ВИДЕО: Вака ракометарите го славеа пласманот на СП

Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе биде дел од Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се одржи во Франција. Со големата победа остварена над Чешка, нашите ракометари го продолжуваат континуитетот на настапи на големите натпреварувања во случајов Светското првенство. Македонија во Скопје го доби реванш дуелот во баражот против Чешка со седум гола разлика 34:27, со што ја анулира негативата од шест гола по првиот меч одигран во Злин, што заврши со резултат 28-22. Славјето на македонските ракометари погледнете го во видеото во продолжение.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.