дома блог страница 5334

Попладнево пороен дожд, грмежи и силен ветер

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југозападен ветер.

dozd-cador-2-640x396

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југозападен ветер.

Околу пладне и попладне на повеќе места ќе се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер, а се очекува да наврнат над 20 л/м2 дожд. Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме со град, особено во југозападните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. УВ=5

Во наредните денови во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд со ретки грмежи. До недела ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.

И ЧЛЕНСТВОТО НА СДСМ – ПРИЛЕП, СЕ СРАМИ ОД СРАМОТ ! ! !

333

Ако целта е да се уништиме себе си, да го уништиме она што никогаш сме го немале, односно да уништуваме тоа што макотрпно се градеше во Прилеп изминатите 10 години, патот е овој, кофи со боја, и агресивно изразување на револт.

Шаренилото на револуцијата не донесе нови идеи, не донесе програма за развој на градот, не донесе ниту нереални ветувања како во минатото.

Единствено нешто што се случува во Прилеп во изминатиот период се осуди на ваквото дивеење, зачуденост и револт од сите категории на граѓани.

222

Самите членови на СДСМ во Прилеп се срамат од ваквите постапки. Ако се согледа тоа дека гласачкото тело на СДСМ во Прилеп брои од 18 – 20.000 гласачи на изминатите изборни циклуси, а на вандалските чинови се присутни само 200-300 луѓе, не е ни чудно што нервозата расте и се изразува на ваков начин.

До нас секојдневно доаѓаат реакции на граѓани, со различни занимања и од различни свери на општественото живеење.

Најгласни во своите осуди се пензионерите, студентите, средношколците, кои не можат да го користат градскиот превоз поради блокадите. На мака се и вработените во комуналните претпријатија Водовод и Комуналец, кои со крајни маки мораат секојдневно да го чистат ваквиот хаос. И секако први на удар се припадниците на полицијата, кои  ни криви ни должни мораат да го трпат понижувањето и постојаното валкање со боја на нивните работни униформи.

1

Едно е сосема сигурно, на ваков начин нема да и се помогне на државата, на ваков начин не се гради општествен консензус и подобро општество. На ваков начин СДСМ создава само една агонија и тортура врз населението, и гради привидна илузија дека работите ќе тргнат кон нешто подобро.

2

Oна што на сите им недостигаше – Кралот Марјан Ѓорѓиевски се врати на јутјуб

1212

Човекот кој на сите им недостигаше, битолчанецот Марјан Ѓорѓиевски, по неколку годишна пауза, се врати со ново супероригинално видео.

Ќе ви раскаже за супер македонските брендови ајварот и ракијата, при што до солзи ќе се смеете.

За само неколку дена видеото е прегледано 53.000 пати.

Погледнете….

А.Г.

Maрјан Ристески: Прилеп има огромни потенцијали за развој на авантуристички туризам

Посебно задоволство од големиот настан кој деновиве се одржува во Охрид, Конференцијата за авантуристички туризам, изразува градоначалнкот на Прилеп Марјан Ристески, кој лично присуствува на првиот официјален дел. Притоа Прилеп се претставува со посебен штанд на кој се истакнати низа особености и обележја на градот, како и понудата во поглед на авантуристичкиот туризам која ја нуди.

 

marjan

Како што изјави во интервјуто за  Ohrid1, прилепскиот градоначалник, на секоја општина главен приоритет и е да привлече што повеќе туристи.

-Тргнувајќи по примерот на развиените туристички општини околу овој алтернативен туризам , исто така и Прилеп негува да секогаш ги промовираме оние убавини и сите оние аспекти кои можеме да ги понудиме на сите туристи од целиот свет, не само од Македонија. Така и на овој штанд има доста материјали, којшто навистина можат да се запознаат сите заинтересирани туроператори, со што располага Прилеп, неговата околина ,Пелагонија , сите убавини и што можеме да понудиме.

Каде е конкретно авантурата во Прилеп?

-Авантурата ја има во секој поглед. Би почнал пред се од самата конфигурација на земјиштето, којашто овозможува преубавите планини  и убавиот еколошки регион, Мариово. Преубавите манастири кои ги имаме. Би се задржал на светски познатите манастири Трескавец, Зрзе , манастирот Архангел Михаил во подножјето на Марковите кули, кои се како планина и како комплекс кандидат за заштита под УНЕСКО и секако еден од најстарите манастири Свети Никола во селото Манастир во еколошки најчистата област во Мариово. Имаме и доста археолошки локалитети кои датираат од различни периоди , од железно доба, од неолит, антички период, ранохристијански период, среден век па се до најнова историја. Прилеп важи за еден од градовите кои на Балканот имаат најмногу културно-историски споменици, знаменитости и објекти кои се под заштита на државата а тоа е главниот адут кој можеме да го понудиме во туризмот.

Конкретно околу алтернативниот туризам би го истакнал ултра маратонот кој секоја година се одржува во околината на Прилеп, маути-бајкот и велосипедскиоте тури коишто се прават низ регионот на Мариово. Исто така тука е и слободното качување покарпи, кои ги има доста на комплексот Маркови кули, Трескавец. Веќе се препознатлив дел на нашиот град и Балканот. Се одржуваат доста светски купови и настани, кадешто присуствуваат европски и светски прваци во овој спорт и тој спорт зеде се поголем замав.Илјадници спортски туристи доаѓаат во текот на годината да го испробаат адреналинот токму на овие карпи.

Пред неколку години направивме и преубава патека по највисоки европски стандарди за мото крос, каде развиваме еден мото центар регион, каде во иднина би се надополнувала таа патека и со патека за џипови, патека за велосипеди , картинг итн. Тоа би било едно од поатрактивните места во Македонија и параглајдингот заедно со помош на УСАИД изградивме прекрасно летиште во комплексот под самиот манастир Трескавец , каде од година во година се организираат балкански , европски, светски купови.

Главен акцент како град ставивме на развојот на фестивалскиот туризам, којшто е најпознат во светот и ја разбивме онаа табу тема во Македонија , дека не мора да се има езеро, море или река за да развивате туризам. Едноставно со една прекрасна понуда на фестивали од различна бранша и различни делови од годината можете да привлечете голем број на туристи да го посетат градот, а крајната цел е економскиот бенефит од сето тоа. Буквално во секој период од годината ние имаме по некој настан кој е препознатлив туристички бренд , не само на градот туку и на Република Македонија. Би рекол дека во овој период после Охрид и Скопје имаме најголем пораст на посета на туристи од целиот свет. Секако тука е и карневалот, кој е влезен во Светската асоцијација на карневалски градови, каде присуствуваат илјадници гости од држави не само од Балканот, туку и од целиот свет. Потоа театарските игри стануваат препознатлив бренд на градот. Тука е фестивалот на народни песни “Пеце Атанасоски” во почетокот на летниот период. “Мариовските мегленски средби” , богатото културно лето , фестиваот на пивото, кој е еден од најголемите фестивали на Балканот и најпосетен. Потоа 11 октомври, огнометите и секако Свети Никола заштитникот на Прилеп , кој го прогласивме пред неколку години и токму на тој ден влеговме во Гинисовата книга на рекорди, како прва општина од Македонија под уставното име.

Сето ова немаше да биде успешна приказна доколку градот и инфраструктурно не се спреми. Тука се нормалното функционирање на сообраќајот, паркинзите, катните гаражи во центарот на градот, чаршијата, музеите во градот итн. Имаме три извонредни музеи и тоа, Музејот на тутун , колекција вредна преку 15 милиони евра. Имаме експонати на лулиња од светски лидери од различни делови од целиот свет. Потоа новата галерија на икони, која исто така има голема вредност. Извонредни дела на уметници кои ги создале тие икони од пред многу векови. Тука е и археолошкиот музеј , каде што почнала Антифашистичката Револуција. Накратко кажано имаме прекрасни содржини кои може да се посетат и претставуваат голем потенцијал за развој на токму овој вид на туризам.

Што е најпосетувано во Вашиот крај од страна на странските туристи?

-Најпосетувани се манастирите , старата чарпија, центарот на Прилеп . Тука би напоменал, дека би ги пофалил и самите угостители, самата прилепска скара . Она што се нуди е една од највкусните прилепски скари. Јадењето е евтино, исто така и гардеробата која ја нудат бутиците . Секако тука е и градскиот пазар , кој е еден од најубавите , најголеми и најуредени пазари во Македонија.

Најдобар лек за тироидната жлезда: Направете сами Ораховка

orahovka-650x396

Нашите претци го обожавале ликерот од зелени ореви. Тие добро знаеле дека тој е поделотворен од голем број други лекови.

Оревите лекуваат најразлични заболувања, а мошне помагаат кај проблемите со тироидната жлезда, грлото, респираторните патишта како и кај бронхитисот, но и се погодни за зајакнување на имунитетот.

Според народната медицина ораховката е добра за лекување анемија, но и се користи како прва помош за стомачни тегоби и за забрзување на варењето.

Втората половина на мај е одредена за берење млади, зелени ореви за правење на ликер од зелени ореви или ораховка.

Состојки:

  • 40 млади ореви
  • 1 кг мед
  • 1 л ракија

Подготовка:

Ставете ракавици и младите ореви исечкајте ги, ставете ги во поголема стаклена тегла па врз нив додадете 1 кг мед и 1 литро ракија. Затворете со стаклен капак па оставете теглата да стои на сонце 40 дена. Повремено содржината треба да се промеша со пластична лажица.

Примена:

Секое утро на празен желудник испиете по една мала, чашка за ракија од овој ликер.

Ораховката е мошне богата со јод па затоа се смета дека е исклучително добар лек за болестите на тироидната жлезда. Пред послужување, Ораховката треба благо да се промеша за да се крене лековитиот талог.

Како аперетив, ораховката може да се служи со мраз и со парче лимон.

Кога Путин игра хокеј… (ВИДЕО)

putin-2-610x396

Претседателот на Русија, Владдимир Путин играл и дал еден гол на гала мечот на турнирот на Ноќната хокешка лига помеѓу екипите „Звезда НХЛ“ и Репрезентацијата на НХЛ, одржан во Сочи.

Во текот на натпреварот, Путин дал еден гол, а неговата екипа победила. Путин изразил задоволство што проектот Ноќна хокејашка лига успеал, пренеува Спутник.

Претседателот на лигата Александар Јаакушев му врачил пехар на Путин, за победничкиот гала меч на НХЛ.

ВМРО-ДПМНЕ ги достави кандидатските листи до ДИК

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Неловски, ги достави кандидатските листи на владејачката партија за закажаните избори на 5-ти јуни.

 

neloski-dik-640x314

-Согласно вчерашната одлука на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес ја имам јас честа да ги доставам листите за кандидати за пратеници за предверемените парламентарни избори во јуни 2016 година. Има вкупно 123 предлог кандидати во сите 6 изборни единици, од кои 49 се жени, а 74 се мажи. Извршниот и Централниот комитет на нашата партија одлучија да го поддржат нашиот преговарачки тим да продолжи со преговори за излез од оваа криза во која СДСМ ја воведе нашата земја, истакна Нелоски.

Тој ги потврди информациите што претходно беа објавени околу имињата на оние што ќе ги предводат изборните единици.

Никола Груевски ќе ја предводи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите закажани за 5 јуни.

Актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски ќе ја преводи листата на владејачката партија во втората изборна единица.

Во тројката кандидатите за пратеници ќе ги предводи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во последниот пратенички состав, Илија Димовски.

Во четвртата изборна единица, листата ќе ја предводи актуелниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Листата во петтата изборна единица ќе ја води пратеникот Антонио Милошоски. Во шестата изборна единица, пратеничката листа ќе ја води пратеникот Влатко Ѓорчев.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Лав нападна девојче во зоолошка градина

Застрашувачка видео снимка е направена во зоолошка градина кога лав нападнал дете и толку многу ја стегнал вилицата, што ниту ударите на чуварите не можеле да го одделат.

 

lav-dete

Луѓето се собрале околу лавот и со стапови го мавале, но тој не сакал да го пушти својот „плен“.

Еден чувар го фатил девојчето, додека останатите насилно се обидувале да го одвојат лавот од неа пренесува српски Телеграф.

Ова се случило во 2012 година, но видеото повторно се појави на социјалните мрежи и предизвика големо внимание.

На крајот девојчето успеало да се одвои од лавот, но не е познато со какви повреди се здобила.

Погледнете го видеото:

Ова се носителите на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ

Никола Груевски ќе ја предводи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите закажани за 5 јуни, пишува Пресс 24 повикувајќи се на високи партиски извори.

nositeli-listi-vmro

Според информациите на порталот, актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски ќе ја преводи листата на владејачката партија во втората изборна единица.

Во тројката кандидатите за пратеници ќе ги предводи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во последниот пратенички состав, Илија Димовски.

Во четвртата изборна единица, прв фаворит на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде актуелниот министер за здравство Никола Тодоров.

Традиционално, листата во петтата изборна единица ќе ја води пратеникот Антонио Милошоски.

Во шестка за прва пат, во овој изборен циклус пратеничката листа ќе ја води пратеникот Влатко Ѓорчев.

Пратеничките лист ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до ДИК вечерва пред полноќ.

Трансфер на векот: Купен за 25 фудбалски топки, продаден за 35 милиони евра

renato-sancez-520x351

Старо-новиот шампион на Германија, тимот на Баерн (М) ја доби битката за суперталентираниот фудбалер од редовите на португалскиот гигант Бенфика, Ренато Санчез.

Големата “војна” за младиот фудбалер, баварскиот гигант ја водеше со англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.

Според последните информации кои пристигнаа од Германија и Португалија, челниците на Баерн (М) понудиле 6 мил. евра повеќе од тие на “црвените ѓаволи”, а тоа било доволно за да се задоволи апетитот на раководните лица на Бенфика.

Нормално дека португалскиот прволигаш е најзадоволен од реализација на овој трансфер, затоа што клубот може да биде побогат за околу 80 милиони евра.

Шампионот на Германија мораше веднаш да одвои 35 мил. евра за обештетувањето на Санчез, а во зависност од неговите игри во Бундес лигата и од бројот на трофеи кои Баерн (М) ќе ги освои во следните неколлку сезони, трансферот на 18-годишниот фудбалер може да порасне на 80 милиони евра.

Бенфика на овој начин го реализира трансферот на векот, затоа што фудбалерот кој има потекло од Зеленортските Острови беше ангажиран за 25 фудбалски топки. Португалскиот гигант го ангажираше Санчез кога имаше 9 години. На скаутите им беа доволни само 15 минути за да сфатат колкав е неговиот потенцијал.

За да ја добијат потребната исписница, челниците на Бенфика ветија дека ќе му дадат 25 фудбалски топки на неговиот поранешен клуб Агујаш Мусгеири. Сепак, португалските медиуми открија дека Бенфика се уште го нема исполнето тоа ветување иако веќе поминаа девет години.