ВМРО-ДПМНЕ ги достави кандидатските листи до ДИК

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Неловски, ги достави кандидатските листи на владејачката партија за закажаните избори на 5-ти јуни.

 

neloski-dik-640x314

-Согласно вчерашната одлука на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес ја имам јас честа да ги доставам листите за кандидати за пратеници за предверемените парламентарни избори во јуни 2016 година. Има вкупно 123 предлог кандидати во сите 6 изборни единици, од кои 49 се жени, а 74 се мажи. Извршниот и Централниот комитет на нашата партија одлучија да го поддржат нашиот преговарачки тим да продолжи со преговори за излез од оваа криза во која СДСМ ја воведе нашата земја, истакна Нелоски.

Тој ги потврди информациите што претходно беа објавени околу имињата на оние што ќе ги предводат изборните единици.

Никола Груевски ќе ја предводи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите закажани за 5 јуни.

Актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски ќе ја преводи листата на владејачката партија во втората изборна единица.

Во тројката кандидатите за пратеници ќе ги предводи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во последниот пратенички состав, Илија Димовски.

Во четвртата изборна единица, листата ќе ја предводи актуелниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Листата во петтата изборна единица ќе ја води пратеникот Антонио Милошоски. Во шестата изборна единица, пратеничката листа ќе ја води пратеникот Влатко Ѓорчев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.