ТРАНСФЕР БОМБА: Миралем Пјанич е нов играч на Јувентус

5758a386-dc6c-4347-8da6-392d0a0a0a6b-paul-pogba-miralem-pjanic-preview

Конечно е решена и сапуницата околу Миралем Пјанич. Најдобриот фудбалер на Рома кариерата ја продолжува во редовите на италијанскиот шампион, екипата на Јувентус.

Речиси сите италијански спортски медиуми пренесуваат дека е постигнат договор, како и тоа дека “Малиот принц” од наредната сезона ќе го носи дресот на Старата дама.

Јуве за тансферот на Пјанич ќе издвои цифра помеѓу 30 и 35 милиони евра, што значи дека Старата дама нема да мора да ја активира откупната клаузула која изнесува 38 милиони евра.

Сигурно дека најразочарани од овој трансфер ќе останат навивачите на Рома, на кои Пјанич им беше еден од милениците.

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.