1

„Македонци сме најмногу само затоа што сме страдале на Македонски“. Со моќна порака, Фејсбук групата Македонија објавува видео од вчерашниот голем народен собир во Скопје. Во видеото се објавени и значајни моменти на сплотување на македонскиот народ.

Македонци сме најмногу само затоа што сме страдале на Македонски. Никогаш не и се израдувавме на татковината. Со едната рака ја оравме, со другата ја браневме. Ние Македонците, никогаш досега, ниту куќа, ниту црква, со туѓ камен не изградивме!

Македонија е икона на Балканот, Македонија е црква на Европа, Македонија е манастир на светот!

Браќа и сестри, иста мајка не раѓала, исти куршуми не гаѓале, иста ортома ни ставале на вратот, иста кама ни го сечела гркланот. Главата горе!.

ООУ “Блаже Конески” доби комплетна санација на надворешната столарија

IMG_5716

OОУ „Блаже Конески“ доби комплетна санација на надворешната столарија, вклучувајќи замена на прозори, врати и подови. Оваа инвестиција чини 3,5 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа.

IMG_5728

IMG_5704

IMG_5710

IMG_5720

Во ова основно училиште извршена и е целосна реконструкција на ентериерот, се со цел подобрување на условите за изведување на наставата. Градежните активности околу реновирањето на ентериерот на зградата опфатија : поставување на нови бетонски плочи помеѓу катовите, нови подови од линолеум, комплетно малтарење на ѕидови со абрип, спуштање на тавани со плочи од кнауф и поставување на нова електрична инсталација.

IMG_5738

IMG_5713

IMG_5733

IMG_5737

Никола Србов на својот фејсбук профил ја изнесе мрачната историја за движењето “БЕСА”

Историчарот Никола Србов на својот фејсбук профил напиша еден подолг опис за движењето БЕСА, кое во изминатите денови ги поддржа насилните протести во главниот град, организирани од СДСМ и Соросоидните невладини организации. Она што го пишува Србов според историските податоци за значењето на БЕСА е запрепастувачки!

Прочитајте и самите:

1212

asasas

Она што може да се заклучи после вакви изнесени факти е дека, сценариото кое овие актери сакаат да и го напишат на државата, не е ни малку наивно. Сепак на вчерашниот собир на ГДОМ пред Собранието на Р. Македонија, граѓаните во огромен број покажаа дека се обединети во овие тешки моменти за државата, и кажа едно огромно НЕ за дестабилизација, немири и насилни протести.

А.Г.

ВИДЕО – Погледнете како рускиот легендарен камион Камаз работи на авто-пилот

12121

Легендарната руска машина, камионот Камаз од сега може да работи на авто-пилот. Камионот е опремен со сензори способни да детектираат луѓе, сообраќајни знаци, линиски обележувања и други возила на патот. Изгледа неверојатно, уверете се и самите:

А.Г.

 

Илјадници луѓе жалат за Принс: Солзи, цвеќиња, свеќи и пораки за заминувањето на музичката легенда

prins

Илјадници луѓе се собраа во вечерните часови во Минеаполис за Принс, да жалат за загубата на нивниот сограѓанин чија музика ги помести границите и инспирираше генерации уметници од целиот свет.

Неговите обожаватели оставаа цвеќе, свеќи и пораки на оградата на имотот на музичарот во Пејсли Парк, а потоа се собраа во центарот на градот на целовечерна забава во негова чест.

123

 

Мнозинството ја пееше „Purple Rain“ пред клубот на Минеаполис каде во 1984 година е снимен поголемиот дел од истоимениот филм, а зградите и мостовите во градот се „капеа“ во виолетови светла во исто време.

Во Њујорк фановите го прославија животот на Принц во легендарниот Аполо во Харлем каде што неговото име стоеше на големиот екран заедно со натписот: „Nothing Compares 2U“.

Во Бруклин, режисерот Спајк Ли покани илјадници луѓе на улично хорско пеење на песните на Принц.

Бдеења се одржани и во други градови, а градските знаменитости во целата земја од Лос Анџелес, преку Њу Ореланс и Сан Франциско до Бостон се осветлени со пурпурна боја.

Принц беше пронајден мртов во лифт во една од зградите во Пејсли Парк, каде живееше и имаше студио. Причината за смртта на еден од најпопуларните, најиновативните и највлијателните музичари во своето време, се уште не е позната.

Во меѓувреме и понатаму пристигнуваат изрази на сочувство и признанија на починатиот уметник.

– Светот изгуби креативна икона. Еден од најнадарените музичари во нашето време, рече американскиот претседател Барак Обама.

– Неговиот талент беше неограничен. Беше револуционерен, еден од највозбудливите музичари во последните 30 години, истакна Мик Џегер.

Амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Мартин Безак, во посета на Прилеп

1

Амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Мартин Безак, денеска беше во официјална посета на Прилеп. Неговата Екселенција оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески, со кои разговараше за продлабочување на соработката на Општина Прилеп со збратимената општина од Словачка Република, Тополчани на полето на културата,спорот,образованието,но стана збор и за моментната политичка ситуација во земјата.
При посетата , Амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Мартин Безак,накратко го проследи работењето на Советот на општина Прилеп,кои денеска имаа седница, а одржа и предавање на Економскиот факултет пред студентите запознавајќи ги со условите за студирање во Словачка Република,како челна на ЕУ,но и со можностите за користење на Меѓународниот Вишеградски фонд.
Амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, Мартин Безак, својата посета на Прилеп ја заврши со посета на “ АД Витаминка“.

[Best_Wordpress_Gallery id=”217″ gal_title=”Амбасадорот на Република Словачка”]

Тодоров: Сто милиони денари инвестиции во прилепската болница

Околу 100 милиони денари се инвестициите во Општата болница Прилеп, која и кадровски и финансиски зајакнува, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

ntodorov-pp

Тој денеска ја посети болницата, особено детското и интерното одделение каде се врши целосно обновување. Работите се интензивираат и треба да завршат во јули.
– Работите се одвиваат со сериозно темпо и во сериозен обем. Се очекува во јули да бидат комплетно обновени одделенијата и тоа е инвестиција од 70-ина милиони денари, пари од министерстото. Паралелно со тоа се набавува нова опрема во болницата. Поставен е и набавен нов мамограф по седум-осум години од претходниот. Тоа е значајно подобрување на здравствените услуги особено што болницата дава здравствени услуги на околу 120.000 жители од регионот. Освен тоа, болницата, со свои средства набавува апарати, изјави Тодоров.
Според Тодоров, Прилепската болница и финансиски зајакнува. Една третина од долговите се вратени.
– Во болницата имавме сериозни финансиски проблеми. Сега, за четири месеци, болницата го намали долгот за 60 милиони денари. Тоа е добар показател дека работите одат во добар правец. Не може преку ноќ да се решат сите проблеми, но може да заклучиме дека болницата сериозно финансиски се стабилизира, рече Тодоров.
 
Прилепската болница, заклучува министерот за здравство, и кадровски зајакнува. Има 100 вработувања, а тројца лекари ќе заминат на специјализација во странство.
– Има над 100 нови вработувања во болницата или преку трансформацијата на вработувањата на волонтерите. Тројца доктори од болницата ќе заминат на специјализација во Белград. И тоа, еден дигестивен хирург со што болницата прв пат ќе добие специјалист по дигестивна хирургија. На специјализација заминуваат и по еден офталмолог и гинеколог, нагласи Тодоров.
Во меѓувреме, болницата има 18 специјализанти и според директорот Петар Ристески се очекува за околу две години оваа здравствена установа комплетно да застане на здрави нозе.
– Имаме сериозни инфраструктурни зафати, нова опрема, кадровско екипирање, што не значи дека немаме потреба и од нов персонал, особено медицински сестри, а и финансиски зајакнуваме. Очекуваме за околу две години комплетно да се стабилизираат состојбите во Прилепската болница, изјави Ристески.

Одбележување на јубилеј 15 години Македонски ЛАВОВИ

Posteri Lavovi

По повод одбележувањето на 15 годишниот јубилеј од формирањето на единицата за брза интервенција Лавови, утре 23 април 2016 година во с. Лениште во Прилеп се организира настан, со кој ќе се потсетиме на херојските подвизи на припадниците на оваа единица.

Почетокот на настанот е закажан во 11 часот.

 

Бразилката Песоа на голот на ЖРК Вардар

Репрезентативката на Бразил Мајса Ракел де Оливеира Песоа е новото засилување на ЖРК Вардар на голманската позиција. Таа во редовите на македонскиот првак ќе дојде од ривалот во полуфиналето екипата на Букурешт.

 

pesoa-640x294

Песоа има 31 година и во европските екипи има настапувано за Иси (Франција), Динамо Волгоград (Русија) и Букурешт (Романија). Нејзин најголем успех во кариерата е освоениот златен медал со Бразил на Светското првенство 2013 година во Србија.
 Имам добро чувство за Вардар, можам да кажам дека правам вистински потег. Тимот е одличен, со фантастични играчи, кои се борат да го освојат пехарот во Лигата на шампионите. Ова е нов предизвик за мене, нова авантура, изјави Песоа за интернет страницата на ЖРК Вардар.
Новото засилување на ЖРК Вардар ќе биде дел и од селекцијата на Бразил на Олимписките игри во Рио каде оваа селекција важи за еден од фаворитите за освојување на медал.