дома блог страница 5288

Часот на вашето раѓање открива какви сте во љубовта и во работата

Часот на раѓање има големо влијание врз нас – од него многу зависи дали сте склони кон амбиција, работа или љубов…

 

raganje

Од 0 до 01 часот

Оние што се родени во овој термин се карактеризираат со импулсивност и агресивност (Овен) здружена со голема истрајност и издржливост (Сатурн). Околината ги смета за мошне упорни, тврдоглави и изразено горди личности на кои што често им недостуга такт, трпение, способност за дипломатија. Во поволните животни околности астролошката констелација може да овозможи неверојатни творечки достигнувања, спорсти успех или војничка кариера.

Од 01 до 02 часот

За вас моќта, угледот и статусот се најважните животни категории. Јасно сте ориентирани кон материјалните вредности, имотните апсекти и материјалното царство. Поради тоа може да трпат вашите најблиски. Вашиот животен успех во најголема мерка зависи од огромната енергија што ја поседувате, а потребно е правилно да ја насочувате кон вашите цели. Вашето искачување кон врвот често е потпомогнат од некои влијателни (Јупитер) или повозрасни (Сатурн) личности.

Од 02 до 03 часот

Имате сјајни можности истовремено да се посветувате на различните работи и паралелните цели. Мошне сте динамични и способни искрено да се одушевувате (Марс) или да уживате во различните животни радости. Понекогаш сте исклучиви и нетолерантни, потребно е да прифатите повеќе трпение во животот и подобро да се прилагодувате во социјалните односи.

Од 03 до 04 часот

Вие сте мошне чувствителна личност, лесно ве повредуваат вашите чувства и ја пореметуваат вашата психолошка рамнотежа. Конкретните докази за предаденост, верност и наклонетост (Венера) подеднакво ви се важни, како што ви се важни приврзаноста кон семејството и домот или кон домот (Рак). Имате потреба да изградите финансиска сигурност. Умеете вешто да калкулирате со парите, со имотните апсекти, недвижностите, финансиите. Важно ви е да се оставрите во семејството, но и во работите што се поврзани за уметност или за некоја социјална област.

Од 04 до 05 часот

Вашиот ментален склоп и начинот на размислување (Меркур) секогаш се насочени кон некоја конкретна и остварлива цел. Поседувате смисла за добра организација, знаете да изразите силна концентрација и сила на волјата. Речиси во секоја работа станувате авторитет (Лав). Премногу значење им придавате на општествените односи, а тогаш ви се случува да западнете во депресивни расположенија.

Од 05 до 06 часот

Најдобро се чувствувате кога имате прилика во постоечкиот хаос да воведете ред. Вас ви се најбитни деталите, па поради тоа честопати ви е тешко да направите разлика помеѓу битните и небитните работи. Многу често ризикувате да трошите пари на ствари кои не ви се воопшто потребни. Во работата сте педантни и совршено ги извршувате своите должности.

Од 06 до 07 часот

Шармантни сте и секогаш сте добро облечени. Вашиот дом е уреден со стил и е место каде што честопати се собирате со вашите пријатели. Многу сте љубезни со сите луѓе. Најголемата опасност за вас лежи во фактот дека, вашата емоционална стабилност зависи од другите луѓе, а не од вас самите.

Од 07 до 08 часот

Работите ги кажувате онакви какви што се и немате влакна на јазикот. Го кажувате само она што го мислите, но понекогаш знаете и да молчите како зашиени. За успехот кој го постигнувате на работното место, можете да ѝ се заблагодарите на вашата богата фантазија и подготвеноста да ги подредите сите работи кон една цел, која се стремите да ја постигнете. Нечии интриги и недовербата кон другите луѓе, можат да ве извадат од такт.

Од 08 до 09 часот

Играта, спортот и долгите прошетки на чист воздух се многу важни за вас. Секогаш сакате да ги преминувате границите, без разлика дали станува збор за друштвени, духовни или државни граници. Многу ве привлекуваат странци. За да оформите ново пријателство, потребно ви е истото да ви понуди нешто новокое досега не сте го доживеале. Родени сте авантуристи.

Од 09 до 10 часот

Вам постојано ви се потребни некакви поводи за да бидете активни. Благодарение на вашиот голем талент за организација и дисциплина, секогаш ги остварувате целите коишто ги имате зацртано. Добро се чувствувате кога им помагате на другите, пред сѐ на членовите на вашето семејство.

Од 10 до 11 часот

Вам сите луѓе ви се еднакви. Според вас не постојат класни разлики и му дозволувате на секој да го докаже својот личен став и развој. Имате силна интуиција која ви овозможува лесно да ги предвидите настаните, полни сте со разбирање кон другите луѓе и секогаш сте отворени за нови идеи. Со оглед на тоа што многу ги сакате луѓето, најчесто преферирате да бидете опкружени со искрени пријатели.

Од 11 до 12 часот

Особено сте успешни кога работата ја извршувате „зад сцената“. Така навистина можете да постигнете големи успеси. Сѐ додека можете да си обезбедите доволно мир за да си ги наполните батериите, ќе можете да остварувате извонреден успех во полето на уметноста и вам ништо нема да може да ви застане на патот.

Од 12 до 13 часот

Секоја работа што ќе ја започнете, ја завршувате до крај. Разумноста ви помага да не трошите премногу време на небитни работи. Материјалната сигурност во кругот на семејството, ви е најважна за да чувствувате душевен мир. Многу ретко сте самоиницијативни. Контакти воспоставувате ретко, само доколку вам луѓето ви се обратат.

Од 13 до 14 часот

Мислењето на другите честопати си го зимате при срце. Поради тоа понекогаш мислите дека сѐ што е речено или направено се однесува исклучиво на вас. Неретко за вистина го земате само она коешто вие го сметате за вистина. Можеби токму таа особина, честопати ве води до исклучително успеси на работно поле.

Од 14 до 15 часот

На својот животен партнер би му останале верни до крајот на вашиот живот. Но, доколку почувствувате дека во неговиот живот не заземате централно место, веднаш ќе побарате друг партнер. Уметноста и глумата играат голема улога во вашиот живот. За вашите деца, сте спремни да жртвувате баш сѐ.

Од 15 до 16 часот

Комплетен успех постигнувате во оние дејности, во кои можете да ги внесете сите ваши емоции. Вие сте срдечна личност, која блеска од самодоверба, но знаете и да бидете раздразливи доколку се почувствувате отфрлено. Длабоко воздивнете кога ќе бидете лути од некоја причина. Доколку научите како да се воздржите и опуштите, ќе избегнете чувство на агресивност и искажување тешки зборови и навреди.

Од 16 до 17 часот

Парите за вас имаат голема важност. Поради тоа мислите дека уште во првата половина од животот морате да стекнете некакво богатство. Во тоа добро се вклопува и вашата способност да се издигнете над секојдневните ситни проблеми и измами, како и можноста да ги согледате работите однапред.

Од 17 до 18 часот

Сѐ додека сте свесни за својот перфекционизам, луѓето ќе ве ценат и приватно и професионално. Вие сте многу практична личност и успешно се справувате со сите оние кои сакаат да им се спротивстават на вашите планови. Понекогаш вашата склоност за детали знае да ве занесе и да ве запре во достигнувањето на целта.

Од 18 до 19 часот

Вие сте човек кој само доколку е поврзан со други луѓе, може да си ги оствари своите животни цели. Во пријателствата обично ви треба малку повеќе трпение, за да можете да излезете на крај со самите себеси. Најголема опасност за вас лежи во тоа што партнерот од вас може да побара нешто коешто вие на подолг рок не можете да го исполните.

Од 19 до 20 часот

Вашата склоност за ризикување секогаш ве пробива во сите друштва. Поради вашите пренагласени сексуални побарувања, можете несвесно да западнете во опасност од губење на трајните вредности во вашата врска, како што се верноста, меѓусебната грижа и духовноста. Во основа, сѐ што работите треба да биде со мера.

Од 20 до 21 часот

Возбудата предизвикана од нешто ново или непознато, секогаш ве охрабрува за врвни достигнувања. Животен еликсир ви се далечните патувања и егзотичните земји. Верноста не се вбројува во вашите карактеристики, а благодарение на вашиот оптимизам, после голем пад знаете брзо да застанете на нозе.

Од 21 до 22 часот

Од страв да не ве повредат, останатите луѓе околу вас мислат дека сте бавни и затворени. Но кога ќе ве запознаат подобро, гледаат дека ширите многу топлина и позитивна енергија. Посветувате големо внимание на луѓето покажувајќи видливи докази на љубов и многу сте изненадени доколку работите не се онакви какви што ги замислувате.

Од 22 до 23 часот

Вие сте исклучително интелигентни и често размислувате сосема поинаку од останатите. Токму поради оваа причина, често знаете да се справите дури и со најтешките проблеми. Секогаш сте во предност пред другите, но не треба да бидете арогантни поради тоа. Скромноста е карактеристика која ве краси.

Од 23 до 24 часот

Вие зрачите со силна внатрешна светлина. Никогаш не сакате да ги комплицирате работите, а склони сте за претчувствување на работите. Ваше животно мото е „сѐ или ништо“, а во љубовта сте посесивни и љубоморни.

 

ФОТО: Синот на Мојсоски стана хит на социјалните мрежи

mojso-500

Оваа фотографија со синот на Наумче Мојсоски стана вистински хит на социјалните мрежи.

Наумче Мојсовски вчера го одигра последниот натпревар за македонската репрезентација, a неговите три гола ја однесоа Македонија на Светското првенство во Шпанија. Последниот натпревар на Мојсовски од трибините го следеше неговиот син кој држеше транспарент во рацете: Тати мајсторе!

tati-1

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО – Жена дознала дека нејзиниот дечко има ХИВ, па го прегазила со кола

feniks-hiv-zena-pregazila-decka-foto-youtubeprintscreen-1466067719-929975

Сигурносните камери во градот Феникс во Аризона снимиле едно брутално случување.

Имено, на момчето кое се возело со својот велосипед, удира неговата девојка со својот Форд Мустанг и потполно го покосила.

Во автомобилот била Мисти Ли Вилк која тврди дека непосредно пред тој немил настан, дечкото и соопштил дека боледува од ХИВ. Дури и се смеел во лице додека и ја соопштувал таа вест.

Според непотврдени информации, тој дури ја пресекол својата девојка со нож на раката, па заминал да се вози со велосипедот. Таа седнала во автомобилот, а што се случило потоа покажува видеото.

A.Г.

Бoречки спектакл во Прилеп: “Крал Марко Опен” ќе понуди големи возбудувања

13457799_1325920327422728_57620726_n

Во недела 19-06-2016 во Прилеп ќе се одржи натпревар во Микс боречки вештини-ММА “Крал Марко Опен”. На натпреварот ќе учествуваат 10 клубови од Македонија и 2 клубови од Р.Србија од Белград и Краљево, со што овој пат натпреварот добива интернационален карактер. На програмата се 12 ММА борби, поделени во два дела, воведни борби и главни борби. Во првиот дел ќе настапат натпреварувачи помлади од 18 години и натпреварувачи без искуство, додека во главниот дел се борбите со поисксуни натпреварувачи. Учевствуваат клубови од Прилеп, Битола, Охрид, Кичево, Гостивар, Скопје, Куманово, Штип. Натпреварот има за цел собирање на искуство кај борците, тренерите и судиите, дружење меѓу спортистите и промоција на ММА спортот во Прилеп и Македонија. На почеток на натпреварот ќе има 3 грапплинг борби и 2-3 ревијални борби на млади членови, кои за прв пат ќе имаат можност да го почувствуваат адреналинот во салата. Ревијалните борби немаат натпреварувачки карактер.

13479778_1325920334089394_1962101904_n

13454104_1325920344089393_431403658_n

13473810_1325920337422727_962617382_n

13479466_1325920330756061_1994237823_n

“Од нашиот центар ќе учествуваат 3 учесници во Граплинг борбите и 4 натпреварувачи во ММА. Имаме добра организација за натпреварот, исполнети се сите услови за одржување на еден ваков аматерски натпревар. Очекуваме добри и интересни борби, добро дружење помеѓу клубовите и спортистите”, истакнуваат организаторите од клубот Максам Фајт – Прилеп.

Се подготвува сензационално издание на Пивофест 2016: Програмата обемна како никогаш до сега

Овогодинешниот Фестивал на пиво ќе претставува вистинско задоволство за сите посетители.

11

Познати се повеќето имиња на настапувачите, кои ќе допринесат за што помасовен број на гости и пожешка атмосвера на 14-тиот фестивал на пивото и скарата. Освен познатата балканска ѕвезда Аца Лукас, на овогодинешниот фестивал на скарата и пивото во Прилеп, ќе настапи и македонското девојче Каролина Гочева, познатата ска- панк група од Белград „Самостални референти“, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ, сигурни гости се и : незаменливите Bang La Decks, Crossroad Blues Band, Fly Project, познатиот реге изведувач Raphael, Дејан Петровиќ и секако Парни Ваљак.

12

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

Овогодинешниот Пивофест ќе трае од 14-ти до 17-ти јули и ќе биде уште поспектакуларен и попосетен од минатогодишните.

Повелете на Пиво фест во Прилеп!

Наздравје !

Конкурсот за усовршување на наставниците во странство отворен до 1 септември

Наставниците имаат можност да се усовршат професионално на некој од најдобрите  200 универзитети од областа на образованието рангирани на шангајската листа на Џиао Тонг универзитет, за што од оваа година Министерството за образование и наука ќе доделува стипендии.

spiro-kurir

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски потсети дека конкурсот за 2016/2017 година трае до 1 септември и дека наставниците сега, по завршената учебна година, можат да размислат да ја искористат можноста да студираат на магистерски и на докторски студии во странство.

МОН во целост ќе го покрие трошокот за уписнина во износ од најмногу 40.000 американски долари годишно, ќе исплаќа месечен паричен надомест за трошоците за живот и ќе му обезбеди на кандидатот еден повратен авионски билет. Додека траат студиите во странство, работниот однос на наставникот ќе биде во мирување, а по враќањето тој е обврзан да остане на работното место најмалку за период колку што му мирувал работниот однос.

– Министерството односно Владата ќе ги покрие целосно трошоците за нивната стипендија и престој, трошоците поврзани со студирање на соодветниот факултет. Конкурсот трае до 1 септември и очекувам во текот на летниот период да имаме и конкретни апликации, бидејќи имаше интерес од страна на наставниците. За оваа цел МОН го измени и соодветниот закон и во него е утврдена гаранција за работното место на наставникот кој ќе оди да го дооформи своето образование, но со обврска потоа да се врати и да работи во Република Македонија, рече Ристовски.

ВИДЕО: Турски навивач стана апсолутен хит на интернет- милиони ја погледнаа оваа снимка

Една Турчинка решила да се пошегува со својот сопруг во текот на натпреварот меѓу Турција и Хрватска на Европското првенство и за целиот настан снимила видео кое ќе ве насмее до солзи.

turcin

Сопругата со помош на апликација на мобилниот телефон решила да го исклучува телевизорот при секоја шанса за гол на некој од тимовите.

ВИДЕО: Вака ракометарите го славеа пласманот на СП

Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе биде дел од Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се одржи во Франција. Со големата победа остварена над Чешка, нашите ракометари го продолжуваат континуитетот на настапи на големите натпреварувања во случајов Светското првенство. Македонија во Скопје го доби реванш дуелот во баражот против Чешка со седум гола разлика 34:27, со што ја анулира негативата од шест гола по првиот меч одигран во Злин, што заврши со резултат 28-22. Славјето на македонските ракометари погледнете го во видеото во продолжение.

 

Понекогаш човечката солидарност нема граници: Заеднички се бореа да спасат човек кој падна на шините – ВИДЕО

njujork-covek-pao-pod-voz-bosanka-foto-printscreen-youtube-1466066686-929965

Во метрото во Њујорк се случила една немила случка кога еден човек потпирајќи се на еден од столбовите, изгубил рамнотежа и паднал на шините. Вознемирувачко било тоа што возот бил на две станици од местото.

На видеото кое е снимено пред неколку денови, се гледа како тројца луѓе херојски ќе скокнат на шините и ќе го загрозат и својот живот за да му помогнат на несреќникот.

Погледнете ја оваа херојска борба за живот:

А.Г.

Македонија во портокалова фаза: Деновиве избегнувајте ги овие нешта

hot-wether

Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и избегнување консумација на лесно расиплива храна, се препораките на Министерството за здравство кои вчера ги истакна на интернет страната www.toplotnibranovi.mk.

За хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапија.

Овие мерки се преземаат по најавените високи температури што ќе ја зафатат Македонија до недела, а ќе се движат во интервал од 35 до 40 степени Целзиусови.

Значителен пораст на температурите се очекува утре и во сабота, кога постои можност целата територија на државата да биде зафатена со температури од портокалова фаза, за што Министерството за здравство најави дека во континуитет ќе информира со соодветни препораки за заштита од топлото време.

Во текот на денешниот ден, само југоисточниот регион ќе биде зафатен со топлотен бран од жолта (алертна) фаза. Овој регион ги опфаќа градовите Гевгелија, Кавадарци, Демир Капија, Штип, Радовиш, Струмица, и околните градови и населени места, каде што се предвидуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината.

Од Министерството за здравтсво препорачуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури.