Се подготвува сензационално издание на Пивофест 2016: Програмата обемна како никогаш до сега

Овогодинешниот Фестивал на пиво ќе претставува вистинско задоволство за сите посетители.

11

Познати се повеќето имиња на настапувачите, кои ќе допринесат за што помасовен број на гости и пожешка атмосвера на 14-тиот фестивал на пивото и скарата. Освен познатата балканска ѕвезда Аца Лукас, на овогодинешниот фестивал на скарата и пивото во Прилеп, ќе настапи и македонското девојче Каролина Гочева, познатата ска- панк група од Белград „Самостални референти“, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ, сигурни гости се и : незаменливите Bang La Decks, Crossroad Blues Band, Fly Project, познатиот реге изведувач Raphael, Дејан Петровиќ и секако Парни Ваљак.

12

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

Овогодинешниот Пивофест ќе трае од 14-ти до 17-ти јули и ќе биде уште поспектакуларен и попосетен од минатогодишните.

Повелете на Пиво фест во Прилеп!

Наздравје !




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.