дома блог страница 5298

Од следната недела подгответе се за големи горештини

soncee

Вистински топлотен бран над Македонија доаѓа кон средината на наредната недела.
Не’ очекуваат високи температури кои во некои делови на земјата ќе достигнат и до 40 Целзијусови степени.
Таквото време ќе се задржи скоро до крајот на месецот.

31

ВИДЕО – На вакво “разгибување” не би одолеал никој

12121

Ова што го може оваа девојка веројатно не го можат повеќето од вас. Девојкава има мускулатура и сила и како со пердув си поигрува со другото девојче. За некои девојка од соништата, други не би сакале да и застанат на патот.

Погледнете:

А.Г.

Фелаини со новата фризура стана слатко “мезе” за твитерџиите

Fellaini-Hair

Популарната “грмушка” на Манчестер Јунајтед можеби го нема сјајот во играта кој го поседуваше додека настапуваше за Евертон, но остана препознатлив по својот стајлинг.

Деновиве Фелаини ја промени фризурата и сега изгледа како “афро плавуша”, што предизвика низа шеги кај Твитерџиите од островот.

Еве ги најдобрите од нив:

https://twitter.com/_EverythingMUFC/status/740140349914546176

Очигледно Фелаини не го погодил вкусот на навивачите на Манчестер, па наместо на стајлингот би требало да се погрижи и да ја подобри играта на теренот.

А.Г.

Објавен конкурсот за Школата за млади лидери на претседателот Иванов

Објавен е конкурсот за 7.Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 14 до 26 следниот месец во Охрид.

konkurs

Програмата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат, соопшти денеска Кабинетот на Претседателот.

На конкурсот, што е отворен до 17 јуни, може да учествуваат лица од Република Македонија и наши иселеници кои живеат во странство. Условите за конкурирање, предвидуваат апликантите да имаат одлично познавање на англиски јазик, да имаат висок просек (еднаков или поголем од 8,5) на додипломските студии, а работното искуство од една до пет години ќе се смета за предност. Апликацијата, што треба да се достави до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, треба да содржи биографија, кратко мотивациско писмо, копија од уверение за положени испити, потврда за одлично познавање на англиски јазик и две препораки.

Како што се наведува во објавениот конкурс, програмата на школата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и странство, а наставата се одвива на македонски и на англиски јазик.

Школата за млади лидери прв пат беше организирана во август 2010 година во Охрид. Во изминатите шест години на неа учествуваа околу 240 млади луѓе со различна академска и професионална определба. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, кадешто преку организација на семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, продолжува развојот на знаењата и вештините на досегашните учесници на школата.

ТРАНСФЕР БОМБА: Миралем Пјанич е нов играч на Јувентус

5758a386-dc6c-4347-8da6-392d0a0a0a6b-paul-pogba-miralem-pjanic-preview

Конечно е решена и сапуницата околу Миралем Пјанич. Најдобриот фудбалер на Рома кариерата ја продолжува во редовите на италијанскиот шампион, екипата на Јувентус.

Речиси сите италијански спортски медиуми пренесуваат дека е постигнат договор, како и тоа дека “Малиот принц” од наредната сезона ќе го носи дресот на Старата дама.

Јуве за тансферот на Пјанич ќе издвои цифра помеѓу 30 и 35 милиони евра, што значи дека Старата дама нема да мора да ја активира откупната клаузула која изнесува 38 милиони евра.

Сигурно дека најразочарани од овој трансфер ќе останат навивачите на Рома, на кои Пјанич им беше еден од милениците.

А.Г.

 

ГЛЕТКА КОЈА ЈА ЗАЛЕДУВА КРВТА КАЈ ТЕРОРИСТИТЕ: Руски тенк Т-90 на пат за Рака – ВИДЕО

Руската новинска агенција “ФАН” вели дека во офанзивата на Рака учевствуваат руски тенкови Т-90, кои Русија пред пола година и ги испорача на Сирија.

T90_sirija_jutjub

 

 

Тие емитуваа кратка снимка на која се гледаат колони тенкови со наслов “Терористите на Исламска држава преплашени- кон Рака тргнаа тенковите Т-90”

Погледнете ја снимката:

А.Г.

За Фазите од животот во новото стенд ап ВИДЕО на Марјан Ѓорѓиевски

1212121

Ново видео на урнебесниот битолчанец кој стандардно не забавува секоја среда со нов стенд ап.

Овој пат оние кои сето то го доживеале ќе се присетат, а оние кои допрва ги чекаат најклучните фази од животот, ќе видат што ги чека.

Уживајте…..

Фијаско на револуцијата – терор на улиците: Пајташите на Заев блокираат крстосници и тепаат граѓани (ВИДЕО)

„Не се смеј, бе, пи*ка ти материна“, „Фамилијата ќе ти ја е*ам“, „Така бе, така, тргнето го од таму“, „Мајку у пи*ку да му е*ам“… и уште канонада од погрдни и понижувачки зборови, проследени со боксови и тупаници, добри граѓанин на раскрсницата кај Соборниот храм во центарот на Скопје за време на блокадата на таканаречената Шарена револуција, пишува Република.

 

slika-bokada

-Хулиганите на СДСМ, предводени од Исмаил Малиќи Ицко, еден од првите помагачи на Зоран Заев, секогаш во првите редови кога има немили настани, хулигански и вандалски напади, еден од оние кои гаѓаа на два месеци гаѓаат на Владата, Собранието, Портата Македонија, кои уништуваат јавен имот, блокираат улици и се изживуваат врз граѓаните кои не го делат нивното мислење, на неколку раскрсници точно напладне, не им дава на луѓето да стигнат на работа, средношколците на училиште, студентите на факултет, пишува порталот Република.

slika2

Во недостаток на масовност, дваесетина „шарени“ автомобили беа паркирани на секоја од крстосниците, кај поранешна Треска, во Карпош 3 кај бензинската станица, кај Соборниот храм, Судската палата и кај Црвениот крст.

Во недостаток на масовност, дваесетина „шарени“ автомобили беа паркирани на секоја од крстосниците, кај поранешна Треска, во Карпош 3 кај бензинската станица, кај Соборниот храм, Судската палата и кај Црвениот крст.

Таков беше случајот и со денешното блокирање на крстосницата кај Соборниот храм и уште неколку други.

Демонстрантите го навлекоа гневот на возачите, а посериозен инцидент се случи на раскрсницата кај Соборниот храм кога беше нападнат познатиот скопјанец Крис, кој се обидуваше да се пробие низ метежот со својот мопед.

slika3

Ова е втор напад од страна на хулиганите и вандалите на СДСМ, кои пред само една недела физички нападнаа родител кој сакаше своето дете да го однесе на преглед на детска кардиологија.

Huligani-SDSM-napad-roditel-520x285

Додека таткото очајно го бранеше своето болно дете од насилниците на СДСМ кои физички го нападнаа и се обидуваше да се разбере со платениците, болното дете и мајката во автомобилот доживуваа траума и ги гледаа навредите, свиркањата и физичките напади врз таткото кој очајно сакаше да помине.

hhhh

-И покрај прекршочните и кривичните пријави, не планираме да се повлечеме. Плановите остануваат исти, се додека не се исполнат нашите барања ќе бидеме упорни“, изјави Исмаил Малиќи – Ицко, еден од осомничените против кои полицијата поднесе кривични пријави поради сомневање за извршено кривично дела „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, на солидарната акција за прибирање средства за казните на осомничените, организирана вчера во Скопје, пишува порталот.

0.02.01.12b043d7e983e11dcb779609d3569b88c130b0c8642001d249a06b037a18e6ec_full-520x347

Освен што не планира да престане со вандалското и крајно деструктивно однесување, Малиќи и неговите финансиери и поддржувачи планираат дополнително радикализирање, но засега не најавуваат во каква форма ќе се изрази тоа.

22 11

Шарените демонстранти, кои речиси два месеци го парализираа градот во попладневните часови, сега започнаа да блокираат крстосници во сообраќајниот шпиц. Новата тактика е резултат на се помалата излезност и поддршката од граѓаните која изостанува по двомесечното изживување. Немањето капацитет сега се обидуваат да го камуфлираат со правење метеж и нервоза во текот на денот.

МАРКУКУЛЕ ДОЗНАВА: УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО МУЗИЧКО ИМЕ ЌЕ НАСТАПИ НА ПИВОФЕСТ 2016

19574_hari_f

Откако известивме за настапот на Аца Лукас и нашето македонско девојче Каролина Гочева, МАРКУКУЛЕ ЕКСКЛУЗИВНО ДОЗНАВА дека и         Хари Мата Хари ќе биде едно од звучните имиња на годинешниот фестивал на скарата и пивото во Прилеп, Пивофест 2016.

Од општина Прилеп известуваат дека тука не запираат и дека наскоро ќе ги дознаеме сите други музички имиња.

Посетителите ќе можат да уживаат во легендарните хитови “Страх ме да те волим”, “Прстен и златни ланац”, “Баш ти лепо стоје сузе” и многу други вечни хитови на Хари Мата Хари.

programa_2016

Досегашната програма за Пивофест кој ќе се одржи од 14-ти до 17-ти јули, ветува незаборавна забава и помин за паметење.

Повелете на Пивофест!

Наздравје !

 

The Infiltrator: Ѕвездата од Breaking Bad како убиец на картелот на Eскобар

the-infiltrator-2016-movie-poster-hd-wallpaper-555-416

The Infiltrator е новата крими драма од режисерот Бред Фурман во која улогите ги толкуваат Брајан Кранстон, Дијана Кругер, Бенџамин Брат и Ејми Риан.

Сценариото за филмот е на Елен Браун Фурман, а базиран е на автобиографијата на Роберт Мазура, американски федерален агент, кој помогнал во рушењето на царството на Пабло Ескобар.

Мазура на крајот од 80-тите години на минатиот век се инфилтрирал во криминалната група, користејќи го псевдонимот Боб Муслера. Снимањето на филмот чинело 47 милиони долари, а премиерата е закажана за 13-ти јули.

A.Г.