дома блог страница 5299

Градоначалникот Ристески на средба со најуспешните ученици

6216-gradonacalnikot-risteski-na-sredba-so-najuspeshnite-ucenici-960x600-10

Градоначалникот Марјан Ристески, денеска оствари средба со наргадените ученици на државни и меѓународни натпревари од ОУ „Климент Охридски“ и ОУ „Гоце Делчев“. На средбата градоначалникот Ристески им посака на учениците уште многу успеси во полето на образованието, порачувајќи притоа дека секој постигнат резултат е добра промоција на училиштата во кои се едуцираат, а воедно и на општина Прилеп. Градоначалникот Ристески ги покани присутните ученици на настанот „Палачинкијада“, на добра забава со „Нај 5-ка“ и присуство на ДЈ „Noise killers“ и „Станица 048“.

[Best_Wordpress_Gallery id=”276″ gal_title=”SredbaMarjanUcenici”]

ООУ „Блаже Конески “ со нова ПВЦ дограма

6218-oou-blaze-koneski--so-nova-pvc-dograma-960x600-2

ООУ „Блаже Конески“ доби комплетно нова дограма. Средствата за реализација на овој зафат во висина од три и пол милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Прилеп. Реализацијата на овој проект значително ќе придонесе кон зголемување на енергетската ефикасност на училишната зграда. Со овој проект, добивме многу подобро и потопло училиште за нашите ученици, а воедно добивме и енергетска ефикасност и заштеда на енергетските ресурси, посочи директорката Марија Дулеска. Градоначалникот Ристески како идни проекти ги најави: уредување на дворот и парк со реквизити за учениците.

6218-oou-blaze-koneski--so-nova-pvc-dograma-960x600-10

6218-oou-blaze-koneski--so-nova-pvc-dograma-960x600-4

6218-oou-blaze-koneski--so-nova-pvc-dograma-960x600-5

6218-oou-blaze-koneski--so-nova-pvc-dograma-960x600-6

6218-oou-blaze-koneski--so-nova-pvc-dograma-960x600-7

6218-oou-blaze-koneski--so-nova-pvc-dograma-960x600-8

Цел кош награди во ООУ “Гоце Делчев” – Прилеп

Oсновното општинско училиште “Гоце Делчев” – Прилеп e вечен расадник на таленти, кои години наназат бележат успеси на сите општински, регионални, државни и меѓународни натпревари. Од ова училиште излегле и сеуште излегуваат идни интелектуалци во сите сфери и научни полиња.

Успехот на учениците пред се е заслуга на посветените и фокусирани ментори и секогаш отворениот за соработка, координација и помош директор. Директорот Трајче Каралиоски повеќе години одлично ја раководи институцијата, го вложува сиот свој труд и напор, а успехот на тој начин е гарантиран.

Nnagradeni_od_goce_delcev

Успешноста кај учениците во ОУ „Гоце Делчев“ преовладуваше во целата учебна година. Дури меѓу најдобрите, се кријат доста мултиталенти. Не ги бидува само за едно, туку постигнуваат резултати, каде и да бијат мегдан. Доминираа успесите во природните науки. За “аирлија”, на првиот државен натпревар по хемија, “растур” направија. Како по формула, им нема рамни и на физичарите и математичарите. Успешната приказна ја раскажуваат и франкофоните. Ништо помалку не се неуспешни ниту спортистите, или писателите, особено не информатичарите или пак младите техничари.

ХЕМИЧАРИТЕ НА ЧЕЛО

Opasni_so_hemijata

На првиот државен натпревар по хемија, “гоцеделчевци” поминаа повеќе од успешно, потејќи се над тестовите цели два часа. Ги зазедоа челните позиции и тоа сите се ученици од 8-в одделение. Меѓу 97 учесници од земјава, под менторство на Кети Иваноска, прва беше Делфина Апостолоска, втора Бојана Кузманоска, а зад нив се нареди Деница Темелкоска. Апостолоска била најдобра и за фрлање ѓуле со менторот Ристо Тошески. Викендов ја чека државниот предизвик по биологија, откако го освои третото место на регионалниот под менторство на Билјана Георгиеска.

– Успеав со труд и работа, иако беше тешко. Се роди нова љубов кон хемијата. Можеби влијаеше генот од баба ми, која била наставник по хемија – вели Делфина Апостолоска.

Бојана Кузманоска постигнална висок резултат на државниот, а била трета на регионалниот, иако тестот бил сложен. По биологија е пофалена, а се натпреварува и по англиски на Хиппо.

Деница Темелкоска, иако на регионалниот не освоила награда, се помачила да го оправда првото место од Народна техника. Се изборила за третата позиција со помош на сличните прашања за оксидација и сé повеќе се насочува кон хемијата.

Осмоодделенецот Валентин Димитриоски иако претходно бил прв, на државниот бил пофален. Ја сака хемијата.

– Се гордеам на хемичарите. Нема поголема радост кога љубовта кон хемијата се пренесува на учениците, а особено кога ја разбираат и нижат хемиски победи – додава менторот  Кети Иваноска.

Пофалена биле и деветоодделенката Мила Јагуриноска, инаку спортист, и осмоодделенката Стефана Џамбазовска, која претходно била второнаградена, а за натпреварувањето и љубовта кон природната наука била инспирирана од наставничката Иваноска.

Glavni_za_prirodnite_nauki

 

 

Први за “гимнастика” на умот

Седмоодделенецот Марко Таневски кој беше прв на државниот по информатика под менторство на Летка Дојкоска, коси математички задачи и го освои второто место. Под менторство на Неда Јовески, зад него се најде осмоодделенецот Благоја Овезоски. Тој лани беше прв по математика и информатика. Се надмина себе си и се закити со бронза на Јуниорската математичка олимпијада. Трет бил и на Кенгур.

– Трите науки се поврзани и ми одат. Нема предмет – фаворит. Поголеми резултати редам по математиката, иако е потешка – вели Овезоски.

Тој нема мака, ниту со физиката. Освоил трето место од општински, регионален, до државен.

ФИЗИЧАРИТЕ ВО УСПЕШНА МИСИЈА

Fizicarite_lapnuvaat_nagradi

Физичарите под менторство на Соња Димовска имаа полн погодок во силната конкуренција од 150 натпреварувачи. Повторно блеснаа на државниот натпревар, покажувајќи одлични резултати. Деветоодделенката Габриела Лазоска иако претходно била пофалена, на државниот, се изборила за третата позиција. Трет бил и Благоја Овезоски. Со пофалница се закитила Емилија Џајкоска, која истиот резултат го постигнала и по математика. Учествувала и Тамара Тасеска.

ТРИУМФ НА ФРАНКОФОНИТЕ

Uspesna_godina_za_mladite_frankofoni

Наградите не се сефте ни за франкофоните под менторство на Ирена Наумоска. За составот “Со францускиот јазик си создавам пријатели низ целиот свет” на државно, Марио Јакимоски “лапна” злато, а среброто отиде во рацете на Стефанија Шамовска. За усно изразување на државната Олимпијада, Лазоска се пласираше меѓу најдобрите 15 учесници од 46, заземајќи ја шестата позиција.

– Само со континуирани вежби има резултати. Им порачувам на идните генерации да се натпреваруваат по француски јазик – додава Лазоска.

За пофалба е што освои максимален број на поени во најтешкиот модул усно изразување, а била прва на регионалниот за писмен состав.

НАГРАДИ ДУРИ И ОД ДЕТСКИ СЕМАФОР

Куп медали и пехари на градите и за витрините стасаа со учениците од државниот натпревар од Народна техника. Наталија Кочоска се “позлати” за радиотехника со наставничката Благица Чатлеска, а бронза донесе Ивона Трајкоска за метеорологија со менторот Златко Петревски.

На државниот натпревар по природни науки, на третата позиција застанаа шестоодделенците Ивона Трајкоска со менторот Билјана Георгиеска и Софија Гешоска со наставничката Соња Димовска. Добила пофалница на полуфиналето од Хипо, на регионалниот по математика, а на Спелинг поминала на регионалниот. Иако им е нов предмет и се пријавиле за натпреварот одненадеж, се изненадиле кога не само што стигнале на државниот, туку и постигнале успех.

И за спорт ги бидува учениците од ОУ “Гоце Делчев”. На државниот училишен натпревар “златни” беа ракометарите со менторот Зоран Бунески и Делфина Апостолоска за фрлање ѓуле под раководство на Ристо Тошески. Од џудистите, злато освои Теодора Димеска, сребро Стефан Аврамоски, а бронза Виктор Трајкоски.

По традиција, училишниот хор со 28 членови под диригенство на Љупчо Мирчески беше второнаграден на државниот хорски натпревар во Кавадарци.

Ученичката Адела Еленин, вешто управувајќи го велосипедот низ пречките по полигонот, освоила второ место и на регионалниот и на државниот натпревар “Детски семафор”. Годинава е многу подобра, со оглед дека лани не успеала да стигне до државниот.

МЕЃУНАРОДНИ ПРИЗНАНИЈА

Учениците од 5-г одделение со наставничката Александра Андоноска беа наградени за проектот “Прошетка во природа” како омилен на публиката во Брисел, Белгија. Во конкуренција од 195 апликации од 34 земји од Европа, Америка и Австралија, нивната изработка била единствен македонски проект досега наградуван на манифестацијата.

Шестоодделенката Офелија Настеска, која лани го објави своето првенче “Моите сонови”, со нејзината песна “Сонце во сончогледите” под менторство на Билјана Јагуриноска, стигна до Меѓународниот фестивал на детско творештво “Панонски детски град”. Била второнаградена и на конкурсот за Св. Кирил и Методиј во Кичево, организиран од Македонско-бугарското друштво за пријателство, каде била наградена и со фотоапарат за под вода. Нејзина творба се наоѓа и во поетската збирка на фондацијата “Никола Кљусев”.

IMG_3725

IMG_3727

IMG_3726

Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ

СДСМ почна да тепа и граѓани (ВИДЕО)

Посериозен инцидент се случи денеска на раскрсницата кај Соборниот храм во центарот на Скопје за време на блокадата на таканаречената шарена револуција. Нападнат беше граѓанин на когo не му беше дозволено да помине, навредуван со низа погрдни зборови од “шарените“.

 

napadnat

Шарените демонстранти, кои речиси два месеци го парализираа градот во попладневните часови, сега започнаа да блокираат крстосници во сообраќајниот шпиц. Новата тактика е резултат на се помалата излезност и поддршката од граѓаните која изостанува по двомесечното изживување. Немањето капацитет сега се обидуваат да го камуфлираат со правење метеж и нервоза во текот на денот.

Таков беше случајот и со денешното блокирање на крстосницата кај Соборниот храм и уште неколку други. На неколку раскрсници активистите на „Протесирам“ не им дава на луѓето да стигнат на работа, средношколците на училиште, студентите на факултет. Во недостаток на масовност, дваесетина „шарени“ автомобили беа паркирани на секоја од крстосниците, кај поранешна Треска, во Карпош 3 кај бензинската станица, кај Соборниот храм, Судската палата и кај Црвениот крст.

Демонстрантите го навлекоа гневот на возачите, а посериозен инцидент се случи на раскрсницата кај Соборниот храм, каде опозициски активисти со тупаници го нападнаа и низа погрдни зборови го нападнаа и навредуваа урбаниот скопски лик Крис кој се обидуваше да се пробие низ метежот.

Ова е втор напад од страна на хулиганите и вандалите на СДСМ, кои пред само една недела физички нападнаа родител кој сакаше своето дете да го однесе на преглед на детска кардиологија.

Додека таткото очајно го бранеше своето болно дете од насилниците на СДСМ кои физички го нападнаа и се обидуваше да се разбере со платениците, болното дете и мајката во автомобилот доживуваа траума и ги гледаа навредите, свиркањата и физичките напади врз таткото кој очајно сакаше да помине.

Со ваквото однесување, опозициските платеници само докажуваат до каде е стигнат очајот и лудилото во платеничките редови кои по секоја цена одработуваат за интересите на Зоран Заев и СДСМ. Граѓаните гневно прашуваат до кога незначителна толпа платеници ќе ги држат граѓаните на Скопје во заложништво, за да ги оправдаат грдните пари што ги земаат од Сорос.

Распоред на сите натпревари на Еуро 2016 во Франција

euro2016-640x396

За само два дена, в петок на 10 јуни точно во 21.00 часот, почнува Европско првенство во фудбал, кое ќе се игра во Франција.

По пет изданија со 16 репрезентации, сега за европскиот фудбалски трон ќе се борат 24 национални тима.

Проширеното Европско првенство почнува, со претходна свеченост, на преубавата арена Стад Де Франс, со натпреварот меѓу домаќинот Франција и националниот тим на Романија.

Најдобрите европски фудбалски нации се распоредени во шест групи.

Билетите за натпреварите по групи чинат меѓу 25 и 145 евра, зависно од местото на стадионот.

Oва е  распоредот на натпреварите по групи, но и закажаните тајминзи за нокаут фазите, односно осминафиналето, четвртфиналето, полуфиналето и финалето…

Euro2016-grupi-640x344

Прво Коло

10 јуни, 21:00 час, Сент-Дени: Франција – Романина (Група А)

11 јуни, 15:00 час, Ленс: Албанија – Швајцарија (Група А)
11 јуни, 18:00 час, Бордо: Велс – Словачка (Група Б)
11 јуни, 21:00 час, Марсеј: Англија – Русија (Група Б)

12 јуни, 15:00 час, Париз: Турција – Хрватска (Група Д)
12 јуни, 18:00 час, Ница: Полска – Северна Ирска (Група Ц)
12 јуни, 21:00 час, Лил: Германија – Украина (Група Ц)

13 јуни, 15:00 час, Тулуз: Шпанија – Чешка (Група Д)
13 јуни, 18:00 час, Сен-Дени: Ирска – Шведска (Група Е)
13 јуни, 21:00 час, Лион: Белгија – Италија (Група Е)

14 јуни, 18:00 час, Бордо: Австрија – Унгарија (Група Ф)
14. јуни, 21:00 час, Сент Етјен: Португалија – Исланд (Група Ф)

Второ Коло

15 јуни, 15:00 час, Лил: Русија – Словачка (Група Б)
15 јуни, 18:00 час, Париз: Романија – Швајцарија (Група А)
15 јуни, 21:00 час, Марсеј: Франција – Албанија (Група А)

16 јуни, 15:00 час, Ленс: Англија – Велс (Група Б)
16 јуни, 18:00 час, Лион: Украина – Северна Ирска (Група Ц)
16 јуни, 21:00 час, Сент Дени: Германија – Полска (Група Ц)

17 јуни, 15:00 час, Тулуз: Италија – Шведска (Група Е)
17 јуни, 18:00 час, Сент Етјен: Чешка – Хрватска (Група Д)
17 јуни, 21:00 час, Ница, Шпанија – Турција (Група Д)

18 јуни, 15:00 час, Бордо: Белгија – Ирска (Група Е)
18 јуни, 18:00 час, Марсеј: Исланд – Унгарија (Група Ф)
18 јуни, 21:00 час, Париз: Португалија – Австрија (Група Ф)

Трето Коло

19 јуни, 21:00 час, Лил: Швајцарија – Франција (Група А)
19 јуни, 21:00 час, Лион: Романија – Албанија (Група А)

20 јуни, 21:00 час, Сент Етјен: Словачка – Англија (Група Б)
20 јуни, 21:00 час, Тулуз: Русија – Велс (Група Б)

21 јуни, 18:00 час, Париз: Северна Ирска – Германија (Група Ц)
21 јуни, 18:00 час, Марсеј: Украина – Полска (Група Ц)
21 јуни, 21:00 час, Бордо: Хрватска – Шпанија (Група Д)
21 јуни, 21:00 час, Ленс: Чешка – Турција (Група Д)

22 јуни, 18:00 час, Лион: Унграија – Португалија (Група Ф)
22 јуни, 18:00 час, Сент Дени: Исланд – Австрија (Група Ф)
22 јуни, 21:00 час, Ница: Шведска – Белгија (Група Е)
22 јуни, 21:00 час, Лил: Италија – Ирска (Група Е)

Осминафинале

25 јуни, 15:00 час, Сент Етјен
25 јуни, 18:00 час, Париз
25 јуни, 21:00 час, Ленс

26 јуни, 15:00 час, Лион
26 јуни, 18:00 час, Лил
26 јуни, 21:00 час, Тулуз

27 јуни, 18:00 час, Сент Дени
27 јуни, 21:00 час, Ница

Четвртфинале

30 јуни, 21:00 час, Марсеј

1 јули, 21:00 час, Лил

2 јули, 21:00 час, Бордо

3 јули, 21:00 час, Сент Дени

Полуфинале

6 јули, 21:00 час, Лион

7 јули, 21:00 час, Марсеј

Финале

10 јули, 21:00 час, Сент Дени

 

ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА СПОРТСКА САЛА ВО КРИВОГАШТАНИ

DSCN0422-702x336

Новата спортска сала во дворот на основното училиште “Манчу Матак” во Кривогаштани веќе го добива својот изглед. Активностите кои започнаа при крајот на минатата година сега веќе стигнуваат до самиот крај, каде за неколку месеци жителите на општината ќе имаат на располагање нова спортска сала.

DSCN0424-300x225

Самата инвестиција изнесува 24.000.000 денари, кои општина Кривогаштани ги обезбеди преку Министерството за образование и наука со што општината за прв пат доби објект од ваков вид со што учениците, младите и спортистите од целата општина, ќе добијат место за непречени спортски активности за време на зимскиот период од годината.

Во последните неколку години во општина Кривогаштани значително се подобри спортската инфраструктура, со што на младите им се отвори поголем простор за спортски активности.

 

 

 

Анкета на Брима Галуп: ВМРО-ДПМНЕ со огромна предност пред СДСМ

Реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп која ги изработува и истражувањата на јавното мислење за потребите на престижниот американски Интернационален Републикански Институт, на барање и во соработка со неделникот „Република“, во периодот од 5 мај до 12 мај 2016 година спроведе теренска анкета за испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на повеќе прашања поврзани со актуелни политички теми, при што беа анкетирани 1006 испитаници на возраст над 18 години.

Vmro-Miting-

Со оглед на фактот што на сите досегашни избори, етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, посебно ги издвојуваме резултатите од анкетата кои се однесуваат на мислењето на Македонците.

Истовремено, поаѓајќи од фактот што македонските гласачи на избори, во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, истражувањето генерално е насочено со прашања кои се однесуваат за овие две политички партии, освен одговорите на прашањето за рејтингот на политичките партии, каде освен македонското гласачко тело во предвид беше земено севкупното расположение на сите етнички заедници (Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и останати), со цел да се добие реален приказ за расположението на граѓаните за сите релевантни политички партии во државата.

Резултатите покажуваат дека поголем дел од населението има ставови и лични убедувања кои се поблиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а ставовите на помалиот дел од населението се поблиски до СДСМ.

anketa-brima1

Вклучувајќи ги и гласачите кои припаѓаат на останатите националности во државата, 26,3 отсто се изјасниле дека нивните ставови и убедувања се поблиски до ВМРО-ДПМНЕ, а 14,6 проценти од испитаниците се изјасниле за СДСМ.

 

anketa-brima2

Кога ќе ги издвоиме само одговорите на Македонците, се добива двојно поголема разлика во предност на ВМРО-ДПМНЕ. Дека нивните ставови и убедувања се поблиски до ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 38,8 отсто од испитаниците кои се Македонци, а за СДСМ 18,7 проценти.

anketa-brima3

Населението во Македонија смета дека со ВМРО-ДПМНЕ и нејзината политичка програма има подобра иднина за Македонија.

brima-prasanje

На ова прашање за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 27,4 проценти од испитаниците, а дека со програмата на СДСМ има подобра иднина за Македонија рекле 14,6 проценти од испитаниците.

brima3

И испитаниците кои се Македонци главно сметаат дека со ВМРО-ДПМНЕ и нејзината политичка програма има подобра иднина за Македонија – 39,8 проценти. За СДСМ и нејзината програма се изјасниле само 17,8 проценти.

brima-mkd

Речиси три пати повеќе, односно 33,1 отсто од сите испитаници се изјасниле дека ВМРО-ДПМНЕ е поактивна во нивната средина за да ја добие поддршката од населението, а само 12,2% сметаат дека тоа е СДСМ.

brima01

brima02

Кај македонските испитаници таа разлика е тројно поголема – 48,8 се изјасниле за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а 15,5 проценти за СДСМ.

brima0011-1

Македонците веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро би управувала со државата.

mkd-brima

Дури 41,5 проценти од испитаниците се изјасниле за оваа партија, а за опозиционата СДСМ само 17,5 проценти.

koj-podobro-upravuva

Мало, а смртоносно: Ако ова животно ве касне – ќе умрете во најголеми маки

Летната сезона се ближи и сигурно кроите планови на кое приморје ќе го поминете вашиот одмор. Сепак, морате да земете во обѕир дека морето е преполно со опасни животни, а едно од таквите сигурно е медузата.

 

meduza-irunakdzi-640x514

Ируканџи е мала но многу отровна врста на медуза која е настаната во Австралија. Тие се толку мали ( помали од еден центиметар) што не  можете да ги забележите во вода, а толку опасни што се прогласени за едни од наjопасните животни на светот.

Овој отров предизвикува симптоми на „ирукаџи синдром“. Тој се манифестира низ неверојатна силна болка, грчеви, гноење и вртоглавица. Противотров за ируканџи медузи  не постои, а доколку нивниот убод не се излечи во рок од 20 минути, жртвата веројатно ќе умре од срцев удар.

Отровот на оваа медуза делува во организмот и до седум дена, а луѓето кои се убодени од медузата обично добиваат голема доза на морфиум, за да можат да ги поднесат болките.

Јелена Ѓоковиќ со емотивна порака, вредна 40.000 лајкови

Јелена Ѓоковиќ е најголема поддршка за својот сопруг и тенисер Новак Ѓоковиќ.

 

novak-gokovic-jelena-640x480

Таа беше со него кога прв пат го освои престижниот турнир Ролан Гарос во Париз.

„Мислевме дека сме подготвени за толкав пат, но не бевме спремни. Се до денес. Животот секогаш знае кога, каде и на кој начин. Неверојатно е како секогаш не учи на лекција. Среќни сме што нашето време беше денес“, напиша Јелена на својот Instagram профил.

Пораката доби над 41.000 лајкови за 1 ден, но и голем број на позитивни коментари.

ФОТО: Северина со синот се фотографираше на плоштадот во Скопје

severina-skopje-640x396

Северина со сопругот и со синот  присуствуваше на една венчавка во Скопје, а на Инстаграм сподели фотографии од настанот.

Покрај ова Севе ја искористи приликата да се фотографира со синот Александар на плоштадот „Македонија“ пред фонтаната „Воин на коњ“.

https://www.instagram.com/p/BGT23DrFEDN/?taken-by=severina