дома блог страница 5287

УТРЕ ВО ПРИЛЕП ЗАВРШУВА САЕМОТ НА КНИГАТА НА „МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“

Saem-na-knigi-na-Makedonika

Утре (сабота, 18 јуни), е последниот ден од саемот на книгата на „Македоника литера“, што се одржува во Прилеп, во соработка со Градската библиотека „Борка Талески“.

И последниот ден на саемот во Прилеп, пред платото на Градската библиотека, „Македоника литера“ ќе овозможи богата и разновидна понуда на квалитетни книги кои ќе се распродаваат со висок попуст до 70 отсто.

Љубителите на добрата книга од Прилеп за 100 денари ќе може да купат квалитетни, наградувани и високо вреднувани современи европски романи, многу наградени романи од Балканот, дела од класиката, историски романи, дела од македонски автори, книги за деца од најдобрите македонски автори и од познати странски автори, вредна историска литература, антологиски дела на светската драма, книги за театар и за филм, стручна литература…

Од текот на изминативе пет дена „Македоника литера“ е пријатно изненадена од големиот интерес за саемот на книгата во Прилеп и од префинетиот вкус за добрата книга на прилепчани.

 

Како да ги заштитите вашите коса и кожа на плажа

letoooo

За време на летниот период косата осветлува, а кожата потемнува. Меѓутоа колку и да го сакаме летото, во овој период потребно е и дополнително да внимаваме на негата на нашата коса и кожа.

Бронзениот тен, иако изгледа убаво може да биде и закана за здравјето, доколку е постигнат неправилно.

Прочитајте ги овие совети како правилно да негувате коса и кожа во летниот период.

Во кој период (не) треба да се сончате?

Во периодот од 11.00 до 16.00 часот препорачливо е да не се изложувате на сончевите зраци, бидејќи во овој период сонцето е најсилно. Прекумерното изложување на сонце е голем ризик за здравјето, ги оштетува влакната на еластинот во кожата и предизвикува нејзино оштетување, но и предвремено стареење.

Како да се заштитите?

Телото има чувствителни делови кои не смеете да заборавите да ги заштитите доколку се изложувате на сонце. Таков е случајот со кожата околу пазувите, задниот дел од колената, очните капаци и деловите од кожата под костимот за капење кои многумина забораваат да ги заштитат. Задолжително користете лосион со соодветен заштитен фактор кој ги штити клетките на кожата и е погоден за сите видови на кожа. Лосионот треба да има минимум 15-ка заштитен фактор за возрасни, а за децата заштитниот фактор треба да изнесува минимум 30.

Превенција од изгореници на кожата

Доколку се соочите со изгореници на кожата, употребувајте препарати кои имаат својство на ладење и хидратација, како и смирувачко дејство. Овие препарати освен што ќе ве заштитат од оштетувања предизвикани од изложување на сончеви зраци, ќе ви помогнат во случаи на иритација и повреди.

Во случај на полесни изгореници треба да внесете течности и да се истуширате со студена вода. Доколку пак чувствувате треска, гадење или ви се појавиле плускавци, задолжително обратете се на лекар.

За крај, не заборавајте дека умерената изложеност на сонце е најдобриот начин за постепено добивање на тен и долготрајност на истиот.

Израелскиот робот RoBattle е иднината на војувањето – ВИДЕО

Израелската компанија Israel Aerospace Industries (IAI) го претстави борбениот робот кој претставува иднина на војувањето.

1212

Роботот RoBattle е вистинско борбено чудовиште кое може да се користи во различни ситуации. Истиот е комбинација од “паметни” сестраности и разорни моќи, а користи така наречен модуларен роботски систем, кој го сочинуваат неколку компоненти, како што се: контрола на возилото, навигација, RT мапирање и автономија, како и сензор за носивост.

Благодарејќи на модуларниот дизајн, компанијата може да ги сменува компонентите во зависност од мисијата. Роботот може да користи тркала и гасеници, како и различно оружје и роботски раце.

RoBattle ќе биде јавно претставен во Франција на крајот од овој месец.

 

А.Г.

Ова не сте го знаеле за државите кои настапуваат на Европското првенство во фудбал

Европското првенство во фудбал е главна тема овие денови. Оваа година домаќин е Франција, а прв пат учевствуваат 24 наместо досегашните 16 репрезентации.

EURO-1-696x405

Со цел да не снемате материјал за разговор помеѓу двете полувремина, ви донесуваме занимливости за сите држави кои настапуваат на првенството.

ГРУПА А

Франција

Францускиот закон им допушта на своите граѓани да се венчаат и со некој кој починалн (под услов доколку се докаже дека мртвата личност навистина сакала да се венча со нив додека била жива)

Романија

Палатата на парламентот во Букурешт е најтешка зграда на светот и е една од најголемите градби на светот по површина.

Албанија

Албанија е една од најкорумпираните држави на светот.

Швајцарија

Швајцарија има политичка партија која се залага за помала употреба на програмата на Microsoft Power Point, или така наречена Anti-Powerpoint Presentation Party.

ГРУПА B

Англија

Англија учевствувала во најкратката војна во историјата на човештвото. Всушност, војната против Занзибар траела само 38 минути.

Велс

Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch…Овој натпис всушност е име на село кое се наоѓа во Велс и е топоним со најдолго име во Европа и на светот.

Русија

Москва долго време била дом на најголемиот ресторан на McDonalds на светот, се додека не бил изграден уште поголем во САД.

Словачка

Словачка има поголем број дворци по глава на жител, отколку било која друга држава на светот.

ГРУПА C

Германија

Германија е прва држава во светот која го вовела летното сметање на времето. Го вовеле во 1916 година.

Северна Ирска

Повеќето Северни Ирци се вработени во продукцијата за игри, отколку во јавниот сектор на оваа земја.

Украина

Подземната железница во Киев се наоѓа дури 105 метри под земја, што ја прави најдлабока подземна железница на светот.

Полска

Пољаците се најголеми извозници на килибар во светот.

ГРУПА D

 Хрватска

 Хрватска има дури 1246 острови, островчиња и морски прелази, помеѓу кои е задоволство да се плови.

Чешка

Чесите се најголеми конзумирачи на пиво во светот. Просечен Чех годишно пие 142,6 литри пиво.

Шпанија

Шпанците го направиле првиот спојувач на светот.

Турција

Според приказната, Дедо Мраз е роден во денешна Турција.

 ГРУПА Е

 Белгија

Аеродромот во Брисел е местото каде се продава најголема количина на чоколадо на светот.

Италија

Италијанската мафија е заслужна за 7%  од италијанскиот БДП

Ирска

57% од Ирците носат очила или контактни леќи.

Шведска

Осите се најзаслужни за најголемиот број смртни случаи во Шведска.

ГРУПА F

 Aвстрија

Основан во 1752 година, Tiergarten Schönbrunn е најстарата зоолошка градина на светот.

Унгарија

Ernő Rubik, пронаоѓачот на Рубиковата коцка, е роден во Будимпешта.

Исланд

Граѓаните на Исланд немаат војска, воздухопловство, ниту морнарица.

 Португалија

Англо-португалскиот сојуз е потпишан во 1373 година, а во сила е и денес.

 

A.Г.

Охрид годинава со поквалитетна понуда за сместување

Охрид годинава со поквалитетна понуда за сместување на туристите. Расте бројот на ексклузивни апартмани.

 

ohrid-1-640x451

Луксузно раскошно сместување на брегот на Охридското езеро најчесто користат странските туристи. Приватните станоиздавачи реинвестираат и нудат  современи услови. Годинава на располагање во Охрид се 13.000 легла во приватното сместување  и уште 5000 во хотелите.

-Од анализите кои што ние ги имаме спроведено во голем процент се зголемува  бројот на поквалитетните  сместувачки капацитети, односно капацитети рангирани со повеќе ѕвездички. Во сите категории и апартмани, станови и куќи, изјави Ѓоко Апостолов раководител на Секторот за туризам.
Охрид и во претсезоната од април до јуни е полн со туристи. Покрај Холанѓаните кои редовно доаѓаат од мај, туристи има и од соседството, но и од Турција,  Кина и прекуокенаските земји.

Во овој период капацитетот  на хотелите и исполнет 90% а иста е најавата и за периодот што следи со што бројот на гости особено во шпиц на сеозна се очекува 100% исполнетост и на хотелите во градот и на приватното сместување, додава Апостолов.

Новите авиолинии од Израел, Белград дополнително ќе го зголемат бројот на туристи. Во понеделник ќе стартува и новата  авиолинија Брисел – Охрид со туроператорот Томас Кук.

Ќе се гради пруга од Кичево до Лин

zeleznica

Железничка пруга долга 63 километри ќе се гради и кон Албанија, од Кичево до албанскиот град Лин, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Изградбата на оваа железница ќе чини 10 милиони евра. Проектирањето треба да заврши за најмногу две години. Македонските власти се надеваат дека пари за овој значаен регионален проект ќе се обезбедат од ИПА фондовите.

Железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија треба да заврши најдоцна до 2020 година.

ФОТО: Ако забележите нешто вакво на вашето дете веднаш одете во Ургентен

Освен што родителите во летниот период се грижат за изгореници од сонцето, треба да обрнат внимание и на една голема опасност која не треба да се заборави периодов – крлежите!

krlezi

Температурите растат, децата се уште посреќни и си играат со своите другарчиња.

Крлежите можат да направат голем проблем и да предизвикаат тешка болест, а најчесто симптомите кои се појавуваат се голем осип по телото и црвенило.

Може да дојде и до температура, главоболка, чешање, како и надуени жлезди, но само во некои случаи.

Овие убоди можат да се излечат со антибиотици ако се реагира навреме. Најдобро е веднаш да се оди на лекар.

Денес е Задушница: Сеќавање на починатите, молитва за простување на гревови

Православните верници денеска ја одбележуваат Задушница или ден на мртвите.

palenje-svekji

Сите што имаат блиски починати уште од рано утро ќе ги посетат нивните вечни почивалишта и ќе им оддадат почит. Се пали свеќа, се пее гробот и се раздава храна за душата на починатиот.

Се принесува пченица, вино, цреши, а гробот се чисти со оревови гранчиња.

Со сеќавање на починатите, нивните блиски се молат тие да им ги простат гревовите што им ги направиле додека биле живи.

Црквите утрово служат парастос, а потоа верниците ги посетуваат гробовите на најблиските. Се верува дека свеќата запалена на денешен ден гори до следната Задушница, а доколку тоа не се направи, починатите ќе бидат во темница цела година.

Денеска не се работи, чисти, пере, ниту пак се извршуваат полски работи. Задушница е ден за спомен на мртвите и затоа живите треба да им се посветат.

Постојат четири задушници во годината. Летните се споени до Духовден, есенски, пред Велигден и во зима.

Верниците често ги мешаат Задушница и Духовден, кој e во недела. Духовден е денот роденден на Црквата, денот во кој Светиот Дух се симна на апостолите 50 дена по воскресението. На Духовден се случи симнувањето на Светиот Дух, токму според Христовото ветување, и оттогаш Црквата ја започна својата мисија.

ФОТО – Ова се најстрашните проколнати куќи: Претходно биле болници, погребални места, невропсихиатрии…

Дали би се осудиле да поменете ноќ во куќа за која знаете дека се проклети или некогаш во нив се случувале несфатливи работи? Такви куќи најчесто се наоѓаат во САД, а многумина посведочиле дека од нив слушале необјасниви чекори, дечји плач и.т.н.

[Best_Wordpress_Gallery id=”285″ gal_title=”проколнатикујчи”]

Зошто да останете во обично сместувалиште кога можете да се вратите чекор наназад и да спиете на историски адреси кои се обвиткани со мистерија. На патниците кои се доволно храбри да преноќат во објекти кои претходно биле невропсихиатрии, погребални места или болници, треба да им се оддаде признание. Во галеријата можете да погледнете некои од најстрашните проколнати куќи на светот.

Проколнатиот дворец во Мисури се наоѓа на американскиот среден запад и стар е околу 170 години. Изграден во 1850 година, а во него изминатите 100 години се случувале бројни надприродни појави, така да гостите треба да се подготват за необјасниви удари во текот на ноќта. Дворецот порано се користел како гробница, болница, а во дворот се наоѓаат дури и гробишта. Преноќевање во дворецот чини 400 евра.

Дворецот на духови наречен “Комора на лудилото” во Њујорк е место каде можете да имате незаборавен “помин”. Постои повеќе од 600 години, обложен е со дрвена ламперија и има поглед кон локалната црква. Ова е идеално место каде можете да гледате застрашувачка хорор приказна, ако воопшто издржите. Ноќ во дворецот чини 167 евра.
На плантажата Миртлес во Луизиана наводно се случиле 10 убиства, но службено е потврдено само едно. Спротивно на тоа, бројни извештаи говорат за необјасниви активности кои се случувале тука. Духовите на бившите робови наводно чекаат сеуште да им се даде некоја задача, се слушаат необјасниви чекорења кои слегуваат по скали, а клавирот свири сам. Поради тоа оваа куќа го заработила називот најпроколната куќа во САД. Таа куќа сега е преноќиште во кое можете да одседнете и да проверите дали навистина е проколната.

Тие кои била во дворецот Френклин во Охајо, велат дека таму се слуша необјаснив плач на дете, гласови кои се расправаат во ѕидовите, лустери кои се вртат, лица кои се појавуваат во ламперијата, локви со крв кои се појавуваат и исчезнуваат, потоа мистериозна жена во црно која се појавува на прозорецот во кулата…. Во една од собите е 10 степени поладно од другите соби, а во 1970 во една од просториите откриена е крпа со детски коски. Првиот сопственик на куќата и неговото семејство починале под неразјаснети околности.
А.Г.

Знаете ли кое е најсмртоносното животно на светот? (ВИДЕО)

Доколку сте мислеле дека најсмртоносните животни на светот се ајкулите, лавовите или нешто слично, се лажете. Најсмртоносните животни на земјината топка се всушност комарците.

12121

Комарците пренесуваат најразлични видови на болести.

Овие двокрилни инсекти живеат на сите подрачја на светот, од најжешките тропски предели до студените северни предели.

Комарецот е најсмртоносното животно на светот. Комарците убиваат по стотина илјади луѓе секоја година, а најосетливи се децата и трудниците. Ниту едно друго животно не убива толку многу луѓе годишно ниту пренесува толку многу болести.

Некои од болестите кои ги пренесуваат се Западно нилска грозница, маларија, вирусот Зика, а климатските промени и зголемувањето на просечната температура, како и зголемувањето на количината на дождови, влијае на се поголемата распространетост на овие болести.

A.Г.