дома блог страница 5297

ВИДЕО: Овие тројца го одбраа погрешниот Русин за тепачка – погледнете што се случи

Screenshot_1 (1)

Дека Рисите не се шегуваат, тоа сите го знаат, но што се случува кога три лица се обидуваат да му направат проблем на еден Русин  на среде улица? Така отприлика е воведот на ова видео ко е направено во Москва.

Најпрво кружеле околу него, несигурни дали да нападнат. И таман кога се изгледало дека се ќе заврши само на тешки зборови, нападот започна – но елегантниот Русин и тоа како знае да се брани.

Погледнете што ќе се случи во продолжение…

Познат милијардер го фати својот работник како спие на работно место – погледнете што му направи (ФОТО)

111 (1)

– Свратив до вашата канцеларија за да видам што правите, па го фатив ова момче како спие. Дали ќе му биде шок ако го разбудам? , преу смеа се запраша Ричард.

Британскиот милијардер Ричард Бренсон е познат по целиот свет како сопственик и основач на познатата компанија Вирџин. Имено момчето е еден од струјардесите кое работи на аеродромот во Сиднеј.

Сепак милијардерот реши да го казни ова момче на смешен начин така што ќе се фотографира со него, а во позадина се гледа како работници од аеродромот слатко се смејат на шегата која ја смисли Ричард.

Диета „Утринска банана“: Уништува 5 килограми сало за една недела

devojka-plazza-650x396

Бананите се богати со скроб со низок гликемиски индекс, што значи дека подолго време се вари, а подолго време се чувствувате заситено. Истовремено делумно ја блокира апсорпцијата на јаглени хидрати.

Оваа диета која подразбира да го започнете денот со банана и филџан топла вода е позната како „утринска банана“ и е мошне едноставна.

Таа влијае на намалувањето на килограмите затоа што бананите всушност го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот.

Оние што сакаат да ја пробаат оваа диета би требало да избегнуваат вечера по 20 часот и да го избегнуваат десертот по вечерата. Исто така, несмеете да консумирате млечни производи а алкохол, а бананите треба да бидат свежи, а не печени или замрзнати.

Еве како треба да изгледа вашето дневно мени:

Појадок:

  • Една или повеќе банани (додека не се заситите);
  • една чаша топла вода.

Ручек:

  • Оброк по ваш избор и свежа салата;
  • Слатки и десерти можете да јадете до 15 часот ако се чувствувате гладно.

Вечера:

  • Оброк што содржи многу зеленчук;
  • Прескокнете го десертот.

Доколку се придржувате до овие правила, нутреиционистите тврдат дека за една недела ќе „скинете“ и до 5 килограми.

 

Четворица полицајци од кои двајца потешко се повредени при апсење во Тетово

Четворица полициски службеници во СВР Тетово се повредени, од кои двајца се со тешки повреди, откако се обиделе да лишат од слобода тетовец кој треба да издржи затворска казна, јавуваат повеќе медиуми.

policija-4

Полициските службеници при обид да го приведат лицето во еден локал во центарот на градот, настанала вербална расправија и во тој момент еден од учесниците во инцидентот извадил шипка и почнал да ги удира полицајците.

Двајцата од нив се здобиле со тешки повреди и од Клиничкиот центар во Тетово биле пренесени на лекување во Скопје.

Прес24: Уапсен познат функционер на СДСМ – среде скопски Центар вперил пиштол во полицаец (ФОТО)

Познат активист на СДСМ со пиштол му се заканувал на полицаец. Околу 14 часот и 20 минути на ул. „Наум Наумовски-Борче“, пред кафулето „Круг“, одејќи кон работа, полициски службеник бил пресретнат од џип БМВ X5 сребрена боја, со скопски таблички управуван од лицето Бобан Г. (1978). Како совозач бил Дејан Тодоровски викан „Гзе“ (1975), пишува порталот Пресс24.

pistol

Според информациите кои ги објавува Пресс24, во тој момент, Гзе вперил пиштол кон полицискиот службеник и му се заканувал по живот, го пцуел и навредувал по што си заминале.

-По примената дојава од полицискиот службеник, пред кафулето „Круг“ пристигнал Алфа тим и во самото кафуле го затекнале Боби со кожна ташна преку рамо во која при прегледот е пронајден пиштол непозната марка, црна боја, метален, со пластична рамка без куршуми и без дозвола и одобрение. Истиот има одлежано казна затвор за убиство во обид над лицето Дејан Пановски викан „Десо дебелиот“, кој по нападот беше во кома 2 месеци, пишува порталот.

kola1

За кратко време е пронајден и познатиот активист на СДСМ Гзе, вработен во општина Центар во паркинг службата кај Сашо Богдановиќ. Откако биле препознаени од полицаецот, двете лица од страна на Алфите се приведени во полициска станица Центар, поради недозволено носење и поседување на огнено оружје согласно член 80 од законот за оружје и поради упатување на сериозна закана кон полицискиот службеник кој одел на работа.

Инаку Дејан Тодоровски Гзе стана познат во јавноста како човекот кој од сметките на општина Центар плаќаше огромни сметки по скопските кафеани. Граѓаните паметат дека еден негов ручек жителите на Општина Центар ги чинеше неколку десетици илјади денари, стои во текстот на Пресс24.

TРАДИЦИОНАЛЕН РУЧЕК НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО ПРИЛЕП

IMG_1559

Градоначалникот Марјан Ристески денеска присуствуваше на заеднички ручек со бизнис секторот и новинарите. Заедничкото дружење се случи во манастирскиот комплекс Св.Петка во населеното место Лениште. На средбата градоначалникот ги поздрави присутните им се заблагодари за нивната несебична поддршка, за добрата бизнис клима и посака и понатаму истата да продолжи. На заедничкиот ручек беше присутен и неговото високо правосвештенство Митрополит Преспанско пелагониски и Администратор Австралиско Новозеландски Г-дин Петар.

[Best_Wordpress_Gallery id=”278″ gal_title=”Rucek biznis sektor”]

 

 

„Дневник“: Шуклев паднал шест минути откако зел 1.000 евра мито

suklev-dnevnik

Обвинителството за организиран криминал и корупција кое го води случајот „Еразмус“ има докази дека професорите зеле 2.800 евра. Оваа сума не е конечна бидејќи постојат сомненија и за други случаи, но засега таа сума е потврдена со докази.

Според Обвинителството, доаѓале студенти што пријавувале дека професори им барале пари, но овие тврдења исто така се уште не се докажани. Ова беше соопштено на вчерашната прес-конференција на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Обвинителството ги разгледува и студентските досиеја и индекси прибавени од претресот на неколку кабинети на УKИМ и бифето. Досега е евидентиран поткуп од 2.800 евра. Доказите во овој предмет ве уверувам дека се цврсти и многу ми е жал што законот не ми дава можност да ги соопштам. Сите докази што се потребни се обезбедени – рече обвинителката Лидија Раичевиќ, која го води случајот „Еразмус“, пренесе ДНЕВНИК.

Според обвинителката, делата со барање сексуални услуги биле документирани преку лица со прикриен идентитет.

За двајца од осомничените професори од Економскиот факултет постојат докази дека барале сексуални услуги, но засега тоа се сомненија. Ние имаме докази, но сферата што се штити во овој случај е индивидуалната полова слобода и определеност. Токму од тие причини бараме поголемо внимание додека не се докаже во судска постапка ова да не биде експлоатирано во јавноста, рече обвинителката Раичевиќ, пренесе весникот.

Осомничените биле следени две години со посебни истражни мерки, а некои од сведоците се и студенти. Kритичниот ден кога полицијата ја спроведе акцијата е откако Обвинителството за организиран криминал и корупција добило сигурна дојава дека ќе се случи примопредавање на поткуп.

Акцијата на УKИМ во присуство на силно полициско обезбедување беше извршена точно 6 минути по извршеното дејство, односно кога еден од осомничените примил мито од 1.000 евра -обележани пари, на паркингот зад Правниот факултет, рече обвинителката Раичевиќ.

Целиот текст прочитајте го на ДНЕВНИК.

AТРАКТИВНАТА РАДМИЛА МАНОЈЛОВИЧ ДЕЛ ОД ПИВОФЕСТ 2016

Rada-Manojlović

Овогодинешното издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, Пивофест 2016, ќе биде можеби едно од најдобрите.

Досегашната позната програма ветува забава за сите генерации  и е по сечиј вкус.

Балканските ѕвезди Аца Лукас и Хари Мата Хари, нашето македонско девојче Каролина Гочева, Куку Леле, а денес откриваме и дека атрактивната Радмила Манојлович ќе биде дел од Пивофест 2016.

Пејачката својот настап го потврди и на својата фејсбук фан страна, каде објави дека ќе настапи на 16.07 (третата вечер), заедно со Аца Лукас.

Општина Прилеп сеуште го нема откриено главното име, главната ѕвезда, која ќе настапи на фестивалот.

 

Во Волковосело традиционално одбележан празникот Спасовден

6220-tradicionalno-odbelezan-praznikot-spasovden-960x600-13

Градоначалникот на општина Прилеп г-дин Марјан Ристески присуствуваше на свечена литургија која се одржа во црквата во населеното место Волково.

„Славејќи го овој голем ден, на Вас и на сите верници Ви посакувам мигови на разбирање и бериќет во секој дом. Господ нека не поведе во радоста на празникот и во љубовта кон верата.

Нека е за многу години големиот празник !

Градоначалникот Ристески го посети и населеното место Пашино Рувци, каде традиционално се одбележува празникот Спасовден.

[Best_Wordpress_Gallery id=”277″ gal_title=”Спасовден”]

 

Нови договори во прилепскиот прволигаш: ПОБЕДА ЈА ЗАДРЖА НАЈДОБРАТА ОДБРАНА

13346910_10209653567439956_6196857577079031686_n

По завчерашното потпишување на повеќегодишни договори со доскорешните свои фудбаалери:Дунимаглоски, Наумоски, Шаркоски и Петрески, прилепска Победа продолжува со комплетирање на играчкиот ростер за прволигашките искушенија.Фудбалерите од одбраната која прими најмалку голови во Втората лига (само 23 на 27 натпревари), ги обновија договорите со нашиот клуб.

13406826_10209653567639961_813053832947907305_n

13339533_10209653567479957_3434778951209750948_n

На верност кон Победа се обврзаа стоперите: Александар Крстески и Валентин Колевски, левиот бек Даниел Котески, додека стоперот Дарко Илиески, кој тренираше со нашиот клуб цела пролет е првото официјално засилување на клубот. Многу значајно за нас е што потпис на повеќегодишен договор со Победа стави и и еден од најперспективните голмани во Македонија Даниел Котевски, кој има само 16 години.

13413666_10209653567679962_7763014809543801125_n

Од одбранбената формација останува уште Денис Димитриоски, кој исто така деновиве ќе стави потпис на неколкугодишен договор со Победа, додека со останатите фудбалери сеуште се преговара.

“Со ова продолжуваме со креирање на костурот на тимот за наредната сезона, како и преговараме со играчи кои значително би не засилиле во сите линии на тимот”, изјави претседателот на Победа д-р Гоце Ингилизов.

Во очекување на официјална потврда од ФФМ за календарот на натпревари за новата сезона, Победа стартот на подготовките за повратничкиот прволигашки шампионат го закажа за 20-тти јуни.

13423955_10209653567559959_8192435871092810918_n

13419085_10209653567519958_6679891648523255238_n