дома блог страница 5333

ОУ „Добре Јованоски“ наскоро со нова сала

1

ОУ „Добре Јованоски“ наскоро ќе добие нова спортска сала која наскоро ќе биде готова и со тоа градот Прилеп ќе ја добе четвртата спортска сала. Градоначалникот Марјан Ристески кој беше во посета на овa училиштe истакна дека општината и понатаму продолжува да инвестира во подобрување на условите во обрзаованието. Изградбата на спортската сала е дел од проектот за изградба на 145 училишни сали и проектот за изградба на 35 големи спортски сали чија основна цел е да се изградат сали во секое училиште кое не располага со ваков објект.
Исто така големи фискултурни сали со трибини треба да добијат основните училишта: „Блаже Конески“, „Кочо Рацин“ и „Кире Гаврилоски Јане“. Салите ќе можат да ги користат околу 6.000 ученици, а по пропишаните услови ќе бидат на располагање и на спортските клубови и граѓаните.

2 3 4 5 6

ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА СДСМ – СКВЕРНАВЕЊЕ ! ! !

IMG_20160512_141916

Новиот “револуционерен” ден во Прилеп не донесе ништо ново. Од празните говори на СДСМ пред општинската зграда не добивме ниту една идеја за развој на градот, ниту една идеја за нови инфраструктурни решенија, ниту еден предлог и реална критика кон општинските власти во Прилеп.

Напротив деструкциите на стотината приврзаници кон сивилиото наречено СДСМ – Прилеп, кое се претставува како шарена корпа на идеи и програми, продолжи со нагрдување и уништување на новиот и репрезентативен објект на општина Прилеп.

IMG_20160512_141926

IMG_20160512_141951

Оваа грозоморна слика, ги привлекува погледите на сите случајни минувачи, кои со негодување одмавнуваат со главите. Вандализмот ги навлече критиките и осудите на спортистите во градот, кои велат дека она што му треба на Прилеп се уште спортски објекти, како што се изградените 4 спортски сали и игралишта со вештачка трева.

IMG_20160512_141919

На критиките се приклучија и просветните работници, кои сметаат дека начинот на издигнување на нивната професија на уште повисоко ниво, нема да се постигне на овој начин, туку со понатамошно инвестирање во училиштата, нешто што како никаде на друго место го има во Прилеп.

IMG_20160512_142006

IMG_20160512_141939

Граѓаните кои секојдневно имаат да завршат некои административни обврски во општината, прашуваат кога ова лудило ќе заврши? Туристите се зачудени од одговорите дека се уништува општествен имот, велејќи дека ова е незамисливо на западот.

 

Чудо на Велигден: Црквата изгоре до темел, а крстот и иконата останаа недопрени

1 (1)

Вистинско чудо се случи при пожарот кој избувна на Велигден во црквата Света Сава во Њујорк.

Иако целата црква под сеуште неразјаснети околности беше проголтана од огнена стихија, иконата на Света Сава и дрвениот крст висок цел метар останаа недопрени.

2

Кујнска или морска сол: Предности и мани кои би требало да ги знаете

sol30

Како се добива солта?

Кујнската сол се ископува од длабочината на земјата, а за да се прочисти и да се добие во облик во кој ја купуваме поминува низ индустриска преработка при што се отстрануваат бројни минерали, а се додаваат адитиви.

Од друга страна морската сол се добива со природни процеси на испарувања на морската вода при што сите минерали остануваат зачувани во зрна.

Од што се состои солта?

Кујнската сол е чист натриум хлорид чии молекули во телото силно ја привлекуваат водата од телесните клетки, предизвикуваат дехидратација и со тоа ги забавуваат виталните функции на организмот. Во процесот на хемиската преработка, рафинираната сол ги губи сите вредности на минералите и нејзината изворна структура се уништува.

Морската сол содржи над 80 минерали и елементи важни за здравјето на организмот. Сите минерали доаѓаат во природни форми, бидејќи кај испарувањето на морската вода на дното на базенот не останува само натриум хлорид, туку и сите природни работи кои биле потопени во морската вода. Покрај осумдесетте различни минерали, елементи во траговите, карбонат и сулфат, присутни се и калциум, калиум, бром, натриум, манган, магнезиум, јод, железо, флуор и силициум.

Дали содржи јод?

Кујнската сол содржи јод кој се смета како неопходен елемент за одржување на разни функции во телото поради што на овој вид на сол долго време и се давала голема важност. Но, јодот во овој случај е елемент додаден преку индустриски процес, а не се наоѓа во солта како природна состојка.

За разлика од кујнската. морската сол содржи јод во својата природна структура иако во помали количини. Но, бројните истражувачи не го сметаат тоа за недостаток, туку истакнуваат дека треба многу поприродно да се внесува јод во организмот и тоа преку консумирање на намирници кои го содржатво големи количини, како што се лукот, морските алги, тиквите и ананасот.

Која е најздрава сол?

При избор на сол онаа која посебно се цени е цветната сол. За разлика од кујнската сол побогата е со калциум и магнезиум и претставува производ со најмногу квалитети во производството на сол. Се работи за најздрав вид на сол, кој е со поголем концентрат на јод, побогат со калциум и магнезиум. Се добива исклучиво во исклучиво идеални временски услови, во раните утрински часови и касно навечер кога нема ветер. Се појавува на површината на морињата како тенок слој на листови сол како ливчиња од цвет. Се собира рачно со помош на дрвени лопати, а цветната сол се произведува од фини кристали. Се состои просечно од над 97% натриум хлорид, 0.5% калциум сулфат, 0.3% магнезиум хлорид, 0.2% магнезиум сулфат и 0.1% калиум хлорид.

Цветната сол се користи за регулација на варењето на храната, за жени во климактериум и за време на менопауза, за освежување на организмот, за опуштање како и за личности кои имаат недостаток на калциум и магнезиум.

Черепот пронајден на Стража е на исчезнатиот Насер Селмани

straza1-650x396

Черепот кој беше најден близу преминот Стража, минатиот месец, му припаѓа на гостиварецот Насер Селмани, возач на ректорот на Тетовскиот универзитет, кој исчезна пред пет години, информираа од Јавното обвинителство на РМ.

– Резултатите од направената анализа на неодамна пронајдениот череп со DNA view програмата покажаа дека се работи за лице од машки пол на возраст од 30-40 години. Не се пронајдени траги на насилство. Врз основа на компаративна анализа на земените ДНК профили на други лица, добиен е резултат што со веројатност од 99,9 проценти укажува дека пронајдениот череп припаѓа на лицето Насер Селмани од Гостивар-возач на ректорот на Државниот универзитет во Тетово, се вели во соопштението од Јавното обвинителство на РМ.

Остатоците од човечкиот череп, без долна вилица, на 13 април, ги откри случаен минувач од десната страна на магистралниот пат Гостивар-Стража на околу половина километар од преминот Стража. По пријавувањето, јавен обвинител изврши увид на лице место и издаде наредба за вештачење на пронајдениот череп, за да се утврди возраста, полот, времето на смртта и ДНК профилот.

– Во исто време, беше издадена и наредба за вештачење на биолошки материјал од потесното семејство на исчезнато лице, односно од сопругата и трите малолетни деца на возачот, за да се утврди дали пронајдениот череп му припаѓа на лицето што се води како исчезнато. Основното јавно обвинителство – Гостивар продолжува со преземање дејствија за расветлување на настанот, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

По пријавување на исчезнувањето на Насер Селмани, кој тогаш имаше 31 година, во октомври 2011 година, беше почната потрага. На 14 октомври, полицијата, на два километри од преминот Стража, на слепа шумска патека го пронајде само службениот „мерцедес“ со кој последен пат бил виден како го напушта универзитетскиот кампус.

ПОВЕЌЕ ОД СОМНИТЕЛНО: 11 лекари кои се бореле против ракот и фармацевската мафија, се убиени за 3 месеци

12

Дури 11 лекари се убиени неодамна под сомнителни околности.

Сите тие имале една заедничка работа: го откриле ензимот нагалаза во вакцините кои им се даваат на луѓето.

Нагалаза е протеин кој кај аутистичните деца е присутен во големи концентрации. Според тоа, секоја врста на келии на рак ги произведува  овој протеин. Дали мислите дека местото му е во вакцините?

За борба против ракот и спречување на аутизмот потребен е витаминот D, а нагалазата ја спречува апсорпцијата на истиот витамин. Нагалазата се поврзува уште и со настанокот на дијабетес од типот 2. Сега се наметнува главното прашање: Зошто лекарите кои ја откриле нагалазата се убиени? Дали тоа е затоа што откриле дека вакцините всушност предизвикуваат рак и аутизам?

Дали нагалзата е намерно ставена во вакцините? Лекарите кои ја пронашле планирале наскоро да го објават своето истражување во јавноста.

Зошто да се убијат лекари кои дошле до значајно откритие кое може да ни ги спаси животите? Депопулацијата засега е само теорија, но некои луѓе веруваат дека отровот намерно се додава во вакцините, затоа што децата по закон мораат да примат вакцини пред да почнат да одат на училиште.

Др. Тед Броер го повикале да говори за оваа тема  неодамна преку интернет, но врската неколку пати се прекинала и на крајот предавањето не се ни одржало.

Тој подоцна го одржал своето предавање преку сигурна линија, а снимката на неговото предавање можете да ја погледнете во видеото кое следи:

А.Г.

Вонредна состојба во Сирија: 10.000 исламисти напаѓаат на Алепо – Путин наредил жестока реакција!

putingraphic-608121

Џабат Ал Нусра денес жестоко ги  нападнала позициите на сириската армија во Алепо.

Руските медиуми јавуваат дека во нападот учествуваат 10.000 терористи.

Сириската војска предупредувала дека терористите го користат примирјето за формирање на заеднички штаб и припремање на офанзива. Покрај борците на Ал Нусра во нападот учествуваат исламската војска и Ахрар ал Шам.

ПУТИН НАРЕДИЛ ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА!

Поединечни руски медиуми пренесуваат тврдења на извори блиски со Владимир Путин, кои кажуваат дека претседателот на Русија наредил жестока акција на руската армија кога слушнал за нападот на Џабат Ал Нусра.

Путин му наредил на министерот за одбрана на Русија да ги употреби сите расположливи воени средства во Сирија и да се спречи падот на важниот стратешки град во Сирија, наведуваат извори блиски до Кремљ.

Кој е вашиот идеален хороскопски парнтер?

horoskop

Дознајте со кого ќе склучите најдобри бизнис зделки, кој најмногу ќе ве сака и со кого ќе бидете главна ѕвезда на секоја забава…

Овен

Љубов: Најголемиот љубовен предизвик ќе го најдете во знакот на Стрелец. Ќе бидете воодушени од неговиот широк поглед кон светот. Ќе ви се допадне погледот кон иднината без навраќање во минатото.

Дружење: Најуспешните дружби ве оечкуваат со припадниците на Риби. Конечно некој ќе ги разбере вашите најинтимни дилеми.

Работа: Најдобар бизнис соработник ќе ви биде Јарецот. Вие сте фантастични во лансирањето на проекти, но ви треба некој кој со напорна работа ќе ве донесе до самиот крај.

Бик

Љубов: Најдобриот партнер ќе го најдете во Девицата. Нејзината склоност кон анализи и зрел пристап кон животот ва вас ќе влијае смирувачки. Двајцата ќе барате мир по сите поминати „битки“.

Дружење: Кога ќе посакате квалитетна забава со добра музика, викнете го Лавот и работата е решена. Преку него можете да запознаете и идни соработници.

Работа: Најдобар бизнис соработник ќе ви биде Водолијата. Потребен ви е советник и визионер кој ќе ги види оние работни трендови кои другите никогаш не би ги забележале.

Близнаци

Љубов: Најдраг партнер секако ви е Вагата, која со доволно дипломатија ќе ги разреши сите дилеми.

Дружење: Највозбудливите журки ќе ги поминете во друтво на Шкорпиите. Тие се вистинска екипа за ноќни талкања кога ќе ви здосадат емотивните дилеми и натрупаниот работен распоред.

Работа: Најдобар бизнис партнер за вас е Стрелецот. Од него ќе научите од себе да го извлечете оптимизмот во најтешките моменти.

Рак

Љубов: Ваш најдобар партнер ќе биде Јарецот, бидејќи тој е доволно стабилен и упорен за да ја стекне вашата доверба. Ценете ги неговите непоколебливи емотивни и семејни вредности.

Дружење: Најопуштени ќе бидете во друштво на Биковите. Нивниот хедонистички пристап во решавањето на проблемите ќе ви помогнат да ги надминете времените епизоди намеланхолија и замор.

Работа: Најдобар соработник ќе ви биде Шкорпијата. Нејзината дијаболична интуиција и неуморното темпо на работа ќе биде вистински водич во замаглените работни ситуации.

Лав

Љубов: Најдобар партнер ќе ви биде Водолијата, на која никогаш нема да и биде тешко да ги сослуша вашите интелектуални и духовни сапуници. На кого му треба секс кога можете да раговарате до раните утрински часови?

Дружење: Ваш најдобар пријател ќе биде Овенот, на кого не мора многу да му се објаснувате околу вашите чувства. Понекогаш шопингот, кафето и премолченото разбирање се најдобра пријателска поддршка.

Девица

Љубов: Најдобар партнер ќе ви биде Бикот, кој ќе одговара на вашата енергија на реален оптимист. Покрај честите излегувања, најинтересните работи помеѓу вас ќе се случуваат далеку од љубопитните погледи.

Дружење: Најдобра придружба за време на журките ќе ви биде Ракот. Неговиот имиџ на сензуално секси суштество, кое секогаш ја почитува семејната вредност добро му стои на вашиот одмерен кул став на објективен набљудувач на животот.

Работа: Најдобри соработнии ќе најдете во знакот на Риби. Тие правилно ќе ги разберат ваште креативни сигнали и ќе ве поддржат во промените кои доаѓаат.

Вага

Љубов: Најдобар партнер ќе ви биде Овенот кој е подготвен заедно со вас да тргне во мисија на совладување на препреките. Вие ќе ги ублажите неговите остри работи, а тој во вас ќе пробуди страст за уште една емотивна авантура.

Дружење: Моменталните забави, но и сериозните разговори најквалитетно ќе ги споделите со Близнаците. Тие ја разбираат вашата понеогаш двојна природа. Ќе ве насмеат и во најтмурните времиња.

Работа: ајдобар бизнис партнер ќе ви биде Водолијата, која знае да ја цени вашата посветеност и заедно со вас креативно ќе развива нови, дури и револуционерни идеи.

Шкорпија

Љубов: Љубовта најлесно ќе ја пронајдете кај припадниците на Риби, кои го чувствуваат вашето расположение.Комбинаците на прилагодливост и романтика ќе го смири бурното море – вашиот карактер.

Дружење: Најдобар пријател ќе ви биде Шкорпијата, бидејќи единствено друг припадник на вашиот знак може да знае како вистински се чувствувате.

Работа: Најдобар бизнис партнер ќе ви биде Бикот, кој е еднакво тврдоглав во потрагата на вистинското решение. Ќе ви годи соработката со трезвена, но и страствена личност, која најмногу се залага кога другите веќе почнале да се откажуваат.

Стрелец

Љубов: Најдобар партнер за ва ќе биде Лавот, кој ќе ги цени вашето внимание и храброст. Најшармантни сте кога се борите за љубовта со сите средства. На Стрелците во напад ретко кој може да одолее.

Дружење: Најдобар соработник за хедонистики авантури ќе најдете во знакот на Риби. Добро ќе се разбирате во потрага по вистината, која води низ вкусни готвачки рецепти и фино вино.

Работа: Вашиот најдобар биснис соработник ќе бидат Близнаците. Тие добро разбираат како е да се седи на пет столици, а да се размислува за тоа што се случува на шестата и седмата. Кралевите на мултитаскингот ќе ви бидат од непроценлива помош.

Јарец

Љубов: Најдобар партнер ќе пронајдете во знакот на Рак. Тој никогаш не престанува да ги покажува своите емоции. Неговото чувство за интуитивно зачувување на односот и заедницата е талент кој вие допрва ќе го учите.

Дружење: Во друштво на Девицата ќе се држите до заедничките интереси (подобро спорт, планинарење, патување, отколку компјутерски игри и долги часови во кафуле). Да ја пронајдете личноста која еднакво го обожава своето хоби, па тоа е во рангот на пронаоѓање на сродната душа.

Работа: Најдобар соработник секогаш ќе најдете во Шкорпијата. Таа ја разбира вашата егоистична борба за позиција, желбата се да сработите пред зададениот рок, како и тежината на работата во тим. Не бидетеспореници, туку сојузници.

Водолија

Љубов: Најубавите убовни моменти ќе ги поминете со Стрелец. Оние со слободен дуг имаат доволно страст да ве одведат на возбудливо емотивно патување. Ќе ве научат на важноста на довербата.

Дружење: Вашиот друштвен живот би бил невозможен без Лавот, особено оној кој никогаш не спие. Заедно ќе пројдете низ многу различни ситуации и од секоја ќе го искористите она најдоброто.

Работа:Најдобар соработник ќе најдете во Овенот, само ао сте подготвени да го следите неговото темпо. Тој умее да ги препознае вашите квалитети и никогаш од вас нема да го бара она за кое не е сигурен дека можете одлично да го сработите.

Риби

Љубов: Возбудливи денови и ноќи ве чекаат со припадник на Ракот, кој не може да престане да гледа во вашите очи, хипнотизиран од блискоста која ја чувствува кон вас. Бидете дама и задржете го овој „примерок“.

Друштво: Серија журки за кои долго ќе се зборува ве очекуваат со припадници на Стрелец. Најдовте рамен на себе и нема да застанете со забавата се додека еден од вас „не падне под маса“.

Работа: Добар соработник мо да пронајдете во Лавот, од ого можете да научите како елегантно да прескокенте неколку скалила и без задишаност да стигнете до врвот.

Дваесети по ред Економски совет

?

?

Денеска во просториите на општина Прилеп се оддржа 20-тата седница на Економскиот Совет. На состанокот беше дискутирано по повеќе точки од дневниот ред како што се: гасификација, можностите кои се нудат во индустриската зона „Прилеп 2“, пректот „Купи куќа за млади“, како и информации за слободни зони за Brownfield инвестиции.  На состанокот беше дискутирано и за ФК „Победа“ и за неговите успеси како и за новите субвениции кои ги понуди Владата на РМ за проектот „Од град во село за нов почеток“. Градоначалникот Марјан Ристески  на овој Совет истакна дека сите овие проекти имаат приоритетна улога во економско-стопанскиот развој на нашата општина.

?

?

Прес конференција во ФК Победа на претседателот д-р Гоце Ингилизов, Шефот на стручниот штаб Дарко Крстески и портпаролот Петар Димоски

 

Во пресрет на саботниот последен второлигашки натпревар сезонава против Велазерими(16,30 часот) во клупските простории на ФК Победа беше организирана средба со новинарите на претседателот д-р Гоце Ингилизов, Шефот на стручниот штаб Дарко Крстески и портпаролот Петар Димоски:

3

Претседателот Ингилизов говореше за организацијата на натпреварот:
-Прилеп е најфудбалскиот град во Република Македонија и не е тешко да се донесе публиката на стадион, посебно кога Победа има добри резултати.Атмосферата воопшто не е опуштена затоа што победата на овој натпревар ни е прекупотребна за да го обезбедиме првото место на второлигашката табела.Сега кога веќе сме на врвот и имаме шанса да го освоиме шампионскиот трофеј во Втората лига јас би бил пресреќен кога би оствариле победа. Се надевам дека во сабота во 16,30 часот ќе имаме една прекрасна фудбалска атмосфера, дека ќе имаме повеќе публиката отколку на средбата со Љубанци пред две недели и дека со така бројна публика ќе дадеме подршка и крилја и дополнителен мотив на фудбалерите да остварат победа со која ќе го прославиме првото место во Втората лига. Организацијата на натпреварот е при крај. Очекуваме уште поголема посета отколку на средбата со Љубанци на која имаше над 7.000 гледачи. Воопшто не е лесно да се организира еден ваков натпревар, но ние сме подготвени . Во оваа прилика би ги повикал сите љубители ан фудбалот да дојдат малку порано на стадионот ,,Гоце Делчев,, за да се избегне онаа гужва која се создава пред почетокот на натпреварот.
Шефот на Стручниот штаб Дарко Крстески нема проблеми околу составот. Нема казнети ни повредени-сите играчи се во комбинација и на располагање за саботната средба:
-Пред две кола успеавме да обезбедиме влез во Првата лига, со што малку ја релаксиравме атмосферата во екипата но тоа не значи дека не се работи максимално. Знаеме што ни носи многубројната публика во Прилеп. И на играчите им споменав дека од нив се бара максимално залагање. Кој и да го почне натпреварот или да влезе од клупата, ќе даде 150%. Единствен проблем е што сите ќе сакаат да играат на овој меч. Немаме ни картони ни повредени.
Со Љубанци имаше грч и оптеретување од важноста на бодовите. Работевме тактички за да стигнеме до целта. На овој меч имаме огромна желба да излеземе и да одиграме пред прилепската публика на терен и за прилепските фудбалски гурмани, малку порелаксирано и поатрактивно. Се надевам дека ќе дојде повеќе публика и сите заедно на крајот да го прославиме влезот во Прва лига….
Претседтелот Ингилизов, одговарајќи на новинарско прашање околу плановите за Првата лига рече:
-Јас немам искуство во Првата лига, но низ разговорите со поидкусните кои воделе ќе биде 5-пати потешкпо но и 5-тпати поголем ангажм за да бидеме конкуретни во Првата лига. Подготовките се започнати на неколку планови. Во разговор со спонзорите и Управниот Одбор веќе разговараме и креираме буџет кој би бил конкурентен за Првата лига. Низ градот се слушаат муабети и се вртат одредени имиња на играчи, но се се тоа шпекулации. Во разговор со Стручниот штаб и спонзорите откако ќе помне овој меч, од следната недела ќе дефинираме буџет и ќе почне да се зборува за засилувања з аПр4вата лига. Овие игралчи кои с етука, сметам поголем дел се добри за Првата лига. Костурот на тимот ќе биде прилепски тоа сите треба да не радува а мене најмногу ќе ме радува доколку сите играчи бидат прилепски и бележиме успеси и во Првата лига. Но веројатно ќе треба да се засилиме на неколку позиции и тоа ќе го правиме со во разговор стручниот шптаб затоа што играчите кои ќе ги донесеме треба да бидат добри за да не кренат во нивото на играта.

1

Тренерот Кестески говореше околу засилувањата и амбициите: -З а Управата и Стручниот штаб допрва престои големата обврска за да се среди до почетокот на подготовките тимот од околу 25 играчи и да се направи цела селекција. Очекувам поголем дел од играчите 85% да останат, но очекувам 4-5 до 6 засилувања кои ќе бидат една или две класи подобри од тие кои ќе заминат и да бидат носители на играта. Во Победа отсекогаш имало ,,странци,,.Била шампион играла и во Европа ..па имало играчи од страна кои давале друг ритам, друг тон. Видовме при крајот имавме згуснат распоред и се јави замор и требаше освежување оти товарот го изнесоа 13-14 играчи. Но во Првата лига на секој меч ќе мора да се влезе со 150% а теретот не ќе можат да го изнесат 13-14 туку најмалку 18 играчи кои во секој момент ќе треба да одговрат на секоја позиција исто.. Треба да ја освежиме екипата на секоја позиција. Во одбрата треба да освежиме, малку повеќе во средниот ред, во нападот еден шипиц. Од крилните напаѓачи сум презадоволен и ги имаме доволно. Во секоја линија да се појачаме, и тоа што ќе седат на клупа кога ќе добијат шанса да го подигнат нивото, а не да с еплашиме дали тј да влезе или да не влегува. Очекувам 22 играчи да бидат исти на секоја, без двоумење кој ќе игра. -Амбициите ќе зависат од појачањата. Овие постојни играчи со 4-5 засилувања можат да дадат повеќе отколку во Втората лига, да се надоградат. Со квалитетни засилувања можеме да бараме пофдобар резултат. Екипите во Прва лига ги познавам добро. Има 2-3 екипи со поголем квалитет…Но играч се станува со јаки натпревари и силна лига. Талентот се надоградува со силно натпреварување. Ќе ја имаме Првата лига па зошто да не очекуваме еден Шаркоски, Дунимаглоски или Наумоски да не ги побара една Звезда или Партизан,,, но сето тоа со силни натпревари…а тоа сега во Првата лига ќе го имаме..На пријателскит меч со Вардар се виде дека со освежување може да се носиме…Со поголем пристап и постојните играчи ќе дадат подобри резултати.

2