дома блог страница 5289

ВИДЕО – Сакате побрз интернет? Еве неколку трикови за да го подобрите вашиот Wi-Fi

ruter-youtube-1465804254-927761

Kako да ја унапредиме брзината на Wi-Fi приклучокот во нашиот дом? Па изгледа прилично лесно, со помош на мали трикови.

Интернетот е секојдневие во секој дом, рестораните, институциите, па дури и во градски превоз. Иако за историјата е речиси нов изум, веќе го имаме здраво за готово, а обично кога ќе се конектираме понекогаш велиме: “Ајде побрзо, бавен ми е интернетот, се забави …. “, иако брзината на истиот од година во година е се поголема. Едноставно сме разгалени.

Постојат неколку едноставни трикови кои можат да ви помогнат да ја зголемите брзината и дотокот на интернет.

Погледнете го видеото….

А.Г.

Феноменот наречен РУСКИ ХУЛИГАНИ: Путин ги поддржува затоа што ја покажуваат силата на нова Русија

rusija-huligani-696x398

На руската репрезентација и се закануваат казни поради однесувањето на нивните навивачи кои тврдат дека тоа нема да ги запре.

Британскиот весник Daily Mail објави неколку текстови во кои се занимава со анализа на руските хулигани, кои во последните неколку денови прават нереди во Франција, каде моментално се одржува Европското првенство во фудбал.

Весникот констатира дека една од специфичностите на руските навивачи е нивниот изглед, кој е значително пострашен од оној на Англичаните, на кои особено им се нафрлија. Руските ‘ултраси’ ги опишува како мускулести, истетовирани, припремени за борба и мотивирани со национализам.

Весникот забележува дека руските хулигани делуваат како навежбан тим составен од крволочни снажни момци, кои не ги интересира фудбалот, туку желбата да ја демонстрираат силата на новата, засилена Русија.

Еден од руските навивачи кој учевствувал во крвавите тепачки во Марсеј се огласил на својот Twitter профил. Тој вели дека Руските се ‘број еден’ и дека Анличаните не им можат ништо. Исто така напишал и дека ним тепачките на мечевите им се на прво место, со цел да ја покажат големината на својата држава.

Овие навивачи после тепачките често објавуваат слики на кои англиските знамиња ги држат наопаку, со цел да ги понижат своите противници.

Daily Mail исто така објавува дека руските ултраси имаат поддршка од Владимир Путин. Со оглед на тоа дека Русија е домаќин на Светското првенство во фудбал во 2018 година, новинарите на овој весник се прашуваат, какви нереди ќе има тогаш.

A.Г.

Нова жестока тепачка во украинскиот Парламент – ВИДЕО

3828897

Меѓусебните физички пресметки помеѓу пратениците во украинскиот Парламент не се ништо ново.

На интернет се појави ново видео од една таква стандардна ситуација на народните избраници на Украинците.

Тепачката започнала поради барањето на пратеникот од “Опозициониот блок”, Димитриј Колесников, градоначалникот на Лавов да поднесе оставка поради ситуацијата со депонијата во Лавов.

A.Г.

 

ВИДЕО – Има 82 години, но е млад во душата: Дедо кој ги воодушеви сите со својот настап

575ae83d-9a2c-4560-b6be-11fb0a0a0a80-djed-roker-700x402

Осумдесет и двегодишниот Џон Хетлингер на сцената на американското шоу “Аmerica’s Got talent” излезе во беж пантоломи и обична бела маица, па од него никој не очекуваше нешто специјално.

Но кога започна со изведбата на песната ‘Bodies’ од хеви метал бендот Drowning Pool веднаш стана јасно дека ова нема да биде еден обичен настап.

Овој енергичен пензиониран пилот ја одушеви публиката и жирито, а тоа дека е вистински хит, потврдуваат и четирите милиони прегледи на неговиот настап на Јутјуб.

А.Г.

МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ ПОБЕДИЈА!!!! МАКЕДОНИЈА СЕ САКА СО РЕЗУЛТАТИ!!!!

image-0.02.01.035c439eaafedd52734e85b1d406f4b97f92a33a3d3b2522c4533bffad4d5b07-V

Македонската ракометна репрезентација го продолжи континуитетот со пласман на мундијалите и со победата над Чешка  се пласира на светското првенство во Франција.

image-0.02.01.2abf88f20b978b444fa6917ac0b3b5e2c06fafee7d92dc853eb16a54c05b9eb7-V

image-0.02.01.66c277d40be3c0afab357003d3d96295f10013a5a8c4e25233c5a57cf64c0ff3-V

1

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

500nbrm1

На 14 јуни 2016 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на којашто беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Oцената на економските и на финансиските услови покажа дека постојната монетарна поставеност е соодветна, при што Комитетот за оперативна монетарна политика одлучи на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво од 22.000 милиони денари, со непроменета каматна стапка од 4%.

На оваа седница беше оценето дека затегнувањето на монетарната политика на почетокот на мај, засега, е доволна реакција за притисоците на девизниот пазар и врз депозитната база на банките, предизвикани од домашни фактори од неекономски карактер. Притоа, во последниот период, видливи се знаци на стабилизирање на очекувањата и довербата на економските субјекти, а оцените за здравоста на економските фундаменти и понатаму се позитивни.

Податоците за економската активност упатуваат на натамошен раст на активноста во домашната економија, којшто според проценетите податоци за БДП за првиот квартал изнесува 2%. Позитивни остварувања се забележани во речиси сите дејности. Сепак, ова темпо е побавно во однос на досегашното темпо на раст, но и во однос на последните проекции на НБРМ. Високофреквентните податоци за април, во најголем дел, упатуваат на задржување на економската активност во зоната на позитивни стапки на промена. Сепак, треба да се има предвид дека овие оцени се засноваат врз мошне мал број расположливи податоци, а домашните неекономски фактори поврзани со политичките случувања во земјата дополнително ја зголемуваат неизвесноста околу остварувањата и оцените за економската активност во вториот квартал.

Во однос на инфлацијата, просечната годишна промена на домашните потрошувачки цени во април се задржа во негативната зона, при пониски цени на храната и енергијата. Од друга страна, базичната инфлација и натаму умерено се зголемува. Вкупната инфлација засега се движи во рамки на проекциите, а ризиците околу проекцијата до крајот на годината и понатаму се поврзани со променливоста на очекувањата за промените на светските цени на енергијата и храната.

Последните податоци за девизните резерви, заклучно со средината на јуни, покажуваат квартално намалување. Главен фактор за намалувањето на девизните резерви во овој период се интервенциите на НБРМ на девизниот пазар, како реакција на зголемената побарувачка за девизи, во услови на нестабилен политички амбиент. Од 19. април до 23. мај, НБРМ интервенира на девизниот пазар со продажба од 129 милиони евра, со што го затвори јазот помеѓу побарувачката и понудата на девизи и ја одржа стабилноста на девизниот курс. Во мај, мерките на Народната банка за справување со шпекулациите околу стабилноста на курсот на денарот придонесоа за постојан пад на побарувачката на девизи од физичките лица, којашто постепено се враќа кон вообичаеното преткризно ниво. Во такви околности, побарувачката на девизи од физичките лица во мај беше пониска за околу 30% од вкупната побарувачка за април. Од последната недела на мај досега, девизниот пазар е стабилен, речиси и без потреба од интервенции на НБРМ, што упатува на значително стабилизирање на очекувањата и довербата на економските субјекти и намалување на склоностите за располагање со девизи. Анализата на сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажува дека тие и понатаму се движат во сигурната зона.

Неизвесниот домашен амбиент се одрази и врз депозитната база на банките, којашто во април забележа значителен пад од 2,2% на месечна основа, речиси подеднакво распределен помеѓу депозитите на корпоративниот сектор и депозитите на домаќинствата. Првичните податоци за мај покажуваат натамошен тренд на намалување на депозитите, но многу послабо во однос на април, при што од дневните податоци за втората половина на мај и првата половина од јуни се забележува значително стабилизирање на депозитната база. Ова упатува и на стабилизирање на согледувањата на економските субјекти.

Во однос на кредитниот пазар, во текот на април и мај, вкупните кредити на приватниот сектор се задржаа на релативно стабилно ниво, при раст на кредитите кај населението и намалување на кредитите кај корпоративниот сектор. Стагнацијата на кредитите во еден дел веројатно е реакција на неизвесниот амбиент и падот на депозитната база, но во еден дел и одраз на отписот на достасани, ненаплатени побарувања, согласно со одлуката на НБРМ донесена во декември 2015 година.

Намалувањето на ликвидноста, главно врз основа на интервенциите на Народната банка на девизниот пазар, услови висока побарувачка на банките за ликвидни средства на пазарите на пари, каде што прометот достигна највисоко месечно ниво од јули 2014 година наваму. Пазарните каматни стапки, и покрај зголемената побарувачка за ликвидност, се задржаа на релативно стабилно ниво.

На меѓународните финансиски пазари во мај имаше постабилни движења, при намалена неизвесност за глобалниот економски раст и поддршка од страна на монетарните политики на најголемите централни банки. На состанокот на Европската централна банка беше потврдено дека каматните стапки би се одржувале на тековното или на пониско ниво, а проекциите за економскиот раст и за стапката на инфлација во 2016 година беа умерено нагорно ревидирани. Ставовите на централната банка на САД и поволните макроекономски показатели доведоа до засилени очекувања за раст на каматните стапки во следниот период, коишто се намалија со објавата на послабите показатели за пазарот на труд од очекувањата.

Економските и финансиските услови, како и оцената на постоечките ризици покажуваат дека постојната монетарна поставеност е соодветна. Последните податоци покажуваат значително стабилизирање на движењата по преземањето мерки од страна на НБРМ. Сепак, неизвесноста поврзана со домашните политички случувања и со глобалното окружување е сѐ уште присутна.

НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на монетарните цели.

ФОТО: Вака баба пребарува на Гугл- го воодушеви светот!

Универзитетскиот асистент Бен Џон на Твитер сподели како неговата баба пребарува на Гугл. Многу симпатичен начин, што ја освои Интернет заедницата.

 

pristojna-baba

Меј Ешворт (85) сака да се однесува со Гугл љубезно и со почитување. Таа секогаш кога нешто пребарува на Гугл, пребарувањето го почнува со „ве молам“, а завршува со „благодарам“.

На објавената фотографија се гледа како бабата од Гугл бара да и конвертира римски бореви во арапски.

Објавата собра илјадници лајкови и споделувања. Текстот за британската баба го пренесоа голем број светски медиуми.

 

ВИДЕО – Кокошка која го има прошетано половина свет: Таа е светски патник и морепловец

Моник е многу необична кокошка која е светски патник.
13308245_634207136726317_2034736005362602683_o

Нејзиниот живот е единствен во однос на животот на другите од нејзиниот вид.

Моник заедно со својот најдобар пријател и сопственик, Гирек Суде од Франција, плови околу светот.

Со само 18 години,  Суде ја напуштил својата земја и одлучил да се впушти во авантура. Моник ја запознал на Канарските Острови и ја понел со себе во надеж дека ќе му дава јајца, а и ќе му прави друштво.

13235318_627617177385313_8005565250706520356_o

“Сите ми рекоа дека нема да неси јајца на вода, а камо ли да ги преживее сите патувања, но Моник го покажа спротивното”, вели Суде.

Кокошката покажала дека може да се вози на бродот како професионалец и да фаќа риби кои понекогаш завршуваат на палубата.

Можеби е родена како кокошка, но на Моник очигледно и било судено да биде морепловец.

Таа е првата кокошка која успеала да плови, да вози скејт, санка и скутер, како и воопшто првата кокошка која тргнала на пат околу светот.

13411842_638716446275386_1968038403429843909_o

 

 

 

 

Хуманитарна свирка за Исидора

13428439_659269304224376_2028946925405720974_n

Утре (четврток) 16.06, со почеток од 21:00 часот, во Јazz club Take Five во Прилеп, ќе се одржи хуманитарен рок хепенинг за малечката Исидора, шестмесечното бебе на кое итно му се потребни 15.000 евра за лекување во странство.

Свое учевство на забавата ќе земат бендовите: Banda Band, 2B One, Wolfram, R&B Band и Aces Unfold.

13407197_659269780890995_6081353823329075932_n

 

И понатаму донирајте со вртење на броевите. Да помогнеме сите во спасувањето на еден мал невин живот.

 

Како стана костур: Анџелина Џоли внесува само 600 калории дневно!

angelina-joliwe-640x396

Анџелина Џоли свесно се уништува себе си така што одбива да јаде, па го загрижи и нејзиниот сопруг Бред Пит.

Ако може да им се верува на пишувањата на американските таблоиди познатата актерка дневно внесува само по 600 калории! Нејзините проблеми се одразуваат и на бракот со Бред Пит па се почесто се шушка за развод.

Еве што јаде таа:

Појадок: Лажица кокосово масло и малку корнфлекс;

Ручек: Протеински шејк, или неколку бадеми и гумени бомбони;

Вечера: Тенки листови месо и чаша вино.

Меѓутоа, Анџелина често заборава да јаде, така што ова нејзино „мени“ мора да се земе со резерва.

engiii_2

Актерката неодамна посети еден камп за бегалци во Грција, а нејзините фортографии веднаш се проширија на интернет. Како што пишуваат таблоидите, таа наводно толку многу го загрижила Бред што тој и’ се заканува со развод ако таа не почне да јаде.